Секој што одгледал повеќе од едно дете може да потврди дека секое дете има своја личност. Исто така, секој што видел браќа и сестри од исти родители и од исто домаќинство може да посведочи дека дури и децата кои доаѓаат од иста средина често излегуваат сосема различни. Експертот за развој на децата, д-р Габор Мате, вели дека личноста не е единственото нешто што прави разлика. – Не се воспитуваат исто две деца од исто семејство. Нема две деца со ...

Едно од имињата за момчиња што особено ги преферираат родителите од Хрватска и од регионот е Виктор. Покрај тоа што звучи убаво и интересно, ова машко име има и посебно значење. Имено, станува збор за име кое потекнува од латинскиот збор „victorious“, што значи „победа“, па името Виктор е всушност синоним за победник. Иако неодамна повторно стана модерно меѓу родителите на момчиња, Виктор е всушност многу старо и традиционално име, застапено ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми има речиси 4 години и е мирно дете. Не се приспособува лесно на нови работи, кога има мали промени во распоредот, бурно реагира. Нема течен говор, почна да кажува и да повторува некои зборови и некои прости реченици ...

Повеќето постојни дијагностички тестови се фокусираат на откривање патоген и може да поминат 72 или повеќе часа за да се добијат резултати. Тим предводен од истражувачи од „Кралскиот колеџ“ во Лондон истражувал како гените во крвта реагираат на одредени инфекции и болести, со цел побрзо да се дијагностицираат болестите и да се намали прекумерната употреба на антибиотици. Истражувачите анализирале податоци од 1.212 пациенти со 18 болести, ...

Психолозите објаснуваат дека прекумерното трошење време на интернет и на социјалните мрежи е многу слично со зависноста – и може да доведе до големи проблеми за возрасните, а особено за децата. Како што додаваат тие, денес родителите лесно можат да препознаат дали нивното дете е зависно од интернет, односно дали поминува премногу време на интернет. Ова се знаци кои покажуваат дека детето поминува премногу време на интернет. Прво, детето покажува ...

Сите сме запознаени со фактот дека кариесот и ден-денес е најраспространето заболување на човекот. Во развиените земји, во текот на 80-тите години на минатиот век се бележи значително намалување на преваленцата на кариес на трајните заби поради масовната примена на забни пасти со флуориди. Наспроти тоа, здравјето на млечната дентиција во последните децении во развиените земји сѐ повеќе се нарушува. Спротивно на широко застапените ставови дека ...

Видеото на еден Малезиец кој ја фатил својата ќерка во кражба станало вирално. Имено, таткото Ерван сфатил дека му недостигаат приближно 300 евра. По пребарувањето, во чантата на неговата шестгодишна ќерка ги пронашол банкнотите што недостигале, па решил да открие зошто таа го направила тоа. На видеото објавено на „Тик-ток“ се гледа како малото девојче признава дека ги зело парите за да им помогне на пријателите на кои им била потребна помош. ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам син од 4 години и ќерка која има една година. Син ми е многу љубоморен на сестра си. Тоа го искажува преку напади на бес. Мава со играчки, мава по мене, се треска од земја, вреска и писка. Пробав со убаво, но не помага, ...

Летото е период од годината кога во фокусот доаѓаат приказните за оние родители кои цело лето ги носат своите деца во градинка. За оние родители кои освен во тие две недели одмор што ги имаат, речиси цела година не го повлекуваат своето дете од градинка. Воспитувачката Снежана Голиќ вели дека, според нејзиното искуство, најчесто родителите навистина немаат друг избор и нашата дополнителна осуда не е поттик да ги повлечат децата од градинка, туку ...

Психолозите објаснуваат дека децата што пораснале со родители кои им давале безусловна љубов имаат одредени карактеристики кои ги немаат нивните врсници што не добивале таков третман. Ако детето добивало премалку љубов во своето детство, тоа остава последици врз него. Постојат некои суптилни знаци кои може да укажуваат на тоа дека нашите родители не ни давале доволно љубов кога сме биле деца. Еден од знаците дека во детството сме добивале ...

Без разлика на која возраст се, обезбедувањето здрав и брз појадок за вашите деца може да биде вистински предизвик. Утрата со децата се секогаш хаотични, понекогаш стресни, а тоа го знаат и педијатрите. Кога нејзините деца биле мали, педијатарот Дениел Грант се борела со нивната пребирливост. Што и да подготвела, на никој од тројцата не им се допаѓало понуденото. Со текот на времето таа научила да ги задоволува сите. Што им даваат на своите деца ...

Една од пет трудници во САД била жртва на малтретирање и понижување од страна на медицинскиот персонал за време на бременоста или породувањето, се истакнува во најновата студија за грижата за бременоста во САД. Меѓу најчестите пријавени малтретирања се одбивање или игнорирање да се помогне, викање и критикување, нарушување на физичката приватност, закани дека трудницата нема да добие третман или пак се принудени на третман што не го сакаат. ...

Кога детето ќе се разболи, може да биде крајно вознемирувачко неговото кашлање. Иако не мора да биде опасно, доколку се појават некои други симптоми заедно со кашлицата, тоа може да биде знак дека родителите треба да го одведат своето малечко на лекар. Медицинската сестра Пени, која го води профилот на „Инстаграм“ – „Sick Happens“, открива дека постојат неколку предупредувачки знаци кои родителите никогаш не треба да ги игнорираат кога нивното ...

„Светот на Биби“ ви ги претставува новите кадифени кукли со ликовите на фантастичните карактери кои сигурно ќе ги освојат детските срца: црвениот пират, мечето на Биби, зелениот пират, капетанот пират, бувот Илин, вампирчето Бу и нови фанки зазулчиња: силната Зали и нинџата Зип Зап. Новиот избор на кадифени кукли е направен токму од Биби. Но, тие не се само играчки, тие се и придружници на возбудливи авантури, утеха пред спиење и извор на игра и ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Моето дете ќе полни 5 години, но неговото однесување веќе ме загрижува и се разликува од однесувањето на другите деца. Оди во градинка, барав и таму да го види стручно лице, но одговорот беше дека тој е сосема нормален освен ...

Протеините обезбедуваат важни есенцијални аминокиселини кои придонесуваат за менталното и физичкото здравје на детето. Како што предупредуваат педијатрите, доколку детето не внесува доволно протеини, тоа може да доведе до посериозни несакани ефекти. Всушност, овој суштински макронутриент е толку важен за децата што влијае врз секој дел од нивното тело. Но, како да препознаете дека на детето му недостигаат протеини? Експертите тврдат дека ...

Првите три години од животот на бебињата се исклучително важни. Во текот на првите 3 години бебињата брзо се развиваат, од ден на ден, од месец во месец, тие сѐ повеќе го доживуваат светот околу себе и разбираат што се случува, а нивната координација на движењата и комуникациските вештини постојано се во подем. За тоа време, одговорноста на родителите подразбира да се приспособат на промените и да обезбедат соодветна поддршка. Покрај тоа што ...

Меѓу првите пресвртници кај вашето бебе, насмевката е веројатно една од најслатките! Додека вие со нетрпение ја чекате таа прва насмевка, бебето може да ве изненади со насмевка додека спие, дури и во првите недели од животот. Зошто бебињата се насмевнуваат во сон? Дали е тоа намерно или се работи за нешто друго? Бебешка насмевка во сон: рефлексна или вистинска? Иако е симпатична, поспаната насмевка на новороденчето е веројатно резултат на ...

Кога мислиме на пожарникари, обично на ум ни паѓаат нивните униформи и црвеното пожарникарско возило. Група деца биле во посета на противпожарна станица за да дознаат повеќе за професијата и што таа подразбира, а меѓу нив имало и слепо 6-годишно дете. Наместо да биде исклучено од сето она што се случува, еден љубезен пожарникар го повлекол настрана и му дозволил да ја „види“ неговата униформа на свој начин. Видеото беше споделено на „Редит“, а ...

Пубертетот е последниот дел од детството, односно периодот во кој телото на детето созрева во тело на возрасен човек, способен за репродукција. Иако секое дете влегува во пубертет кога е подготвено за тоа, во повеќето случаи тоа се случува околу 12-годишна возраст. Девојчињата често влегуваат во пубертет две години порано од момчињата. Како што објаснуваат лекарите, постојат неколку знаци кои јасно покажуваат оти детето влегло во таа фаза од ...

Секој родител сака неговите деца да бидат среќни и успешни, а најдобар начин да се обезбеди тоа е да ги научат на ментална сила што е можно порано, според психотерапевтот Ејми Морин. Имено, ментално силните деца имаат поголема веројатност да имаат висока самодоверба, да развиваат издржливост што им овозможува да останат позитивни среде предизвиците и да учат од своите грешки. За да одгледаме ментално силно дете, психотерапевтот нагласува дека ...

Алекс Хофман е 24-годишна студентка по право. Додека ги истражувала сексуалните злосторства на деца кои се случуваат онлајн, таа дознала зошто никогаш не треба да објавувате фотографии од децата на интернет, а сега го сподели застрашувачкото предупредување со корисниците на социјалната платформа „Тик-ток“. -Повеќето фотографии од деца објавени на „Дарк веб“ се преземени од профилите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на обични луѓе. Ако на „Фејсбук“ ...

Колку и да сакаат разведените родители (или барем повеќето од нив), нивното дете да ужива во времето поминато со двајцата родители, може да биде тешко за вас, ако забележите дека вашите деца го претпочитаат другиот родител (а понекогаш дури и го претпочитаат вашиот нов партнер). Вашата тага веројатно ќе биде поголема кога децата се премногу малечки и не знаат како да бидат тактични. Па, како најдобро да се справите со дете кое го претпочита ...

Сите родители што имаат деца со аутизам знаат дека тоа може да биде голем предизвик. Така, една мајка на социјалната платформа „Тик-ток“ споделила еден од, како што вели, најубавите моменти во нејзиниот живот. Имено, во видеото може да се види како нејзината постара ќерка ѝ помага на својата помала сестра со аутизам да се најаде. „Кога имате аутизам и вашата постара сестра ви помага да ја држите лажицата за да можете полесно да јадете, ова е ...

Ако правите некоја од овие работи од листата, тоа не значи дека сте ужасен родител и дека вашето дете е осудено на живот во траума. Тоа само значи дека треба уште малку да ги преиспитате своите постапки и да се обидете да се ставите на местото на детето и да замислите како се чувствува тоа. Запрашајте се што добивате од правењето на овие работи? За која цел ги применувате овие стратегии? Дали се во согласност со вашите цели како родител? Значи, ...

Го знаете чувството кога одите на море, на пример, или каде било на годишен одмор, а децата се надвор од себе во однесувањето – од возбуда, од замор, од промена на рутината, промена на околината, затоа што се деца – па лудувате и постојано врескате: „Ако не престанете, ќе се вратиме дома!!“ Така сите се смируваат некое време и потоа повторно почнуваат. И потоа пак ја кажувате истата реченица. И пак се смируваат на 10 минути… И никаде не одите, ...

Училишната престрелка во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во која животот го загубија осум ученици и училиштен чувар, а шест ученици и еден наставник беа тешко ранети, го потресе целиот регион. Хрватскиот министер за образование Радован Фукс испратил писмо до директорите на училиштата во кое им дава упатства како да се справат со оваа состојба, а медиумите и социјалните мрежи беа преплавени со приказни и реакции за невидената ...

Таткото на Кристи Дејли бил успешен банкар и воен ветеран. Тој починал од рак во 2012 година. Растејќи, Кристи го гледала нејзиниот татко како ги подготвува неа и нејзините браќа и сестри за иднината без него. Ја научил на вредни правила за среќен живот, која таа ги споделила со јавноста: Престанете да се жалите и завршете ја работата „Татко ми секогаш се фокусираше на тоа да биде конструктивен наместо да се жали на работите кои се надвор од ...

Најчеста причина за акутна дијареја се инфекции предизвикани од вируси (рота, аденовирус, норовирус), бактериски инфекции (салмонела, шигела), паразити, честопати станува збор за патувачка дијареја, интолеранција на храна, несакани реакции на некои лекови, истакнува д-р Искра Лазаревска Летото важи за најубаво годишно време, но не само за луѓето, туку и за бактериите. Велат дека летото е сезона на цревни инфекции, особено кај децата, во ...

Се наоѓате на остров или во мало место покрај море… Или сте во град и одите да пливате некаде во базен, река или езеро… И започнува болката во увото – на почетокот блага, но во текот на денот или ноќта станува посилна. Кај некои деца, инфекции на увото се јавуваат секоја година, па летните одмори стануваат кошмари. И тогаш е забрането да се капе, да се намокри главата, недела-две, и летниот одмор поминува… Зошто? Ова е прашање што често се ...

Скопје

21ᴼ/21ᴼ
1.03
60%
1017

Белград

21ᴼ/18ᴼ
10.29
48%
1016

Софија

17ᴼ/14ᴼ
2.06
60%
1023

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
6.05
50%
1020

Љубљана

19ᴼ/17ᴼ
1.03
63%
1000

Атина

22ᴼ/19ᴼ
7.2
60%
1015

Тирана

25ᴼ/25ᴼ
3.09
41%
1014

Подгорица

23ᴼ/20ᴼ
0.51
56%
1015
Currency

61.2805

Currency

57.4517

Currency

71.7565

Currency

37.2011

Currency

41.9514

Currency

62.8245

Currency

7.98119

Currency

0.61836

Currency

0.36624

Currency

0.52619

Currency

1.78227

Currency

0.69237

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

609919 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

847 $

Злато

73410 $

Бакар

9 $

Паладиум

30352 $

Платина

30024 $

Родиум

151607 $

Цинк

94027 $