Кралот Чарлс денеска на церемонијата повод Неделата на сеќавањето им оддаде почит на загинатите во Првата и Втората светска војна, како и во подоцнежните конфликти, на која во центарот на Лондон присуствуваа илјадници ветерани. Почит кон жртвите од војните прво беше оддадена со двоминутно молчење, пренесе весникот „Индепендент“. Кралот Чарлс го зазеде централното место и го положи првиот венец кај споменикот Кенотаф, а по него венец положи и ...

На 12-ти ноември во Кочани ќе се одржи промоција на книгата „Бојот се бие во срцето на јунакот“, посветена на животниот и спортскиот пат на Андреј Лазаров. Промоцијата е закажана за 18 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, а автор на делото е Марјан Гијовски. Познато е дека младиот Лазаров, беше една од жртвите во трагедијата во Кочани во март минатата година во пожарот во дискотеката „Пулс“. Лазаров остана во срцата на фудбалските ...

На 07.11.2026 во 14:20 часот во Казнено поправната установа Затвор-Идризово полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е .З .(30) од Скопје по претходна пријава дека при посета на осуденикот Џ.З.(34) во видувалната од установата при личен претрес кај неа биле пронајдени и одземени две паковки со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.11.2026 во 14:20 часот во Казнено поправната установа Затвор-Идризово ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 09.11.2026 година (понеделник) без водоснабдување ќе останат дел од корисниците во општина Карпош. Поради извршување работа на водоводната мрежа на ул. „Никола Парапунов“ на раскрсница со ул. „Разловечка“ во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од тој дел. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 09.11.2026 година (понеделник) ...

Работнички ја запиша и шестата последователна победа во новата сезона, откако во „Градски парк“ славеше над Кожув со 83-80 во натпревар кој понуди голема неизвесност и беше решен во самата завршница. Најзаслужен за победата на Работнички беше Рикиќ, кој одигра одличен натпревар и запиша 27 поени и седум скокови. Говенс придонесе со дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 асистенции. Во редовите на Кожув, Армстронг беше најефикасен со 20 поени, ...

Судот не може да ја исправи секоја неправда во општеството, но имаме одговорност да обезбедиме правото да важи во нашите судници, изјави претседателката на Основниот кривичен суд во Скопје, Даниела Димовска, во ВИКЕНД ИНТЕРВЈУТО ЗА КУРИР. КУРИР: По вашето именување за претседател на Кривичниот суд во Скопје, наидовте на различни реакции. Тогаш одлучивте да не одговарате на одредени провокации. Денес ве прашувам – дали оставивте вашата богата ...

Италијанскиот МотоГП возач Марко Безеки ја однесе победата на Големата награда на Катар откако ја контролираше главната трка на патеката „Лусаил“ од почетокот до крајот. Возачот на Априлија ја забележа својата шеста победа во сезоната, додека Марк Маркез заврши на второто место по импресивен пробив доцна во трката. Четирикратниот шампион во Мото ГП го престигна Раул Фернандез, кој беше на третото место, на само три круга до крајот Mаркез не ...

Денешната програма од 13.коло во Првата македонска фудбалска лига донесе голема борба и значајни промени во средината на прволигашката табела. Екипите на Башкими и Брегалница ги поделија, додека Шкендија Арачиново славеше на гостувањето кај Арсими. Во Куманово, дуелот меѓу Башкими и штипска Брегалница започна со петнаесет минутно задоцнување поради отсуство на противпожарно возило. Домашниот состав поведе во 27.минута преку десниот бек Фавзи ...

Според последните информации, Мануел Нојер ќе отсуствува најмалку шест недели. Капитенот на Баерн заработи сериозна повреда на тетивата на десното стапало за време на победата на гости против Мајнц во саботата. Затоа, се очекува Нојер да го пропушти остатокот од 2026 година и нема да игра повторно до крајот на годината. Неговиот договор истекува следното лето и многу е веројатно дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. Нојер веќе ...

Повеќе од 300.000 луѓе, меѓу кои речиси 165.000 деца, се раселени во Јемен поради борбите меѓу силите на меѓународно признатата влада и милитантната група Хути, изјави денеска регионалниот портпарол на агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Салим Овеис. Овеис рече дека поради судирите децата се „истргнати од нормалноста и сигурноста на секојдневниот живот“. -Нивните денови се постојано изложени на опасности, надвор од безбедните ...

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои осмото место на Младинските Олимписки игри во Дакар во трката 100.метри. Таа беше дел од финалето каде настапија девет атлетичарки и постигна време од 12.28 секунди. Претходно Митевска настапи во полуфиналето каде истрча – 12.58 секунди и како четвртопласирана обезбеди место во финалната трка. Покрај Митевска во Дакар настапија уште Петар Цеков во пливање – 400 метри слободно и Марио ...

Најмалку 21 лице загина откако чамец со мигранти потона крај брегот на Сенегал, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата. Властите синоќа спасија едно лице и пронајдоа 21 безживотно тело, соопшти денеска сенегалското министерство на Х. Несреќата се случила кај Кебемер, град на околу 180 километри северно од Дакар. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат додека властите трагаат по можни преживеани. Чамецот ...

Актуелниот шампион во Ф1, Ландо Норис од Мекларен е победник на Големата награда на Бразил. Место на победничкиот пиедестал обезбедија уште Макс Верстапен и Исак Хаџер. Ланскиот првак во трка со променливи временски услови имаше извонредна трка и заслужено триумфираше. Ова беше трета победа на Норис во 2026 година. Трката имаше интересен старт бидејќи Макс Верстапен и Луис Хамилтон стартуваа од последните позиции (Хамилтон од 20.место, а ...

Полисата за осигурување на бродот „Титаник“ ќе биде понудена на аукција во Велика Британија кон крајот на ноември, а се очекува да достигне цена од 50.000 фунти (околу 60.000 евра). Единствениот познат примерок од полисата за осигурување на трупот на бродот, кој се однесува на периодот на неговите пробни пловења, ќе се најде на аукција во куќата „Хенри Олдриџ енд сан“ во Девајзис, во грофовијата Вилтшир, на 21 ноември, пренесе Би-би-си. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е малку веројатно повторно да нареди американски воени напади врз Иран сè додека има напредок во преговорите за нуклеарната програма на Техеран и повторното отворање на Ормутската Теснина. Тој го повтори тоа тврдење неколку пати за време на интервју за CNN, велејќи дека сè зависи од подготвеноста на Иран да соработува. -Би го направил тоа доколку е потребно, но ние ги погодивме навистина ...

За време на директниот пренос од ракометнкиот натпревар меѓу грчките и македонските ракометни репрезентации, на графиката стоеше кратенка NMKD. Од РФМ има реакција, која ја обjавуваме во целост: Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од ...

Осми ноември, Митровден. За некого обичен датум во календарот, но за стружани длабоко врежан во колективната меморија. Ден кога градот ја дочекал светлината на слободата. Историјата нè враќа во 1944 година, во времето кога слободата не била само копнеж, туку надеж за нов почеток. Зад неа стоеле години окупација, неизвесност и отпор, жртви и храброст на луѓе кои верувале дека ќе дојде денот кога Струга повторно ќе дише слободно. И токму ...

Украинската војска нападна четири центри за управување со дронови во Русија и во окупираните области од страна на Русија во источна Украина, соопшти денеска Генералштабот. Командниот центар во Бердјанск, во јужниот дел на украинската Запорошка област, беше опишан како „највредна мета“. Локацијата ја користи „Рубикон“, елитна руска единица, за извршување напади со дронови врз цивилното население во близина на линијата на фронтот, се наведува ...

Најмалку четири лица загинаа, а 88 беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза при судар со друг воз, во близина на Каиро, соопшти египетското Министерство за здравство. Локалните медиуми претходно јавија дека 120 луѓе се повредени, без да ја наведат тежината на нивните повреди, пренесува Араб њуз. Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредените ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Мастерсот 1000 во Париз откако во финалето го совлада Американецот Бен Шелтон со 2:0 во сетови (7:6 (7:5) и 7:5) за два часа игра. Во првиот сет немаше брејк, па сетот беше во 13.тиот гем, кој со 7:5 на поени. Вториот сет повторно донесе голема борба и беше решен во 12.гем кога Алкараз го направи вториот брејк во сетот и го доби мечот. Ова е одлична најава за шпанскиот тенисер во пресрет на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека САД со резултатите од последните меѓуизбори „направија голем чекор назад во историјата“, истакнувајќи дека и берзата, која за време на неговиот мандат беше „ракета“, претрпе еднодневен загуба од три трилиони долари. „Но не плашете се, ќе се вратиме, поголеми и посилни од кога било“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Демократите на меѓуизборите за американскиот Конгрес ...

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Халкида од Грција со 29:24 во дуелот од 2.коло од квалификациската група. Нашата репрезентација одигра лошо прво полувреме во која противникот ги искористи своите шанси и на полувреме имаше предност од 16:9. На почетокот на вториот дел Грција имаше водство и од 19:10, но македонскиот тим успеа да намали на 19:13. Во финишот на дуелот домашната репрезентација повторно имаше ...

На денешен ден, 8 ноември, пред точно 85 години, во 1941-та година, во прилепското село Царевиќ првпат е изведена познатата македонска борбена, патриотска песна „А бре Македонче“. Песната ја извеле партизаните од одредот „Гоце Делчев“ на територијата која се смета за прва слободна во почетокот на Народноослободителната борба и Народната револуција. Песната која се сметаше за народна има тројца автори, членови на партизанскиот одред чии групи ...

Семејството на Лав и Марија го имале свети Димитриј Солунски за личен и домашен празник и закрилник. Четири века по него, Лав ја извршувал истата должност – военоначалник на Солун и со должна почит го прославувал неговиот свет претходник. Свети Димитриј бил нивната икона до кандилото во домот и пред Бога. Митровден бил домашната слава на светите Кирил и Методиј во домот на нивните родители во Солун. Семејството на Лав и Марија го имале свети ...

Како да направиш добра и квалитетна ракија, и како да се пие лесно, а да не предизвикува главоболка, сето тоа го знаат старите мајстори за печење ракија во Валандово, кои се уште ги има. На годинешната Валандовска ракијада, меѓу учесниците можеше да се слушнат различни совети и детали за тоа како да се извади поубава ракија, која е белег за ова поднебје. Бранко Стојанов, пензиониран земјоделски инжинер, во изјава за МИА, вели дека ракијата ...

Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот код на Република Македонија. Во графиката за денешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Грција, од квалификациите за ЕП 2028, грчката телевизија ја потпиша нашата репрезентација со кодот НМКД, иако меѓународниот код е МКД. Со ова и грчката ракометна федерација покажа и непознавање и непочитување на меѓународни договори. Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 09.11.2026 година (понеделник) планирани се следниве исклучувања на електрична енергија: Поради работа во ТС Белимбегово без напојување со ЕЕ ќе останат дел од Белимбегово (кај мостот) од 08:30 до 11:15 часот во општина Илинден. Поради работа во ТС Чаир без напојување со ЕЕ ќе останат ул.Струмичка,ул.Ќемал Сејфула и ул.Вуковарска од 09:00 до 12:00 часот во општина Чаир. Поради работа електричната ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против М.Б.(43) с.Ратево, беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 19.10.2026 во с.Ратево во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал неговото дете. Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против М.Б.(43) с.Ратево, беровско поради постоење ...

Почина професор доктор Зоран Спировски, торакален хирург и поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Веста за смртта на проф. д-р Спировски ја објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил. -Торакален хирург со децениски стаж, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Спировски остави длабока трага во ...

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот. Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.39
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.73
94%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
73%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
91%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.93
81%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1030
Currency

61.558

Currency

54.966

Currency

73.755

Currency

37.999

Currency

39.16

Currency

67.23

Currency

8.2481

Currency

0.67187

Currency

0.34737

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58435

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

321507.47

Паладиум

32279.35

Сребро

1666.05

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07