Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Агенцијата за вработување денес објави три огласи за самовработување на невработени, а неповратните пари што се доделуваат се од 7.000 евра до 20.000 евра. За 430.500 денари, или за 7.000 евра може да аплицираат невработните над 29 години. Во огласот е наведено дека се повикуваат: • Невработени лица со попреченост • Корисници на гарантирана минимална помош над 29 години • Невработени лица над 29 години -мажи до 60 години и жени до 58 години ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 отсто, во однос на претходната одлука од 15 јуни 2026 година. Од 23 јуни 2026 година во 00:01 часот, цените ќе се намалат за: ЕУРОСУПЕР БС-95 – за 3,5 денари по литар ЕУРОСУПЕР БС-98 – за 4 денари по литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – за 7 денари по литар Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – за 7 денари по литар ...
Дали трговците ќе им излезат во пресрет на граѓаните и ќе ги намалат цените, како што побара премиерот Христијан Мицкоски, или ќе продолжат по старо и ќе се соочат со казни? Одговор на овие прашања треба да даде извештајот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кој е во завршна фаза и треба да биде доставен до надлежните институции до крајот на месецов. Како што информираа од Министерството за економија за весникот ВЕЧЕР, и овој месец има ...
Алан Гринспен, поранешниот претседател на американските Федерални резерви (Фед) и една од највлијателните фигури во модерната финансиска историја, почина на 100-годишна возраст. Според американските медиуми, Гринспен починал во понеделникот во својот дом, а причината биле компликации од Паркинсонова болест. Гринспен беше на чело на Фед речиси две децении - од 1987 до 2006 година - период обележан со долг економски раст во САД, ниска ...
Прашајте десет луѓе која банка е најскапа и најверојатно ќе добиете десет различни одговори, изнесени со самодоверба каква што обично се резервира за научни факти. До вчера тоа беше разбирливо. Провизиите беа расфрлани низ тарифници со десетици страници ситни букви, а споредбата меѓу банките бараше трпение на форензичар. Новата алатка на Народната банка конечно ја менува таа игра. Наместо впечатоци, нуди бројки. Наместо реклами, тарифи. ...
Нептун ја збогатува својата понуда со Kärcher, глобалниот лидер во решенија за чистење, овозможувајќи им на македонските потрошувачи пристап до производи што со децении поставуваат стандарди за квалитет, иновации и врвни перформанси. Во продажните салони на Нептун и на Neptun.mk од неодамна се достапни различни Kärcher производи наменети за секојдневно одржување на домот и околината; уреди за чистење подови, апарати за чистење прозорци, ...
Стопанска банка АД Скопје беше дел од музичкиот спектакл што викендов се одржа под отворено небо, привлекувајќи бројна публика и создавајќи незаборавна атмосфера исполнета со музика и емоции. Од Банката велат дека им претставувало особена чест да бидат поддржувачи на настанот, кој уште еднаш ја потврдил важноста на културата и уметноста во поврзувањето на луѓето и создавањето заеднички вредности. „Културата има моќ да инспирира, обединува и ...
Комерцијална банка ги промовира поволностите што им се достапни на корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките преку програмата „Visa свет на придобивки“. Преку оваа програма, клиентите можат да користат специјални попусти и ексклузивни понуди кај бројни партнери во земјата, регионот и низ светот. За пристап до поволностите потребна е регистрација на Visa ChatBot платформата преку апликациите Viber или Telegram. По регистрацијата, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај ...
Словенечката агенција за заштита на конкуренцијата (AVK), на барање на Хрватската агенција за заштита на конкуренцијата (AZTN), спроведе ненајавен претрес во просториите на љубљанската компанија Candy Hoover поради сомневање дека, заедно со хрватската партнерска компанија Haier Croatia, ја ограничува ценовната политика на своите партнери на големо, објавува Forbes Slovenia. Истрагата е спроведена поради сомневање дека двете компании ги ...
Од АВРМ информираат дека процесот на селекција ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови. Висината на финансиската поддршка во форма на грант изнесува 7.000 евра за лица постари од 29 години, додека за младите до 29-годишна возраст е предвидена поддршка од 10.000 евра. Дополнително, доколку корисниците се здружат и формираат друштво со ограничена одговорност (ДОО), финансиската ...
Game Changer Montenegro Festival 2026 не беше само конференција — туку повеќедневно искуство кое ги обедини разговорите за иднината, иновациите, заедницата, спортот и уникатната фестивалска енергија на Тиват и црногорското приморје. Покрај конференциската програма во две сали, која собра повеќе од 300 учесници од светот на технологијата, бизнисот, инвестициите, туризмот и иновациите, фестивалот продолжи со содржини кои дополнително ја ...
Половните автомобили се продаваат побрзо од кога било, додека новите стојат по салони и собираат прашина. На пазарот како да важи едно непишано правило: ако не е старо барем неколку години, ретко кој воопшто прашува за цената. На автоплацовите во Скопје, гужва има речиси секој ден. Купувачи шетаат, разгледуваат, преговараат. Се бара сè што може да се вози и да не бара многу вложување веднаш. Од дизели со поминати 200.000 километри до бензинци ...
Владата на Србија издвои 209,72 милиони динари (околу 1,8 милиони евра) од тековната буџетска резерва за Републичката изборна комисија (РИК), според одлука објавена во Службен весник. Во документот потпишан од првиот потпретседател на Владата и министер за финансии, Синиша Мали, се наведува дека тие пари се одобрени „со цел да се обезбедат недостасувачките средства потребни за набавка на материјали за посебни намени“. Средствата наменети за ...
Додека цената на бакарот на Лондонската берза достигна 13.600 долари за тон, Македонија сè уште нема донесено конечна одлука за реализација на проектот „Иловица-Штука“, кој располага со потврден потенцијал за производство на овој критичен минерал. Според геолошките проценки, рудникот би можел да произведува најмалку 10.000 тони бакар годишно во период од 23 години. Освен извозните ефекти, проектот би генерирал приходи и за државниот буџет ...
Пчницата, јачменот и оризот се сметаат за стартегиски производи во Македонија. Тие влегуваат и во стоковните резерви. За нив, производната цена ја објавува Министерството за земјоделство. Земјоделците се во очекување на цените на пченицата и на јачменот. Жетвата почна, а според нив, тоа што се разговара е далеку од нивните очекувања. – Како стратегиски производи, пченицата, јачменот и оризот имаат поинаков третман и тој се регулира во ...
Добивај вести на Viber Во четвртокот (18 јуни), во Централната управа на ПроКредит Банка во Скопје се одржа завршниот настан од менторската програма за „Млади во бизнис“, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ПроКредит Банка и Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ), а со финансиска поддршка од Шведска, преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка. Настанот ги обедини младите претприемачи, менторите и претставниците ...
Некогаш Европа си беше толку доволна со својата енергетска безбедност што размислуваше да го забрани увозот на американски природен гас. Тоа беше пред само 10 години, кога рускиот претседател Владимир Путин сè уште беше добредојден во Берлин и Париз, а гасот од неговата земја ги загреваше европските домови. Оттогаш Кремљ започна војна против Украина, а американската индустрија за гас од шкрилци изведе револуција што двапати ја спаси Европа ...
Европа се соочува со силна азиска конкуренција за ограничените залихи на природен гас поради ниските национални резерви и летниот скок на побарувачката, анализира „Политико“. Аналитичарите предупредуваат дека ЕУ тешко ќе победи во оваа битка. Централизираните азиски економии (Кина, Виетнам, Јужна Кореја) се подобро опремени за брзи набавки на „спот-пазарот“ во споредба со ЕУ, која е пазарно ориентирана. Иако Брисел воведе координација за ...
Кина во понеделникот објави санкции против 10 американски компании поврзани со воената индустрија, откако САД претходно месецов ја проширија листата на кинески технолошки фирми со наводни воени врски. Кинеското министерство за трговија соопшти кое дека на домашните компании ќе им биде забранет извозот на стоки со „двојна намена“ за тие фирми. Од нашата мрежа Нафтата од типот Брент се спушти под 80 долари за… 36 минути biznisinfo.mk Ново ...
Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на местото на ...
Од 1 јули 2026 година, правилата на Европската Унија наложуваат дека лесните комерцијални возила (LCV) и комбињата со максимално дозволена маса (вклучувајќи ја и приколката) меѓу 2,5 и 3,5 тони, кои се занимаваат со меѓународен превоз или каботажа, мора да имаат вградено паметни тахографи од втората генерација (G2V2). Овие уреди ќе мора да го бележат преминувањето на границите, местата на утовар и истовар, како и активностите на возачот. Од ...
Добивај вести на Viber Две бугарски фирми станаа нови потенцијални инвеститори на Ски Кожуф Инвест, фирма која под ова име сега е сопственик на туристичкиот центар, додека се посилни се гласините дека ова место повторно ќе се отвора за туристите, Од пред неколку недели со свој удел во Ски Кожуф Инвест се стекнала компанијата Интернешнл Груп Струмица, фирма за градежништво од 2018, која сега е во сопственост на две фирми од Бугарија - Зунче и ...
Германија би можела постепено да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да формира сопствен државен пензиски фонд, според предлози на комисија назначена од владата, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со планот. Предлозите доаѓаат во време кога најголемата европска економија се соочува со стареење на населението и со сè поголем притисок врз јавните финансии. Според сегашните пресметки, старосната граница за ...
Добивај вести на Viber Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) во 2024 година, 21 отсто од домаќинствата се изјасниле дека многу тешко ги задоволуваат потребите со приходите, а лесно ги подмирувале трошоците само 1.9 отсто. „Исчезнува средната класа. Ние сме слоевито општество, а средната класа се приближува на нискиот слој, заради трошоците за живот и многу други работи. Ние одиме кон некој нов вид на капитализам, а ...
На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Како што соопштуваат од владината прес – служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот. Центарот за извонредност во финансиите ...
Првиот авион на новата сезонска линија на „Ер Србија“, која директно ги поврзува Белград и еден од најубавите хрватски острови, слета на аеродромот Брач. Наместо патување од неколку часа, до Златни Рат сега може да се стигне за само еден час и 20 минути. Новата линија ќе сообраќа двапати неделно, во среда и сабота, до 12 септември, а нејзината цел е да го олесни пристигнувањето на гостите од Србија на еден од најпознатите хрватски острови. ...
Викендот донесе нова доза оптимизам на светските пазари, откако САД и Иран ги почнаа разговорите за трајно примирје и можен нуклеарен договор. Во Швајцарија се собраа високи претставници на двете земји, а во фокусот се иднината на иранската нуклеарна програма и безбедноста на Ормускиот Теснец, низ кој поминува околу една петтина од светската нафта. И покрај новите закани од Техеран и тензиите во Либан, инвеститорите засега веруваат дека ...
Повеќето инвеститори на берзата размислуваат како да купат акција евтино, а потоа да ја продадат по висока цена. Покрај купувањето, финансиските пазари нудат и можност за остварување профит кога цената на акцијата паѓа преку таканаречена кратка продажба (short selling) односно шортинг. Оваа стратегија често предизвикува контроверзии бидејќи инвеститорот практично се обложува против некоја компанија. Сепак, шортингот е составен дел од ...