Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Во нашите досегашни истражувања за македонскиот панграм (реченица која ги содржи сите букви од азбуката), патот неминовно нè водеше кон најтесните грла на нашиот вокабулар. Тука, самогласките (А, Е, И, О, У) како „воздух“ на јазикот се повлекуваат, а вокалното Р ја презема улогата на јадро на слогот. Ова не е само лингвистички куриозитет; ова е лексички „хак“ кој му овозможува на македонскиот јазик да пренесе комплексни значења со минимален ...
Сè започна со неколку халуцинирани зборови и еден дигитален проверувач на код. Три години подоцна, на екранот на нашиот компјутер се појави реченица која изгледа како јазичен еликсир, напишана со речиси арогантна леснотија: „Брз жолт џин Љупчо со ќеф ѕида њушка, ја гаѓа в цел хмељ.“ Ова не е само текст. Ова е моментот кога Gemini Pro, со само една инструкција и еден обид, го испорача она за што на неговите претходници им требаа десетици обиди ...
Сè започна со неколку халуцинирани зборови и еден дигитален проверувач на код. Три години подоцна, на екранот на нашиот компјутер се појави реченица која изгледа како јазичен еликсир, напишана со речиси арогантна леснотија: „Брз жолт џин Љупчо со ќеф ѕида њушка, ја гаѓа в цел хмељ.“ Ова не е само текст. Ова е моментот кога Gemini Pro, со само една инструкција и еден обид, го испорача она за што на неговите претходници им требаа десетици обиди ...
2025 година за Арно.мк беше година во која креативноста и технологијата служеа како главен двигател. Иако надворешниот свет често беше исполнет со предизвици, нашата редакција избравме да се фокусираме на создавањето, на новите идеи и на чувството дека преку дигиталниот простор можеме да изградиме еден поубав, едукативен свет. Ова е преглед на тоа како една „отворена лабораторија“ како Арно.мк успеа да ги поврзе македонскиот идентитет и ...
Тишината во Pluribus не е празнина. Таа е присуство. Тоа е онаа специфична, акустично третирана тишина на сала со сервери, каде што воздухот е филтриран, температурата е константна, а хуманоста е само уште една променлива во алгоритмот. Гледајќи ја серијата, не ве обзема страв од чудовишта и зомбија, туку една длабока, егзистенцијална мачнина – чувството дека гледате во сопствениот одраз во стаклото на исклучениот монитор, и од другата страна ...
Приказната за Скопскиот фестивал продолжува. По успешното архивирање на првото издание, оваа недела ја „отклучивме“ и 1969 година на Википедија. Ако 1968 беше година на ентузијастичен почеток, архивските исечоци ни покажуваат дека „Скопје 69“ веќе била година на амбиција, гламур и, што е најважно – човечност. Како и претходно, ова патување низ времето е овозможено благодарение на бесценетата архива на ВБУ Музички регистар, која ни дозволува ...
Оваа недела ја надополнивме страницата на Википедија за Скопскиот фестивал (Скопје фест) – со конкретни податоци за првото издание, од 1968 година, и со појасна структура што ќе може да се доградува. Ова не го гледаме како „крај“, туку како почеток: ќе продолжиме да додаваме нови материјали (исечоци, фотографии, програми, сведоштва), штом ќе стигнат до нас – и штом ги средиме како што заслужуваат. Овој текст е придружен запис на таа статија: ...
„Треска“ не е само напуштена фабрика од која денес остануваат изгорени хали, шут и расправии за ДУП. „Треска“ е точка на градот што во овј текст ќе се обидеме да ја видиме од две страни: како индустриска логика и како културна меморија. Индустрија и развој Пред да стане урбанистички конфликт, „Треска“ била индустриска оска со долга предисторија: на истата локација постојат записи за пилана уште од крајот на 19 век, а претпријатието „Треска“ е ...
Google ја претстави во почетокот на јануари новата бета-функција „Personal Intelligence“ за својот AI асистент Gemini – систем што може да поврзе информации од Gmail, Google Photos, Search и YouTube за да дава проактивни и персонализирани одговори. Значи, се работи за виртуелен асистент што не само што одговара на конкретни прашања, туку „размислува“ преку вашите податоци и прави препораки – на пр., план за патување заснован на вашите стари ...
Урбан простор меѓу дивото и градот Зоолошката градина во Скопје е простор во кој со децении се преклопуваат различни светови: институцијата и улицата, дивото и урбаното, тишината на кафезите и гласот на ѕидовите. Основана во 1926 година, а со денешниот концепт и изглед оформена во 1966 година, таа расте заедно со градот, минувајќи низ трансформации, контроверзии и нови читања. Сместена во срцето на Градскиот парк, меѓу дрвореди, велосипедски ...
Годинава се одбележуваат 100 години од основањето на Зоолошката градина во Скопје и Природонаучниот музеј на Македонија – две институции што не се само културни и научни симболи, туку и живи сведоштва за визијата на еден човек: д-р Станко Караман. Овие јубилеи се повод не само за свечени настани и пригодни текстови, туку и за прашање што поретко си го поставуваме: како изгледа институционалната меморија во дигиталниот простор? Кој бил Станко ...
Во време кога сè почесто не прашуваме каде да најдам информација, туку кого да прашам – а одговорот сè почесто е АИ – прашањето за тоа од каде таа АИ учи станува клучно. Зад секој „паметен“ одговор стојат години човечка работа, уредување, расправи и извори, а едно од централните места каде што тоа знаење се собира и проверува е Википедија. Затоа најновата вест за нејзините партнерства со големи АИ-компании не е технолошки куриозитет, туку ...
По години фрагментарни спомени, расфрлани фотографии и усни истории, на македонската Википедија конечно е објавена првата оригинална и систематска статија посветена на графитите во Македонија. Ова не е превод, ниту адаптација од странски извор, туку текст произлезен од локално знаење, теренска работа и долгогодишно архивирање на сцената. Што постоеше досега (и зошто беше проблем) Македонската верзија на статијата „Графити“ e во голема мера ...
Како дел од нашите напори за систематско архивирање на македонската популарна култура, овој текст претставува проширена биографска белешка за Банкрот блуз бенд – состав со култен статус, за кој изненадувачки постои многу малку консолидиран материјал на македонски јазик во дигиталниот простор. Белешката е составена преку вкрстување на податоци од Македонската рок енциклопедија на Тошо Филиповски (каде бендот се споменува без посебна ставка), ...
Ако сте дел од „постарите генерации“, веројатно знаете кој е Никола Галевски. Ако сте помлади – голема е шансата да не знаете. И тука не е проблемот во вас. Проблемот е во нашата колективна дигитална амнезија. Никола Галевски – првиот човек на првиот македонски народен оркестар – во македонскиот дигитален простор како да не постои. Нема страница на Википедија, нема лесно достапна биографија, нема библиографија, нема систематизирана архива. Во ...
Видеото што неодамна се појави на TikTok, објавено од профилот icantevenproduction, на прв поглед делува како уште еден пример за импресивна визуелна обработка со помош на вештачка интелигенција. Сцената е филмска, атмосферата е напната, а чувството на „нешто што не е како што изгледа“ е намерно нагласено. Изворниот материјал доаѓа од кулминациската сцена во филмот The Game, режиран од Дејвид Финчер, во кој Мајкл Даглас ја игра улогата на ...
Во третиот продолжеток од серијата „Анимирани графити“ (видете ги #1 и #2), се враќаме во Скопје – кај ѕидовите што одамна ги препознаваме по нивните ликови. Овојпат, ги анимиравме графитите на Драган Китановски – Драш, еден од најпрепознатливите и најконзистентни автори на македонската улична сцена. Од Рајна Мичуринска до Среќни празници! Започнавме намерно со графитот посветен на Рајна Мичуринска, еден од првите графити објавен во нашата ...
Војаџер 1 е лансиран од НАСА на 5 септември 1977 година како дел од програмата „Војаџер“, со цел истражување на надворешните планети на Сончевиот систем и обезбедување први директни податоци за Јупитер, Сатурн и нивните месечини, како и за условите што владеат на работ од влијанието на Сонцето. По завршувањето на примарната планетарна мисија, леталото продолжи кон надворешните делови на Сончевиот систем за да ја истражи хелиосферата, а во ...
По објавата за изложбата на командниот модул на Аполо 10 во Скопје, добивме неочекувано голем број реакции, спомени и дополнителни информации од граѓани кои биле присутни на настанот во 1970 година. Дел од овие сведоштва не само што ја потврдуваат веродостојноста на изложбата, туку отвораат и пошироки прашања за архивирањето, колективната меморија и односот кон науката. Пред да ги издвоиме реакциите, објавуваме и две фотографии од весникот ...
Во маркетите ширум Македонија повторно се продаваат пластични кеси под етикети како „повеќекратна употреба“ или „биоразградливи“, но зад тие ознаки често стојат маркетиншки трикови, а не вистинска еколошка вредност. Оваа истрага прикажува кои типови на кеси се нудат во најголемите супермаркети, што стои на нивните декларации и како законската регулатива дозволува „враќање“ на најлонот во секојдневната употреба – под маската на грижа за ...
На 25 ноември 2016 година, како контрапункт на потрошувачката хистерија наречена „Black Friday“, беше отворена групата „Дај, не фрлај!“ од Бранко Прља и Владимир Карер. Денес, девет години подоцна, оваа иницијатива прерасна во едно од највлијателните онлајн движења за споделување ресурси и изградба на доверба меѓу граѓаните. Во својот прв пост, основачите ја поставија јасната мисија: Да изградиме општество во кое подарувањето е примарно, а ...
Шведската климатска активистка Грета Тунберг продолжува со својата посета на Македонија, каде што активно се вклучува во локалните иницијативи за заштита на животната средина и поддршка на социјални каузи. По нејзината посета на Тетово во четвртокот, каде што го посети Општествено-културниот центар Тетово и се запозна со нивните активности, Тунберг вчера учествуваше на дискусија во културниот простор „Дуња“ во Скопје на тема „Стоп за воената ...
Десет години фотографирам депонии, организирам чистења, подарувам предмети за да не завршат во отпад. Верував дека секоја собрана вреќа е чекор кон почиста Македонија. Денес, гледајќи ги истите купишта смет и истите празни ветувања, сфаќам: ѓубрето не е само резултат на немар – тоа е политичка алатка. Ова е мојата исповед, но и анализа на системот што го одржува хаосот, држејќи нè заробени во циклус на фрустрација и дистракција. Мојот ...
Веќе четврти ден чадот од пожарот на депонијата Дрисла се спушта врз скопските населби, особено во деловите под самата депонија. Иако на моменти се чини дека пламенот е под контрола, ноќните часови откриваат поинаква слика: густ чад, неподнослив мирис и алармантни мерни вредности на квалитетот на воздухот. Зимно време сме навикнати на овие состојби, разликата е дека сега загадувањето не е од дрва, туку токсично. Зошто огнот не згаснува? ...
Светот повторно гори. Војните не престануваат, само го менуваат името и географијата. Од Украина, преку Газа, па сè до најновите закани и сценарија околу Венецуела, секогаш е истата приказна: малкумина одлучуваат, милиони плаќаат. Зад тие конфликти ретко стои „безбедност“, а уште поретко слобода или демократија. Почесто стои нешто многу поедноставно и многу поопасно – желбата за моќ. Но, од каде доаѓа таа желба? Дали сте се разбудиле некогаш ...
2025 година беше тешка. Почнавме како и секоја година – со планови, со идеи, со чувство дека можеби, конечно, работите ќе си дојдат на место. А потоа – шок. Се случи Кочани. Тапо чувство на болка и безнадежност. Она што остана по Кочани не беше само тага, туку чувство дека се случи нешто непоправливо, нешто од што никогаш нема да закрепнеме. Како колективен прекин во нормалноста, каква и да е таа наша „нормалност“. Потоа се случи Тораница. ...
Со новата рубрика „Ретро вести“ се навраќаме на заборавени настани од минатото, денес се изгубени во архивите и тишината, настани што нè обликувале како општество – не од носталгија, туку за подобро да разбереме каде сме (биле) и каде одиме. Овој текст започна со случајно откритие во Архивот на Град Скопје, со една фотографија од 1970 година и со едно едноставно, но вознемирувачко прашање – како е можно да не знаеме дека оригиналната капсула ...
На Арно.мк досега имаме објавено над 100 текстови поврзани со вештачката интелигенција, но за Туринговиот тест немавме подетален напис, што е наш пропуст, со оглед на тоа дека станува збор за клучен концепт кога се зборува за вештачката интелигенција. Туринговиот тест, создаден од Алан Туринг – британски математичар, компјутерски научник и пионер во вештачката интелигенција – во 1950 година, проверува дали машина може да води убедлив разговор ...
Оваа недела, на почетокот на август 2025 година, донесе бурен развој во AI-индустријата. Еве ги најважните модели и трендови: OpenAI подготвува големо лансирање на GPT‑5 GPT‑5 се очекува да биде објавен кон средината или крајот на август 2025, но Sam Altman предупредува на можни проблеми при лансирањето. Според тестерите новиот модел делува значително способен, особено во кодирањето и решавањето проблеми, но скокот од GPT‑4 може да не биде ...
Како портал Арно.мк, уште од самиот почеток на бумот на генеративната вештачка интелигенција (2022), активно се занимаваме со прашањето за местото на македонскиот дигитален идентитет – неговата видливост, автентичност и заштита во новата дигитална ера. Веруваме дека оваа борба е подеднакво значајна како и борбата за вистинскиот, историски македонски идентитет. Прашањето за тоа како вештачката интелигенција ја претставува Македонија не е само ...