Американскиот Сенат го потврди изборот на Кевин Ворш за нов претседател на Федералните резерви, кандидат предложен од претседателот Доналд Трамп, со што доаѓа до промена на раководството во најмоќната централна банка во светот во чувствителен период за американската и глобалната економија. Ворш беше потврден со 54 гласа „за“ и 45 „против“, по гласање кое главно се одвиваше по партиска линија. Со тоа, 56-годишниот поранешен функционер на ...

Истражувачи од Океанографскиот институт Вудс Хоул во САД развија автономен подводен робот кој може да ги „слуша“ коралните гребени, да го следи морскиот свет и да открива жаришта на биодиверзитетот, со цел подобра заштита на загрозените морски екосистеми. Роботот, наречен CUREE, користи комбинација од акустични и визуелни сензори, како и алатки со вештачка интелигенција за да препознава и следи морски организми, но и да мапира области богати ...

Училници заменети со улица и обложувалници, книгите во ранец со реквизити за физичко насилство, булинг и “упатства” за вознемирување на социјалните мрежи! Зошто растат сите форми на врсничко насилство? Каде затаи системот, а каде семејството ? Во Топ Тема вечерва дебата со проф. д-р Илија Ацевски, М-р Розалија Секуловска – психолог и психотерапевт и Проф. д-р Ангелина Станојоска, професорка по Криминологија на Правниот факултет при УКЛО ...

Женската одбојкарска репрезентација денеска ги почнува подготовките за новата сезона во Европската лига, која воедно ќе биде дел и од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Новиот селектор Милош Гавриловиќ на стартот ќе ги има на располагање сите повикани одбојкарки од поширокиот список. Според планот и програмата, одбојкарките подготовките во целост ќе ги реализираат во Скопје, поточно во СЦ „Форца“. Во пресрет на стартот на ...

МЗТ Скопје се пласираше во 14. финале по ред во домашниот кошаркарски шампионат, откако вечерва ја доби „мајсторката“ против Пелистер на домашен паркет. Актуелниот шампион одигра фуриозно второ полувреме и забележа убедлива победа од 29 поени разлика, со што закажа финална пресметка со Маџари за титулата. Првото полувреме воопшто не најавуваше лесен триумф на МЗТ. По 20 минути игра резултатот беше 37-37, но „аеродромци“ одиграа неверојатна ...

Со инвестиција од 45 милиони евра во следните три години, Спар пристигнува на македонскиот пазар, носејќи европски стандарди, висок квалитет и прифатливи цени. Во првата фаза, 15 милиони евра ќе бидат вложени во отворање нови маркети и ребрендирање на постоечките „Вива Фреш“ и „Кит-Го“ во Спар маркети. Присутен во 49 земји ширум светот, Спар има амбициозна цел – повеќе од 60 продавници низ Македонија во период од една година. Голем акцент ќе ...

Како и секоја година, Гавиота и нејзината мајка пристигнуваат на фармата за кафе, Казабланка, за да го соберат кафето од втората берба во годината, но овој октомври се надеваат дека тоа ќе биде последно, бидејќи отсега ќе поседуваат своја земја. Сепак, судбината има други планови. Октавио Валехо, сопственикот на фармата за кафе, истиот човек кого таа го спаси од наводно киднапирање, истиот оној кој ѝ ветил како награда да ѝ даде еден хектар ...

Педесетгодишен работник од селото Соколарци oд општина Чешиново-Облешево, се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи во Кочани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера година околу 11:15 часот во Полициската станица Кочани од страна на Итната медицинска помош. „Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно ...

Виор од приказна што ја превртува приказната за Пепелашка наопаку. На изненадување на сите, Катерела вели не на бракот со Принцот. На крајот на краиштата, големината на чевлите е чудна причина за брак. Наместо тоа, Катерела сака да го најде својот крај. Ова раскинување со традицијата го става целиот свет во опасност. Принцезата треба да ја врати приказната на вистинскиот пат и одлучува да се соочи со Катерела. Неочекувана искра се пали меѓу ...

Том Мален е милионер, тој го изградил своето богатство работејќи напорно. По патот научил како да ја игра играта. Има прекрасно семејство. Еден ден неговиот син е киднапиран. Тој е спремен да плати откуп, но одлучува да се јави во ФБИ, кои успеваат тајно да влезат во неговиот дом. Кога оди да ја направи играта, нешто тргнува наопаку. Киднаперот повторно го повикува и го презакажува состанокот. По патот, Мален одлучува да не оди и се појавува ...

Во малиот швајцарски индустриски град Сент Имје на почетокот на 20 век, животот се врти околу производството на часовници, каде што дисциплината и точноста се највисоки вредности. Меѓу работниците се шири анархистичка мисла, поттикнувајќи прашања за слободата, правдата и човечкото достоинство. Луис, млад руски печатар, се приклучува на локалното анархистичко движење, каде што се запознава со младата работничка Жеана. Во свет каде времето е ...

Иако статистиките со години покажуваат опаѓање на детското престапништво, истражувањата укажуваат на сè поголема агресивност кај младите, особено во делот на психичкото, физичкото и сајбер насилството, предупреди професорката по криминологија Ангелина Станојоска. Taa посочи дека дел од порастот на пријавени случаи се должи и на поголемата свесност и пријавување на насилството. „Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат ...

Чела и Чикита потекнуваат од богати семејства во Асунсион и се заедно повеќе од 30 години. Но, неодамна, нивната финансиска состојба се влоши и почнаа да го продаваат наследениот имот. Но, кога нивните долгови доведуваат до затворање на Чикита поради обвиненија за измама, Чела е принудена да се соочи со нова реалност. Возејќи за прв пат по години, таа почнува да обезбедува локална такси услуга на група постари богати дами. Како што Чела се ...

Ејс беше саканото куче и К-9 партнер на полицаецот од Лос Анџелес, Џејк Росер. Тој беше убиен во опасна населба во Лос Анџелес во престрелка со локални дилери на дрога. Џејк е суспендиран од должноста, откако во емотивен обид да го спаси веќе изгубениот Ајс, тој напаѓа болничар. Независен од полицијата, тој тргнува во потрага по виновниците, барајќи одмазда во мрачното криминално подземје. Во тоа му помага уште една „муцка“: Сокс, насилен пес ...

Училиштата и семејствата сè потешко успеваат да одговорат на новите облици на врсничко насилство, кое според професорот Илија Ацевски е директно поврзано со влијанието на социјалните мрежи и недостатокот на институционална грижа. Во дебатата на „Топ Тема“, Ацевски посочи дека младите денес поминуваат и по осум часа дневно на интернет, каде што се формира нивната свест, однесување и начин на комуникација. „Нивната свест и реакција на она што ...

Психологот и психотерапевт Розалија Секуловска предупредува дека сè повеќе деца растат емоционално осамени, а родителите, преокупирани со секојдневието, често не ги препознаваат нивните чувства и потреби. Во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Секуловска истакна дека семејството е првиот и најважен систем во кој детето учи модели на однесување. „Најмалиот систем е семејството. Детето се раѓа таму и учи од моделите на мама и тато. Прашањето е што ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја започнува дводневната посета на Кина, со висока државна делегација, во чиј состав меѓу политичките претставници се и дел од лидерите на најголемите бизниси во САД на клучните разговори со кинескиот лидер, Си Џинпинг. Првично, самитот Трамп – Џинпинг требаше да се одржи во март, но беше одложен откако САД и Израел започнаа со нападите на Иран. Токму оваа војна, како и можното кинеско посредување за ...

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и уште две лица биле повикани на службен разговор во СВР Скопје, потврдија од МВР. Кривичната пријава е од министерството за земјоделство за злоупотреба на службената положба, а полицијата постапувала по насоки на обвинителството. Пријавата е во врска со распишување на јавен повик за финансиска поддршка на микро земјоделски производители на вино од 2023 година. „Без никаква законска основа ...

Центарот за заштита на потрошувачи во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено ...

Британски брод е запрен во Франција откако десетина патници и членови на екипажот развиле симптоми на вирус. Локалните власти во Бордо соопштија дека тројца патници се изолирани во своите кабини, додека на останатите патници не им е дозволено да го напуштат бродот.Француските власти изјавија дека нема причина да се поврзува случајот со неодамнешната епидемија на хантавирус на друг крузер. Неколку патници и членови на екипажот покажале ...

Јавниот обвинител не може да спречи некого да му се јави телефонски, се вели во реакцијата на обвинителството на чи чело е Ненад Савески по реакциите во јавноста на изјавата на премиерот Мицкоски дека вчера теледонски разговарале за последната одлука на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за мазутот за ТЕЦ „Неготино“. „Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана ...

Министерот за правда Игор Филков побара одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут да биде итно преиспитана, а Советот на јавни обвинители да побара одговорност од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази. „Ова е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака ...

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска. „Од секое негово движење, и сите карактеристики во изгледот јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат дека можеби е украдено од некоја друга држава, дали ...

Надлежноста за поранешниот хостел „Бјанко“, кој денес е руиниран, запуштен и небезбеден објект, сè уште останува енигма. Не се знае чиј е објектот кој со години пропаѓа во самиот центар на градот, додека жителите реагираат на небезбедните услови. Институциите немаат конкретен чекор за негово отстранување, затоа што и самите признаваат дека е нејасен имотно-правниот статус. Од Владата велат дека објектот и земјиштето се на државата со последен ...

Со поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и уште две лица бил извршен службен разговор по пријава од Министерството за земјоделство, соопштија од МВР. Од Министерството за земјоделство се сомневале дека Николовски како министер за земјоделие без законска основа поделил 820 000 евра – финансиска поддршка за микро земјоделски призводители на вино. -Oд страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по ...

За да се расветли ситуација со телефонскиот разговор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески, во врска со запрената истрага за злоупотребите со мазутот, Советот на јавни обвинители ќе контактира со Савески. Претседателот на Советот на јавни обвинители нѝ рече дека за изјавата која го открива контактот, а ја даде премиерот Мицкоски слушнале од медиумите. „Ќе треба да се слушнеме со државниот обвинител ...

Клиничка болница Тетово почнува правна битка со судовите, откако со правосилна пресуда им е наложено да го вратат на работа анестезиологот кој во 2023 година призна вина дека снимал и објавувал пациентки од гинеколошко одделение на социјална мрежа. Докторот, иако признал вина и бил осуден, ја тужел болницата за отказот. Во тетовската болница не се задоволни од донесената судска одлука и сметаат дека во конкретниот случај судовите не ги ценеле ...

Со нов закон ќе се регулираат игрите на среќа – коцкарниците подалеку од децата и ограничени во рекламирањето. Владата вчера на седница го утврди новиот текст на предлог-законот и ќе биде испратен во Собранието. Сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа ќе бидат оддалечени половина километар од основните и средните училишта, а се забранува и рекламирање надвор од деловните простории, доколку тоа има за цел да ги поттикне граѓаните да ...

Со трибината насловена „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“ во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ започна тридневното чествување на јубилејните 30-ти Денови на Благоја Корубин со учество на повеќе домашни и странски научници. Благоја Корубин е еден од најголемите повоени македонисти на 20-от век, основач на Одделението за современ македонски јазик и еден од основачите на Институтот за македонски јазик ...

По првичниот шок, премиерот Мицкоски најавува жалба на ЕСМ за одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре истрагата за злоупотреби со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во време на енергетската криза од декември 2021-ва до средината на 2023-та година. Правниот тим на ЕСМ е на готовс, но засега работат на слепо, бидејќи сè уште не ја добиле одлуката на обвинителството и се потпираат на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.9
66%
1007
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
3.13
80%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
61%
1008
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.06
67%
1007
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
82%
1006
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
56%
1003
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1007
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
65%
1006
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
56%
1007
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
8.23
59%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Бакар

13.33

Платина

68063.13

Иридиум

253540.09

Злато

151086.58

Кобалт

45.39

Родиум

320703.70

Паладиум

47776.01

Калај

55.66

Алуминиум

3.61

Рутениум

51376.89

Сребро

2786.34

Цинк

0.00