Летото е време за одмор, патување и – за увид во градежните работи. Само во изминатиот месец, високи владини претставници посетија повеќе од десет локални градилишта за, како што се тврдеше во соопштенијата од нивните институции, да извршат увид во работите. Најактивни беа премиерот Христијан Мицкоски и неговиот заменик и министер за транспорт, Александар Николоски. Тука не станува збор за настани како удирање камен-темелник за нов објект или ...

„Мислам дека секоја година е сѐ полошо. Сѐ што одгледувам во мојата градина, оваа година се исуши. Апсолутно сѐ. Можете да полевате колку што сакате, но ни тоа нема да помогне“, се пожали Вера, жителка на мало гратче во близина на Микулов, во јужноморавскиот регион на Чешка. Низ Чешка, Словачка и Унгарија, историската суша остава тешки последици врз жителите, стопанството и врз критичната инфраструктура. Причина за тоа е комбинацијата од ...

Пратениците завчера изгласаа уште еден ребаланс на буџетот. Со изменетиот буџет, државата очекува да собере повеќе од првично планираното, но и да потроши повеќе од првичниот план. Разликата меѓу приходите и расходите, односно буџетската дупка е 46,3 милијарди денари или околу 750 милиони евра. Како и за секој досегашен ребаланс на буџет, власта и опозицијата беа на спротивните страни. Власта го правдаше „прекројувањето“ на државната каса ...

По неколку недели протести на кои се бара негова оставка, албанскиот премиер Еди Рама ги обвини алгоритмите на социјалните мрежи дека „истурале бензин врз огнот“ во т.н. „Фламинго револуција“. „Колку повеќе прегледи добивате, толку поголемо влијание имате. Колку поголемо влијание имате, толку поголема моќ поседувате. Моќ над кого? Над робовите на алгоритмите – над сите нас“, им рече Рама на пратениците од неговата владејачка Социјалистичка ...

„Одговорноста е моја“, призна унгарскиот премиер Петер Маѓар во понеделникот вечерта, откако не успеа да ја убеди најуспешната шахистка во историјата, Јудит Полгар, да ја прифати кандидатурата за претседател на државата. „Не чувствувам дека имам сила да ја преземам оваа историска одговорност и затоа не можам да ја прифатам поканата“, напиша 49-годишната Полгар на социјалните мрежи, ставајќи им крај на еднодневните шпекулации во Унгарија и во ...

Минатата недела, Европската комисија го објави Извештајот за владеењето на правото за Македонија. Во него, како и во сите вакви претходни извештаи, се провлекуваат критички констатации дека со изјавите на власта за судските предмети се поткопува довербата на правосудството, која и онака е на ниво на статистичка грешка. Извештајот е особено критичен во делот на парите што државата ги издвојува за таа намена. Тие и во случајот со судството и со ...

Ако граѓанин побара информација од државна институција, а не ја добие, може да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот орган што го штити тоа право. Досега најлесно и најбрзо жалбата можеше да се испрати преку меил. Но, од пред неколку недели, ако жалбата се испрати преку меил, мора да се завери со електронски потпис, кој чини меѓу 2.000 и 4.000 денари годишно. Со ...

Вонредната контрола на квалитетот на млечни и месни производи, која неодамна ја направи Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), покажа проблем кај речиси третина од испитаните производи. Луѓето беа вознемирени од информациите дека јаделе сирење со палмино, наместо со млечни масти и купувале месо напумпано со адитиви и вода. Мострите за испитување, 91 на број, во оваа контрола, билe земени од маркетите, за што биле напишани казни со вкупна ...

Однадвор, бумот на центрите за податоци во Полска речиси не се забележува. Расфрлани низ перифериите на големите градови, зад заштитни огради и со малку или без никакви ознаки, овие магацински објекти без прозорци ретко привлекуваат внимание. Но, во нив се наоѓаат сервери кои обработуваат сè – од електронско банкарство и „клауд“ услуги, до големите јазични модели што денес секојдневно ги користат милиони луѓе. Бројот на ваквите објекти брзо ...

Предметите „Талир“ беа едни од ретките случаи што не се занимаваат само со корупција кај еден функционер. Тие требаше да дадат одговор дали политичката партија која десет години беше на власт преку злоупотреби дојде до пари и многу имот. Овие предмети со пресуда требаше да исцртаат јасна граница меѓу партијата и државата. Заедно со „Таргет-Тврдина“ случајот за прислушувањето и „Титаник“ за злоупотреба на средства за изборна кампања, беа ...

По години рекорден раст и сè повисоки цени, недостигот од работна сила и неуспехот да се привлечат туристи со поголема потрошувачка моќ ги разоткриваат слабостите на хрватскиот туристички модел. На почетокот на јули, хрватскиот министер за туризам и спорт го претстави својот годишен извештај за клучниот туристички сектор на земјата. Како и секогаш, бројките изгледаа импресивно. Околу 7,6 милиони туристи ја посетиле земјата во првата половина ...

Владата бега од одговорноста да се справи со инфлацијата и со сѐ повисоките цени во маркетите. Државната каса е во лоша кондиција и сѐ поголем е јазот меѓу приходите и расходите. Затоа продолжува безглавото задолжување, кое преминува во зависност, што ја турка државата кон крајно непосакувано сценарио. Ова се предупредувањата на економскиот аналитичар и некогашен пратеник Слободан Најдовски, изнесени во разговорот за БИРН, снимен неодамна и ...

Тоа е мистерија стара 30 години. Дали странци плаќале за да пукаат со снајперски пушки врз жителите на Сараево за време на опсадата на главниот град на Босна и Херцеговина во последната деценија на 20 век, што траеше 1.445 денови? Според Ецио Гавацени, токму тоа го направиле повеќе од 400 странци, меѓу кои околу 230 Италијанци. Во февруари тој објави книга за оваа тема, насловена „Викенд-снајперисти“ (I cecchini del weekend). За тврдењата на ...

Во последните неколку изборни циклуси, најжестоката кампања не се водеше на митинзите или телевизиските дуели, туку на социјалните мрежи, претежно на Фејсбук, Тик-ток, Инстаграм и на Јутјуб. Тоа беше сива зона, во која главно место зазедоа политичките реклами платени од трети лица, објави од ботови, страници на кои не се знае кој им е нарачател. Тие беа надвор од изборните правила и не беа регулирани. Со предложените измени на Изборниот ...

Жолти шери-домати во форма на круша од кои се прави слатко, пченка за пуканки, која има црно семе, грав со интензивна розова боја, борании што растат долги по еден метар, дињи и гравови какви што нема на друго место, туку се одгледуваат само во неколку села низ Македонија. Ова е релативно непознатото, егзотично земјоделско богатство на нашето поднебје зачувано во семињата на старите локални сорти, кои опстојуваат благодарение на мисијата во ...

Девет основни судови ќе престанат да постојат како самостојни институции ако биде усвоен новиот закон за судови, кој, денеска го објави Министерството за правда. Со реформата бројот на основни судови ќе се намали од 27 на 18. Toa e една од најголемите новини, со која, за првпат по осамостојувањето се прави темелна ревизија на судската мрежа во земјава. Со овие предложени измени, судовите во Берово, Виница, Кратово, Крушево, Ресен, Радовиш, ...

Кога Панче Илиев од Струмица е осуден за убиство, судијата одлучува двата одземени телефони од обвинетиот, од кои, на едниот има криптопаричник, а на другиот апликација за копање крипто, и натаму да останат во судот, иако тоа не е вообичаена пракса. Кога по многу перипетии, уредите се враќаат, излегува дека судот вратил друг телефон наместо телефонот со криптопаричник. Додека уредот бил во судот, апликација за копање крипто на другиот телефон ...

Две петтини за хотел или за конференциски простор, а три петтини за спорт и рекреација. Ова се намените на парцелата со приближна големина на три фудбалски игралишта покрај кејот на Вардар во скопската населба Аеродром што општината планира да ја продаде со јавно наддавање. Просторот од околу 23 илјади квадратни метри се наоѓа веднаш до хотелот „Русија“, а намените се определени во Деталниот урбанистички план, кој општината го усвоила во 2014 ...

Шверцот на пет тони марихуана во Србија, кои потекнуваа од легалните канабис-плантажи во Македонија, на почетокот од годинава привлече внимание и во македонската и во српската јавност. Меѓутоа, речиси половина година подоцна истрагите траат, а одлуки сè уште нема на повидок. Посебните обвинителства за организиран криминал во Белград и во Скопје за БИРН информираат дека работат координирано и досега осомничиле вкупно единаесет лица, пет во ...

Форумот за разумни политики годинава го стави во фокус интегритетот на оние што имаат моќ да одлучуваат за прашањата што ги засегаат граѓаните или, пак, на оние што се дел од државниот апарат. Форумот досега изработи два полугодишни извештаи по методологија за интегритет, која се користела во институти во поразвиени држави, како Франција, Шведска и Холандија, но адаптирана за нашиот контекст. Целта на извештаите не е само да се критикуваат ...

Помина половина година од важноста на Планот за управување со Дојранско Езеро како споменик на природата, за периодот од 2026 до 2035 година. Но, наместо да се подготвуваат првите евалуации за тоа како се спроведува, тој сè уште не е ни усвоен. Овој стратешки документ, на кој се работеше со години и кој треба да обезбеди поквалитетна заштита на животната средина, природата и на биодиверзитетот во регионот, е блокиран бидејќи Министерството за ...

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на претпоследниот ден од 2025 поднело обвинение против поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, осудениот бизнисмен Сеад Кочан и фирмата „Трансмет“ која е во стечај. Трајановски е обвинет дека ја злоупотребил службената положба и овластување за дополнителни градежни работи на фонтаната со водоскоци (џампинг-џет) во 2016 година, а Кочан и неговата фирма дека ја ...

Утре, ЛГБТ-заедницата и нејзините поддржувачи ќе излезат на Парадата на гордоста, односно на „Скопје прајд.“ Организаторите велат дека со ваквиот протест се спротивставуваат на системското бришење и истиснување на ЛГБТ животите од колективната историја, меморија, култура и јавен простор. Иако „Скопје прајд“ ќе се одржи дури по седми пат оваа година, правата на оваа заедница со години тапкаат во место. Истополовите двојки немаат право на брак ...

„Пред фактите и боговите молчат, а судиите уште повеќе“, напиша во 2017 година, судијката од граѓанскиот суд, Антоанета Димовска, критикувајќи ги своите колеги во Судскиот совет за начинот на гласање при унапредување судии во скопска Апелација. Шест години подоцна, во 2023 година, Димовска, со поддршка од стотина гласови на своите колеги судии, седна од другата страна на масата, на која се избираат, унапредуваат и се разрешуваат судии. Токму ...

Денес изминуваат 30 дена задолжителен карантин за волкот што беше најден во Козле минатиот месец. Но, веројатно ќе остане таму подолго бидејќи не може туку-така да се спои со другите волци во Зоолошката, ниту му е најдено посоодветно живеалиште. По некоја случајност, волкот, за кој се дебатираше во медиумите и јавноста дали е волк или куче, се најде токму на паркингот пред зградата на Тина Мицковска, долгогодишна соработничка и порпраролка во ...

Албанците што протестираат не се против туристичките комплекси или странските инвестиции, туку против практиката да бидат третирани како пасивни субјекти на одлуки донесени од повисоки центри на моќ. Секојпат кога ја посетувам Албанија, муабетите се исти. Не се зборува за политиката, изборите, новиот аеродром или за ветувањето за членство во ЕУ. Се зборува за заминување. Во последните неколку години, земјата ја запоседна апатија, колективно ...

Додека на последниот ден од учебната година, група ученички се прскаа со вода во дворот на чаирското основно училиште „Исмаил Ќемали“, на само 50 метри од нив, заклучен беше новиот училиштен базен. Децата знаеја дека има базен, ама не знаеја кога, како и дали воопшто ќе може да го користат. „Имаме уште една година школо, од септември можеби ќе ни го дадат да го користиме“, малку збунето забележаа две осмоодделенки. Базенот свечено беше ...

Седум години по првата драфт-верзија и по низа пробиени рокови, регулативата за департизација и професионализација на раководните позиции во стотина државни институции, односно Законот за висока раководна служба, конечно е во Собранието, пред усвојување. Законот ги пропишува постапките за избор на директори во органите што се дел од министерствата, како УЈП или Царината, и во самостојните органи, како што се Заводот за статистика или ...

Додека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на телевизија се фалеше дека благодарение на „Безбеден град“ има големо намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди, дел од жителите на Бутел се враќаа дома, од протест. Тие го блокираа сообраќајот за да побараат поголемо присуство на полицијата и ставање ред со дивеењето на возилата, откако на нивната улица беше удрено дете. На нивниот дел на Бутелска нема поставено камери на ...

Оградата се појави во април. Засилена со бодликава жица, оградата ја затвори плажата Пише Поро на албанскиот брег на Јадранско Море, која е дел од заштитениот пејзаж Вјоса-Нарта, важно место каде одмораат птиците преселници. На локацијата, која опфаќа повеќе од 1,3 милиони квадрати, компанијата „Звернец саут Адријатик девелопмент“ планира да изгради луксузен туристички комплекс и за тоа има дозвола од албанската влада. Минела Балиу не можел ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.83
16%
1014
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
3.3
14%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.89
29%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.08
31%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.4
20%
1016
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 31ᴼ
1.34
40%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
5.81
33%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.3
35%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
0.4
48%
1014
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
40%
1019
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
1.79
26%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
8.33
73%
1018
Currency

61.4661

Currency

53.5828

Currency

71.7146

Currency

37.4553

Currency

38.4119

Currency

66.292

Currency

7.98405

Currency

0.67656

Currency

0.33065

Currency

0.52557

Currency

1.14009

Currency

0.56471

Алуминиум

3.18

Сребро

1847.27

Злато

130316.62

Калај

54.24

Паладиум

39834.77

Бакар

12.79

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

51151.84

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29