Кој и да дојде на власт во Бугарија се држи до утврден концепт за Македонија, односно до студијата која е специјално изработен документ уште во 2008 година, со потпис од дваесетина научници, меѓу нив и актуелниот претседател на Бугарската комисија за историја, Ангел Димитров, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа во интервју за Македонското радио, нагласува дека постфестум реакциите не помагаат во однос на тоа како Македонија ...

СДСМ не водеше грижа и имаше потценувачки однос кон студентите, 7 години не изгради ниту еден нов студентски дом, ги остави студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа, рече Илија Ристески од ИК на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. – Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ работите конечно се придвижија. Пред речиси 2 години почна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел ...

Постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето на грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој нагласи дека како функционер по промената на власта имал обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. Посочи дека неколкупати ја информирал јавноста и го повикал ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Најстудено ќе биде во Берово, каде температурата ќе се спушти до 3 степени, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 24 степени Целзиусови. Фото: УХМР Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Руските вооружени сили со одобрение од претседателот Владимир Путин ќе можат да ослободуваат руски државјани приведени во странство, согласно законските измени што денеска беа усвоени. – Рускиот парламент ги изгласа соодветните законски измени најавени во март – изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин. Западната правда се претвори во репресивна машина за пресметка со оние што не се согласуваат со одлуките наметнати од ...

Марк Рибен (43), обвинет за бруталното убиство на сопругата Кристина Јоксимовиќ денеска во Швајцарија е осуден на доживотен затвор. По убиството, тој ја исекол главата на Кристина и ја ставил во фрижидер, а телото го искасапил и го сомелел во индустриски блендер! Таткото на Кристина, кој ја пронашол главата на ќерка си во кеса за ѓубре, неутешно плачел во судницата по пресудата на неговиот зет. Јавноста исклучена поради вознемирувачки детали ...

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и со странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во скопската населба Козле е волк, а не куче или мешанец, соопшти Зоолошката градина. „Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагаат веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, ...

Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет, сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Самитот на Македонија 2025. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со ...

Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот се закотви во југозападниот француски град Бордо по појавата на бран гастроинтестинални заболувања на бродот, соопштија денеска локалните власти. Капетанот навел дека околу 50 патници се разболеле. На лицата на бродот не им е дозволено да се симнат на копно, соопштија локалните здравствени власти и префектурата. Француските медиуми објавија дека починал британски патник на возраст над 90 ...

Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино, вели министерот за правда Игор Филков. „Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на ...

Снимки од критичната вечер на 16 март 2025 година, кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концерт на ДНК, беа прикажани на денешното рочиште за големата трагедија во која загинаа 63 млади луѓе, а 222 беа повредени. Обвинителот Дарко Јакимовски рече дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа што ги снимиле присутни гости во дискотеката. Според Обвинителството, материјалите се релевантни ...

До Агенцијата за заштита на лични податоци, во февруари годинава, од страна на анонимен пациент, е поднесена претставка за сомнителен видео-надзор на ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје. Подносителот навел дека сака да ги заштити своите лични податоци за да избегне ризик од потенцијален реваншизам. Во Образложението подносителот навел дека додека бил хоспитализиран на Клиниката за хематологија забележал камери за видео-надзор за што не добил ...

Европската комисија денес предложи нови правила кои значително треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено патувањето со воз. Комисијата објави три предлози кои го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионално, меѓуградско и прекугранично патување, особено за железничко патување со повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на целото патување. -Европејците ќе можат да планираат, ...

Авион на американското воено воздухопловство денеска се урна во западниот дел на Алабама, а двајцата пилоти успешно се катапултираа. Несреќата се случи за време на тренажен лет. Суперсоничниот авион за обука „Т-38 Талон II“ полетал од базата Колумбус во Мисисипи. Сè уште не е позната причината за уривање на авионот. Во базата Колумбус во Мисисипи сместена е 14-та ескадрила за воздухопловна обука, која обучува пилоти за различни авиони. ...

Француската влада објави дека стратешките резерви со маски ги надминуваат целите поставени по пандемијата на ковид-19 и дека земјата е подготвена за евентуален епидемиски бран со хантавирусот. Од канцеларијата на премиерот Себастијан Лекорну посочиле дека дополнителни резерви имаат и болниците, компаниите и локалните власти, што би овозможило заштитата да трае и подолго. Властите нагласуваат дека Франција има домашен производствен капацитет ...

Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија Влен и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме подготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 ...

Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног отворено ќе зборува за својата бурна врска со починатиот пејач на INXS, Мајкл Хачинс, во нов документарец за нејзиниот живот, кој наскоро ќе се појави на Нетфликс. Поп-иконата, која сега има 57 години, ќе сподели со обожавателите досега нераскажани приказни за нејзината двегодишна романса со харизматичниот музичар кој почина во 1997 година на 37-годишна возраст. Спомени за Мајкл Хачинс Пејачката родена во ...

Тристотини млади Кинези во сино-бели униформи со кинески знамиња во рацете го пречекаа американскиот претседњател на аеродромот во Пекинг. Кина му приреди пречек со воени почести и оркестар на Доналд Трамп, а делегацијата ја предводеше кинескиот потпретседател Хан Женг. Трамп ќе се сретне со кинескиот колега Си Џинпинг за да зборуваат на бројни теми. Пред летот Трамп изјави дека ја има контролата врз Иран. Во придружба на Трамп се и ...

За да се одржат мировни преговори за Украина, украинските вооружени сили мора да се повлечат од Донбас и територијата на руските региони. Ова го изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, објавија руските медиуми. – За да се воспостави прекин на огнот и да се отвори коридор за целосни мировни преговори, како што изјави претседателот во јуни минатата година, обраќајќи се пред раководството на руското Министерство за ...

Локација каде што традицијата и наследството се во совршен спој со урбаното живеење и современиот дизајн, каде што езерскиот хоризонт се спојува со сонцето, а околината тоне во раскошно зеленило – тоа е новиот комплекс „Горица резиденс“ во Охрид. Ова не е само место за живеење, туку доживување што ги обединува природата, историјата и луксузот во една инспиративна целина, обезбедувајќи дополнителен поттик за домашната економија и за ...

МВР ги потврди претходните неофицијални информации дека поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски бил повикан на распит во полиција и треба да одговара за злоупотреба од повеќе од 800 илјади евра. „По пристигната пријава до ОЈО за член 353 Злоупотреба на службена положба и овластивање во однос на Распишување јавен повик во 2023 година за финансиска поддршка на микро земјоделски производители на вино, каде без никаков основ ...

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат. Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се ...

Владата планира да ги ограничи и брзите кредит, кои придонесуваат за задолжување на граѓаните, а често е причина за иселување од земјата. Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги реакциите на казината на новиот предлог закон за игри на среќа. Тој рече дека проблем покрај казината станале и брзите кредити кои им се нудат на веќе презадолжените граѓани. – Некако, правило стана покрај казината да никнуваат и ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата ...

Полицаец паднал од мотор обидувајќи се да избегне лисица и се повредил, соопшти полицијата. Според полицискиот билтен, на 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од селото Радишани, Скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, ...

Тројца се повредени при судар на мотоцикл и патничко возило што се случил на крстосница од улиците Васил Ѓорѓов и Народен фронт во Скопје, ноќеска после полноќ. Како што соопшти полицијата, на 13.05.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улиците Васил Ѓорѓов и Народен фронт во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукрвоски не дал оставка, туку оти од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите. – Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментов во Oпштината има законски ...

Скопјанка е тешко повредена откако паднала во шахта на булеварот Партизански одреди во Скопје. Како што соопшти полицијата, на 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на булеварот. Извршен бил увид на местото. Скопјанка е тешко повредена ...

Силно невреме и поројни дождови предизвикаа сериозни поплави во турската провинција Самсун, објави државната агенција „Анадолија“. Најмалку 12 лица биле повредени, додека спасувачките служби извлекувале жители од поплавените домови и улици. Обилните врнежи што ја погодија областа Хавза, во близина на турското црноморско крајбрежје, довеле до излевање на реките и нагло слевање вода низ улиците. Автомобили биле носени од поројот. Поплавени ...

Два камиона се судрија кај Стара Пазова, на автопатот Белград – Нови Сад, во правец кон Белград, денеска нешто пред 11 часот, јавуваат српски медиуми. Едното возило превезувало плински боци, па по судирот дошло до истекување на гас. Поради безбедноста на сите учесници во сообраќајот, сообраќајот е запрен во двата правци. На наплатната рампа „Стара Пазова“ и на околните делници се формираа големи гужви и долги колони возила. „Патишта на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.9
66%
1007
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
3.13
80%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
61%
1008
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.06
67%
1007
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
82%
1006
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
56%
1003
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1007
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
65%
1006
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
56%
1007
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
8.23
59%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Цинк

0.00

Платина

68063.13

Злато

151086.58

Алуминиум

3.61

Сребро

2786.34

Бакар

13.33

Кобалт

45.39

Родиум

320703.70

Паладиум

47776.01

Иридиум

253540.09

Калај

55.66

Рутениум

51376.89