Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во собраниската расправа за измените на законите за основното и средното образование предупреди дека најавената оптимизација во образованието не смее да се спроведува на сметка на наставниците и професорите. Тој оцени дека илјадници просветни работници се соочуваат со неизвесност за своите работни места, додека, како што рече, Владата не покажува подготвеност да ги намали сопствените трошоци и привилегии. — ...
Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. — реклама — — реклама — Како што информира ЈП „Македонијапат“, прекинот е предизвикан поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, поради што е оневозможено нормалното одвивање на сообраќајот. — реклама — — реклама — Надлежните служби се на терен и се очекува дополнителна информација за тоа кога ...
Растуреното срце по раскинувањето често ги наведува луѓето на необични постапки – од следење на поранешниот партнер на социјалните мрежи до објавување содржини со надеж дека тој или таа ќе ги забележи. Според новото истражување на апликацијата „Хинт“, голем дел од возрасните и по раскинувањето продолжуваат да размислуваат како нивните поранешни партнери би реагирале на важните настани во нивниот живот. — реклама — Истражувањето покажало дека ...
Напорите за повторно воспоставување на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец се прекинати откако товарен брод бил погоден во, како што се сомнева, напад со дрон. По инцидентот, поморската агенција на Обединетите нации ја суспендираше евакуацијата на илјадници морнари кои се заглавени во областа, додека американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за кршење на примирјето. Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ напиша дека ...
Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека во рамки на нова 40-дневна операција на Крим, нејзините беспилотни летала погодиле руски помошни воени бродови во изградба и противвоздушен систем С-400 во окупираниот Керч. Според СБУ, операцијата има за цел да ја намали способноста на Русија да го користи Крим како воено и логистичко упориште, а била одобрена од украинскиот претседател Володимир Зеленски. — реклама — Како што ...
Земји од источното крило на НАТО предупредуваат дека Русија би можела да подготвува провокации насочени кон балтичките држави или Полска, со цел да го тестира единството на Алијансата, објави „Гардијан“. — реклама — Летонската разузнавачка служба соопшти дека постојат индиции оти Москва подготвува можни воени провокации против балтичките земји или Полска, но нагласи дека не станува збор за подготовка на целосен воен напад. Слични ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги оцени како „невкусни“ неодамнешните изјави на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој негираше дека меѓу Москва и Вашингтон бил постигнат каков било договор за Украина на минатогодишниот самит на Алјаска. Во писмено соопштение на руското Министерство за надворешни работи, Лавров изнесе детали од американско-рускиот самит, одржан во Енкориџ во август минатата година, на кој ...
43-годишен маж од Скопје е лишен од слобода под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи. — реклама — Како што соопшти МВР, на 25 јуни во 06:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Т. (43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена. — реклама — — реклама — Според пријавеното, жената три дена престојувала во ...
42-годишен жител на Виница е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. — реклама — Како што соопшти МВР, на 25 јуни во 19:45 часот, полициски службеници од ОВР Виница го привеле С.А. (42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава. — реклама — — реклама — Според пријавеното, тој во семејниот дом во Виница физички ги нападнал неговата сестра, внука и татко. — реклама — По целосно ...
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот филипински остров Минданао, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). — реклама — Според податоците на центарот, земјотресот бил регистриран на длабочина од 29 километри, пренесува Ројтерс. — реклама — — реклама — Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. — реклама — Надлежните служби ја следат ...
На 25 јуни околу 20:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на тротоар на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу електричен тротинет управуван од 14-годишник од Тетово и детски тротинет што го управувало четиригодишно дете, кое било во придружба на родител. — реклама — — реклама — Во незгодата, четиригодишното дете се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово. — ...
Две млади лица денеска беа забележани како возат електрични тротинети по обиколницата кај делницата Радишани – Ѓорче Петров. — реклама — — реклама — Видеото отвора прашања за безбедноста, имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентен патен правец на кој се движат возила со голема брзина. — реклама — — реклама — View this post on Instagram Две млади лица денеска беа забележани како возат електрични тротинети по обиколницата кај ...
Група мајки кои се на породилно отсуство преку отворено писмо реагираат на, како што велат, постојаното доцнење на исплатата на породилните надоместоци и бараат поголема одговорност и навремена исплата од надлежните институции. Тие посочуваат дека исплатите секој месец доцнат, а датумот на исплата е непредвидлив и постојано се поместува. — реклама — „Нема никаква предвидливост, нема информации, ниту одговорност. Кога ќе се обратиме до ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно 660 украински беспилотни летала, што претставува еден од најголемите регистрирани напади од почетокот на војната. Според руските власти, дроновите биле соборени над повеќе од десет региони, меѓу кои Московската област, анектираниот Кримски Полуостров, како и над акваториите на Црното и ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денес (26 јуни) дел од Општина Кисела Вода ќе остане без електрична енергија. — реклама — — реклама — Без струја во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ – крак 10, на подрачјето на Општина Кисела Вода. — реклама — — реклама — Од ЕВН апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради санација на два затворачи со профил Ф-400 и Ф-500 милиметри, доколку се исполнат техничките услови, дел од Општина Карпош ќе остане без вода. — реклама — Прекинот во водоснабдувањето е најавен за денес, 26 јуни, со почеток од 18:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата. — реклама — Без вода ќе останат корисниците од улицата „Никола Парапунов“, како и дел од жителите на улиците ...
Преку единствениот број за итни случаи Е-112 денес е добиена пријава за пожар на гуми во скопската населба Бутел, во близина на обиколницата, на потегот кај улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ и клучката Радишани. — реклама — По добиената пријава, веднаш е известена Бригадата за противпожарна заштита, која треба да интервенира на терен. — реклама — — реклама — Засега нема информации за евентуално проширување на пожарот или за причинетата ...
Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека брод бил нападнат на околу 7,5 наутички милји од брегот на Оман. — реклама — Според информациите, пловилото било погодено од неидентификуван проектил во десниот дел, при што бил оштетен командниот мост. — реклама — Во нападот нема повредени членови на екипажот, а не е регистрирано ниту загадување на морето. — реклама — Инцидентот се случил само неколку часа откако Иран ...
Четириесет и двегодишен жител на Скопје бил повреден во напад што се случил синоќа на подрачјето на Бит Пазар. — реклама — — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни 2026 година околу 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице со остар предмет го нападнало Е.А. (42) од Скопје и му нанело повреда. — реклама — — реклама — Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и ...
Педесет и осумгодишен жител на гостиварското село Дебреше е пријавен за исчезнат, откако се оддалечил од својот дом, информираат од СВР Тетово. — реклама — Според информациите, на 24 јуни 2026 година во 15:30 часот во ОВР Гостивар, М.Ш. (54) од село Дебреше пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.Ш. (58) од истото село. — реклама — — реклама — Како што соопштија од полицијата, исчезнатото лице имало здравствени проблеми. — реклама ...
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци синоќа лишиле од слобода 30-годишен жител на Кавадарци, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога. — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни околу 20:30 часот бил приведен Н.Р. (30) од Кавадарци. — реклама — При претресот, извршен врз основа на судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во четвртокот предупреди дека секој транзит низ Ормускиот теснец мора да биде одобрен од иранските власти, заканувајќи се со „соодветни мерки“ против бродовите кои нема да ги почитуваат новите правила. — реклама — Прашањето за идниот режим на пловидба низ Ормускиот теснец останува една од главните спорни точки во разговорите меѓу Техеран и Вашингтон. Иран разгледува можност за воведување ...
Градските власти информираат дека викендов ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви и возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје. — реклама — Акцијата ќе се реализира на 27 јуни (сабота) и 28 јуни (недела), во раните утрински часови. — реклама — — реклама — Надлежните апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата. — реклама — ...
И покрај изјавите за подготвеност за мировни разговори со Украина и Западот, рускиот претседател Владимир Путин и високите претставници на Кремљ и натаму инсистираат на исполнување на своите првични воени цели, кои според аналитичарите на американскиот Институт за проучување на војната во суштина подразбираат капитулација на Украина. Во најновата анализа, Институтот за проучување на војната наведува дека Путин повторно изјавил дека Русија е ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека резултатите на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период покажуваат значителен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека поднесената интерпелација нема основа во реалните показатели. — реклама — „Кога ќе ги погледнеме резултатите на Министерството за внатрешни работи за 2024, 2025 и 2026 ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Л. (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2025 година, пријавениот, во својство на инвеститор, изведувал градежни работи на парцели во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Тетово. — реклама — — реклама — Како што ...
На 23 јуни во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот П.А. од Тетово, по претходна пријава од неговиот 60-годишен татко. — реклама — — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на улицата „108“ во Тетово, каде според пријавата, П.А. во дворот од семејната куќа агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и упатил закани кон својот татко и неговата ...
Според најновото соопштение на Народната банка на Република Македонија, бруто надворешниот долг на земјава на крајот од првиот квартал на 2026 година достигнал 12,943 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра во однос на претходниот квартал. — реклама — Од Народната банка информираат дека бруто надворешниот долг изнесува 70,5 проценти од проектираниот бруто-домашен производ за 2026 година. Најголем дел од кварталното ...
Полициски службеници од ОВР Кочани вчера попладне лишиле од слобода 37-годишен жител на Кочани, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана. — реклама — — реклама — Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 23 јуни во 16:25 часот бил приведен К.И.(37) од Кочани. При претресот, кој бил извршен врз основа на судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. — реклама — — реклама — Лицето е ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес, 24 јуни, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во скопската општина Студеничани. — реклама — — реклама — Станува збор за корисниците од селото Студеничани, поточно во делот спроти „Волталед“. — реклама — — реклама — Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите активности во периодот на прекинот на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија АД информираат ...