Нема договор за електронското гласање на дијаспората и околу приговорите за евентуално прогласување во ДИК, што значи СДСМ останува на над 10 000 амандмани. СДСМ тврди дека со електронското гласање власта ќе прави изборна кражба. ВМРО ДПМНЕ пак тврди дека предвидени се сериозни заштити и дека со тоа ќе се одземе и време и пари,а дијаспората ќе има еднакво уставно загарантирано право на глас. Според ВМРО ДПМНЕ власта ги прифатила другите ...

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на реформската агенда 2024 - 2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформите што ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии, како што соопштуваат од таму, има исполнето осум чекори од ...

Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во ...

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од ...

Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и ...

Норвешка е првата европска репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, откако вечерва во Далас триумфираше во првиот круг од нокаут фазата над Брегот на Слоновата коска со 2-1 (1-0). Норвешка дојде во водство во финишот на првото полувреме со голот на Антонио Нуса, а откако Амад Дијало го израмни резултатот, во вториот дел, Ерлинг Халанд со гол во завршницата ја однесе норвешката репрезентација во ...

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...

АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат промоција на пригодна поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД. На настанот ќе присуствуваат претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и на АД „Пошта на Северна Македонија“. АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. „Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа“, рече ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика земјите-членки да го затворат недостигот од 100 милиони долари во готово во Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), јавува ДПА. Покрај болните мерки за штедење и контрола на трошоците со кои се соочува, дефицитот ја спречува оваа агенцијата да ги исполни своите тековни обврски, изјави синоќа Гутереш на донаторската конференција ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе пораз во Врховниот суд на САД во врска со спорот околу правото на државјанство по раѓање, откако судот пресуди дека децата родени во земјата ќе продолжат автоматски да добиваат државјанство, објави ДПА. Трамп направи обид да го укине правото на државјанство по раѓање на децата на луѓе кои се во САД само привремено или без потребната дозвола. Критичарите тврдат дека 14-тиот амандман на Уставот на ...

Данска објави дека ќе обезбеди нова воена помош за Украина во вредност од 4,4 милијарди дански круни (588,43 милиони евра). „Обезбедени се приближно 1,3 милијарди според „данскиот модел“, кој овозможува финансирање на јавните услуги на украинската држава преку сопствената одбранбена индустрија. Во исто време, ќе бидат ослободени дополнителни средства за набавка на муниција за артилерија од големи размери“, соопшти Владата во Копенхаген. Ова е ...

Најмалку 14 деца загинаа кога се урна покрив на училишна зграда во Лахор, источен Пакистан, соопштија властите и службите за итни случаи. Уште пет деца се повредени во трагедијата, што се случи во округот Кана Науу на југот од вториот по големина пакистански град, изјави портпаролот на итната помош на Фондацијата Еди. Бројот на смртни случаи за локалните медиуми го потврди министерот за здравство на покраината каде што се наоѓа Лахор. Две ...

Од денеска до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. АМСМ информира дека во деновите со екстремно високи температури, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich) во рамки на посетата на нашата Армија денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје. Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов кабинет. Мицкоски информираше и за ресорите договорени со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ. Предлогот за нов реконструиран состав на Владата се очекува до петок да биде испратен до Собранието, а најдоцна до средината на јули да биде избран новиот владин состав. - Пред да прејдам на ...

До 18:00 часот на на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на ...

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема да почне со издржување на едногодишната затворска казна во четврток – 2 јули, за кога му беше издаден упатен акт од судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд Скопје. Од Кривичниот суд информираа дека извршувањето на казната на Јакимовски засега се одложува. Причината, како што наведуваат оттаму, е тоа што ексградоначалникот, по издавањето на упатниот акт за ...

По меѓусебните напади изминатите денови, ирански и американски преговарачи, во Доха се на нов состанок по потпишувањето на меморандумот за ставање крај на војната. На дневен ред се технички разговори. На маса се деталите за пловидбата низ Ормускиот теснец, ослободувањето од санкции за Иран и иднината на иранските залихи на високо збогатен ураниум. Доналд Трамп – претседател на САД „Состанокот во Доха можеби ќе биде важен, можеби не. Ќе ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, потврди за Телевизија 24 висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ. На негово месо во Фондот најверојатно ќе седне актуелниот министер за локална самоупраа Златко Перински, додека пак, на местото од Перински како опција се споменува Иван Стоилковиќ. Во министерството за социјална политика демографија и млади на местото од Фатмир Лимани ќе дојде ...

Политички игри на трпение и нерви зад затворени врати на ниво на координации за тоа кој ќе попушти во измените на изборниот законик за кој рокот истекува денес . Неколку работни групи и средби на ниво на координатори во законодавниот дом но и најави за приближување на ставовите , сепак преговорите ќе продолкжат и во текот на утрешниот ден . Опозициските партии и денеска велат острануваат на своите ставови . Од СДСМ само кратко велат дека од ...

39-годишна професорка од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. Акцијата била спроведена од СВР Штип во координација со Основното јавно обвинителство, откако таа од турски студент по медицина била пријавена дека побарала 300 евра мито за студентот да положи испит, кој требало да се одржи вчера. По приведувањето ...

Наместо една тужба за сите неплатени фактури, добил тужба за секоја од петте сметки кои не ги платил. Шеесет и едногодишниот Глигур Коцев од Градско тврди дека Јавното комунално претпријатие „Клепа“ повело пет одделни постапки за наплата, па наместо еднаш, адвокатски, нотарски и извршителски трошоци му биле пресметани петпати. Не го спори долгот за водата, туку начинот на кој, според него, тој повеќекратно се зголемил. Коцев добро ги познава ...

Гневот на сточарите и земјоделците од Пелагонија денеска ескалираше пред вратите на Подрачното министерство за земјоделие во Битола. Тие повторно го изразија револтот и алармираат дека се доведени до питачки стап, бидејќи државата со месеци не им ги исплаќа заслужените субвенции - велат цената на јачменот е понижувачки ниска, а домашната пченица буквално нема цена. Дополнително блокиран е и откупот на јариња и кози. Им даваат шанса на ...

Најавената мерка за поевтини цени на основните прехранбени производи на „стендабај“. Ресорниот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши дециден дека анализите се уште се во процес и кога ќе се завршат јавноста ќе биде информирана. Прашан дали тоа ќе биде септември месец, Дурмиши со релативизирачки одговор дека владините анализи ќе покажат што е тоа што ќе се намали како цена по рафотвите. Додека се чекаат анализите минималецот од 600 евра, ...

Црн чад над Скопје, пожар на местото помеѓу Визбегово и Шуто Оризари. Иако тлее неколку дена, денеска со поголем интензитет на иста локација. Според Центарот за управување со кризи информираа дека преку бројот 112 добиле пријава за пожар на сува трева и истиот се проширувал кон куќите, кај „Џиди Комерц“ во Шуто Оризари. „Во моментов на терен се противпожарни екипи. Во близина кадешто избувна пожарот има куќи и деловни објекти.“ За пожарот кој ...

Температурaтa се искачи до 35-тиот степен, асфалтот гори, градот тешко дише. Топлотниот бран ги празни улиците во Скопје во најжешкиот период од денот.... Граѓаните спас од горештините бараат под сенка, во климатизирани простории и со шише вода во рака. „Ова е Сахара, но мора да дојдам до лекар иначе цела Европа веќе ја зафати, порано се знаеше што е пролет, што е лето сега од кратки ракави директно на зимска облека“... „Тешко, јас чекам ...

Актуелниот директор на ФЗОМ, Сашо Клековски, дефинитивно ќе биде нов министер за здравство, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ. На негово место во Фондот за здравство, како наследник се споменува актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински, додека во фотељата на Перински како опција се споменува Иван Стоиљковиќ. Актуелниот заменик во социјала, Ѓоко Велковски, најверојатно седнува во министерската ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.75
26%
1008
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
69%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.63
44%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
5.49
42%
1011
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.32
52%
1012
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
1.2
46%
1011
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
4.02
42%
1009
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.97
33%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.01
37%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 30ᴼ
0.45
51%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
2.24
44%
1012
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
4.56
100%
1009
Currency

61.645

Currency

54.0357

Currency

71.5617

Currency

37.2658

Currency

38.0342

Currency

66.7798

Currency

7.96156

Currency

0.6895

Currency

0.33247

Currency

0.52544

Currency

1.15887

Currency

0.56928

Бакар

12.27

Сребро

1864.12

Иридиум

233896.68

Паладиум

37712.83

Цинк

0.00

Алуминиум

3.06

Калај

51.29

Платина

49737.20

Злато

128120.73

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29