
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денес беше отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе. Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Германија, Италија ...
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги” по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека ...
Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2025/2026 година, пополнети се само 128 од предвидените 272 ученички места. -Во нашата образовна институција во двете пријавувања, од првиот уписен рок од предвидените 204 ученички места пополнети се 105. Гледано одделно по наставен јазик, на македонски се 23 од предвидените 68, додека на албански 82 од предвидените 136 ученички места, ...
Министерот за јавна администрација Александар Минчев, денеска на прес-конференција по повод една година од формирањето на Министерството, ги презентираше клучни резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор. – Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за ...
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт. Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој ...
СДСМ денеска реагираше на изјавите на еврокомесарката Кос, нагласувајќи дека македонскиот јазик и идентитет се недвосмислено признати од Европската Унија, согласно сите досегашни договори и документи потпишани меѓу Македонија и ЕУ. „Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено – а тоа е дека македонскиот јазик и идентитет се неспорни факти. Ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде ...
Нов производствен капацитет вреден над два милиони евра беше свечено отворен денеска од фармацевтската компанија „Реплек“. Станува збор за високи технолошко и квалитетно решение, со висока продуктивност, со кое како што посочи генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ќе се зголеми капацитетот на компанијата и нејзиното прилагодување на пазарите, а цврстите форми кои ги произведува компанијата ќе се зголемат за 25 проценти. -Ова е ...
ВЛЕН ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението. -Причина за пријавата е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа фалсификување на резултатите од Пописот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека растот од 9,4 отсто на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9 отсто на преработувачката индустрија во мај е нешто коешто навистина е многу важно за македонската економија -Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега ...
Вчера вечерта во Скопје се случила сообраќајка во која скопјанец го загубил животот. -На 01.07.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова” во Скопје, мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од ...
САД ја запреа испораката на дел од ракетите за воздушна одбрана и друга муниција во Украина поради загриженост дека американските залихи се премногу мали, изјавија вчера две лица запознаени со одлуката. Забавувањето на дел од испораката на оружје што ѝ го вети администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на Украина се случи во последните денови, велат изворите, додавајќи дека меѓу доцнењето на испораките имало пресретнувачи ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. ...
Премиерот Христијан Мицкоски беше кристално јасен, нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња која е најголемото богатство што го имаме како држава, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, за жал, и во ...
Народот гледа дека оваа Влада се бори сето кое што го распродаде лесно и евтино претходната влада да го поврати, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека опозицијата „нема легитимитет ниту поддршка од народот“ да зборува за широк национален консензус за евроинтеграциите. Според Мицкоски, додека власта повикува на таков консензус со месеци, опозицијата не бира средства како „позади грб да стават нож во грб“. – Ние повикуваме на таков ...
Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро. -За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП ...
Изјавата на еврокомесарката Марта Кос, во која македонскиот идентитет се сведува на „манастири, погача, пинџур и полнети пиперки“, го оценуваме како релативизирање и обезвреднување на националниот идентитет на македонскиот народ. Со давањето фолклорна карактеристика на националниот идентитет, претставничката на ЕУ се обиде да го алинеира идентитетот од неговиот историски, национален, политички и државотворен карактер, односно од неговите ...
Полицијата вчера после полноќ го лишила од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица кој се сомничи за „безобѕирно управување со моторно возило“ бидејќи кај него биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта при сообраќајна контрола. -На 02.07.2025 во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во синоќешното гостување на подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува – Една година Влада“, презентираше значајни постигнувања и планови во областа на дигитализацијата, со фокус на подобрување на пристапот до јавните услуги и зголемување на ефикасноста. Од неговото стапување на функцијата, како што истакна, се воведени 120 нови дигитални услуги, што резултирало со зголемен број на месечни корисници ...
Силната бура што го погоди Сиднеј два дена по ред, денеска соборуваше дрвја, оставајќи илјадници домови без електрична енергија и принудувајќи ги домашните авиокомпании да откажат десетици летови. „Квантас ервејс“ и „Вирџин Австралија“, двете најголеми авиокомпании во Австралија, заедно откажаа најмалку 55 домашни летови, според податоците од онлајн порталот на аеродромот. Некои меѓународни летови исто така беа одложени. Australia’s east coast ...
На високи температури не е добро да го паркирате автомобилот било каде. Најдобро е да го паркирате на површина што нема лесно да се запали, а тоа значи никако не го паркирајте на трева, особено ако е сува. Во лето под хаубата, можни се температури до 100 степени Целзиусови. Оваа топлина не е добра ниту за вашиот автомобил: може да ги нападне чувствителните компоненти како полупроводници, кои не се дизајнирани за такви температури, туку само за ...
Остануваат уште две недели до 14 јули, кога почнуваат летните распродажби. Како што е најавено, ќе траа до 31 август. Во соседна Грција, каде недела е неработен ден секаде, вклучително и во моловите, продавниците ќе бидат отворени и во недела, 20 јули, со работно време од 11:00 до 18:00 часот. На трговците ќе им се даде можност да ги држат своите продавници отворени до 20:00 часот, доколку сакаат. Со оглед на летните распродажби, Организацијата ...
И откако Молдавија стана земја кандидат во моето портфолио, помагаме да се спречи рускиот наратив што вели дека ќе го изгубат идентитетот. Идентитетот не може, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во ...
Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански. -За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото ...
Вооружени престрелки, тепања, закани и изнуда активност на криминална група, фокусирана на контрола на продажните места на лукумадес на популарните плажи во Ситонија, на вториот крак од Халкидики. „Лукумадес мафија“ во Ситонија беше разбиена, а вчера 42-годишен маж беше испратен во затвор откако беше осуден на вкупно 16 години затвор. Апелациски суд за кривични дела во Солун, го осуди лидерот на криминална група која вршела изнуда за контрола на ...
Научниците од лабораторијата за роботика при Националниот универзитет за одбранбена технологија (NUDT), кој се наоѓа во централната кинеска провинција Хунан, неодамна претставија мал дрон во форма на инсект, погоден за мисии за надзор и извидување. Дронот беше претставен на јавноста преку воената телевизиска програма CCTV 7 и изгледа речиси… живо: има крилја што треперат како инсекти, нежни нозе како влакна и силно наликува на вистински комарец. ...
Луѓето, кои мислат пред сѐ на себе, често ги користат овие 12 реченици и изрази, без да го осознаат тоа. Самобендисаните или, модерно наречени „самоапсорбирани“ личности се оние кои „прекумерно“ си се сакаат себеси и, се чини, сè и сенешто, секогаш го пренасочуваат кон своите мисли, потреби и чувства. Група психолози говорат за таа појава во интервју за „Парејд“ (Parade). – Да се биде „самоапсорбиран“ не е исто со „самоуверен“ или „самосвесен“. ...
Видео кое беше објавено во последниве часови, на кое Џорџија Мелони прави гримаси на маргините на самитот на НАТО, што се одржа во среда во Хаг, стана вирално на социјалните мрежи. Италијанската премиерка, која… има историја на правење чудни изрази на лицето во јавноста, стои пред камерите за да одговара на прашањата на новинарите, а кога ќе почне да го прави тоа, се грижи да ги… придружи своите коментари со гримаса! Погледнете го видеото: ...
Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена. Ова го истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања, по денешната прес-конференција. Во моментов имало недостаток од два генерички лекови на клиниката, едниот бил за широка употреба за повеќе состојби на рак, а едниот за дел пациенти со рак на белите ...
Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица. Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправност на водата, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов во објава на својот фејсбук профил. Костадинов ја објави пресудата на Апелацискиот суд од Штип и ...
Два земјотреси со јачина од 3,9 степени и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во близина на градот Бурса, северозападна Турција, јавија турските медиуми, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби. Според локалние власти, во моментов нема информации за причинета материјална штети или повредени во земјотресите. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека екипи од ...