Лето е и сигурно вашето семејство ќе отпатува некаде. Тоа не мора да биде одење на море, може да биде планина или посета на семејството кое живее надвор од градот. Знаете дека е важно да го планирате секое патување, а тоа е особено точно кога имате мало бебе во автомобилот со вас. И сигурно се прашувате, особено ако се работи за вашето прво дете, колку време треба да помине бебето на неговото седиште во автомобилот?

Можеби она што ќе го слушнете ќе звучи малку претерано и ригорозно, но мора да запомните дека статистиката понекогаш не изгледа многу добро и дека ова ограничување е резултат на многубројни истражувања и студии.

Значи, бебе до 6 месеци треба да помине најмногу 2 часа на неговото прикачено седиште во автомобилот. Имено, малите бебиња во првите неколку месеци од животот не можат сами да го држат телото исправено, а положбата на седиштето во автомобилот не е природна. Покрај тоа, на бебето влијае и движењето на автомобилот и вибрациите кои се чувствуваат во исто време.

Кога спроведените безбедносни тестови врз бебето кое седи на седиштето во автомобилот ги зеле предвид и тие два фактора, било заклучено дека пулсот и отчукувањата на срцето на бебето кое е сместено во седиштето под агол од 40 степени значително се зголемуваат, а заситеноста со кислород се намалува. Се разбира, тоа не значи дека треба да престанеме да ги користиме седиштата за автомобил! Не, но треба да внимаваме колку време бебето поминува во седиштето. Истото важи и за количките во кои бебето е во таква положба, но не и за корпите во кои лежи бебето.

Како да го прицврстите бебето на седиштето во автомобилот

-Погрижете се бебето да не седи во истата, благо исправена положба повеќе од 2 часа.

-Не користете го седиштето како алтернатива за корпа или креветче – како место за спиење (но, тоа не значи дека бебето не треба да заспива на седиштето додека возите. Само не дозволувајте тоа да биде подолго од 2 часа.

-Доколку патувате на подалечни дестинации, одвреме-навреме застанувајте и извадете го бебето од седиштето.

-Ако знаете дека бебето ќе мора долго да биде во количка, попрво користете ја мобилната корпа.

Автор: Луна Николиќ

Извор



912

X