Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен за појавата на глувци во студентски дом – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако во некои од медиумите излегоа информации дека во блок Б од овој студентски дом има глувци и нема топла вода. – Студентскиот дом си има директор, повторно ќе интервенираме и ќе кажеме дека треба да повика служба за дератизација и дезинфекција, но со ...
Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е ситемтски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, ...
Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. -Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од ...
Регионалниот суд во германскиот град Бремен денеска донесе пресуда против кондиторскиот гигант „Монделез интернационал“ (Mondelēz International), откако утврди дека компанијата ги довела во заблуда потрошувачите со намалување на грамажата на популарното чоколадо „Милка“, без притоа да ја промени амбалажата. Во образложението на пресудата се наведува дека препознатливиот изглед на пакувањето кај купувачите создава очекување за одредена ...
Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција во ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека е забележана зачестена појава во изминативе денови, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...
Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, ...
Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, зашто станува збор за над 800.000 евра, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Според него, постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција. Како што рече Трипуновски во гостување на Алфа телевизија, како функционер по промената на ...
Кој и да дојде на власт во Бугарија, се држи до утврден концепт за Македонија, односно до студијата која е специјално изработен документ уште во 2008 година, со потпис од дваесетина научници, меѓу нив и актуелниот претседател на Бугарската комисија за историја, Ангел Димитров, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа во интервјуто за емисијата „Актуелно“ со Снежана Димовска на Македонското радио, нагласува дека во однос на тоа ...
Над 800 илјади евра народни пари од буџетот на Министерството за земјоделство на чело на Љупчо Николовски, без никаков законски основ биле доделени на микро земјоделски производители на вино, објави Алфа. Јавниот повик за фиансиска поддршка бил распишан во 2023 година кога министер за земјоделство беше Николовски, и според наводите 50 милиони денари или околу 820 илјади евра биле доделени на мали семејни винарии. Парите, според информациите ...
Дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов, се дел од изложбата насловена „Визии – глава полна со луѓе“, што денеска беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Настанот беше реализиран од Здружението за архитектура, дизајн и култура АРХИФАКТ, неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк, како патувачки концепт во организација на Јасминка Намичева, во соработка со Марина Убавкова, стручен соработник за ...
Британскиот крал Чарлс III денеска во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот Парламент, ја претстави програмата на владата за следната година. Тој во говорот на отворање на нова парламентарна седница ги изнесе владините планови за усвојување на низа закони од областа на економијата, безбедноста, миграцијата, енергетиката и судството. Меѓу клучните економски мерки е и предлог-законот за национализација на челичната индустрија, со кој ...
Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на ...
На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите, согласно медицинските протоколи и стандарди, соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите со наслов ...
Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со најдобрите, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Самитот на Македонија ...
Кремљ ја исклучи можноста за одржување мировни преговори со Киев сè додека украинската армија не се повлече од источниот регион Донбас, што делумно е контролиран од Москва. – За да се воспостави прекин на огнот и да се отворат вистински мировни преговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да им нареди на украинските сили да го положат оружјето и да се повлечат од Донбас, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ...
Ракометната федерација на Македонија соопшти дека македонската машка сениорска репрезентација денеска заминува за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027. Заедно со репрезентацијата кон Словачка патува и делегација на РФМ предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да му даде поддршка на националниот тим пред важниот натпревар. Од ...
Руската армија денеска презеде долготраен и комбиниран напад врз критичната и цивилната инфраструктура во Украина – јавија украинските медиуми. Според првичните информации, во нападите се лансирани повеќе од 200 дрона камикаѕе „Шахед“, а регистрирани се експлозии и дејствување на противвоздушната одбрана во централниот, западниот и во јужниот дел на Украина. При руските напади има повредени луѓе во Одеса, Хмељницк и во Киев. Главната ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина, Пекинг. За утре наутро по локално време е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која ќе се разговара за трговијата, за билатералните односи и за безбедносните прашања. Трамп на аеродромот беше пречекан со воени почести и воен оркестар и од кинеска делегација предводена од потпретседателот Хан Женг. На пистата беа и 300 млади Кинези облечени во сино-бели ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејства врз три девојчиња што не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел можност во која на девојчињата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна индустрија ...
Дајте, еднаш засекогаш, сите да сфатиме дека: И УТРЕ ДА ГО СМЕНИМЕ УСТАВОТ, ОД ЗАДУТРЕ ТОА ДА ВАЖИ, И ПО ТРИ ДЕНА ДА ГИ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО БРИСЕЛ, И БЕЗ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ ЗАВРШИМЕ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ – МАКЕДОНИЈА НЕМА НИКАДЕ ДА СТИГНЕ! НЕМА НИШТО ДА ПОСТИГНЕ, ОСВЕН ШТО ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ПОТЦЕНИ И ПОСРАМОТИ, БИДЕЈЌИ ДОГОВОРОТ СО БРИСЕЛ ЌЕ МОРА ДА БИДЕ РАТИФИКУВАН ОД СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ. ИМА ЛИ НЕКОЈ ВО ОВАА НАША МАКЕДОНИЈА ШТО ВЕРУВА, ОЧЕКУВА, СЕ ...
Нашата одбрана е главното средство за одвраќање на Русија и во овој поглед сметаме на заем од 90 милијарди евра од ЕУ, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски на самитот „Букурештка деветка“ (Б9) во Букурешт. Тој додаде дека задачата на Украина е да обезбеди никогаш повеќе Русија да не може да поставува ултиматуми, да доминира над своите соседи или да започнува војни без последици. – Веќе направивме многу за да ја запреме војната ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, не дал оставка, туку од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик, кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите. – Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментот во Општината има законски ...
Криминалната банда на власт нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните. Сите нивни лаги излегоа на виделина, за Преспанскиот договор, за враќањето на името, за економијата, закочениот европски пат на државата, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес -конференција на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Сега тие зборуваат за „бугарофили“ и не обивнуваат нас во СДСМ дека ...
Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија ВЛЕН и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но, како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме, вели премиерот Христијан Мицкоски. Нагласува дека врз основа на ресурсите со кои расополагаат ги решаваат ...
Вчера најпрвин со неверување ја слушнав таа вест, второ бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, пшоранешно ЕЛЕМ кога ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба и очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на преразгледување и повторна анализа затоа што ако тоа не се случи тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќина новинарско прашање во однос на тоа што ...
Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто ...
Мирен протест во центарот на Атина што заврши на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, се одржа претпладнево во рамките на 24-часовниот штрајк што утрово го започна синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Главните барања на синдикатот, како што беше истакнато и за време на протестот, пред сè се однесуваат на платите и работничките права, но и против владината одлука да предложи ревизија на ...
Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, покривната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека станува збор за значаен проект за македонското ...