Илон Маск и Сем Алтман сериозно се посветија на фантастичната физија на научникот Фримен Дајсон, кој во 1960-тите предвидуваше дека ќе дојде време кога нашата или некоја туѓа цивилизација ќе развие мега-конструкција од соларни генератори околу својата ѕвезда што ќе бидат извор на практично бесконечна енергија. Неговиот концепт беше наречен Дајсонова сфера и се користи за да се опише напреден степен на цивилизација. Сем Алтман промовира сопствена ...

Во текот на 2024 година британската влада ангажирала 89 инфлуенсери, а годинава 126. Пораките ги ширеле претежно преку ТикТок, за да допрат до помладите генерации. Најголем трошок од 350.000 фунти направило Министерството за образование, кое оваа година им платило на 53 инфлуенсери, двојно повеќе во споредба со лани. Високи суми потрошиле и министерствата за внатрешни работи, за одбрана и за труд, кое годинава им платило 120.023 фунти на осум ...

Оружјето, пред сè, треба да биде еколошко и одржливо, прогласува Европската Унија во слободно толкување на Регулативата за откривање на одржливи финансии (SFDR), која е во сила веќе четири години. Брисел го прифатил наративот од лобистите дека „безбедноста е предуслов за мир, а со тоа и за одржливост“. Според истражувањата на Медиапарт, ИрпиМедиа и Ел Паис, ова толкување овозможило да бидат искористени за трансфер на близу 50 милијарди евра од ...

Соочен со ултраниски рејтинзи на одобрување од јавноста, Макрон се обидува да ги замолчи критичарите на интернет со тоа што ја претвора целата ЕУ во дигитален гулаг, преку цензура со Законот за дигитални услуги (DSA) и со масовен надзор на комуникациите на социјалните платформи преку регулативата Chat control, порача Павел Дуров, основачот на популарната платформа Телеграм. Тој потсети на изјавата од Макрон дека Европејците „целосно грешат што ...

Зградите од монтажни бетонски блокови имаат моќни застапници и во федералните и во градските власти во Берлин. Министерката за градежништво Верена Хуберц се залага за издвојување на владини субвенции за поддршка на проектите. Итно треба да ги намалиме високите трошоци за градба. Гледам огромен потенцијал во сериската и модуларната градба за побрзо и, пред сè, поприфатливо градење, изјави Хуберц. Младата министерка, родена три години пред ...

Предлог-законот, кој има поддршка од министерката за внатрешни работи, е реакција на масовните критики од јавноста дека со евидентирањето на „инцидентите на омраза“ се поткопува уставното право на слобода на говор, а и непотребно ги оптоварува полициските служби, кои треба да се посветат повеќе на борбата против реалниот криминал. Според иницијативата, сите полицајци ќе добијат листа со проверки „врз основа на здрав разум“ што ќе треба да ги ...

Новиот мировен план договорен на разговорите на украинските претставници со американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер содржи 20 точки, осум помалку од оригиналниот предложен од САД во октомври. Исфрлени се прашањата за пристапување на Украина во НАТО, откако од тоа јавно се откажаа и Киев и сојузниците. Претседателот Володимир Зеленски рече дека повеќето ставови се значително приближени, но отворени остануваат најважните - за ...

Директори на автомобилските компании во САД и во Европа предупредуваат дека брзината на спроведување на проектите, од работната маса па до излезот од фабричката хала, е клучен фактор за да се опстане на пазарите. Брзиот развој на технологијата наметнува постојано претставување нови модели, прилагодени на истенчените потреби и вкусови на купувачите. За да се приближат до просечниот циклус на развој на автомобили од 18 до 20 месеци во Кина, ...

Вториот претседателски мандат на Доналд Трамп беше неверојатно корисен за воените напори на Путин. Трамп му се восхитува на Путин и копнее тоа да му биде возвратено, но Путин не го гледа Трамп како доверлив партнер, туку како марионета што лесно може да ја манипулира. Мировниот план на Трамп за Украина, можеби е создаден од Русите, ама барем ги изнесува на површина болните противречности на оваа војна: Не постои стратегија за излез од ...

По целосниот колапс на дворската култура на Микенска Грција, по едно матно, неписмено, 400-годишно мрачно доба, во 8 век пред новата ера се појавила Западната цивилизација, кога се споиле околу 1.500 градови-држави. Се појавиле уставната влада, рационализмот, слободата, слободата на изразување, самокритиката и слободните пазари - она што сега го знаеме како основа на единствена западна цивилизација. Римската Република го наследила и го подобрила ...

Ако помине низ регулаторното сито, договорот за спојување би го поставил Трамп во позиција да ги прилагодува плановите на администрацијата за развој на фузиски реактори кон сопствените бизнис интереси и да ги елиминира конкурентите, предупредува Њујорк тајмс. Претседателот веќе се обиде да ги забрза безбедносните прегледи на новите нуклеарни централи и да ги намали праговите за прифатлива изложеност на зрачење. Многу е проблематично ако ...

Британските музеи во Брајтон Хоув го прогласија Дедо Мраз за колонијален освојувач, затоа што бил „премногу бел“. Божиќниот концепт кој ги соочува „добрите“ и „непослушните“ деца се отфрла како систем во кој белиот колонизатор си зема улога да им суди на сите луѓе. Како решение за надминување на патријархатот, Музеите на својот блог предлагаат Дедо Мраз да се замени со Баба Мраз и да работи заедно со џуџињата, наместо да ги експлоатира. За ...

Винај Прасад, главниот регулатор за вакцини во САД, го шокираше здравствениот естаблишмент со тврдењето дека се идентификувани најмалку десет деца што починале од вакцини против ковид. Администрацијата за храна и лекови прв пат ќе признае дека вакцините против ковид-19 убиле американски деца, напишал Прасад во белешка до неговиот персонал што протече до јавноста. Тврдењето на Прасад предизвика брза серија побивања. Дванаесет поранешни комесари ...

До летото 2023 година „Сенс Банк“, една од најголемите во Украина, беше контролирана од двајца Руси под санкции – олигархот Михаил Фридман и неговиот колега милијардер Петр Авен. Киев не можеше да дозволи клучната финансиска инфраструктура да биде под контрола на бизнисмени со блиски врски со Кремљ, па ја национализираа банката во јули 2023 година заради заштита на национална безбедност. Руските олигарси возвратија на ударот - не во Киев, туку ...

И претседателот Доналд Трамп во почетокот на годинава претстави свој проект за Газа како луксузна ривиера за супербогати без Палестинци, но престана да го промовира по жестоките критики од светската јавност и особено од регионот. Тимот на американските мировни пратеници Кушнер и Виткоф сега се главните промотори на проектот Sunrise, кој треба да ја претвори палестинската енклава Газа, уништена од израелско бомбардирање, во футуристичка ...

Украина поставила огради од бодликава жица по должината на западните граници, вклучително и во карпатскиот регион, прикажува репортажа на германската телевизија ЗДФ. Густите шуми и реката Тиса ја одделуваат областа од Романија. И покрај овие безбедносни мерки, сè поголем број мажи се обидуваат да избегаат, честопати со фатални последици, наведува ЗДФ во надворешно-политичката програма „Auslandsjournal“. Репортажата следи млад Украинец што ...

Земјите при врвот на рангирањето според довербата во другите луѓе имаат силни институции, ниска корупција и робусни мрежи за социјална сигурност. Високото ниво на доверба ја олеснува соработката и ја намалува нетрпеливоста во економијата и животот, наведува истражувачкиот центар Пју во анализата на анкетата спроведена во 25 светски земји. Зад Шведска, во која 83% од испитаниците се изјасниле дека „може да им се верува на повеќето луѓе“, ...

Во разузнавачките документи доставени на увид на Асошиетед прес, не е наведено колку е далеку Русија од распоредување и употреба на вакво оружје и дали досега направила тестирања. Пишува дека системот е во фаза на „активен развој“ и не се исклучува можноста дека е експериментален, па дури и дека намерно е дозволено да протече за да се следат реакциите. Русија го смета Старлинк за сериозна закана за безбедноста, бидејќи мрежата од илјадници ...

Со користење на најсовремени ДНК техники и новообјавени геноми, бевме во можност да го утврдиме потеклото на жената од Бичи Хед со многу поголема прецизност отколку порано. Докажaвме дека таа носи генетско потекло кое е најслично на локалното население на Британија од римската ера, вели Вилијам Марш, археогенетичар во Природонаучниот музеј во Лондон, кој ја спроведе новата анализа. Скелетот бил пронајден во југоисточна Англија некаде кон ...

Со повеќе инвестиции и употреба на модерна технологија може да се надмине историскиот недостаток на докази, поради кој беа отфрлени многубројни традиционални медицински практики, иако се покажуваат ефикасни, вели Шјама Курувила, која го води Глобалниот центар за традиционална медицина на Светската здравствена организација. СЗО работи на нова глобална стратегија за традиционални лекови за следната деценија, со цел да го искористи потенцијалниот ...

Амбасадорката на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук, потврди дека нејзиниот 19-годишен посинок Богдан Ринжук е приведен во Одеса како првоосомничен за убиството на Данило Кузмин, 21-годишниот син на заменик-градоначалникот на Харков, при крајот на ноември во Виена. На Ринжук му се суди за свирепо убиство и му се заканува максимална казна доживотен затвор. Илашчук побара од медиумите да се воздржат од шпекулации, да не го политизираат случајот и ...

Уште од основањето во 1956 година БНД се смета за разузнавачка агенција, а не за тајна служба, бидејќи не се занимава со оперативни активности, туку само собира и анализира информации. БНД постојано трпи критики дека се потпира на странски разузнавачки служби за пронаоѓање осомничени терористи и речиси никогаш не генерира свои траги за осомничените. Ова беше случај, на пример, на почетокот на годината со апсењето на Либиец осомничен за планирање ...

Британските трошоци за Интегрираниот фонд за безбедност, наменет за зајакнување на Западен Балкан, каде што Русија е обвинета за сеење поделби и создавање дестабилизација, се намалени од 40 милиони фунти минатата година на 24 милиони фунти за 2025-26 година. ISF е дизајниран да се справи со заканите од највисок приоритет за националната безбедност на Британија дома и во странство, а кратењата се одраз на промената на приоритетите во политиката ...

На крајот од Студената војна, Германија постојано и недвосмислено го уверуваше советското, а подоцна и руското раководство дека НАТО нема да се шири кон исток. Овие гаранции беа дадени во контекст на обединувањето на Германија, која имаше голема полза од нив. Брзото обединување на Германија - во рамките на НАТО - не би било можно без советското одобрение врз основа на овие ветувања, потсетува американскиот професор Џефри Сакс, врвен економски ...

САД станаа голем пазар за богати Кинези што сакаат да си ги прошират семејствата со наследници, бидејќи сурогат мајчинството е законски забрането во нивната земја. Ова може да си го дозволат само мал број бизнисмени. Процедурата чини по околу 200.000 долари од дете, од испораката и чувањето на генетскиот материјал, преку лабораториското оплодување до бременоста и раѓањето. Сју Бо, повлечен кинески милијардер кој се збогатил со програмирање ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез ветува „крај на анонимноста“ на социјалните медиуми! Британскиот премиер Стармер предупредува: „Нема да можете да работите во Обединетото Кралство ако немате дигитална лична карта“. Кралицата Максима од Холандија изјави на Светскиот економски форум дека дигиталните лични карти се „добри за да се знае кој всушност се вакцинирал“. Многу американски технолошки лидери исто така ги сакаат дигиталните лични карти. ...

Во обид да го намалат користењето на фосилни горива многу енергетските гиганти инвестираа во капацитети за производство на водород, како алтернативен извор на енергија во транспортот и тешката индустрија, затоа што при согорувањето испушта само водена пареа. Но, истражување објавено во списанието Nature покажува дека водородот всушност придонесол за зголемувањето на глобалните температури, затоа што ги апсорбира природни прочистувачи кои го ...

Покрај уникатната понуда, широките коридори, современиот ентериер и внимателно дизајнираните зони за посетители, East Gate Mall се издвојува и по начинот на кој го одржува целиот комплекс – според светски стандарди, со технологија што ја користат големите молови во Сингапур, Милано, Лондон и Скандинавија. За одржување на хигиена и чистота, значајна улога има Asura Group, компанија која ја воведе најсовремената генерација на автономни уредни ...

По маратонски дискусии од 16 часа лидерите на Европската Унија договорија заем за Украина од 90 милијарди долари од неискористените трошоци во заедничкиот буџет, но само од 24 членки, а не од сите 27. Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Ветивме, исполнивме, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта. Договорот значи финансиски опстанок на Киев, но не ѝ помогна ...

Лоша е и општата ситуацијата со образованието во Австрија. Во 2025 година имало 46.385 ученици кои не се во можност да следат часови поради непознавање на германскиот јазик. Ова се надоврзува на извештаите од минатата година дека над 75% од средношколците во Виена не зборуваат германски дома. Десничарската Народната партија ја префрла одговорноста врз владејачката коалиција. Времето брзо изминува за нашиот град. Децата што не го познаваат ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
87%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
73%
1030
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
87%
1031
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
0.61
94%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1031
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
79%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -5ᴼ
1.54
79%
1031
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
87%
1031
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
76%
1024
Currency

61.555

Currency

52.283

Currency

70.5501

Currency

35.0597

Currency

38.2287

Currency

66.3052

Currency

7.43911

Currency

0.66185

Currency

0.33514

Currency

0.52514

Currency

1.22031

Currency

0.57997

Кобалт

58.42

Цинк

3.06

Алуминиум

2.96

Калај

43.36

Рутениум

29514.39

Платина

72468.23

Паладиум

54624.12

Злато

144017.46

Сребро

2312.17

Бакар

11.20

Родиум

265243.66

Иридиум

145787.60