Родителите кои често ги критикуваат своите деца не сфаќаат дека им прават многу повеќе штета отколку корист. Имено, група невролози од Универзитетите во Питсбург, Калифорнија-Беркли и Харвард решиле да истражат како родителската критика влијае врз тинејџерите, поточно врз нивниот мозок. Во студија во која учествувале 32 тинејџери и 22 тинејџерки, научниците дошле до неверојатно откритие.

Истражувачите се фокусирале на три одредени мозочни мрежи во тинејџерскиот мозок, а тоа се подрачја кои претходно биле поврзани со обработка на негативни емоции, области вклучени во регулација на емоциите и таканаречени нервни области вклучени во разбирањето на перспективите на другите луѓе.

Тие погледнале колкава активност настанала во овие области кога тинејџерите ги слушале нивните родители, особено нивните мајки, како ги критикуваат, во споредба со периодот кога ги слушале нивните мајки како зборуваат за „неважни“ работи, како што е на пример купување намирници. Тие, исто така, проверувале дали некои промени во активноста на мозокот продолжуваат и потоа.

Како што покажале резултатите, кога тинејџерот ќе ја слушне критиката на родителот, неговиот мозок буквално се исклучува на неколку моменти. Имено, при слушањето на критиките, мозоците на тинејџерите покажале поголема активност во областите вклучени во негативни емоции, но и значително намалена активност во регионите вклучени во размислување, емоционална контрола и заземање на туѓото гледиште.

Извор



912

X