
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Илон Маск не е заинтересиран да го купи TikTok, популарната социјална платформа за споделување куси видеосодржини којашто Вашингтон се обидува да ја забрани заради загриженост за националната безбедност. Чувството произлегува поради кинескиот сопственик на платформата и мобилната апликација, компанијата ByteDance. „Не дадов понуда за TikTok. Немам планови што би правел доколку имам TikTok“, изјавил Маск и додал дека тој лично не користи TikTok. ...
Редит забрани споделување линкови на платформата X откако Маск направи нешто што на многумина им наликуваше на нацистички гест. Приличен број на популарни корисници на Reddit силно го критикуваа ваквото однесување во јавноста. Заедниците на Reddit ги запрашале своите корисници дали врските кон X Network треба да бидат забранети по овој настан на што повеќето од нив одговориле потврдно. Во некои заедници, оваа одлука била донесена од ...
Деновиве многу се зборуваше за спектакуларно порамнување на планетите, како да е нешто многу важно и спектакуларно. А не е. Доколку сте го пропуштиле, ништо не сте пропуштиле. Имено, најдобро видливите четири планети – Сатурн, Венера, Јупитер и Марс, ќе можете да ги видите повеќе од еден месец, кога Сатурн ќе се најде блиску до Сонцето и нема да биде видлив додека повторно не изгрее на исток по неколку месеци. Меркур е веќе толку блиску до ...
Маглината Пламена ѕвезда е осветлена од блиската ѕвезда AE Aurigae во соѕвездието Кочијаш (Auriga). Каталогизирана како IC 405, оваа блескава маглина припаѓа на групата емисиони и рефлексиони маглини и се наоѓа на приближно 1500 светлосни години од Земјата. Маглината Пламена ѕвезда е доволно светла за да може да се набљудува и фотографира преку мал телескоп под соодветни услови. IC 405 е извонредна цел за астрофотографија поради неговиот ...
Когнитивностa е свесен ментален процес на усвојување на знаења и разбирање преку сопствено искуство. Когнитивните процеси вклучуваат: внимание, перцепција, размислување, формирање на знаења, памтeње, донесување на соодветни заклучоци и активности за решавање на проблеми. Кога бевме мали учевме дека свесноста и когнитивноста е својствена само за луѓето, а другите живи суштества имаат само инстинкти и ништо друго. Но, дали тоа е навистина така? На ...
Британската организација за заштита на потрошувачите "Which?" откри загрижувачка практика кај некои од кинеските паметни уреди, меѓу кои и паметните фритези AirFryer. Имено, ако се верува на извештајот на организацијата, овие уреди бараат низа општи и широки дозволи при нивната активација и работа, меѓу кои и пристап до микрофон како и податоци за локацијата на корисниците. Овие информации потоа ги испраќаат до серверите во Кина, а некои од ...
Мајкрософт повторно има проблеми со оперативниот систем Windows 11. Поради неодамна откриената грешка, Windows 11 24H2 можеби нема да ви дозволи да уживате во игрите и аудио-содржините на начин што е предвиден кај одредени уреди. И ова не е прв пат да се случи нешто вакво. Софтверскиот гигант досега неколку пати го паузираше објавувањето на Windows 11 24H2, и секогаш за тоа имаше различни причини. Последната ваква одлука дојде откако неколку ...
Многу интересен преглед на развојот на автомобилските пневматици од аспект на екстерен дизајн е прикажан на фотографијата подолу. Промените во дизајнот веднаш се воочуваат. Но, претходно неколку напомени за да може правилно да се протолкува фотографијата. Ширината на пневматикот воопшто не влијае на остварување на големината на погонската или кочната сила на пневматикот со подлогата, т.е. асфалтот. Имено, погонската или влечната сила или кочната ...
На 4 и 5 декември, Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во Скопје беше домаќин на конференцијата за енергетика „PowerTalk 2024“, инспиративен собир на водечки енергетски експерти и професионалци од Македонија, Шведска, Финска, Канада, Хрватска и Босна и Херцеговина. Конференцијата беше отворена од страна на деканот на универзитетот, а модерирана од универзитетски професори, а се осврна на итните предизвици во ...
На 16 декември Природно-математичкиот факултет, една од најстарите и најважните високообразовни институции во Македонија, свечено го одбележа својот 78 роденден. На свеченоста беа доделени признанија на двајца вработени што се пензионираа во 2024 година (Ратка Стојановска и Златко Костадиновски) и едно признание за непрекината 20-годишна работа на Факултетот на проф. д-р Свемир Горин. Деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески, ги промовираше ...
Новите достигнувања во синтетичката биологија може да доведат до создавање на синтетички организми наречени „огледален живот“, чиишто молекули се огледални копии на природните молекули. Нивното создавање може да предизвика невидени ризици за човечкиот живот и екосистемите. „Огледалниот живот“ алудира на феноменот кој вели дека дури и молекулите асиметрични и имаат страна која е доминантна, слично како што кај луѓето десничари десната страна од ...
Omnicom Group е во преговори за преземање на Interpublic Group. Евентуалниот договор би можел да ја зголеми вредноста на Interpublic на некаде помеѓу 13 и 14 милијарди долари. Конгломератот за рекламирање и маркетинг услуги, Omnicom Group е во напредни преговори за преземање на Interpublic Group, објави во неделата Wall Street Journal (WSJ). Договорот, доколку преговорите поминат, би можел да ја постави вредноста на Интерпублик на некаде помеѓу ...
– „Ќе биде како што се случи со компјутерите“ – Не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневие, но и зависност, a Марк Цукерберг предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат со нова „играчка“ која ќе ја преземе нивната улога. „Тоа ќе се случи веќе во текот на триесеттите години на овој век. Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе остане во вашиот џеб поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во текот ...
Околу 1 декември нивото на Преспанско Езеро го отцрта годинешниов минимум на кота –634 cm, што е за цели 44 cm пониско од ланскиот минимум при кота –590 cm, постигнат на 2 ноември 2023 година. При моментална површина на езерото од околу 252 km², неповратно се изгубени (споредувајќи минимум со минимум) околу 111 милиони m³ вода, односно повеќе од двојно од повеќегодишната просечна загуба од околу 54 милиони m³ вода. За жал, дури и ако приливот на ...
Личните податоци споделени со чет-ботови со вештачка интелигенција може да се злоупотребат, најмногу затоа што може да се најдат помеѓу податоците што се користат за обука на вештачката интелигенција Вештачката интелигенција е сè поприсутна во нашето секојдневие, а се користи сè повеќе и повеќе. Па, популарноста на апликациите за четбот со вештачка интелигенција, како што се ChatGPT или Google Gemini, е во постојан подем. Овие чет-ботови се ...
Новиот чип најавен од Гугл за пет минути може да реши проблем за којшто на најбрзите суперкомпјутери во моментов ќе им бидат потребни десет септилиони години, или искажано во бројки 10 000 000 000 000 000 000 000 000 000 години. Чипот на Google е еден од најновите патенти во доменот на квантните пресметки т.е. quantuum computing, сфера што се обидува да ги искористи принципите на физиката на честички за да создаде нов вид на неверојатно моќен ...
На 30 ноември Природно математичкиот факултет во СКопје повторно беше исполнет со деца, основци и средношколци, кои ги претставуваа своите експерименти, слушаа забавни научни предавања и се натпреваруваа во хемија, биологија, географија и математика, во рамки на манифестацијата “Ноември – месец на науката” Демонстрациите на проектите на учениците, кои имаа компетитивен карактер, беа први на програмата, по што тие можеа присуствуваат на ...
Речникот Оксфорд го прогласи Brain rot (труење на мозокот) за збор на годината 2024-та. Изборот се должи на загриженоста поради бескрајното скролање на социјалните мрежи и содржините кои го затапуваат умот. Brain rot или труење на мозокот се дефинира како „наводно влошување на нечија ментална или интелектуална состојба, особено како резултат на прекумерна изложеност на информации (а сега особено на онлајн содржини) коишто се сметаат за ...
Google Chrome ќе добие нова функција наречена Store reviews односно Рецензии за продавница. Функцијата ќе користи вештачка интелигенција за прикажување резиме од независни рецензии за продавницата или веб-локацијата што ја посетувате. Притоа како извор на податоците за приказот функцијата ќе ги користи податоците од доверливи платформи за независни рецензии какви што се Trust Pilot, ScamAdvisor и други. Резимето се прикажува во облачето со ...
На 21. ноември беше одбележан јубилејот 30 години од основањето на МАКО СИГРЕ, националниот комитет на CIGRE во Македонија. По тој повод, гости на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беа проф. Константин Папаилиу, претседател и г-дин Филип Адам, генерален секретар на меѓународната организација CIGRE. Во рамки на посетата, гостите имаа можност да дојдат на ФЕИТ и да остварат средба со деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир ...
Последиците од антибиотската терапија врз разновидноста на цревните бактерии можат да се видат и цели 8 години подоцна. Ова има значителни последици за здравјето. Порастот на антибиотска резистентност кај микробите е одлична причина за да се прекине со непотребна употреба на овие производи. Но, таа не е е единствената. Имено, како што откриваат досегашните истражувања, само една тура антибиотици е доволна за да го загрози „биодиверзитетот“ на ...
Ова поставува морална дилема за секој што го користи софтверот Мета ќе ги стави на располагање своите модели за генеративна вештачка интелигенција (ВИ) на владата на Соединетите држави, најави технолошкиот гигант, во контроверзен потег што покренува морална дилема за сите што го користат софтверот. Mинатата недела Мета откри дека ќе ги направи моделите, познати како Лама (Llama), достапни за владините агенции, „вклучувајќи ги и оние што работат ...
Ѕвездата WOH G64 снимена благодарение на импресивната острина на телескопот VLTI при Европската јужна опсерваторија, е оддалечена неверојатни 160 000 светлосни години од нас. Новите набљудувања откриваат ѕвезда што испушта гас и прашина, во последните фази од нејзиниот живот пред да премине во супернова. „За прв пат, успеавме да направиме зумирана слика од ѕвезда што умира во галаксија надвор од нашиот Млечен Пат“, вели Кеичи Онака, астрофизичар ...
Една мала студија покажа дека ChatGPT ги “победил” луѓето лекари при проценка на историјата на медицински случаи, остварувајќи поголем процент на точно поставени дијагнози и последователни испитувања за потврда на дијагнозата, дури и кога лекарите го користеле чет-ботот при нивната дијагностика. Во еден експеримент, лекарите на кои им бил даден ChatGPT за дијагностицирање на болеста постигнале само малку подобри резултати од лекарите кои немале ...
Верувањето во паранормални појави е поврзано со стресот, но само за одредени верувања. Ова се заклучоците од една студија спроведена помеѓу жителите на Велика Британија. Студијата, објавена во PLOS One, покажува дека оние со ‘традиционални’ паранормални верувања имале повисоки нивоа на вознемиреност, за разлика од оние со ‘новокомпонирани’ односно ‘new age’ верувања. „Историски, истражувањата укажуваат дека верувањето во паранормални појави како ...
Повеќе децении наназад теоретските физичари безуспешно се обидуваат да ја опишат гравитацијата како четврта основна сила со помош на најразлични системи на хипотези како Теорија на струни, Јамкасто-квантна гравитациска теорија или да ја вградат во Теоријата на квантно поле и да извршат нејзино квантизирање. Квантизирањето на гравитацијата подразбира прилагодување на Општата теорија на релативноста со вградување на принципите на квантната ...
Во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска Бакревска. Авторката пренесува силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро. Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е ...
Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „E-commerce: Untangling Potential“, се одржа Седмата годишна конференција за е-трговија. Во своето трето регионално издание конференцијата беше домаќин на преку 700 учесници од повеќе од 10 земји, при што свое излагање имаа преку 30 еминентни говорници од земјата и странство. Предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, плаќањето, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, а ...
Големите јазични модели можат да прават импресивни работи, да пишуваат поезија или да генерираат функционални компјутерски програми, иако во основа овие модели се обучени да ги предвидуваат зборовите што следуваат во парче текст. Поради ваквите способности можеби ви се чини дека моделите индиректно учат за некои од општите вистини за светот. Но, тоа не е нужно така, открива една нова студија. Истражувачите откриле дека популарен тип на ...
Напоредно со експериментите на долги радио бранови (low frequency - LF), веќе се подготвувам и за активирање на многу долги бранови (very low frequency - VLF). Ако на долги бранови ја работам единствената македонска станица, можно е на многу долги бранови да ја активирам и првата станица на Балканот, но ќе морам да проверам за ова. VLF инаку е фреквентното подрачје на поморската навигација со долг досег, комуникациите со подморници и ...