Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
„Хофер“ - Словенија во изминатиот период ги унапреди и дигитализираа системите за набавка, логистика и продажба, што, меѓу другото, ќе донесе подобра снабденост на продавниците. Во последно време купувачите во продавниците на „Хофер“ можеа да забележат нарушувања во залихите, поинаков распоред на продавниците и оптимизиран асортиман на производи. Компанијата по Нова година во голема мера ја дигитализираше набавката, логистиката и ...
Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, компанијата „Окта“ го продолжува попустот за дизел што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април годинава. Како што информираат од компанијата, од денес (24 март) попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар. Оваа доброволна иницијатива има цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на ...
„Конексио“ е новооснована алијанса за заеднички набавки, формирана од „Ошан ритеил“ – Португалија и „Групо Москетеирос“ (сопственик на форматот „Интермарше“ во Португалија). Целта на новиот сојуз е зајакнување на преговорите со доставувачите и подобрување на конкурентската позиција на португалскиот пазар на прехранбени производи. Иницијативата беше претставена на почетокот од март, како платформа за централни услуги фокусирана на ...
Маријана Кнежевиќ Тудиќ, членка на Управата на „Краш“ задолжена за набавка, квалитет и одржливост, како и стратешки развој, по лични причини ја напушта функцијата членка на Управата. Нејзиниот придонес кон компанијата ќе продолжи преку улогата на советник на Управата, соопшти компанијата. По две години активна работа во Управата, се повлекувам од функцијата членка на Управата, а причините се лични. Многу ми е драго што заедно како Управа и ...
Според податоците на Здружението на производители на јајца во Германија, домашните производители не се во можност да ја задоволат побарувачката на пазарот пред Велигден, а низ целата земја во продавниците недостига едно од секои 10 пакувања јајца. Претседателот на здружението, Ханс Петер Голдник, како причини за недостигот на јајца ги наведе птичјиот грип, намалениот увоз и сè поголемата популарност на јајцата. Според податоците на ...
Компанијата „дм дрогерие маркт“ и Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организираат бесплатната онлајн обука на тема „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, која ќе се одржи на 23 март. Обуката ќе ја води Сања Ѓорѓев, сертифициран тренер за спиење од центарот Dr. Goodnight, каде работат со семејства чии бебиња или деца имаат проблеми со спиењето. Преку оваа едукативна средба, ...
Просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во јануари 2026 година изнесуваше 46.617 денари, што претставува пораст од 8,3 отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Порастот се должи на зголемувањето на просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности за 12,9%, трговија на големо и мало / поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1% и ...
„Пиварa Скопје“ е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што групацијата „Кока-Кола ХБЦ“ ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на „Кока-Кола ХБЦ“ во Белград, каде „Пиварa Скопје“ се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во ...
По контроли спроведени на граничните премини во текот на минатата недела, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на 50 тони небезбедна храна што требало да заврши на македонскиот пазар. Како што се наведува во соопштението на АХВ, официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забраниле увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по ...
Со текот на времето, работејќи со различни тимови, во различни индустрии и оперативни средини, почнав да забележувам повторлив модел. Сара Механџиева, aсистент директор за операции (Азија–Пацифик), ИСИ Клаимс Кога динамиките на работењето не функционираат како што треба, првичната реакција е да се зголеми контролата, да се изменат процесите, ресурсите, или да се воведат нови алатки. И сето тоа е разбирливо - притисокот за позитивни резултати ...
Владата на вчерашната вонредна седница донесе одлука да го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи растот на цените. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека со оваа мерка, заедно со попустите што ги нудат повеќето бензински станици, од вторник цените ќе се стабилизираат. Мерките ќе стапат во сила од полноќ и ќе важат во наредните две недели. Според пресметките, со намалувањето на данокот државата се откажува од ...
На едно четиричлено семејство во март годинава му биле потребни 67.818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83.193 денари. Зголемувањето на вредноста на минималната синдикална кошница за трите месеци јануари, февруари ...
Извозот на храна за домашни миленици од Русија во 2025 година достигна рекордни 256 милиони долари. Според податоците од Федералниот центар за агроизвоз при Министерството за земјоделство, во рубљи е забележан пораст од 23% во споредба со претходната година. Претходниот максимум беше забележан во 2021 година, кога извозот изнесувал 227 милиони долари. Истовремено, физичкиот обем на испораки останал на нивото од минатата година, околу 106 ...
Цените на нафтата утрово достигнаа нов максимум од почетокот на конфликтот со Иран. Барел сурова нафта од типот Брент накратко се искачи на 118,74 долари околу 9:30 часот, што е највисоко ниво од јуни 2022 година. Порастот на цените се случува во услови на напади врз енергетска инфраструктура, што ги зголемува стравувањата за стабилноста на снабдувањето. Дополнителен притисок создава и ситуацијата во Ормутскиот теснец, клучна маршрута под ...
Приватните трговски марки продолжија со силен пораст низ Европа во 2025 година, зацврстувајќи ја улогата како стратешки столб за трговците и клучен двигател за пораст на производителите. Според најновите податоци од „Нилсен IQ“, вкупната продажба на приватни марки на 17 анализирани европски пазари достигна 387 милијарди евра, што е зголемување од 15,3 милијарди евра. Со тоа приватните марки достигнаа удел од 38,8% на пазарот на прехранбени ...
Трговскиот синџир „Рамстор“ вчера (18 март) во 8 часот го отвори својот најнов маркет во населбата Козле, на улицата Козле, бр. 91А. Како што информираат од компанијата, новиот објект се простира на 300 квадратни метри и е современо уреден со функционално организиран простор. Потрошувачите ќе можат да избираат од 4.500 производи, со фокус на квалитет, свежина и разновидност, обезбедувајќи пријатно и ефикасно купувачко искуство. Маркетот ...
Нов бран на кинески е-платформи ја менува конкурентската сцена за европските трговци и производители. Компании како „Тему“, „Али експрес“, „Шеин“ и европската платформа на JD.com – „Џојбај“ го забрзуваат продорот, носејќи нови динамики на цени, модели на синџир на снабдување и очекувања на потрошувачите. Првиот бран на компании што влегоа на пазарот ја градеа експанзијата врз основа на ултра-ниски цени и директна испорака од кинеските ...
„Перутнина Птуј“ потпиша договор со Словенија за кофинансирање на инвестиција вредна 99,6 милиони евра, од кои државата ќе учествува со 21 милион евра. Проектот опфаќа роботизација и дигитализација на производствениот процес, со што ќе се зголеми додадената вредност и ќе се отворат нови работни места. Компанијата, која е во сопственост на холдингот MHP, планира со оваа инвестиција да воспостави технолошка инфраструктура за зголемување на ...
Во ера на експанзија на големите синџири маркети, малата продавница тешко може да победи со цена, асортиман или маркетинг-буџет. Но, таму каде што скалата на големите станува слабост, малите имаат тивка, но моќна предност: блискоста со маалото. Токму тука се отвора можноста, малата продавница да се трансформира од обично продажно место во средиште на локалниот живот, кое зрачи со доверба и создава припадност. Пишува: Бранко Азески, ...
„Лидл“ - Полска воведува нов концепт на полица за појадок насочен кон „преносливи“ производи. Брендирани кесички и снек-барови од приватна трговска марка се наменети за консумација „во движење“, додека премиум житарките во туби од приватна трговска марка додаваат елемент на премиумизација на дисконтниот асортиман. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен аналитичар за малопродажба „Лидл“ воведува посебна зона „појадок за носење“ во рамките на ...
Пишува: Горан Теменугов, новинар Кога камионџиите излегоа на протести во четири држави од Западен Балкан – Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – многумина се однесуваа како да се случува нешто неочекувано. Како одеднаш Европската Унија да им кажала „стоп“. Како правилото 90 дена престој во 180 да паднало од небо. Но, тоа правило не е ново. Постои речиси две децении. Разликата е што денес почна стриктно да се спроведува. Со ...
Што, всушност, е баланс? Ако се обидам да го визуализирам, балансот наликува на човек што оди по тенка жица поставена високо меѓу два облакодера... Пишува: доц. д-р Фросина Денкова Зафировска, европски сертифициран системски семеен психотерапевт и спортски психолог Балансот меѓу приватниот и професионалниот живот е една вечна тема која особено ја засега современата жена. Ако мисли дека го има, таа се прашува дали е доволен? Ако чувствува ...
Компаниите од „Шварц груп“ го прошируваат ангажирањето во европскиот фудбал со склучување долгорочно стратешко партнерство со Унијата на европските фудбалски асоцијации (UEFA), прво од ваков вид во историјата на UEFA. Во рамките на ова стратешко партнерство, „Лидл“ дополнително ќе ја прошири соработката со UEFA. Централниот дел од партнерството е посветен на „grassroots“, односно базичниот фудбал. Надоврзувајќи се на своето присуство на ...
Извозот на пилешко месо од БиХ во ЕУ привремено е запрен пред неколку дена, поради појава на птичји грип на фарма во Петрово. На производителите на пилешко месо ќе им остане големо количество месо во БиХ. Веќе досега останале илјада и пол тони, така што производителите се многу погодени од оваа одлука, истакна Велибор Поповиќ, претседавач на Координацискиот одбор на живинарите на БиХ, гостувајќи во Утринската програма на RTRS. Тој додаде, ...
Во трговскиот центар „Меркатор“, на адресата Ложионичка, бр. 16 во Сараево, повторно се отворени вратите на реновираната и проширена дрогерија dm. Просторот е современ, прегледен и функционален, овозможувајќи поудобно и поедноставно купување. Во новиот амбиент е изложен широк асортиман на производи за нега и убавина, здравје, производи за мајки и бебиња, како и средства за домаќинство и други категории. Рузмира Муратбеговиќ, регионална ...
Програмите за лојалност во малопродажбата можеби наскоро ќе играат неочекувана улога во здравството. Истражувачи од Велика Британија разгледуваат дали податоците од секојдневното купување во големите малопродажни синџири можат да помогнат во идентификување на раните предупредувачки знаци на рак. Ново истражување, предводено од од лондонскиот „Импиријал колеџ“ ги анализира историите на купување на учесници што користат програми како Tesco ...
Групацијата „Кампари“ во 2025 година оствари органски пораст на приходите од 2,4% и пораст на приспособениот ЕБИТА од 5,4%. Органски пораст е забележан во 24 земји во сите региони, како и во сите бренд-портфолија на компанијата, се наведува во соопштението на компанијата. Нето-продажбата достигна 3,05 милијарди евра, а маржата изнесуваше 20,9%, со органско подобрување од 60 базични поени. Приспособената заработка по акција изнесуваше 0,32 ...
Групацијата „Кампари“ во 2025 година оствари органски пораст на приходите од 2,4% и пораст на приспособениот ЕБИТА од 5,4%. Органски пораст е забележан во 24 земји во сите региони, како и во сите бренд-портфолија на компанијата, се наведува во соопштението на компанијата. Нето-продажбата достигна 3,05 милијарди евра, а маржата изнесуваше 20,9%, со органско подобрување од 60 базични поени. Приспособената заработка по акција изнесуваше 0,32 ...
„Атлантик група“ и оваа година го потврди статусот на предводник во промоцијата на родовата рамноправност на работното место, со повторно стекнување на престижниот сертификат Equal Pay Champion, кој го доделува „Селектио груп“. Според најновиот извештај за сертификација, „Атлантик група“ постигнала највисоко ниво на еднаквост кога станува збор за платите, при што разликата во заработките (pay gap) изнесува само 0,67 проценти. Овој успех ...
Трговскиот синџир „Меркадона“ забележа пораст на консолидираната продажба од 8% во 2025 година, при што приходите достигнаа 41,8 милијарди евра. Од овој износ, 39,7 милијарди евра се остварени во Шпанија, додека преостанатите две милијарди евра се остварени во Португалија. Нето-добивката на „Меркадона“ порасна за 25% во однос на 2024 година, на 1,7 милијарди евра. Компанијата исто така отвори 5.000 нови работни места – 4.500 во Шпанија и 500 ...