Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Во мирното населено место Старо Село кај Параќин се случи брутално убиство кое ја потресе целата јавност. 39-годишниот Станислав Радиќ бил смртно избоден пред својата куќа по кратка, но фатална расправија со свој познаник. Според првичните информации од истрагата, сè започнало со вербален конфликт кој за само неколку моменти прераснал во насилство. Осомничениот Бојан П. наводно извадил нож и му нанел повеќе убодни рани во пределот на градите. ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...
Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава силувал 12 – годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз ...
Полицијата во Скопје уапсила 14-годишно момче, по пријава од германска државјанка која тврдела дека била физички нападната и ограбена во центарот на градот. Инцидентот се случил во раните утрински часови, кога малолетникот наводно ја нападнал жената и ѝ го одзел мобилниот телефон. Според полициските информации, случајот веднаш бил пријавен, по што службениците реагирале и го лишиле од слобода осомничениот. Настанот се случил на подрачјето на ...
Двајца млади мажи се здобиле со сериозни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во населбата Јабучар во Крагуевац. Според првичните информации, автомобил „Ауди“ изгубил контрола и со голема сила удрил во бандера покрај коловозот. Несреќата се случила во дел од Белградска улица, веднаш по исклучувањето од надвозникот каде што во моментов се изведуваат градежни работи. Од силината на ударот, возилото ...
Истрагата за убиството што пред два дена се случи во центарот на Барселона доби неочекуван пресврт откако шпанските медиуми објавија дека жртвата е роден брат на позната ирска спортска ѕвезда. Станува збор за 36-годишен маж од Даблин, чиј идентитет засега не се објавува поради заштита на семејството. Според шпанските медиуми, истражителите проверуваат дали тој бил поврзан со балканските криминални кланови и меѓународната трговија со дрога. ...
Трагичен инцидент се случил на фарма за крави во Горњи Таванкут, во близина на Суботица, каде што животот го загубил вработен работник откако бил нападнат од бик. Според информациите од полицијата, несреќата се случила во утринските часови кога животното го нападнало работникот додека ги извршувал своите работни обврски. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и Итна медицинска помош, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. ...
Серија помали експлозии утрово ги вознемири жителите на населбата 11 Октомври во скопска Кисела Вода. Според сведоштва на станари, силните звуци за неколку минути ги натерале жителите да излезат од своите домови стравувајќи од поголем инцидент. На местото интервенирале полициски екипи кои им помогнале на станарите безбедно да ги напуштат зградите, додека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен. Поради безбедносни причини бил ...
Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Н.(39) од Куманово. Од МВР информираат дека 39-годишниот кумановец бил уапсен затоа што претходно околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син. Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога. На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.П.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР ...
Млад скопјанец бил нападнат во Центар по недоразбирање во сообраќајот. - На 11.06.2026 во 20:05 часот во СВР Скопје, М.К.(24) од Скопје пријави дека околу 11:50 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Млад скопјанец бил нападнат во Центар по недоразбирање во сообраќајот. - На 11.06.2026 во 20:05 часот во ...
Работници кои денеска коселе трева во близина на Мостот на Ада наишле на распаднето тело во тревата. Според првичните информации, телото е пронајдено во поодмината фаза на распаѓање, поради што засега не е можно да се утврди ниту полот на починатото лице. „Тие за време на косењето почувствувале непријатна миризба. Следејќи од каде доаѓа, во тревата пронашле тело“, рекол извор близок до истрагата. За случајот веднаш биле известени полицијата и ...
Маж од Штип вчера пре дполноќ се заканувал со остар предмет на сограѓанин. При нападот го погодил и со тврд предмет и го повредил. - На 11.06.2026 во 23:45 часот на ул.„Балканска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(43) од Штип затоа што околу 22:15 часот со остар предмет се заканувал на Р.Ј.(49) од Штип, по што фрлил и тврд предмет кон него и му нанел повреда, информираа од МВР за инцидентот. По целосно ...
Вчера околу 17:30 часот на улицата „Јанко Глигоров“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле Д.Н.(37) затоа што под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување. Како што се наведува во полицискиот билтен, откако бил спроведен во полициска станица продолжил со агреисвното однесување, се заканувал на полициски службеници и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Тој бил ...
МВР информира дека вчера попладне, полициски службеници го уапсиле Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. „Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој му определил ...
16-годишно момче од делчевското село Разловци се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Берово–Делчево. Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на вчера во 12:25 часот, кај местото викано „Турски андак“. Малолетникот, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни ...
Ноќеска во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 59-годишна жителка на струмичко село, информираат од МВР. Според пријавеното, таа претходно вечерта околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. „Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, посочија од МВР. Ноќеска во Струмица, ...
Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар. Како што се наведува во полицискиот билтен, 53-годишниот гостиварец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син. Потоа, пак, со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка. Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ...
Двајца турски државјани се приведени на граничниот премин Деве Баир откако при пасошка и гранична контрола било утврдено дека приложиле фалсификувани зелени карти за товарните возила и полуприколките со кои патувале. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни 2026 година, во периодот од 21:30 до 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница. Тој се сомничи за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да ...
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(43) и Д.Н.(69), двајцата од село Ракитец, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 16.04.2026 околу 14:30 часот, на место викано „Горици“ во атар на Ракитец без одобрение од надлежен орган од катастарска парцела сопственост на ...
Полициски службеници од СВР Штип привеле 25-годишен скопјанец откако било утврдено дека управувал автомобил без воопшто да има положено возачки испит. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни околу 13:00 часот на улицата „Брегалничка“ во Штип, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И. (25) од Скопје. — реклама — При проверката, полициските ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Д.(47) и Н.Д.(51), двајцата од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”. При контрола извршена на 20.05.2026, полициски службеници ги затекнале пријавените како со забранети средства – мрежи за подводен риболов т.е. со поставување на рибарска мрежа во должина од околу 30 триесет метри во дебарското езеро, вршеле ...
Смилјана Р. (27), државјанка на Србија, загина во несреќа на Проклетије кога паднала од карпа во бездна длабока 250 метри, откако се обидела да заобиколи една карпа. Нејзината сестра се прости од неа со потресни зборови на Фејсбук. Од Грција, преку Алпите, па сè до Африка: Смилјана (27) која загина на Проклетије ги освојуваше НАЈВИСОКИТЕ ВРВОВИ на планините „Мојата сестра Смилја го даде својот живот спасувајќи туѓ. Кога планинар од нејзината ...
Полицијата уапси 25-годишник од Штип кој бил затекнат како потпалува сува трева. - На 11.06.2026 во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на село Долни Балван. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина ...
Жителите на Кисела Вода утринава биле вознемирени од пожар што избувнал во орман на ЕВН, поставен пред станбена зграда. Пожарот избувнал рано утринава Настанот се случил околу 05:30 часот пред влезот на станбен објект во близина на населбата „11 Октомври бараки“. Според информациите, граѓаните слушнале детонации, додека густ чад бил забележлив низ населбата. Изгореле кабли во орманот на ЕВН Од Министерството за внатрешни работи за „Курир“ ...
Тешко убиство се случило синоќа во Параќин, каде животот го загубил 39-годишниот С.Р. Според првичните информации, трагедијата се случила пред неговата семејна куќа, по кратка расправија која прераснала во насилство. Во еден момент, мажот бил нападнат со остар предмет и се здобил со повеќе убодни рани. На местото брзо пристигнале полициски екипи и Итна медицинска помош, но и покрај обидите за помош, лекарите можеле само да констатираат смрт. ...
Голем оган повторно избувна кај Плуждино и Новачка Чешма, на терен веќе дејствува ер трактор Нов пожар доцна попладнево избувна во реонот на викенд населбите Плуждино и Новачка Чешма кај Штип, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население. На социјалните мрежи беа објавени повеќе видеа од штипјанецот Александар Георгиевски, на кои се гледа како огнената стихија зафаќа дел од викенд куќите во овој предел. Според Георгиевски, пожарот е ...
Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата, на местото, како што потврдија од полицијата за „Макфакс“, ...
Мажот кој е обвинет за бруталното убиство на украинската бегалка Ирина Заруцка во Северна Каролина е прогласен за неспособен за судење. Декарлос Браун минатиот октомври беше обвинет дека до смрт ја избодел 23-годишната Ирина во воз во Шарлот. Според наводите на федералните обвинители и морничавите видеоснимки, Заруцка, која побегнала од војната во Украина по руската инвазија, седела на седиштето пред Браун во возот кога тој ненадејно ја ...