Извинете што доцнев.

Навистина сакав да дојдам навреме, но едно од моите деца бараше мафини со чоколадо за појадок, а јас не сакав да попуштам. Па, така тоа траеше некое време.

Извинете што доцнев.

Многу сакав да стигнам навреме, но пред да заминам, моето второ дете рече: „Мамо, ми се кака“. Веќе бевме на врата. И тогаш, додека го го завршувавме тоа, помалиот син успеа да се удри во саксија со цвеќе во ходникот.

Извинете што доцнев.

Сакав да дојдам навреме, но кога стигнав во градинката, сфатив дека ранците на моите деца се оставени дома. И тогаш, додека трчавме назад да ги земеме, мојата постара ќерка падна и си ги изгреба колената. Па ги исчистивме колената и ги бакнавме за да помине болката. Повеќе пати.

Извинете што доцнев.

Сакав да дојдам навреме, но бебето се разбуди шест пати синоќа и јас го преспав алармот утрово.

Извинете што доцнев

Многу сакав да дојдам навреме, но едното мое дете реши да оди во градинка во пижами, а другото не можеше да ги најде боичките што требаше да ги однесе денес на часот по ликовно.

Вистината е дека навистина сакав да дојдам и да бидам секаде навреме и се чувствувам многу виновна што не успеав.

Но, децата се непредвидливи, хаотични, несвесни за концептот на време. И тие зависат од нас. А ако секој ден им давате време кое им е потребно за да научат за границите, обврските и одговорностите, наместо брзо да ја решавате работата – со викање и закани, вие ќе бидете личноста што доцни.

Затоа, извинете што доцнам. Но, јас сум мајка.

Извор



912

X