Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Нашата ќерка пред некој ден наполни 6 години и оди во градинка. На речиси 4 години првпат почна да зборува, отпрвин по 2 збора, па да повторува, а сега може да се каже дека има приближно 150 збора. Препознава и ги кажува ...

Понекогаш ви се чини дека вашето дете драматизира без потреба и се обидува да се извлече од нешто што не може, дека го привлекува вниманието кон себе, но детето всушност во тој момент е анксиозно, односно загрижено за нешто, исплашено. Детски психолог брилијантно објаснува како да се детектира тоа. Кога детето ќе ви каже дека го боли стомакот, вие веднаш се грижите, прашувате дали сака да оди во тоалет, дали е гладно и, всушност, кога ќе го ...

Ви нудиме листа со прашања на кои треба да одговорите пред да му дозволите на вашето дете да преноќи кај другарче првпат. Иако ова ви изгледа како многу голем чекор, тоа е така и за вашето дете, па пожелно е детето да е целосно подготвено за тоа. Каков е вашиот однос со родителите на детето каде што вашето би преспало? Важно е вашиот однос да биде доволно близок за да можете да бидете целосно искрени за сите прашања поврзани со децата, а пред ...

Сакале или не, сите сме вклучени во трката на животот, сѐ повеќе работиме и имаме сѐ помалку време – дури и за семејството и децата. Меѓутоа, често има сосема различни причини за запоставување на децата. Секое дете тешко го поднесува недостигот на родителска љубов и грижа. Психо-физичкиот развој на детето кое расте покрај незаинтересирани и „ладни“ родители е сериозно загрозен и оштетен од недостигот на љубов и поддршка. Многу рано, од ...

Сите сакаме да воспитаме одговорни деца. И сите сакаме да живееме во свет во кој другите се воспитани да бидат одговорни, свет каде што возрасните не ги избегнуваат своите одговорности. Како да ги воспитаме нашите деца да преземат одговорност за нивниот избор? Почнете така што ќе ја гледате одговорноста како нешто што го прави вашето дете среќно наместо да го оптоварува. Секое дете сака да се гледа себеси како способно да реагира на она што ...

Секое дете понекогаш е вознемирено и тешко е да се справите со него. Но, кога е така, постои вообичаена фраза од два збора што никогаш не треба да ја кажете: „Смири се“. Тоа го вели Рејчел Ромер, коосновач на „Гилд“, компанија за поддршка во образованието, а воедно е и мајка на две деца. „Смиреноста најдобро се учи преку демонстрација, што е особено точно кога станува збор за децата. Да му кажете на детето да се смири кога е загрижено и ...

Што е потребно за да се осигурите дека вашиот татко ќе го одржува здравјето и ќе живее подолго? Вистината за мажите и здравиот живот Мислев на моите деца – моите синови кои се млади, а сè уште не се татковци, мојот сопруг кој стана татко на денот кога се ожени со мене – зачекори во улогата и е присутен на секој начин откако стана првпат „татко“ на 40 години. Моите мисли потоа ме одведоа кај татко ми, мојата прва љубов, човекот на чии чевли стоев ...

Кога ќе се родиме, според научниците, имаме речиси ист број на нервни клетки кои ќе ги користиме до крајот на животот. Врските меѓу овие клетки почнуваат да се воспоставуваат уште од рана возраст, па соодветната стимулација го подобрува развојот на интелигенцијата кај детето. Но, запомнете дека не смеете да форсирате никаква когнитивна функција бидејќи на овој начин ризикувате да го преоптоварите детето и да предизвикате нарушување како што е, ...

Емоционалното занемарување од страна на таткото може да има трајни последици во животот на детето, дури и кога тоа ќе порасне. Како што објаснуваат психолозите, постојат неколку знаци кои јасно покажуваат дека личноста пораснала со татко кој емотивно ја запоставил. Тие нагласуваат дека во повеќето случаи овие знаци можеме да ги забележиме дури во зрелоста. Со оглед на тоа дека мажите со генерации се обесхрабрувани да покажуваат емоции, многу ...

Припаѓам на супкултура која е многу различна од мејнстрим-културата. Така, кога почнувам да забележувам шаблони меѓу моите мејнстрим-пријатели, имам тенденција да откривам нешто повеќе за нив. Таков беше случајот со мојата пријателка Пејџ во тоа време. Пејџ беше тип на девојка која е родена да биде мајка. Таа сакаше да биде мајка на осум деца и им го кажуваше тоа на луѓето кога ја запознав на 27 години. Многу сакаше да има семејство. Поминаа две ...

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, под назив „Зурзува“ (Zurzuvae). Ова е воедно и единствен орален третман за постпородилна депресија, што се зема еднаш дневно и за 14 дена може да доведе до брзо подобрување. Досега лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска интервенција на лекот во здравствените установи. Според ...

Секоја година се зголемува бројот на деца со егзема, алергии и астма. Сè уште нема објаснување за оваа појава, но некои експерти велат дека хигиената е клучот. Се верува дека луѓето во развиените земји, каде што се почести алергиите, едноставно се премногу чисти. Децата не се изложени на оние бактерии и вируси што ќе го зајакнат имунолошкиот систем. Децата сѐ помалку се надвор, а сѐ повеќе се дома. Што треба да прават родителите? Експертите се ...

Летото пристигна, што значи дека семејствата ќе ја бараат секоја можност за да отидат на плажа за освежување. Колку и да е забавно, останувањето покрај вода може да биде опасно, особено за децата кои сè уште не се доволно искусни пливачи. Според „Тудеј“ и „Гардијан“, Германското здружение за спасители на вода издало предупредување до родителите дека ако поминуваат премногу време на мобилните телефони додека нивните деца се во вода, тоа може да ...

Повеќето близнаци, тројки или четворки растат и се развиваат по приближно иста линија како и нивните браќа и сестри – дури и оние кои малку заостануваат во развојот на крајот ќе го достигнат. Сепак, погрешно е мислењето дека близнаците мора да достигнат развојни пресвртници во исто време. Исклучок се идентичните близнаци или тројки, каде што можете да очекувате бебињата да имаат прилично сличен модел на раст и развој. Се хранат со исто ...

Несомнено е дека е важно да се препознаат силните страни на детето и да се истакнат. Ова е добро за самодовербата на детето. Сепак, прекумерната употреба на мотивациски реченици може да биде штетна, а еве како. Кога ќе му кажете на детето: „Можеш да направиш сѐ што ќе си замислиш!“, тоа се чувствува многу добро, дури и одлично. Го охрабрувате да ги развива своите квалитети, му давате ветер в грб да не се откажува, да истрае во сè затоа што може ...

Родителите често го бакнуваат бебето во лицето, некои и во устата или во близина на усните, од голема љубов – ваквото бакнување е особено застапено во странство каде што мајките и татковците ги бакнуваат децата в уста. Сепак, бакнувањето на новороденчето може да претставува голем ризик за неговото здравје, објаснуваат експертите. А брзиот „цмок“ на усните може да доведе до сериозни проблеми со дишењето и здравјето кај новороденчето. Мајката која ...

Иако не ја препорачуваат многу експерти, цуцлата сè уште е еден од најпродаваните додатоци за бебиња. Кај некои деца нагонот за цицање е толку голем, што на некои мајки не им преостанува ништо друго освен да се обидат да го смират детето со цуцла. Тогаш тој предмет изгледа како решение за спас. Се разбира, за мајката, бидејќи фокусирањето на цицањето го смирува детето за време на будниот период, ја ублажува можната напнатост или непријатност. ...

Без разлика дали тоа е неодложна обврска, неочекуван деловен состанок или договор за чување деца што не се реализирал, веројатно ќе има моменти кога секој родител ќе треба да го остави своето дете само дома. Разбирливо е дека родителите се загрижени кога првпат ги оставаат децата без надзор, но со добро планирање, останувањето дома може да биде позитивно искуство за детето, давајќи му чувство на самодоверба и независност. Но, кога е вистинското ...

Нема ниту еден родител на светот кој сака да им каже на своите деца работи што ќе ги оддалечат од него и ќе предизвикаат недоверба. На нашите деца сакаме да им ја дадеме сета љубов и поддршка што им е потребна за да прераснат во здрави, среќни возрасни луѓе. За жал, родителите се само луѓе и грешат. Како резултат на тоа, понекогаш кажуваме работи што може да ги повредат и да предизвикаат децата да не ни веруваат. Можеби ги кажуваме тие работи ...

Во 2018 година бев на врвот на мојата кариера. Како лидер во една голема консултантска компанија, ги сакав односите со клиентите, патувањата и заедничките работни сесии доцна во ноќта, каде што куповите засладени пијалаци и грицки ги опкружуваа нашите лаптопи. Ги сакав моите тимови – менторството и односите, кои ги создадовме за време на долгите работни часови што ги поминавме заедно. Никогаш не замислував свет каде што моето секојдневно ...

Кога сте бремени со машко бебе, многу мајки брзо споделуваат со вас дека им е полесно да воспитуваат момчиња. Некои од причините за тоа се должат на индивидуалните фактори на личноста, а некои се должат на подлабоки психолошки, социјални и културни варијабли. Ако ви е полесно да сте родител на вашите синови отколку на ќерките, прочитајте за да ги истражите неколкуте можни причини зошто тоа е така. Момчињата се помалку емотивни од девојчињата ...

Како мајка, постојано сум загрижена за моите деца. Како самохрана мајка, пак, лудо сум загрижена за моите деца. Дали работам премногу? Дали сум премногу сиромашна? Дали пропуштам важни моменти од нивните животи? Одговорот на сите овие прашања има тенденција да биде убедливо „да“! Кога сте ограничени во сè: време, пари, помош, простор за дишење – сите страдаат. Ова го сфаќам лично. На крајот на краиштата, моите деца не бараа живот со самохрана ...

Аспергеровата болест е форма на високофункционален аутизам. Таа е дел од моето презиме. Јас живеам со тоа. Го сакам прекрасното, необично момче што живее во мојот син. Малиот Аспергер можеби на почетокот не е очигледен, но како што одминува времето, ви станува сѐ појасно и појасно. Течно зборува и има просечна интелигенција. Тој е робустен, но и срамежлив. Ништо не зема здраво за готово. Сè мора да му се објасни. Ваквите деца се шармантни и ...

Ако почнете да се прашувате: „Дали сум подготвена да имам бебе?“, големи се шансите дека сериозно размислувате за родителството. Запомнете – не постои начин целосно да се подготвите за родителството, но има неколку клучни фактори што треба да ги земете предвид. Се разбира, имајте на ум дека подготовката за бременост е различно патување за секого, и тоа е во ред! Има ресурси и луѓе кои сакаат да ви помогнат. Еве што се препорачува ако штотуку го ...

Играчките се прекрасна работа, играчките го забавуваат детето, го поттикнуваат неговиот развој, а можат да бидат исклучително позитивни и да му овозможат низа придобивки на детето. Но, се чини дека родителите понекогаш (или малку почесто) прават некои работи погрешно, без воопшто да размислуваат за тоа. Еве како го претставила тоа мајка која е запознаена со едукативните играчки, по поминато искуство со експерти. „Врвот од посетата на мојот син ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мојата ќерка ќе полни две години, но сѐ уште не зборува, освен понекој збор. Многу е нервозна, многу вреска и писка. Разбира кога ќе ѝ кажеш наредби и ги извршува, се врти кога ќе ја викнеш по име. Ме загрижува тоа што многу ...

Ако размислите малку за вашите деца и за децата на вашите пријатели, познајници или за семејството – може да забележите одреден шаблон: еден брат или сестра секогаш запаѓа во поголеми проблеми од другите. Добиваат опомени на училиште, ги враќаат од камп поради недолично однесување, а вие веќе размислувате дали ќе имаат проблеми со законот како тинејџери… Освен што гледате дека приказната е слична и кај другите – едното дете е проблематично, а ...

Ако вашето дете има една година и сè уште не оди, тоа не значи дека има моторички проблеми. Ако, пак, оди добро пред типичната возраст, тоа не значи дека ќе стане олимпиец. Времето во кое треба да се случи пресврт е само насока, а не факт или правило. Речиси сите пресвртници се флексибилни, а опседнувањето со нив може да им нанесе повеќе штета на вашето дете. И тоа е точно за сè – од свртување на стомакот до изговарање на првите зборови, но тоа ...

Во следното видео од „Инстаграм“ ќе ја погледнете оригиналноста и снаодливоста во полн сјај, во татковска форма. И тоа, со мало дете. Имено, на видеото се гледа како еден татко седи во дневната соба заедно со својата малечка ќерка и гледа телевизија. Во еден момент на подот му паѓа далечинскиот управувач. Таткото, без многу да се придвижи, ја зема ќерка си в раце и ја „употребува“ како алатка за достигнување и кревање на далечинското. Се ...

Откако ќе дознаеме дека чекаме дете, почнуваме да фантазираме за полот, името, но и за изгледот на бебето. Дали девојчето ќе личи на мама, дали момчето ќе биде високо како тато? Откријте кои фактори одлучуваат за тоа. Од кого бебето ќе ги наследи бојата на очите, висината и полот? Мајчините гени сочинуваат 50 отсто од ДНК, а гените на таткото ги сочинуваат преостанатите 50 отсто. Меѓутоа, бидејќи машките гени се „поагресивни“, тие се ...

Скопје

14ᴼ/14ᴼ
1.54
82%
1019

Белград

15ᴼ/13ᴼ
8.75
61%
1018

Софија

13ᴼ/11ᴼ
1.03
86%
1024

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
1.78
71%
1024

Љубљана

16ᴼ/10ᴼ
1.03
76%
1006

Атина

19ᴼ/16ᴼ
4.12
77%
1015

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
1.54
88%
1016

Подгорица

16ᴼ/13ᴼ
2.57
77%
1016
Currency

61.2805

Currency

57.4517

Currency

71.7565

Currency

37.2011

Currency

42.0817

Currency

63.1133

Currency

7.94288

Currency

0.61696

Currency

0.36695

Currency

0.52622

Currency

1.77258

Currency

0.68905

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

614469 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

864 $

Злато

74863 $

Бакар

9 $

Паладиум

31158 $

Платина

30479 $

Родиум

151607 $

Цинк

92668 $