Најголем дел од лицата што влегоа во шпанската автономна територија Сеута, се вратиле во Мароко. Како можни причини се посочуваат дезинформациите на социјалните мрежи и тешката економска состојба во Мароко, а за тврдењата дека зад кризата стојат САД или Израел, засега нема докази. Според шпанското министерство за внатрешни работи, во Сеута во четвртокот влегле околу 50.000 луѓе. Според претседателот на локалната власт, Хуан Хесус Вивас, ...

Сè е подготвено за утрешното одбележување на 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од првото заседание на АСНОМ, двата клучни столба на македонската државност. Во Крушево пристигнаа околу 140 илинденски коњаници. Традиционалното отворање на манифестацијата е вечер на Гумење, а централната манифестација ќе се одржи на Мечкин Камен, каде што ќе говори собранискиот потпретседател Антонијо Милошоски. Чествувања ...

Четири лица загинаа, а 15 други се повредени во руски ракетен напад врз Киев во раните утрински часови. Русите испалиле меѓу 12 и 14 балистички ракети од различни типови и девет хиперсонични противбродски крстосувачки ракети „Циркон“, објавија каналите на Телеграм на градската администрација во Киев. Според градоначалникот Кличко, пожар имало во шесткатна зграда во Соломенскиот округ во главниот град, изгорени автомобили, а во уште два округа ...

Се смирува епидемијата во Гостивар. Во последното деноноќие на преглед се јавиле 36 пациенти. Надлежните се и охрабрени, но и внимателни. Водата и натаму не е безбедна за пиење. И последните резултати се лоши. Во гостиварската вода има опасни бактерии, покажуваат последователните испитувања. Од кризниот штаб предупредуваат дека водата не е за пиење и за готвење, и оти може да се користи само за техничка употреба. Целиот случај со водата во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...

Владата на вчерашната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во цела држава поради зголемената опасност од пожари. Почнува од денеска и ќе трае 30 дена. „Одлуката е донесена за навремено, координирано и ефикасно справување со ситуацијата на терен, како и за максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и на природните ресурси“, објаснија од Владата. ...

Вчера во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К.(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата, информираат од МВР. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а ...

Крушево е подготвено за празникот и за одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Бројни настани опфаќа традиционалната и значајна манифестација „10 дена Крушевска Република“ која од лани е веќе национална установа. Пречекува 140 коњаници од повеќе краишта, а утревечер е традиционалното отворање на манифестацијата на Гумење. Градот е подготвен за илинденските настани, но и за гостите и туристите. Уште ...

Се отворија вратите за вработување на значајна бројка млади лекари низ Македонија откако владата на предлог на министерот за здравство, Клековски, одобри вработување на триста приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на оваа календарска година. Во нашава земја ќе останат и младите лекари кои ќе добијат шанса да бидат вработени во Клиничкиот центар во Битола, а придобивка ќе имаат пациентите и од Ресен и од Кичево. Со ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...

Група пратеници поднесоа до Собранието Предлог-одлука за формирање Анкетна комисија. Бараат утврдување на сите факти и околности, објективно, професионално и непристрасно да се испитаа околностите поврзани со случајот во законодавниот дом, во која член на влада употребувал навредлив и понижувачки говор кон пратеници. Анкетната комисија ќе има мандат да разгледа хронологија на настанот, однесување на вклучените лица, постапување на ...

И последните резултати се лоши – во гостиварската вода има опасни бактерии, покажуваат последователните испитувања. Од Кризниот штаб велат дека водата не е за пиење и готвење, и оти може да се користи само за техничка употреба. И додека забраната за водата останува, епидемијата веќе се смирува. Вкупно има 1.014 формални пријави за заразна болест, од нив анкетирани се 706 пациенти. На 19-ти јули беше прогласена епидемија на територијата на ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти. ...

Украинскиот претседател изјави дека Русија употребила севернокорејска балистичка ракета за да нападне селото во централна Украина. Зеленски ги повика меѓународните партнери, вклучувајќи ги САД и Европа, да ја зголемат поддршката за воздушна одбрана. „Русите употребија севернокорејска ракета за првпат по долго време – според прелиминарните податоци. Секако, ќе има понатамошни истраги и сè ќе биде потврдено, но засега – ова е севернокорејска ...

Двегодишно дете од Куманово се затруло со разредувач за боја. По укажаната лекарска помош во тамошната општа болница, пренесено е во Детската клиника. Детето имало црвенило на грлото, даден му е антибиотик и сега е во добра здравствена состојба, па се очекува в понеделник да ја напушти клиниката. Случајот во полиција бил пријавен вчера попладне од кумановската болница. Ова не е прв ваков настан во кумановскиот регион, каде и лани беа ...

Загадена е водата и во струмичко Ново Село. Забранета е за пиење. Од општината информираа дека како резултат на минатонеделното невреме и прекинот во снабдувањето со струја и на водоснабдувањето, појавено е минимално загадување на водата за пиење во Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево и на улицата „Првомајска“. Граѓаните не треба да ја пијат водата во наредните денови, додека се врши хлорирање и прочистување, до ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар се подобрува, се намалува бројот на пациенти кои бараат медицинска помош, велат од Здравство. Водата е забранета за пиење, лабораториските анализи на примероци од неколку локации се во тек, по појавата на новата бактерија во водоводот. Информира Наташа Јанчиќ Менковски. Епидемиолошката состојба во Гостивар се подобрува, се намалува бројот на пациенти кои бараат медицинска помош, велат од Здравство. ...

Младиот, остар, конзервативен адвокат Џејсон Кели (Зак Ефрон) е во завршна фаза на подготовка за совршена венчавка со неговата навидум идеална свршеница Мередит Голдстајн (Џулијан Хаф) кога неговата сакана баба починува. Иако има само една недела до големиот ден, сите се загрижени за дедото Дик (Роберт Де Ниро), кој ненадејно е сам по 40 години брак. По погребот, Дик го моли Џејсон да оди на Флорида, каде ќе ја оплакува својата сопруга. ...

Словенечко-германскиот квартет саксофони „СИГНУМ“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. „СИГНУМ“ е сè освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо ...

Состојбата со пожарите во Грција и во Турција и натаму е критична. Жаришта и натаму тлеат во југозападна Франција. Пониските температури, повисоката влажност и поповолните ветрови помогнаа во напорите за гаснење пожари, но и натаму останува заканата. Француските власти им одобрија на околу 84.000 луѓе евакуирани од огромниот пожар во Жиронда да се вратат дома. Во Шпанија, во близина до границата со Португалија, пожарникарите издадоа наредба ...

Денеска во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.С.(58) од с. Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол. Тој ...

Се шири мрежата на „Безбеден град“. По извршеното финално тестирање од МВР до информација дека ставени се во функција безбедносните камери на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на „Безбеден град“, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена ...

Прогонувана од смртта на својот брат, Беа е посветена на својата сакана внука Бејли и решена да ја испрати на колеџ и подалеку од животот што го живеат моментално. Сепак, Бејли има други планови кои го вклучуваат Данкан (Девон Свам), кој работи со Беу. На хоризонтот има бура која се движи директно кон нивниот мал град во Тексас. Бо, Данкан и остатокот од екипата се соочуваат со бура од незамисливи размери за да ја одржат електричната мрежа и ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата, но исто како и на останатите гранични премини од македонска страна, сега засега нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...

Тимот хирурзи и персонал во прилепската болница ја изведе првата лапароскопска операција на ингвинална хернија или препонска кила. Со тоа ова стана прв ваков зафат во Регионот. Хируршкото одделение изведува многу оперативни зафати и пациентите не мора да патуваат во Скопје. Екипата од седум специјалисти, пет специјализанти, три уролози со двајца специјализанти е повеќе од стручна за речиси секакви зафати. Интенција е во болницата да се ...

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и ...

Анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар ќе продолжат и за време на викендот. Неизвесноста останува кога граѓаните повторно ќе добијат безбедна вода, откако надлежните открија нова бактерија. Здравствените власти не сакаат да шпекулираат со рокови – секојдневно се земаат примероци за лабораториски анализи од повеќе точки во градот, забраната останува на сила сè додека не се добијат три последователни исправни резултати. „Сакаме да ...

По неколку дена релативен мир, разгорувањето на конфликтот на повеќе фронтови на Блискиот Исток го зголеми ризикот од враќање кон тотална војна. САД извршија нов бран напади врз цели на Корпусот на Исламската револуционерна гарда како одмазда за иранското таргетирање на американските бази во Јордан и бродовите во Ормускиот теснец. Ескалацијата следува еден ден откако Вашингтон и Ријад таргетираа ирански посредници во Ирак, а беспилотни летала ...

Денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат. Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, ...

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска ѝ се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.86
32%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
41%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.82
38%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.52
38%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.17
34%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
0.68
49%
1013
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
44%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.86
17%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.77
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 27ᴼ
3.58
44%
1017
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
2.24
32%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.64
64%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8876

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Калај

54.92

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Бакар

13.08

Иридиум

252383.36

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Паладиум

40381.34

Родиум

265243.66