Реал Мадрид доведе уште еден фудбалер без обештетување. „Кралскиот“ клуб и Ибраима Конате постигнаа договор според кој францускиот дефанзивец ќе стане нов фудбалер на „кралскиот клуб“. Конате потпиша договор на четири сезони, кој ќе важи до 30 јуни 2030 година, со што Реал Мадрид дополнително ја зацврстува одбранбената линија за иднината. Со овој трансфер, „кралевите“ добиваат физички моќен и модерен стопер, кој веќе се има докажано на ...

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети официјално се повлече од настап на овогодинешниот Вимблдон поради недоволно залечена повреда. Зад него е навистина кошмарна сезона во која го откажа и настапот на Ролан Гарос, а на терените се нема појавено уште од дванаесетти мај, кога беше поразен од Каспер Руд на турнирот во Рим. Мусети беше полуфиналист на Вимблдон во 2024 година, но овој пат нема да има шанса да настапи на терените на „Ол Ингланд ...

Кризата во редовите на германскиот гигант Кил и натаму трае, а иднината на тренерот Филип Јиха сè уште не е решена. Во меѓувреме, во јавноста се појавија шпекулации за можните наследници, меѓу кои се споменуваше и еден од најуспешните ракометни тренери на денешницата Талант Душебаев. Сепак, искусниот стратег стави крај на сите гласини и порача дека нема намера да се враќа во клупскиот ракомет во блиска иднина. 58-годишниот Душебаев откри дека ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на поширока полициска акција, дознава „Портал Икс“ од свои извори. Според неофицијалните информации, во истрагата се опфатени уште 15 лица, како и три компании кои се поврзуваат со случајот, што укажува на обемна акција на надлежните институции. При претресот кај Ѓорѓиоски, како што се наведува, биле пронајдени пари во кеш, што отвора ...

Екипата на Младост Богданци 1977 доби ново засилување меѓу стативите и потпиша договор со повратникот, младиот и перспективен голман Благој Панов. Голманот роден 2004 година, добро е познат на публиката во Богданци затоа што предходно три години успешно ги бранеше боите на тимот. Панов по две години настапи во Тиквеш во Суперлига и меѓународно искуство, официјално стави потпис на договор со новиот суперлигаш кој обезбеди промоција преку ...

Можеби Португалците се приклучија на групата бројни европски репрезентации кои се сопнаа во првото коло на Светското првенство... Можеби по ремито 1:1 во Хјустон ќе се разочараа и оние што одиграле 3+, доколку својот тикет не го уплатиле во Mozzart! Португалците го бараа победничкиот гол, погодокот што ќе им донесеше триумф од 2:1, но вие со играта 3+ на тикетот немавте причина за грижа. Вашиот пар беше добитен уште на почетокот на ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, ги отфрли критиките упатени кон Кристијано Роналдо по разочарувачкиот старт на неговата репрезентација на Светското првенство 2026. Искусниот напаѓач не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот на натпреварот во Хјустон, продолжувајќи ја својата голгетерска суша на пет последователни натпревари на Светските првенства, односно на десет меча во низа на големите репрезентативни турнири. ...

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ официјално се врати во Анадолу Ефес, потпишувајќи договор со турскиот гигант по десет години поминати во НБА лигата. Хрватот веќе го носеше дресот на овој клуб од 2014 до 2016 година. Во својата деветгодишна кариера во НБА лигата, Дарио Шариќ одигра 498 натпревари во регуларниот дел од сезоната и оствари просек од 10,3 поени, 5,3 скокови и 1,9 асистенции по натпревар.Неговиот зенит беше во ...

По победата на Норвешка над Ирак со 4-1 (2-1) во нивниот прв натпревар од Светското првенство во фудбал, Ерлинг Халанд изјави дека е неверојатно горд што учествува на Мундијалот и што помогнал да се извојува првата победа за Норвешка на Светските првенства по 28 години. Напаѓачот, кој постигна два гола на својот дебитантски натпревар на светските собири, исто така нагласи дека „чувството е фантастично“, но и покрај убедливиот триумф, тимот ...

Фудбалската репрезентација на Гана со победа го започна настапот на Светското првенство, откако во првото коло од групата Л во Торонто ја совлада Панама со минимални 1-0. Не беше тоа натпревар кој изобилуваше со големи возбудувања, но завршницата донесе вистинска драма и огромна радост за „црните ѕвезди“, кои до трите бода стигнаа благодарение на погодокот на Кејлеб Јиренки во петтата минута од судиското надополнување. Панама подобро го ...

Фудбалската репрезентација на Колумбија со победа од 3-1 над Узбекистан го затвори првото коло од групата К на Светското првенство. Натпреварот се одигра на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, а главна фигура беше Луис Диаз. Ѕвездата на Баерн Минхен постигна еден гол и запиша асистенција, потсетувајќи на настапите на Хамес Родригез од Мундијалот во Бразил во 2014 година, кога Колумбиецот беше најдобар стрелец на турнирот. Иако ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар повторно излезе на терен и тренираше со националниот тим. Сепак, неговото учество на претстојните натпревари од Светското првенство сè уште останува неизвесно. Според информациите од Бразилската фудбалска федерација, 34-годишниот напаѓач работел на физичка подготовка и имал ограничен контакт со топка за време на затворениот тренинг. Нејмар сè уште не се приклучил на тактичките вежби со остатокот од тимот, ...

Дел од американските фудбалски фанови очигледно уште се во процес на едукација за најпопуларниот спорт на планетата, а тоа се потврди и пред вчерашниот натпревар помеѓу Аргентина и Алжир. ТВ-мрежата „Фокс“ во еден момент објави телоп на кој беше „објаснето“ зошто Лионел Меси нема да настапи за репрезентацијата на САД, и покрај тоа што игра во клубот Интер Мајами. Оваа објава беше дочекана со голема доза на хумор од вистинските познавачи на ...

Англичанецот Мајкл Оливер ќе биде главен судија на натпреварот од Светското првенство помеѓу Холандија и Шведска, кој е окарактеризиран како дерби на групата Ф. Негови помошници ќе бидат Стујарт Барт и Џејмс Мејнваринг, а четврти судија ќе биде Абогниле Том од Јужна Африка. Дуелот меѓу овие две селекции ќе се одигра на 20 јуни, со почеток во 19:00 часот. Вториот натпревар во оваа конкуренција (Тунис - Јапонија) му припадна на Романецот Иштван ...

Најавените коренити промени во унгарскиот ракомет почнаа да се случуваат. Унгарската ракометна федерација му врачи отказ на селекторот Чема Родригез. Главна причина за отказот е неуспехот на Унгарија да обезбеди пласман на Светското првенство, откако во драматичен двомеч подобри од Унгарците беа српските ракометари. Во периодот од 2022 до 2026 година, под водство на шпанскиот стратег, унгарската машка ракометна репрезентација забележа ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галенои изрази огромен бес и рече дека Иран е „најдискриминираната и најугнетената репрезентација“ на Светското првенство, откако веднаш по ремито со Нов Зеланд во Лос Анџелес на тимот му беше наредено итно да ги напушти САД. „Не ни дадоа ни време да се опоравиме. По натпреварот ни рекоа: „Мора веднаш да заминете“. Многу е важно што имаме време да рекуперираме, но нè замолија веднаш да се ...

Фудбалската репрезентација на Англија отвори со победа на Светското првенство, откако славеше во дербито на групата Л против репрезентацијата на Хрватска со 4-2 (2-2). Натпреварот на „АТ&Т стадион“ во Далас беше израмнета во првиот дел, ама Англичаните сосема заслужено стигнаа до победата во продолжението, а разликата можеше да биде и поубедлива. „Гордиот Албион“ стекна предност во 12. минута од средбата преку Хари Кејн. Лука Модриќ ...

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го водеше Баерн Минхен до победа над Алба во Берлин (83-91) во третиот меч од финалната серија во шампионатот на Германија. Средбата во Берлин понуди израмнета борба долго се играше егал, а пред полувремето Баерн поведе прв со посериосни девет разлика. Сепак, до одморот Алба намали на 40-43. Во продолжението од средбата Баерн продолжи со подобрата игра, диктираше темпо и почесто водеше, а отпорот на ...

Управата на новиот македонски суперлигаш, РК Младост, го потпиша првиот професионален договор со еден од најталентираните производи на својата ракометна школа, Никола Тасев, кој настапува на позициите лев и среден бек. На само 17 години, младиот Тасев направи голем чекор во својата кариера и ја доби довербата на клубот да биде дел од сениорскиот проект на Младост. Неговиот труд, посветеност и љубов кон клубот се наградени со професионален ...

Поранешниот селектор на Германија и светски шампион со оваа репрезентација, Јоаким Лев, изјави дека сегашниот тим на „панцерите“ е далеку од било каква фаворитска улога за трофејот на тековниот Мундијал во САД, Канада и Мексико. Апетитите на навивачите се зголемија по убедливата победа над Курасао (7-1), но Лев смета дека овој ривал не е никакво мерило, затоа што е меѓу најслабите тимови на првенството. „Би бил луд за да не навивам за мојата ...

Легендарниот мексикански голман Гиљермо Очоа најави дека Светското првенство најверојатно ќе биде последниот голем турнир во неговата богата професионална кариера. 40-годишниот чувар на мрежата моментално настапува на својот шести Мундијал, со што се израмни со рекордот на Кристијано Роналдо и Лионел Меси по бројот на учества на Светски првенства. Очоа е дел од секој мундијалски список на Мексико уште од 2006 година, но својот прв настап на ...

Фудбалерите на Англија први стигнаа до гол во дербито на групата Л на Светското првенство против Хрватска со гол од белата точка на Хари Кејн. По невнимателниот старт на Лука Модриќ врз Нони Мадуеке судијата Клемен Турпан без размислување покажа на белата точка. Првиот обид на Кејн беше одбранет од страна на голманот Доминик Ливаковиќ, ама ВАР сугерираше неправилност и пеналот беше повторен. Во вториот обид Кејн беше сигурен, го испрати ...

Селекторот на Јордан, Џамал Селами, после поразот од Австрија на Светското првенство (3-1) изјави дека неговиот тим одиграл храбар натпревар и одлично се претставил во премиерното дефиле на планетарните собири. Јорданците се аутсајдери во својата група, но селекторот истакна дека тимот одиграл зрело и храбро, без оглед на резултатот и поразот на крајот. „Ми се допадна тоа што го видов. Не очекував дека ќе бидеме толку смели и храбри. Игравме ...

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев ја продолжи верноста кон узбекистанскиот клуб Согдиана и потпиша нов договор со клубот до крајот на 2030 година. Клубот од Џизак ја потврди веста преку официјално соопштение, истакнувајќи дека Дориев е еден од најважните фудбалери во тимот во последните сезони. Македонскиот офанзивец пристигна во Согдијана во летото 2023 година и брзо се наметна како лидер на екипата. Во дресот на узбекистанскиот клуб ...

Фудбалерите на Португалија и Конго одиграа нерешени 1-1 (1-1) во натпреварот од првото коло на Светското првенство. Пресметката од групата К понуди голема борба, а аутсајдерот од Африка го шокира големиот фаворит и му откина бодови на стартот на шампионатот. Многу рано во натпреварот кој се одигра во Хјустон беше отворен резултатот, бидејќи Жоао Невес уште во шестата минута погоди за водство на Португалците. Фудбалерот за врска несвојствено ...

Дербито во првото коло на Светското првенство се игра во групата Л меѓу репрезентациите на Англија и Хрватска. На час и половина пред натпреварот селекторите Томас Тухел и Златко Далиќ ги „отворија картите“. Во изборот на стартните тимови на двете селекции имаше неколку изненадувања на двете страни за дуелот на кој Англичаните важат за голем фаворит. Стартни состави за натпреварот: Англија (4-2-3-1): Пикфорд; Џејмс, Стоунс, Конса, Орајли; ...

Фудбалската репрезентација на Конго го постигна првиот историски гол на Светското првенство и тоа ниту помалку, ниту повеќе против големата Португалија. На своето второ учество на Мундијалите репрезентацијата од Африка го постигна првиот погодок преку Жоан Виса. Ѕвездата од Премиер лигата остана подзаборавен во шеснаесетникот, доби нафрлување и со глава го матира голманот Диого Кошта. Конго првпат учествува на Светско првенство под ова име, ...

Францускиот фудбал е завиен во црно, откако на 58-годишна возраст почина Ерик Рој, потврди неговото семејство. Се работи за фудбалски тренер кој од 2023 го водеше Брест од Лига 1. Рој зад себе остави богата кариера и како фудбалер и како тренер. Во текот на играчките денови настапуваше за Ница, Тулон, Олимпик Марсеј, Олимпик Лион, Сандерленд, Троа и Рајо Ваљекано, оставајќи трага во францускиот и европскиот фудбал. Тренерската кариера ја ...

Жоао Невес го отвори резултатот на дуелот меѓу Португалија и ДР Конго во првото коло на на Светското првенство. Нискиот играч за игра погоди во стил на Кристијано Роналдо со глава. Иако не е фудбалер кој игра изразено со глава, сепак Невес одлично се снајде во шеснаесетникот, високо скокна и реализира. Играчот на ПСЖ доби топка од Педро Нето, а погодокот беше навистина убав потег. Интересно е дека најнискиот играч на теренот на овој начин го ...

Дел од француските медиуми и поранешни репрезентативци го критикуваа настапот на Усман Дембеле на првиот мундијалски натпревар, каде „триколорите“ го победија Сенегал со конечни 3-1. И покрај триумфот, дел од јавноста смета дека Франција покажала одредени слабости во играта, а најголемите критики беа упатени на адреса на освојувачот на „Златната топка“. „Дембеле одигра просечно, мислам дека досега не прикажа ниту еден спектакуларен настап за ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.48
38%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.25
51%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.42
48%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.64
43%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.75
40%
1018
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.34
48%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.92
47%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.96
30%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.84
36%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
43%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
47%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.36
57%
1015
Currency

61.645

Currency

53.1704

Currency

71.2651

Currency

37.3528

Currency

38.0121

Currency

67.0418

Currency

7.92221

Currency

0.73519

Currency

0.33318

Currency

0.52543

Currency

1.15389

Currency

0.56501

Алуминиум

3.42

Платина

55717.24

Родиум

257205.97

Паладиум

41442.31

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2197.58

Иридиум

253540.09

Злато

137816.51

Калај

55.64

Бакар

12.86