Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека секој нов руски напад врз Украина е дополнителна причина Европа да го зголеми притисокот врз Москва. Калас на Икс напиша дека Европската Унија, како одговор на неодамнешната серија руски воздушни напади, усвои нови санкции против пет лица поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс. „Со армија заглавена на бојното поле, Москва ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски допатува во Белград во својата прва историска посета на Србија од почетокот на руската инвазија. Српскиот претседател Александар Вучиќ приреди неформална свечена вечера во негова чест. „Пристигнав во Србија со мојот тим. За денес и утре се закажани важни разговори – со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут. Ќе разговараме за проширување на економските врски меѓу нашите земји, односите ...

Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. „Бајки од Македонија“ на „Браво сине!“ станува лектира Покрај тоа, преку оваа соработка, „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ придонесоа за градење на читачки навики кај младите, што е исклучително значајно во дигиталната ера. Движењето за поддршка на креативноста – „Браво ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија „30 години Општина Вевчани“. – За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка. Како членка на вевчанската Академија за убави уметности, уште во деведесеттите ...

Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза. Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 15 ...

Македонија ќе добие современ национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Андоновски, денес државните информациски системи и ...

Без посебен повод, со музика, добра енергија и искрени насмевки, парови спонтано заиграа танц, претворајќи го градскиот плоштад во место исполнето со љубов, радост и заедништво. Овој прекрасен момент уште еднаш покажа дека најубавите спомени се создаваат токму тогаш кога луѓето ќе се препуштат на мигот и ќе дозволат срцето да го води чекорот. Без посебен повод, со музика, добра енергија и искрени насмевки, парови спонтано заиграа танц, ...

Слатка, сочна и богата со хранливи материи, таа со илјадници години е дел од исхраната, културата и традицијата на народите околу Медитеранот. Археолошките истражувања покажуваат дека смоквите се одгледувале уште пред повеќе од 11.000 години, што ги прави едни од првите култивирани овошја во историјата. Тие се споменуваат во Библијата, во старогрчката митологија и во древниот Египет, каде биле симбол на плодност, изобилство и долговечност. Во ...

Додека Корејскиот Полуостров го погодува топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините, а Ким Џонг Ун го прикажуваат како лидер кој ги поднесува тешките услови заедно со својот народ. Државната телевизија вчера јави дека температурата достигнала 36,7 степени Целзиусови, што е највисока температура откако во земјата се води евиденција за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино во Општина ...

Со богата културна, духовна и научна програма, од денес до 9 август, Охрид ќе ги одбележи 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Свеченостите се организираат од Општина Охрид, а ќе се одржат на повеќе локации во градот, со учество на истакнати научници, уметници, музичари и духовници. Програмата започнува вечерва (5 август) со отворањето на Интернационалниот хорски ...

Битола летово добива нов фестивал посветен на еден од најпрепознатливите звуци на старото градско живеење – чалгијата. Од 14 до 16 август, Старата битолска чаршија ќе се врати во времето на боемите, пајтоните, староградските носии и чалгиските оркестри. Во организација на Културно-информативниот центар, а во рамките на БИТ ФЕСТ 2026, за првпат ќе се одржат „Битолски Чалгиски Денови“. Идејата е чаршијата три дена да стане голема жива сцена. ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера извршија службен разговор со Г.Л.(39) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека не го почитувал решението од Основен суд Неготино и во угостителски објект во Кавадарци и се заканувал и не и дозволувал да биде со нејзиното малолетно дете. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти денеска ...

Поп-ѕвездата Здравко Чоли признава дека неговите две ќерки се разгалени и оти во тоа и тој има вина. Не сум премногу дисциплиниран, но сум кога треба. Постојано им го кажувам тоа на моите деца, знаете… Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално… Па, и јас би бил разгален да бев на нивно место. Очекував повеќе од нив, зн… – рече Здравко Чолиќ. Сопругата на Александра е таа што е повеќе посветена на одгледувањето на нашите деца, јас сум многу ...

Во Црна Гора стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за младите возачи и корисниците на електрични тротинети, повисоки казни и проширени овластувања на полицијата и општинските служби, јави агенцијата МИНА. Една од најзначајните измени се однесува на возачите на возраст од 18 до 21 година. Тие нема да смеат да управуваат моторни возила од полноќ до пет часот наутро, ...

Германскиот Совет за национална безбедност одржa седница по инцидентот во кој на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон со експлозивна направа, додека истрагата, поради значењето на случајот, ја презеде Сојузното државно обвинителство. Со седницата претседаваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој се наоѓа на одмор, а портпаролот на Владата, Штефан Корнелиус, соопшти дека канцеларот е во постојан контакт со министерот за внатрешни ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница го усвои Роковникот за предвремените избори за градоначалник во Брвеница и избра претседател, заменик претседател и членови на Општинската изборна комисија. Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша изборите за градоначалник за 18 октомври откако неодамна ненадејно почина првиот човек на општината Јовица Илиевски. Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на седницата истакна ...

Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека бугарското општество и институциите не прифаќаат никакви манифестации на ксенофобија, расизам и антисемитизам и оти бугарскиот народ низ вековите ја докажал својата толерантност кон различните етнички и верски заедници. Тој потсети и на спасувањето на бугарската еврејска заедница за време на Втората светска војна, оценувајќи дека тоа претставува морален пример за Европа. Радев во обраќањето заборави ...

Генералниот директор на „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, е прогласен за персона нон грата и му е изречена трајна забрана за влез во Косово, објави регионалната телевизија Н1, повикувајќи се на документ во кој имала увид. Според Н1, косовското Министерство за внатрешни работи го прогласило српскиот државјанин Владимир Лучиќ за непожелно лице и му забранило трајно да влегува, транзитира и престојува во Косово, повикувајќи се на неговите јавни ...

Пакистан, Турција и Саудиска Арабија потпишаа широк заеднички одбранбен договор во услови на растечки тензии во Заливот, се наведува во соопштение на пакистанското Министерство за надворешни работи и извештајот на саудиската државна агенција СПА. Агенцијата ДПА известува дека лидерите на трите земји, на самит во Мека го потпишале „Заедничкиот одбранбен договор од Мека“, што значи дека секој вооружен напад врз една од трите држави би се сметал ...

Шпанија ја предупреди Италија дека ќе преземе реципрочни мерки доколку Рим до 9 август не ги укине граничните контроли за патниците од Шпанија, воведени поради мигрантската криза во Сеута, објави бриселскиот портал „Политико“. Италија повторно воведе гранични контроли со Шпанија на 1 август, привремено суспендирајќи ја примената на Шенгенскиот договор, кој овозможува патување без пасош низ 29 европски држави. Италијанскиот министер за ...

Гледајќи ја понудата во салоните денес, цените на новите автомобили на европскиот и домашниот пазар се зголемија до тој степен што веќе заборавивме што можеше да се купи пред пандемијата. Додека најевтините градски модели се опасно блиску до 20.000 евра, италијанскиот портал „AutoEveryeye“ направи интересна анализа и нè потсети што можевме да добиеме од салонот за 10.000 евра само пред десет години. Меѓу најпристапните беше Дачија Сандеро, ...

Претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ, изјави дека европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот транспорт од ...

Седум земји членки на Европската Унија, меѓу кои Франција и Шпанија, ја критикуваа Словенија поради одлуката да го блокира именувањето на поранешната министерка за надворешни работи, Тања Фајон, за специјална претставничка на ЕУ за регионот Сахел во Африка, објави „Еурактив“, повикувајќи се на дипломатски извори. Според порталот, Фајон, членка на Социјалдемократите, минатиот месец во последен момент била спречена да биде именувана на високата ...

Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EEС) кога поради големиот број патници доцнењата на летовите стануваат предолги – објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога обемот на патувања е најголем, поради што повремено се ...

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. Отворањето на овој сегмент го ...

За време на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, ФБИ имаше посебен Меѓународен центар за полициска соработка. Во центарот седеа американски агенти и полицајци од земјите учеснички, вклучувајќи ги и шпанските службеници. Нивната задача беше да ги следат сите закани во реално време, од терористички најави, преку агресивни навивачи, до напади насочени директно кон фудбалерите за време на Светското првенство. Ексклузивен увид во дневните ...

Момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што околу пладне се случи на улицата „Радишанска“ во скопската општина Бутел. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот. Денеска во 12:12 часот е пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без ...

Со помош на дронови и современи технолошки алатки како дел од системот на контроли за зајакнување на теренските инспекции со цел брзо откривање на прекршувања, низ цела Грција биле спроведени над 1.500 инспекциски контроли на повеќе од 300 плажи и во 450 бизниси во рамките на примената на законската рамка за заштита на крајбрежјето и плажите и обезбедување слободен пристап за граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Генерално, како што ...

Општина Карпош соопшти дека продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. Како што информираат од општинската прес-служба, во изминатиот период се работело во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Како што посочуваат од локалната власт, реконструирани се детските реквизити, поставен е нов ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.42
74%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.02
78%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.88
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.63
94%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.32
65%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
72%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.04
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15