Ни претстои потопло време, а многу родители се прашуваат како да го облечат своето бебе пред спиење за да не му биде студено, но не и премногу топло.

Бебињата не се толку добри во регулирањето на сопствената телесна температура како возрасните, затоа родителите треба да внимаваат да не се прегреат. Прегревањето е поопасно од чувството на мал студ.

Се препорачува собна температура од 16 до 20 степени, а како што велат експертите, идеални се 18 степени. Температурата на просторијата не е лесно да се процени, па затоа најдобро е да набавите собен термометар.

Колку слоеви треба да носи бебето за да спие пријатно на ова топло време?

Под претпоставка дека вашето бебе носи пижами, еве водич за бројот на слоеви што ќе му бидат потребни, во зависност од температурата во просторијата.

– Под 12 степени: 1 чаршаф и 4 слоја прекривки

– Под 16 степени: 1 чаршаф и 3 слоја прекривки

– Под 18 степени: 1 чаршаф и 2 слоја прекривки

-Од 20-22 степени: 1 чаршаф и 1 слој прекривка

-Од 23 степени нагоре: 1 чаршаф

Што ако немам собен термометар?

Ако вам ви е жешко, ќе му биде и на вашето бебе. Спијте во она во што ви е удобно и додајте дополнителен слој за вашето бебе.

Значи, ако вам не ви требаат прекривки, на вашето бебе веројатно му треба само една. Ако спиете голи, тогаш на бебето ќе му бидат доволни бебешки пижами и не е потребна прекривка. Во многу топли услови, на вашето бебе можеби нема да му треба ништо.

Прегревањето може да го зголеми ризикот од СИДС (Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња), но тоа не значи дека треба да се грижите за летните ноќи. Истражувањата покажале дека бебињата почесто се прегреваат во студените денови бидејќи тогаш родителите претеруваат со облекувањето на децата.

„Со прекумерно завиткување, на вашето бебе тешко ќе му биде да се излади и може да биде под топлотен стрес. На бебињата навистина не им треба повеќе облека отколку на возрасните на топло време“, велат експертите, додавајќи дека исто така е важно вашето бебе секогаш да спие на грб.

„Една од можните причини зошто бебето што спие на стомак има поголем ризик од СИДС е тоа што на тој начин потешко се ослободува од топлината. Кога е премногу топло, луѓето обично спијат на грб бидејќи така полесно се ладат“.

Автор: Радмила Илиќ

Извор



912

X