Топлите денови се во полн ек, а вие не сте сигурни дали треба да одите некаде на одмор и да уживате во морето. Сè додека ги следите овие упатства, слободно уживајте во одморот. Искористете го одморот. Ако сте во можност, одете на море, пијте многу течности, пливајте и уживајте. Тоа што сте бремени не значи дека не треба да облечете костим за капење и да се капите во морето. Морето ќе ве опушти и може само да ви користи. Сепак, држете се до ...

Замислете да сте на местото на вашата чукунбаба. Сте се омажиле на 18 години, со сопруг што ви го нашле родителите. Имате пет деца (засега) затоа што така треба и ги воспитувате како што ви кажува мајка ви, свекрвата, комшивката, затоа што така мора. Мора да ги послушате и мажот, свекорот, деверот, братот, кумот… Кога ќе закрепнете од породувањето (се пораѓате дома со постари жени), го ставате бебе во сноп, а потоа одите на нива. Го закачувате ...

Големи се шансите да не сакате да им ги пренесувате вашите стравови на вашите деца – знаете дека тоа ќе им биде само дополнителен товар. Но, секогаш кога ќе сретнете куче додека шетате, наеднаш го менувате правецот или малку поцврсто го држите детето за рака. Ако детето случајно сака да го погали кучето, вие му кажувате дека подобро е да не го допира, во случај кучето да не го касне. Ако таквите ситуации се повторуваат често, вашето дете наскоро ...

Млад уметник се натпреварува со својот 6-годишен брат во сликање. Имено, неговото братче му рекло дека ќе го победи во предизвикот, па тој решил да го сними целиот процес. Уметничката слика ја поделил на два дела, на едниот сликал неговиот помал брат, а на другата страна тој. Братчето завршило за 2 часа, додека на уметникот му биле потребни 7 часа. И така продолжиле со следните уметнички дела. Инаку, на малечкото момче ова му е едно од првите ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам две деца, едното е на возраст од 3,5 години, а другото има 2 години. Имам мал проблем со поголемото дете. Секоја играчка си ја присвојува, ништо не дава, особено тие што му се омилени. Повеќе од еден месец ниедно дете не ...

Преку интересно истражување научниците открија дека почувствителните бебиња растат во сочувствителни деца кои со задоволство помагаат. Ако имате чувствително бебе, треба да знаете дека почувствителниот темперамент на вашето дете всушност може да биде показател за неговото позитивно однесување во иднина. Новото истражување за однесувањето на бебињата и децата во градинка откри дека чувствителните бебиња подоцна повеќе сочувствуваат со емоциите на ...

Голем дел од нашите животи го минуваме предвидувајќи и очекувајќи различни работи, а промената на плановите може особено да влијае врз нашите деца. Сепак, чувството на разочарување може да биде корисно за детето, особено кога го учиме како да заздрави потоа. Планиравте да одите на игралиште и почна да врне? Брзавте до слаткарницата на порција од вашиот омилен чоколаден сладолед само за да сфатите дека веќе го немаат тој ден? Да, животот е полн ...

Фејсбук-страницата „Географски кутак“ објави одлични вести поврзани со наталитетот во Србија. Според „Географски кутак“, во Србија, првпат по 40 години е забележан пораст во бројот на првородени деца во споредба со претходната година, така што и покрај тоа што природниот прираст веќе некое време е во минус, постои трошка надеж. Така, во 2021 година во Србија се родиле 62.180 деца, а во 2022 година се родиле 62.700 деца, што е за 0,8 отсто плус. ...

Ако вашите деца јадат краставици во текот на летните месеци, обрнете внимание на предупредувањето од страна на медицинската сестра Ники Јуркуц. На страницата за едукација на родители „Tiny Hearts Education“ таа објавила дека краставиците се дел од намирниците кои можат да предизвикаат задушување. „Ова е храна која носи висок ризик од задушување. Цврста е, лизгава и може да се распадне на парчиња“, вели таа. @tinyheartseducation Cucumbers aren’t ...

Нормално е да си ја сакаме мајката, и тоа е непишано животно правило. Но, постојат луѓе кои стануваат прилично рамнодушни кон своите мајки, особено кога ќе пораснат. Ако ги вклучиме и оние што навистина ги мразат своите мајки, не ни останува ништо друго освен да откриеме зошто и како да им помогнеме на „хејтерите“. Психијатрите и психолозите често велат дека влијанието на мајката врз психолошкиот развој на детето е една од најважните и секако ...

Мажите често имаат поинакво чувство за хумор, различно од она што го имаат повеќето жени. И тоа не престанува кога тие ќе станат родители. Сепак, се чини дека овој машки хумор, кој често ги лути мајките, крие вистинска животна мудрост за децата. Не сме склони кон генерализации или предрасуди, но можеме без размислување да кажеме дека мажите имаат малку поинаква смисла за хумор од жените. Можеме да кажеме и дека татковците имаат малку ...

Да се преживее јули. Само тоа ми е во умот. Да се преживее јули во град. Преживување на јули со релативно мали деца, додека нивните родители работат. Ги бројам деновите од тој јули, ги бројам и вака и така, како во некоја од комбинациите да ќе има некој ден помалку. Но, добро е, барем почна. Пред нас се толку долги, летни денови што ќе ги поминеме во градот. Без помош од баба, без дополнителни пари за летните кампови. Само две деца на возраст од ...

„Панкреас“ и „мајка“ се двата збора што никогаш не сакав да ги слушнам во иста реченица. Или телефонски повици кои почнуваат со „Добро сум, не грижете се“. Нејзината желба да не биде товар за мене за малку не успеа за време на една бурна ноќ. Откако уживав во прекрасната вечера со моето семејство, ветрот го искриви чадорот на мајка ми токму кога таа почна да ја преминува улицата со четири ленти на „Апер вест сајд“ на Менхетен. Силниот ветер ...

Висината на детето може многу да варира. Едно дете може да биде многу повисоко од просечната висина, додека друго дете може да биде пониско. Децата често поминуваат низ скокови во развој, а потоа имаат тенденција полека да ја зголемуваат висината. Табелите за висина и тежина не се навистина точни мерења или индикатори, особено за помалите деца и тинејџерите, бидејќи тие се само груб просек и треба да се користат заедно со калкулатор за БМИ за ...

Да повториме уште еднаш: не треба да учите со деца! Не треба вие да им ја подготвувате училишна чанта! Не треба ни да прашувате „како е на училиште?“ Така го оштетувате односот и крајниот резултат е секогаш негативен. Зарем немате за што друго да разговарате со вашето дете? Детето мора да има слободно време кога нема да прави прави ништо: од 2 до 4 часа дневно. Преамбициозните, т.н. грижливи родители ги преплавуваат своите деца со активности: ...

Аспергеров синдром е невробиолошко развојно нарушување од групата на аутистични нарушувања и е поврзано со социјални тешкотии. Почесто се јавува кај мажите, а првите симптоми на нарушувањето може да се забележат во третата година од животот на детето, иако во повеќето случаи дијагнозата се поставува нешто подоцна, обично на возраст од пет до девет години. Ова нарушување му е дијагностицирано и на милијардерот и претприемач кој стои зад познатите ...

Вината што ја чувствуваат вработените мајки може да биде проблем ако мислат дека не поминуваат доволно време со своите деца. Тоа е чувство што го имаат мајките кога се обидуваат да ги балансираат барањата на мајчинството со барањата на работниот живот. Зошто жените се чувствуваат виновни за нешто што мажите го извршуваат без тоа чувство на вина? Некои мажи веројатно се чувствуваат виновни кога ќе го остават своето расплакано дете во градинка. Да ...

Движењето и моторичките вештини се учат на многу рана возраст, па затоа мора да дозволиме малите деца сами да научат што е опасно, а што не. Модринките и гребениците не треба да ги спречат во тоа. Дури и модринките и гребениците се дел од доживотното учење. Многу истражувања покажуваат дека малите несреќи, кои на таков начин го обликуваат секојдневието на детето, се добредојдено искуство за сите малечки деца. Како и во повеќето работи во ...

Кога вашето дете е обземено од емоции, често сакате да му дадете тајмаут (или пауза) за едноставно да се смири. Сепак, не е секогаш лесно, па често завршува со викање. Но, една мајка има многу добра алтернатива на класичниот тајмаут. Кога поради некој излив на бес или тантрум на вашето дете вие почнувате да се нервирате, честопати го праќате детето да паузира или со други зборови, во неговата соба. Или некаде, сѐ додека не ви е пред очи. И – ...

Родителите често се шокирани кога нивното дете ќе ги удри, но психологот Ејми Морин вели дека тоа е честа појава која родителите не треба да ја сфаќаат толку сериозно, особено ако се работи за мало дете. Иако може да биде фрустрирачко и непријатно, многу родители без причина се грижат дека агресивноста на нивното дете кон нив е знак дека некако не успеале како родители. Имено, огромно мнозинство деца ги удираат своите родители, а начинот на кој ...

Во повеќето случаи породувањето завршува без негативни последици за мајката и детето. Сепак, голем број деца развиваат механички повреди од различен степен. Тие претежно се безопасни и немаат никакви последици за новороденчето. -Повредите при раѓање по правило се резултат на тешко или продолжено породување. Постои зголемен ризик кај големите бебиња, диспропорција помеѓу ширината на карлицата на мајката и обемот на главата на новороденчето. Потоа ...

Плацентата е чудесен орган кој се создава во телото на жената на почетокот на бременоста и расте заедно со бебето, а му овозможува да се развива. Ова се 8 факти за овој важен орган што секоја трудница треба да ги знае: -Плацентата обезбедува кислород и хранливи материи за вашето бебе, но исто така ги отстранува отпадните материи од неговата крв. -Просечната плацента тежи некаде помеѓу 0,4 и 1,4 кг. -Плацентата има улога како белите дробови, ...

Реј Џордан (10) си играл со другарите и за малку ќе го загубил животот поради пиење прекумерна количина вода. „Не можеше да ја контролира главата, рацете или што било друго. Сите моторни функции му престанаа”, рекол неговиот татко. Момчето од Јужна Каролина итно било пренесено во болница откако испило шест шишиња вода за помалку од еден час. По еден час откако ја испил сета таа вода, почнале застрашувачките симптоми, поради кои неговите родители ...

Принцезата Кејт Мидлтон, како што наведуваат експертите за толкување на кралското семејство, навистина направила повеќе промени во британската монархија, а како што сметаат тие, таа и прекршила некои од правилата за нејзините деца да растат нормално и без премногу наметнати правила. Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, често зборувала за тоа како ги воспитува своите три деца, принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5). Не само што ...

Децата можат да скокаат во секое време од денот и каде било. Самото скокање е од големо значење за развојот на кондицијата – тоа не е само вежбање, туку и забава во текот на денот. Зошто скокањето е добро за децата? Студиите повторно ја покажуваат врската помеѓу скокањето и кондицијата. Откако НАСА ги откри своите тајни во 70-тите, скокањето доби статус на популарна вежба, меѓу листата со лесните и едноставни вежби. Некои од причините зошто ...

Се степале неколку родители на трибините додека нивните деца имале натпревар. На трибините каде што стоеја родителите и каде што би требало да има полнолетни, преовладуваше детскиот принцип. Игра во песокта. Тепачка околу тоа чиј син е подобар. И натпреварот запре. Децата не беа повеќе важни. Никој не ги гледаше. Важни беа родителите. Детето во родителот и неговиот нерешен проблем од детството. Замислувам како мало дете се обидува да дрибла со ...

Во морето нови и модерни имиња, најчесто кратки и интернационални, се изгубија имињата што некогаш беа особено популарни на територијата на поранешна Југославија. Тие имиња ги носат нашите баби и дедовци, мајки и татковци, но ретко ќе слушнете да ги изговараат денешните родители кога ќе ги повикаат своите деца. На пописите пред 1940 година најпопуларното женско име било Радмила. Тоа име интензивно им се доделувало на девојчињата во следната ...

Малите деца, новороденчињата и постарите деца имаат многу индивидуален однос кон цуцлите. Некои деца веднаш се навикнуваат на цуцлата, други не ја сакаат, ја плукаат и ја вртат главата кога ќе се обидете да им ја ставите в уста. Некои бебиња не можат да функционираат без цуцла, додека некои родители ја користат само кога детето плаче или не може да заспие. Одвикнувањето на децата од цуцла може да биде голем предизвик за оние родители чии деца ...

Иако многу луѓе веруваат дека арогантна личност пораснала во семејство каде што секогаш била приоритет, ја ставале на пиедестал во текот на нејзиното детство и се препуштале на сите нејзини желби, психолозите објаснуваат дека вистината е сосема поинаква. Многу студии покажале дека егоцентричноста на една личност често се поврзува со запоставување и емоционална или физичка злоупотреба. Овие луѓе пораснале во семејства каде што нивните родители ...

Еврејските деца секогаш се охрабрени од нивните родители да работат напорно и да го менаџираат своето време, а тоа е тајната на нивниот успех. Ако сакате да ги копирате нивните методи, прифатете ги овие 7 златни правила: Не создавајте им комплекси на децата Никогаш нема да му кажат на детето „Не го направи тоа добро“, туку ќе речат „Како може добро дете како тебе да направи таква грешка?“ „Моето дете нема и не може да има маани“ – ова е ставот ...

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
1.03
82%
1018

Белград

14ᴼ/13ᴼ
8.23
63%
1016

Софија

11ᴼ/10ᴼ
1.03
89%
1023

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
1.96
77%
1022

Љубљана

14ᴼ/8ᴼ
0.0
82%
992

Атина

18ᴼ/15ᴼ
4.47
77%
1014

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
88%
1014

Подгорица

20ᴼ/12ᴼ
3.09
67%
1014
Currency

61.2805

Currency

57.4517

Currency

71.7565

Currency

37.2011

Currency

41.9514

Currency

62.8245

Currency

7.98119

Currency

0.61836

Currency

0.36624

Currency

0.52619

Currency

1.78227

Currency

0.69237

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

609919 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

847 $

Злато

73410 $

Бакар

9 $

Паладиум

30352 $

Платина

30024 $

Родиум

151607 $

Цинк

94027 $