Еден маж се пожалил на својата сопруга која и две години по породувањето сѐ уште е дома и изгледа не размислува наскоро да се врати на работа.

„Таа секогаш велеше дека ќе се врати на работа по шест месеци породилно отсуство, кое се претвори во една година, а потоа во 18 месеци. Две години подоцна, еве нѐ“, ѝ напишал тој на колумнистката на „Дејли мејл“, Џејн Грин.

Тој додал и дека разбира оти првите месеци се клучни за воспоставување врска меѓу мајката и синот, но дека неговата сопруга не сака да се симне од каучот и да прави нешто друго.

„Таа седи и гледа серии по цел ден, ги запоставува домашните работи и е мрзлива. Имам впечаток дека не сака да се откаже од таквиот живот. Тврди дека грижата за децата е скапа и дека би нѐ чинело повеќе ако се врати на работа, но јас би бил посреќен со дополнителните трошоци само да ја видам како прави нешто“, објаснил тој.

Авторката на бестселери Џејн Грин го советувала мажот да се обиде да открие дали неговата сопруга боледува од постпородилна депресија.

„Би било добро да направи тестови на крвта, а ако е во ред, тогаш консултирајте се со стручно лице“, предложила таа.

Постпородилната депресијасе јавува кај една од пет нови мајки. Вообичаените симптоми се лошо расположение, промени во спиењето и апетитот и чувство на безнадежност. Според Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, околу 50 проценти од жените што страдаат од оваа состојба не добиваат дијагноза.

Извор



912

X