Ни претстои потопло време, а многу родители се прашуваат како да го облечат своето бебе пред спиење за да не му биде студено, но не и премногу топло. Бебињата не се толку добри во регулирањето на сопствената телесна температура како возрасните, затоа родителите треба да внимаваат да не се прегреат. Прегревањето е поопасно од чувството на мал студ. Се препорачува собна температура од 16 до 20 степени, а како што велат експертите, идеални се 18 ...

Додека некои мајки се жалат дека нивните деца постојано ги држат за раце, се „лепат“ за нив и дека не можат да направат ниту еден чекор без нив, други се загрижени зошто нивното дете одбива бакнежи, милувања и прегратки. Што најчесто мислат родителите во таква слична ситуација: -Веројатно не ме сака. -Дали има аутизам? -Веројатно погрешно го воспитувам. Детскиот и семеен психолог Наталија Бондаренко открива што може да значи тоа што детето ...

Колку често имате чувство дека некој ви го извадил последниот атом на сила? Како да не можете да направите апсолутно ништо и ништо не може да ве придвижи? Ако можете да се препознаете во ова, можеби и вам ви се случила фаза на исцрпеност, особено во мајчинството, предизвикано од родителски обврски и сѐ друго што доаѓа со тоа. Исцрпеноста е хронична состојба која се карактеризира со физичка, ментална и емоционална исцрпеност, а се јавува кога ...

Лето е и сигурно вашето семејство ќе отпатува некаде. Тоа не мора да биде одење на море, може да биде планина или посета на семејството кое живее надвор од градот. Знаете дека е важно да го планирате секое патување, а тоа е особено точно кога имате мало бебе во автомобилот со вас. И сигурно се прашувате, особено ако се работи за вашето прво дете, колку време треба да помине бебето на неговото седиште во автомобилот? Можеби она што ќе го слушнете ...

Животните вештини отсекогаш биле важни. Секако, важно е и читањето и пишувањето, важна е математиката, како и странските јазици… Но, животните вештини понекогаш се занемаруваат, а тие се исто толку важни, ако не и повеќе. Тие не се исти секаде и за секого, а зависат и од местото каде што живеат децата, но некои се навистина универзални. Кога група татковци на сега возрасни деца биле прашани на порталот „Татко“ кои вештини треба да ги учат децата ...

Летото значи забава, без сомнение во тоа. Но, каде што има луда забава, секогаш има и тестирање на безбедноста. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го поминете овој тест како од шега. Како и да е, во лето дефинитивно сакате да поминувате што повеќе време на отворено – на плажа, на игралиште, на базен. Каде и да сте, вашата безбедност нека биде на прво место. Многу вода Кога го читате ова, сигурно размислувате: „Зарем тоа треба да се ...

Под мотото „Да го овозможиме доењето, да им помогнеме на вработените родители“ од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доењето. Целта е да се подигне свесноста за значајноста на доењето и мајчиното млеко за мајката и за детето, да се поддржи и заштити правото на доење за сите жени во светот. Како што соопшти Центарот за промоција на здравје и човекови права „МАТРОНА ИНТЛ“, предизвиците на вработената жена остануваат една од ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мајка сум на две ќерки на возраст од 7 години и 3 години. Имам проблем со големата ќерка. Постојано плаче, вика, фрла, ако не е по нејзино, на пример еднаш не ја пуштив да игра надвор затоа што беше доцна и ми рече: „Ако не ...

Извинете што доцнев. Навистина сакав да дојдам навреме, но едно од моите деца бараше мафини со чоколадо за појадок, а јас не сакав да попуштам. Па, така тоа траеше некое време. Извинете што доцнев. Многу сакав да стигнам навреме, но пред да заминам, моето второ дете рече: „Мамо, ми се кака“. Веќе бевме на врата. И тогаш, додека го го завршувавме тоа, помалиот син успеа да се удри во саксија со цвеќе во ходникот. Извинете што доцнев. Сакав да ...

Родителите кои често ги критикуваат своите деца не сфаќаат дека им прават многу повеќе штета отколку корист. Имено, група невролози од Универзитетите во Питсбург, Калифорнија-Беркли и Харвард решиле да истражат како родителската критика влијае врз тинејџерите, поточно врз нивниот мозок. Во студија во која учествувале 32 тинејџери и 22 тинејџерки, научниците дошле до неверојатно откритие. Истражувачите се фокусирале на три одредени мозочни мрежи ...

Клучот за успешно воспитување среќни деца е да им дозволите да бидат несреќни. Да, звучи парадоксално. Но, тоа е така. Така вели Товах Клајн, детски психолог и авторка на книгата „Како се развиваат малите деца“. „Повеќето родители веруваат дека среќните деца се воспитуваат така што се обидувате да ги направите среќни. Но, вистината е дека децата многу добро знаат да најдат радост во сè. Сепак, тоа не е чувство кое постојано може да ги ...

Проблемот со зависностите кај младите е тема во многубројни стручни дискусии во светот. Според неодамнешното европско истражување за пиење алкохол и употреба на дрога во училиштата (The European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs, ESPAD), Хрватска, на пример, е високо рангирана на 7. место во однос на пиењето алкохол кај младите, а на 3. место според бројот на млади луѓе што пушат цигари (повеќе од 100.000 испитани средношколци во ...

На социјалните мрежи се појави видео од татко од Србија кој успеал во една минута да пренесе како навистина изгледа да се оди на одмор со деца. „Трет ден на море и овој одмор поскапе за 10 отсто бидејќи врнеше и изгубивме еден ден. Па, баш и не пропадна затоа што цел ден игравме со децата во собата и тие одлично се забавуваа, а децата се украс на светот, а глупавиот дожд уште паѓа, можев да ги анимирам децата дома и да јадам многу полошо, но и ...

За родителите и децата, првиот училиштен ден е исклучително важен бидејќи е премин од светот на играта и забавата во светот на обврските, но оваа транзиција можете да ја олесните со неколку летни игри. Загрижените родители секое лето размислуваат како нивното дете ќе го носи училишниот ранец и ќе зачекори во светот на учењето, оценките и постојаната трка по подобри резултати. Дали детето веќе научило да пишува или знае само некои букви, дали ...

Ретко која мајка ја поминала првата година од животот на своето прво бебе во некаква благосостојба. Дури и да го паметиме на тој начин првиот период од животот на бебето – како благословен рај, тоа е веројатно затоа што нашата меморија ни прави секакви трикови и се вклопува во она што ни треба. Првата година е многу тешка затоа што треба да создадете нова врска со вашиот сопруг, а тоа бара работа и подразбира и конфликти кои можат да траат од ...

Рускиот педијатар, патофизиолог Алена Парецкаја зборува за тоа на која возраст децата се претвораат во тинејџери. Како што тврди, растењето кај момчињата и девојчињата се одвива во различно време. Многу фактори можат да влијаат врз почетокот на пубертетот, вклучувајќи: -Климата и регионот на живеење -Наследен фактор -Дали тинејџерот се занимава со спорт? -Како се храни? -Колку спие? Лекарите не кажуваат точно на која возраст започнува и завршува ...

Кога се разведувате, а имате деца, работите можат да бидат многу комплицирани. Во зависност од возраста и личноста, вашите деца може да се преправаат, да молчат, вербално да протестираат, да се уназадуваат или да се затворат во себе поради огромната промена што ја носи разводот во семејството. Почесто се случува детето да го истура најголемиот дел од своите фрустрации врз еден од родителите, или како што сакам да го наречам, „безбедниот ...

Загрижена мајка прашува зошто нејзиното 3,5-годишно девојче многу се поти додека спие. Прочитајте што мисли за тоа педијатарот Мирјана Коларек Каракаш: „Проблемот со силно потење кај децата често ги мачи родителите. Обично тоа е здраво дете. Најдобар одговор може да даде лекарот кој се грижи за него. Една од можните причини е анемијата, па затоа е важно да се контролира железото во крвта. Ако детето нормално расте и се развива, нема потреба од ...

Еден маж се пожалил на својата сопруга која и две години по породувањето сѐ уште е дома и изгледа не размислува наскоро да се врати на работа. „Таа секогаш велеше дека ќе се врати на работа по шест месеци породилно отсуство, кое се претвори во една година, а потоа во 18 месеци. Две години подоцна, еве нѐ“, ѝ напишал тој на колумнистката на „Дејли мејл“, Џејн Грин. Тој додал и дека разбира оти првите месеци се клучни за воспоставување врска меѓу ...

Погледнете во кои услови се порoдуваат жените во државна болница во Данска и прочитајте го искуството на една Хрватка. Една мајка споделила фотографија од апартман за породување во јавна болница во Данска на популарната страница „Редит“, а многумина биле изненадени од фактот дека собата повеќе личи на хотелска соба отколку на болничка. Во огромниот простор има маса за породување и неопходни елементи за персоналот, како и када и кауч за ...

Дали вашите малечки се подготвени за чудовишно фантастични авантури ова лето? Се шушка по градот дека ќе им треба многу енергија за сите предизвици што за нив ги подготви веселата Nutrino Junior дружина. Каде и да одите, задолжително наполнете им ги џебовите со нивните омилени вкусови, бидејќи малечките не можат да им одолеат. Едноставно ќе ја ПРОБААТ ужината, ЌЕ ЈА СМАЧКААТ И ЌЕ ПОБАРАТ УШТЕ! Родителите можат да бидат спокојни бидејќи Nutrino ...

Вашето тригодишно дете изгледа возбудено во врска со одењето на одмор. Но, кога ќе стигнете на плажа, детето не сака ни прстите да ги потопи во морето. Ако тоа сценарио ви звучи познато, не сте сами. Многу често малите деца развиваат страв од вода, а нивните родители се фрустрирани и несигурни бидејќи не знаат како да ги натераат децата да ги надминат овие стравови. Постојат неколку тактики со кои можете да се обидете да му помогнете на вашето ...

Тантрумите или изливите на бес, кои секое дете ги има во одреден момент од своето растење, често предизвикуваат чувство на беспомошност кај родителите, а една од најдобрите работи што можеме да ја направиме е да размислиме однапред и да ги спречиме пред воопшто да се случат, објаснува психологот Това Клајн. Меѓутоа, доколку навистина дојде до излив на бес, таа предупредува на неколку работи што секој родител треба да ги избегнува за да не ја ...

Бременоста е прекрасно и посебно искуство за секоја жена, но некои појави што се случуваат во текот на бременоста може да бидат многу непријатни. Имено, секоја трудница поминува низ големи промени – и физички и психички. Покрај вообичаените симптоми на бременоста како гадење, раздразливост и замор, се јавуваат и други непријатни симптоми. Гасови Многу трудници имаат проблеми со гасови и надуеност во текот на бременоста, а како што објаснуваат ...

„Таа е мирна како бубаче. Ова другово дете е ѓавол“. Семејствата со две или повеќе деца често ја кажуваат оваа реченица. Обично се случува две деца од исти родители да се тотално различни. Восхитувајќи се јавно на смиреноста на едното, второто дете станува уште понемирно. Јас бев ова другото дете. „Немирко“ – беше моето средно име долго време. Додека се обидуваа да ме смират со страв и ќотек, кај мене се разви инает и отпор кон секој ...

Физиотерапевт – педијатар упати предупредување до родителите да престанат да им облекуваат патики „конверс“ на малите деца. Д-р Ешли Коутс објаснила дека редовно добива барања од родителите за совет за тоа кои чевли се најдобри за децата. Така, еден родител ја прашал за мислење за популарните патики, а таа навела причини зошто да не ги купи. „Тие се патики кои немаат подигната пета и немаат потпора за стапалото. Исто така, тие немаат соодветна и ...

Куклата Барби се враќа во мода! И сигурни сме дека има многу мајки кои со задоволство се сеќаваат на своето детство и нема да им треба многу убедување за да им купат на своите девојчиња (и на момчињата, се разбира, ако сакаат!) уште една од познатите кукли. Иако компанијата „Мател“ посвети многу внимание на инклузијата, односно работеше на тоа нивните кукли да имаат различни карактеристики за да ги покажат разликите меѓу нив, сепак некои ...

Ако сте жена во Србија, животот ви е комплициран на многу нивоа. Се разбира, под услов да сте живи. Ако си мајка во Србија, сите ве викаат „мајко“. Ако сте разведена мајка, тогаш немате алиментација. Ако имате дете со втор сопруг, тогаш вашиот прв сопруг го киднапира детето. Ако не можете да имате деца, тогаш министерот во Домот на народното собрание индиректно ве навредува толку многу што размислувате да се иселите. А ако свесни не сте мајка – ...

Замислете мало девојче кое интензивно ги доживува бурните расправии на нејзините родители. Типот на адаптација на таткото е драматичен. Во конфликтите со мајката има драматични ефекти, вика, ја треска вратата, го напушта семејството. Мајката има плашлив тип на адаптација. Се тресе, понекогаш е замрзната, изгубена. Нејзината одбрана е покајничка. По првиот бунт, таа се потчинува на таткото и неговиот насилен темперамент, потклекнувајќи на ...

Иако екраните станаа незаменлив дел од нашиот секојдневен живот, поминувањето премногу време пред нив може да биде навистина лошо за децата. Многу експерти предупредуваат дека прекумерната или несоодветна употреба на екраните може да предизвика различни проблеми во физичкиот и емоционалниот развој на детето, како што е појавата на дебелина, проблеми со спиењето, видот или однесувањето, главоболки и депресија. Но, како можат родителите да ...

Скопје

14ᴼ/14ᴼ
1.03
82%
1018

Белград

16ᴼ/15ᴼ
8.75
57%
1016

Софија

13ᴼ/11ᴼ
1.54
77%
1023

Сараево

16ᴼ/16ᴼ
3.39
59%
1022

Љубљана

16ᴼ/12ᴼ
1.03
75%
1004

Атина

20ᴼ/16ᴼ
5.14
71%
1015

Тирана

19ᴼ/19ᴼ
2.06
68%
1014

Подгорица

21ᴼ/16ᴼ
2.57
56%
1015
Currency

61.2805

Currency

57.4517

Currency

71.7565

Currency

37.2011

Currency

41.9514

Currency

62.8245

Currency

7.98119

Currency

0.61836

Currency

0.36624

Currency

0.52619

Currency

1.78227

Currency

0.69237

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

609919 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

847 $

Злато

73410 $

Бакар

9 $

Паладиум

30352 $

Платина

30024 $

Родиум

151607 $

Цинк

94027 $