Репрезентацијата на Канада е првиот осминафиналист на Светското првенство 2026 откако во драматична завршница триумфираше против Јужноафриканската република со 1-0, благодарение на гол постигнат во втората минута од судиското продолжение. Претходно, двете селекции минаа низ меч во кој Канаѓаните напаѓаа повеќе но без реализација, а првата вистинска шанса на дуелот беше за Корнелиус, кој беше сосема сам во шеснаесетникот, но не ја искористи. ...

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Mјунг, остро го критикуваше и навреди селекторот на националната фудбалска репрезентација, Хонг Мјунг-Бо, по елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство 2026. Јужна Кореја не успеа да се квалификува во нокаут-фазата откако загуби со 1-0 од Јужна Африка во третото коло од групната фаза, со што ја заврши својата кампања на Мундијалот. Реагирајќи на неуспехот на репрезентацијата, Ли Џе-Мјунг ја ...

Помпезно најавуваниот проект НБА Европа се соочува со првите тешкотии, најважните: ниту еден клуб со највисок рејтинг, засега, не сака да игра во оваа лига. Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека ниту еден тим од Евролигата, ниту, пак, некој голем фудбалски клуб што би формирал кошаркарска секција, за што имаше подеднакво помпезни најави, не испратил апликација за учество во лигата. Ако таквата информација е точна, тогаш тоа е најјасен ...

Канада и Јужноафрканската република играат без голови по првото полувреме во првиот натпревар од 1/16-финалната фаза на Светското првенство 2026. Во главно израмнети први 45 минути, првата вистинска шанса на дуелот беше за Корнелиус, кој беше сосема сам во шеснаесетникот, но не ја искористи. Најголемите возбудувања беа низ последните минути кога Канаѓаните се одлучија на поенергични напад. Па, во судиското продолжение на првото полувреме ...

Чаби Алонсо одлучи да го спречи трансферот на Енцо Фернандез во Реал Мадрид. Аргентинскиот играч од средниот ред Енцо Фернандез е една од најголемите желби на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. „Кралевите“ се подготвени да инвестираат 140 милиони евра за да го доведат, играчот сака да си оди, Челси нема ништо против продажба, но го имаат Чаби Алонсо. Новиот менаџер на „сините“ одлучи да го запре потенцијалниот трансфер. Тој објави дека му е потребен ...

Роберт Левандовски ќе ја продолжи својата кариера во Чикаго Фајер, клуб од американската МЛС лига! На почетокот на јуни, Левандовски и неговиот агент Пини Захави отпатуваа во Чикаго на состанок со раководството на клубот, што сега официјално го потврди тренерот Грег Берхалтер. Според италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо, договорот е официјално склучен и се очекува полскиот напаѓач да го потпише договорот следната недела. ...

Светот на фудбалот е потресен од тажната вест која доаѓа од Венецуела. Аргентинскиот фудбалер Лукас Трехо (38), член на прволигашот Клуб Спорт Маритимо де Ла Гваира, ги загуби сопругата и двете малолетни деца во катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на 24 јуни. Телата на неговата сопруга Јанина Маранела и нивните две деца, Арон и Аињоа, беа пронајдени во урнатините на станбена зграда во населбата Плаја Гранде во Ла Гваира. Во ...

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, одби да разговара со новинарите по натпреварот против Колумбија, на кој повторно беше критикуван за својот настап. На излегување, претставниците на медиумите се обидоа да добијат изјава од 41-годишниот напаѓач, но тој само кратко дофрли: „Не денес“. На Светското првенство, Роналдо ги одигра сите 90 минути на сите три натпревари од групната фаза и постигна два гола, двата против Узбекистан, но ...

Со победата од 2-0 над Панама, Англија го обезбеди првото место во групата Л и место во осминафиналето на Светското првенство. Но, селекторот Томас Тухел има големи причини да биде загрижен по прославата бидејќи клучната позиција во тимот стана критична поради нова повреда. Позицијата на десниот бек му предизвикува проблеми на англискиот селектор. Џарел Кванса, кој го започна натпреварот против Панама на местото на веќе повредениот Рис Џејмс, ...

Францускиот играч од средниот ред Едуардо Камавинга не е во плановите на Жозе Мурињо. Ова веќе му е соопштено и му е дадена препорака дека би било подобро да бара нов клуб. 23-годишникот немал намера да го напушти кралскиот клуб. Мислел дека има што да покаже, но очигледно нема да има потреба да остане на Бернабеу. Нема место за него. „Реал Мадрид мора да направи голем трансфер. Сè укажува на фактот дека ќе се ослободат од Камавинга“, тврдат ...

Шпанската репрезентација се соочува со голем проблем пред нокаут фазата на Светското првенство. Крилниот играч Нико Вилијамс се повреди и во емотивна порака вели дека ова е „еден од најлошите денови во неговиот живот“. Шпанија го освои првото место во Групата Х со седум бода и без примен гол, а ќе игра против Австрија во осминафиналето на 2 јули во Лос Анџелес. Сепак, победата од 1-0 над Уругвај беше засенета од повредите на двајца важни ...

Супер-компјутерот на аналитичката компанија Опта, која го симулираше натпреварувањето 25 илјади пати, улогата на фаворит за освојување на шампионската титула на СП 2026 сега, пред стартот на нокау-фазата, ја додели на Франција. Франција е фаворит за трофеј пред Аргентина и Шпанија, која пред турнирот се сметаше за главен кандидат за титулата. Во Топ 5 фаворити за титула се и Англија и Бразил. Редослед на фаворити за титулата: Франција 18,7% ...

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, би можел повторно да го одложи потпишувањето нов договор. Според извори на Марк Штајн и Џејк Фишер, ова лето Јокиќ повторно ги исполнува условите за продолжување на соработката со Денвер. Но, тој би можел да го одложи тоа и да потпише нов договор подоцна оваа сезона или следното лето, што би создало голема драма во Колорадо. Јокиќ, исто така, има можност да избере продолжување на договорот за сезоната ...

Австрија и Алжир одиграа 3-3 во денешниот натпревар на СП 2026, резултат до кој се дојде со два гола во судиското продолжение а по кој Иран беше испратен дома, без шанса за место меѓу најдобрите осум третопласирани репрезентации. Во 93. минута, Марез постигна гол за водство на Алжир и се чинеше дека Австријците си одат дома. Но, тоа не беше крај на натпреварот, бидејќи во 96. минута, преку Калајџиќ, Австрија стигна до рем од 3-3 и продолжи на ...

Репрезентацијата на Гана обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство благодарение на добрите резултати во групата, но и покрај поразот од Хрватска во Филаделфија, местото меѓу 32 најдобри селекции не беше доведено во прашање. Ганците претходно ја победија Панама и ремизираа со Англија, што им беше доволно да се пласираат како една од најдобро рангираните третопласирани репрезентации. Во осминафиналето ќе се соочат со Колумбија, ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски. Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, меѓу другото, се потсети и на вицешампионската европска титула со поранешна Југославија. Малкумина знаат дека Бабунски беше стандарден член на младата репрезентација на Југославија која во ...

Со поделба на бодовите (3-3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжир и Австрија обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство, додека овој исход дефинитивно ја елиминираше селекцијата на Иран. Веднаш по последниот свиреж почнаа шпекулациите дека ривалите го оркестрирале ова реми, што австрискиот селектор Ралф Рангник брзо и остро го негираше. Сите се плашеа од здодевни 0-0 без никаква желба за фудбал. ...

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, беше емотивен по победата против Гана и пласманот во 1/16 финалето на Светското првенство. Селекторот на „коцкестите“ го искористи моментот да испрати силна порака до јавноста, нагласувајќи дека неговиот тим заслужува многу повеќе почит. „Не ги разбирам тие наши глави кои толку многу се сомневаат. Оваа репрезентација мора да биде почитувана и ценета, дури и ако изгуби. Не треба да се ...

Eден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Шкендија, Стенио Жуниор повторно се врати во Тетово. 35-годишниот напаѓач ја искористи паузата од своите настапи во тајландскиот фудбал за да го посети клубот каде што мина шест незаборавни години. За време на престојот, тој се сретна со раководството на тетовските „црвено-црни“, евоцирајќи спомени од периодот во кој освои четири трофеи и остави неизбришлив белег. Од Шкендија порачаа дека ...

Ракометниот клуб Бутел Скопје го задржа еден од своите клучни ракометари, откако кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ потпиша нов двегодишен договор. Со оваа соработка, искусниот пивот ќе остане во скопскиот тим најмалку до летото 2028 година. Михајловиќ беше меѓу најдобрите стрелци и предводници на Бутел Скопје во изминатата сезона, па неговиот потпис е важен чекор во стабилизирањето на ростерот. Клупската управа очекува тој да остане еден од ...

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, а пред првиот предизвик против Ирска, оптимизам и максимална посветеност владеат во таборот на „црвено-жолтите“. Еден од играчите од кои се очекува значаен придонес е Виктор Ефремовски. Бек-шутерот го дочека овој циклус како најдобар стрелец во МТЕЛ Супер лигата, а добрата форма ја потврди и ...

Новиот натурализиран македонски репрезентативец, Дивејн Стјуарт, од денеска и официјално е нов кошаркар на шпанскиот прволигаш Басконија. Стјуарт потпиша двегодишен договор со тимот кој се натпреварува во силната Ендеса лига и во Евролигата. Тој доаѓа како големо засилување по три успешни сезони поминати во дресот на Олимпија Љубљана. Официјализацијата на овој трансфер ја чекаше завршницата на процедурата за добивање македонско државјанство. ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Јужна Африка и Канада имаат само еден меѓусебен дуел во историјата, во 2007 година што завршил со 2-0 за африканската селекција. Канада има два порази на двата мундијалски мечеви со ...

Саудиска Арабија размислува да го замени селекторот Јоргос Донис откако беше елиминиранa од Светското првенство. Како што објавија локалните медиуми, грчкиот стручњак би можел да ја плати цената на елиминацијата веќе во групната фаза, бидејќи Саудиска Арабија освои само два бода во три натпревари. Ремито против Уругвај и Зеленортски острови, заедно со тешкиот пораз од Шпанија, не беа доволни за пласман во нокаут фазата. Дополнително, јавноста ...

Управата на Голден Стејт Вориорс внимателно ја следи ситуацијата околу Леброн Џејмс и е подготвена да се вклучи во трката за негов потпис доколку тој реши да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс, пренесуваат американските медиуми. Според инсајдерски информации од САД, односите меѓу 41-годишниот кошаркар и „езерџиите“ во моментов не се идеални. Комуникацијата е сериозно ограничена, а клубот сè уште нема доставено понуда за нов договор до ...

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство, овојпат со директна порака до португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо. Веднаш по победата на Хрватска над Гана со 2-1 на стадионот во Филаделфија, со која „коцкестите“ обезбедија пласман во шеснаесетфиналето, атрактивната Хрватка се огласи на социјалните мрежи. „Се враќаме во Торонто, Кристијано, подготви се за нас, ќе те ...

Австрија беше на работ на елиминација на уште едно светско првенство (последен пат се пласираше во нокаут фазата на СП 1982) откако во судиското продолжение влезе со негатива од 2-3 против Алжир. Рангник во 95. минута го уфрли и последниот „џокер“, Саша Калајџиќ влезе во игра, и тоа како џокер… Корпулентниот напаѓач се претвори во херој откако по само 61 секунда на теренот се најде на вистинско место во вистинско време и со удар со глава од ...

Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор со островската репрезентација, тој донесе одлука да се пензионира веднаш по елиминацијата на Шкотска во групната фаза од натпреварувањето. Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време на неговите седум години на функцијата (од мај 2019 година), тој ја трансформираше ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Хари Кејн стана најдобар стрелец на Англија на светските првенства со 11 погодоци, минувајќи го Гари Линекер со 10. Кејн има четири гола против Панама на СП, најмногу што еден англиски фудбалер има дадено против еден противник во историјата на мундијалите. Џордан Хендерсон стана првиот фудбалер што ...

Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на ремито против Иран (1-1) во последното коло од групната фаза. Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57. минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување. Како што објави Фудбалската асоцијација на Египет, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.38
51%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
58%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.85
57%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.49
66%
1022
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.58
48%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.28
83%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
51%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.02
48%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
60%
1019
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
1.34
45%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.89
100%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29