Ноември би можел да биде месец на неочекувани финансиски добивки за некои хороскопски знаци. Според астролошките предвидувања, среќата би можела да им се насмевне на поединците токму кога најмалку ја очекуваат. Добивка на лотарија, награда на наградна игра или ненадеен прилив на пари би можеле да им го разубават крајот на месецот. Иако ѕвездите не можат да ги предвидат добитните броеви, астролозите веруваат дека следните четири знаци ќе имаат ...

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан привлече внимание на овогодинешната LACMA Art+Film Gala во Лос Анџелес, каде што се појави во впечатлива бордо фустан од модната куќа Gucci. Имено, станува збор за долг фустан покриен со светки, со долги ракави и затворен деколте. Иако кројот на прв поглед изгледаше елегантен и ненаметлив, креацијата имаше исечоци од страните и отворен грб, што му даде на целото издание посмела нота. Ким ја ...

На социјалните мрежи се појави ново видео од Александар Вучиќ од белградскиот „Ќаци бар“, во кое тој им се заканува на обвинители, полицајци и студентски активисти. Неговата Српска напредна партија (СНС) ги загуби парламентарните избори на 25 октомври. Снимката е направена за време на разговор меѓу Вучиќ и главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ. Во неа, Вучиќ вели дека секој што го споменува ќе биде повикан на одговорност. ...

Претседателот на општина Инѓија, Марко Гашиќ, денес беше уапсен со уште пет лица под сомнение за злоупотреба на службената положба додека бил директор на јавното претпријатие „Инѓија пут“. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата се уапсени шест лица, додека по едно лице интензивно се трага. Заедно со Гашиќ, уапсен е и сегашниот директор на „Инѓија Пут“ Урош ...

Иран и Русија преговараат за испорака на напредни системи за воздушна одбрана С-400, објави британски „Телеграф“, цитирајќи висок ирански функционер кој рече дека Техеран е „оптимист“ дека Владимир Путин конечно ќе ги испорача системите. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го испрати својот шеф за безбедност Мохсен Резаи во Кремљ во четврток со лично писмо. Главното барање во писмото, рече официјалниот претставник, било за С-400. ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Работниците во Австрија ќе го изгубат надоместокот за фиксна стапка ослободен од данок за работа од дома од 1 јануари 2027 година, а приватното возење во службен електричен автомобил ќе биде оданочено за прв пат. Оние кои работат во пензија можат да заработат до 15.000 евра годишно без данок. Промените се донесени со Законот за придружни буџетски мерки за 2027 и 2028 година, кој беше усвоен од австрискиот парламент во јули. Преглед на новите ...

Дилемата „боксерки или гаќички“ ги дели мажите со децении, а ново истражување нуди дефинитивен одговор за оние кои се загрижени за својата плодност. Научници од Универзитетот за наука и технологија во Кина спроведоа студија на речиси 27.000 мажи, кои сами се изјаснија дали носат лабава или тесна долна облека. Анализата на нивната сперма покажа дека квалитетот и квантитетот на спермата биле пониски кај мажите кои претпочитале тесна долна ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп (56), беше цел на исмејување на социјалните мрежи поради начинот на кој прочита подготвен говор по состанокот со руската и украинската делегација во Белата куќа. Меланија Трамп во четвртокот во Белата куќа ги угости руските и украинските претставници и повика на потрајно примирје, по шестдневното локално примирје во Олешки и Херсонската област. Според соопштението на Белата куќа, околу 800 луѓе биле ...

Утре без вода ќе остане дел од Општина Карпош. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 09.11.2026 година ( понеделник ) во периодот од 09.00 часот па до завршување на работата, поради извршување работи на водоводната мрежа на ул. Никола Парапунов на раскрсница со улица Разловечка, без водоснабдување ќе бидат корисниците од тој дел. ( Општина Карпош )“, информира РЦУК Скопје. Утре без вода ќе остане дел од Општина ...

Утре без струја ќе останат делови од општините Илинден, Чаир, Карпош и Гази Баба „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 09.11.2026 година ( понеделник ) планирани се следниве исклучувања на електрична енергија: · Поради работа во ТС Белимбегово без напојување со ЕЕ ке останат дел од Белимбегово(кај мостот) од 08.30 до 11.15 часот(Општина Илинден) · Поради работа во ТС Чаир без напојување со ЕЕ ке останат ул.Струмичка,ул.Ќемал ...

Ким Кардашијан купи куќа во Палм Спрингс, сместена помеѓу имотите на нејзината мајка Крис Џенер и сестрата Кајли Џенер, а одлуката ја донела откако со пријателите испила гумени бомбони со канабис. Во петтата епизода од осмата сезона на „Keeping Up with the Kardashians“, Ким и нејзините пријатели отпатуваа во Палм Спрингс, каде што нејзината мајка има куќа. ѝ се придружија сестрата Клое Кардашијан, комичарите Ники Глејзер и Форчун Фајмстер и ...

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството, велат од СДСМ. „Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада. Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. ...

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис донесе конечна одлука да ја продолжи својата спортска кариера. 31-годишниот центар во петокот ги разјасни своите планови за иднината на социјалните мрежи, откако помина извесно време подалеку од тимот на Голден Стејт Вориорс, борејќи се со здравствени проблеми. Во емотивна порака објавена на неговиот X профил, Порзингис потврди дека привремено или трајно се повлекува од паркетот за да му даде приоритет ...

Француската влада размислува за воспоставување стратешки резерви на жито поради зголемената нестабилност во светот, а министерката за земјоделство Ани Женавард наредила до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози, објави француското радио RTL. Франција имаше стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но тој систем беше затворен во 1950-тите. Властите сега веруваат дека растечката меѓународна нестабилност бара итна ...

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на генералниот секретар на СДСМ. „Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони ...

Улогата на Џек Досон во „Титаник“ прво му била понудена на Џони Деп, но тој се откажал откако се мачел да прочита околу 15 страници од сценариото. Сепак, како што рекол, знаел дека филмот ќе биде огромен хит. „Титаник“ е еден од најуспешните филмови во историјата на киното и означи пресвртница во кариерите на Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет. Денес е тешко да се замисли некој друг во улогата на Џек Досон, а малку е познато дека улогата прво ...

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување дека фактот што е родена во Македонија не ја прави Македонка, дека во срцето и душата се чувствува како Бугарка и дека, како што тврди, некој сака да ѝ го одземе бугарскиот идентитет, повторно ја отвори темата за иницијативата на Единствена Македонија за создавање правна основа за одземање на ...

Американската војска формира тим од 20 луѓе кој ќе бара начини за пресекување на копнените патишта кон Иран, за кои вели дека транспортираат оружје и забранети материјали. Иранската револуционерна гарда соопшти дека обидот ќе биде неуспешен. Централната команда на САД (CENTCOM) во саботата објави дека тимот ќе биде составен од цивилен и воен персонал со седиште во Флорида. Тимот ќе соработува со агенциите на американската влада за да се ...

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.П.(53) од Скопје поради тоа што истиот бил затекнат како управува дрон без одобрение од Агенција за цивилно воздухопловство. Со потврда бил одземен дронот поради прекршок од Закон за цивилно воздухопловство. Скопјанец бил ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот Доналд Трамп, за разлика од неговите претходници, одлучил да се соочи со Иран. Рубио во интервјуто рече дека Трамп е избран да прави тешки работи. „Ќе беше многу лесно да се направи она што го направија неколку претседатели пред него, а тоа е да се игнорира прашањето за Иран и да се остави за следниот. Но, Трамп не го направи тоа. Тој се соочи со тоа директно, бидејќи Иран ...

Руска шпионска мрежа тврди дека придонела за падот на австрискиот канцелар Себастијан Курц во 2021 година, објави британски „Телеграф“, повикувајќи се на доверливи досиеја на австриската полиција. Обвинувањата произлегуваат од истрагата за руска шпионска мрежа водена од Велика Британија од Бугаринот Орлин Русев. Членовите на мрежата беа осудени во Велика Британија за шпионажа за Русија, а полицијата заплени стотици илјади пораки за време на ...

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда во изминатите две години беа исправни, а реформите што ги започнавме и реализиравме даваат конкретни резултати, изјави министерот за правда, Игор Филков. Според него, особено значајна е позитивната оценка за новиот Закон за Судскиот совет, донесен во декември 2025 година. „Европската комисија утврдува дека ...

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција. Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена“, објави ...

Гордон Ремзи откри дека ослабел девет килограми откако ги заменил млечните производи со маслиново масло. Славниот готвач, кој е познат и по својата редовна рутина на вежбање, тврди дека токму оваа промена во исхраната му помогнала да ослабе, пишува „The Mirror“ . Причината за разговорот за маслиновото масло е новиот бизнис потфат на Ремзи, Krude, бренд за екстра девствено маслиново масло. Маслиновото масло е познато и по своите здравствени ...

Многу луѓе ги исклучуваат своите уреди со далечински управувач или ги оставаат вклучени во струја, убедени дека не трошат енергија. Експертот Наталија Лачим за британскиот метро вели дека електричната енергија сè уште тече низ нив и ја зголемува сметката. Во повеќето домаќинства, полначот за телефон или лаптоп е секогаш вклучен во струја. Телевизорот останува во режим на подготвеност, а на некои од уредите свети дигитален часовник. Според ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“. Притоа, 17 лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор, информира МВР. Од лицата опфатени со полициските постапки, 11 управувале возило без положен возачки испит или без да се стекнат со право на управување. Меѓу нив се Ф.М.(27) од село Романовце, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека имигрантите од исламските земји кои не ја прифаќаат историската одговорност на Германија за Холокаустот мора да ја напуштат земјата. Тој ги даде овие забелешки на прием за еврејските спортисти кои се пожалија дека се плашат да ја носат Давидовата ѕвезда јавно. Мерц зборуваше во петокот во Канцеларијата во Берлин, на прием за освојувачите на медали од овогодинешните Игри во Макаби. Неговите зборови ...

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „’Со премиерот секако’ – Имаме признание на Трајко Славески дека Мицкоски ја донел одлуката за Алта банка, пералницата на пари на Вучиќ и неговата мрежа. СДСМ алармираше уште пред 11 месеци да не се дозволи но Христијан Мицкоски ја внесе Алта банка во Македонија. Додека во Европа имаше санкции и суспензии, ...

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека денес не бираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви. Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.83
98%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
88%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.23
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
99%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
81%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Сребро

1666.05

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76