Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Ви се обраќам за совет за мојот внук. Сега има 4,5 години и има отпор кон сѐ што е надвор од домот. Неговите родители се разведени. Треба да оди кај татко му два пати во неделата, но сега одбива. Го запишаа во градинка, но ...

Глобалната мрежа „World of Statistics“ објави листа со земји и бројот на денови на платено породилно отсуство во нив. Според податоците на глобалната мрежа, Сан Марино е на врвот на листата, каде што новите мајки добиваат дури 635 дена платено породилно отсуство. Зад Сан Марино е Бугарија со 410 платени дена. Хрватска е на шестото место. Третото место го делат Албанија и Босна и Херцеговина со 365 дена. И Албанија и Босна и Херцеговина ...

Секогаш слушате дека не е лесно да се грижите за бебе, дека ќе ви биде тешко, дека треба да се грижите за толку многу работи, но сепак си мислите дека ќе се снајдете прилично лесно. И тогаш доаѓа бебето и вашата почетна самодоверба едноставно паѓа во вода. Го гледате тоа кревко, мало суштество, и покрај силните мисли за љубовта кон него, низ главата ви поминуваат сосема неочекувани мисли – па, сето тоа се сведува на фактот дека сакате да го ...

Диететичарката Џенифер Андерсон најчесто од родителите го добива прашањето – како да препознаат дали нивните деца ги добиваат сите хранливи материи што им се потребни. „Жална вистина е дека многу деца не добиваат соодветни количини на хранливи материи кои се од витално значење за растот, превенцијата од хронични болести и целокупното здравје“, пишува Андерсон. Децата имаат проблеми со внесот на растителни влакна и калиум, но хранливата состојка ...

Американски полицаец кој разменил алки за пријателство со 7-годишно девојче стана тик-ток ѕвезда. Скарлет Вуд стоела во ред и чекала да влезе на концертот на Тејлор Свифт во Детроит кога здогледала полицаец со шарени алки на неговите зглобови. Таа отишла и го прашала дали сака да се замени со неа. Семејството на Скарлет го снимило моментот и го објавило на „Тик-ток“ кога полицаецот воодушевено се согласува и се наведнува за девојчето да погледне ...

Со почетокот на летниот распуст родителите се пред уште една дилема: што да правам за моето дете да не поминува часови пред екраните, во отсуство на алтернативни активности за пополнување на времето? Денес, дури и ако излезат надвор, децата седнуваат на клупа и ги вклучуваат телефоните. Во дигиталната ера, колку и да сте добар пример за детето, тешко е да се избега од силното влијание на групата врсници. Најдоброто решение за распуст без екрани ...

Поради најавените високи температури од портокалова фаза, Владата усвои препораки и одлуки за намалување на ризиците од високите температури. Така, Владата препорачува најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, да бидат ослободени од работни обврски и во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата му препорачува на ...

Тајлер Сатон, полицаец од Масачусетс, САД, е уништен по смртта на неговата сопруга. Аријана Сатон си го одзела животот по девет дена откако родила близнаци. Уште по раѓањето на првото дете, пред четири години, Аријана доживеала постпородилна депресија. Поради ова, Тајлер бил нервозен и претпазлив, но и оптимист. „Да се биде мајка ѝ беше омилена работа, па мислев дека е доволна само претпазливостa“, изјавил тој. И покрај тоа што секоја недела ...

Шефицата на педијатрија во Виноградската болница во Загреб, д-р Орјена Жаја, ги советува родителите кои летуваат на Јадранот да не ги изложуваат на сонце децата до три години во период од 11 до 17 часот. Во тоа време треба да престојуваат под дебела сенка, вели таа. Открила и дека сончевиот удар можете да го препознаете по симптомите: поспаност, грчеви или пецкање во телото, главоболка и општа летаргија. Таа повикува на посебна претпазливост при ...

Иако кога бевме деца поголемиот дел од летото го поминувавме со нашите баби и дедовци, стилот на воспитување денес е променет. Тоа најдобро го докажува дискусијата што се одржа на „Редит“ откако еден корисник опишал ситуација од негова околина. „Бабите и дедовците живеат покрај море. Кога завршува училиштето, внукот останува со нив цело лето, додека разведените родители одат на годишен одмор на море и во странство со новиот партнер, без детето. ...

Како родители, секогаш се трудиме да одгледуваме среќно и мирно семејство. Но, тоа не е лесна задача поради големите обврски. Потребно е многу вежбање и трпение. Ниту еден родител не е совршен. Она што е важно е да се стремиме да бидеме подобри додека минуваме низ животот и ги учиме животните лекции. Еве неколку едноставни совети кои можете да ги примените за да станете посреќен родител. -Бидете задоволни со тоа што го имате. Ако мислите дека ...

Изум за сите родители што мака мачат да постигнат баш сѐ со своите бебиња. Генијално решение за одвлекување на вниманието на бебињата, со цел родителите брзо и соодветно да променат пелена или да го пресоблечат детето, без никакви пречки. Станува збор за тропалка која родителите може да ја стават на својата глава, па додека ги извршуваат обврските, детето ќе се фокусира на играчката. За што станува збор, погледнете во следното видео. Извор ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми е прво одделение, за учење има интерес, не му е тешко и пишува домашни. Проблемот е во тоа што на училиште сака да седи само со машките деца, со девојчињата не сака и дури ако го премести учителката, плаче, вели дека ...

Многу мајки постојано се возат со своите деца, не само до градинка или активности, туку и до родендени, патувања или забавни места. Затоа треба да знаете што секогаш треба да имате во вашиот автомобил. Влажни марамчиња, играчки, резервни пелени, цуцли, сите овие ситници би можеле да ви бидат потребни, а не сте се сетиле да ги ставите во чантата. Погледнете ја листата на работи. Торба за итни случаи Станува збор за чанта која ќе ви биде тука за ...

Менингитисот убива повеќе деца на возраст под пет години од која било друга заразна болест. Можно е да се помеша со грип или некоја друга болест бидејќи многу од симптомите се поклопуваат. Болното дете најчесто има треска, главоболка и исип кој не исчезнува на притисок, а и ќе повраќа. Некои деца може да доживеат чувствителност на силна светлина, вкочанетост во вратот или напади. Родителите може да забележат и дека нивните деца се поспани или ...

Дали на децата денес им се даваат сите права или им се лишени и основните права? Дали е лесно да се биде дете денес, затоа што сите те задоволуваат и ти си на тронот на општеството, или детето денес е само, изгубено и во опасност секој ден? По низата настани што годинава ја потресоа јавноста, не можеме а да не се запрашаме за положбата на децата во нашето општество. – Во принцип, поголемиот дел од земјите се потписнички на меѓународни акти кои ...

Кога станува збор за аутизмот, секој мал напредок е навистина посебен. Една мајка на платформата „Редит“ споделила еден од најубавите моменти во нејзиниот живот. Имено, како што вели таа, на видеото може да се види како нејзиниот четиригодишен син, кој има аутизам, првпат во животот ја нарекува „мама“. Трогателен момент, но уште потрогателна е реакцијата на мајката на аутистичното момче, која ги разнежи луѓето на социјалните мрежи, па не е ...

Никој не сака да биде малтретиран. Сепак, на многу начини тоа е секојдневна активност за сите нас. Сексуалното малтретирање е едноставно продолжување на генерализираното малтретирање, но е фокусирано на „перципираното“ сексуално однесување. За сите форми на малтретирање, за возрасните и особено за децата, постои лесно решение кое не бара да учите нови вештини. Тоа решение е во коренот на нашата човечка природа. Подигнувањето на свеста за нашите ...

Потребата од образовни асистенти во европските држави, но и кај нас е сѐ поактуализирана. Луѓето, особено родителите, ја разбираат и ја прифаќаат нивната улога во образовните установи. Во минатото беше табу-тема и апсолутна стигматизација потребата од образовни асистенти во училиштата. Денес, за среќа, тоа е променето и значително подобрено преку практиката која ни покажува дека присутноста на образовен асистент во секое училиште доведува до ...

Во денешното општество мајките често се соочуваат со критики и осудувања за нивниот избор и постапки кога станува збор за воспитувањето на нивните деца. Без разлика дали се работи за одлуката за ставање обетки на нивното дете, изборот за образование или едноставни работи како хранење и облекување, се чини дека мајките постојано се „под лупа“. Така, една мајка на штотуку родено бебе на нејзиниот тик-ток профил сподели видео во кое го споредува ...

Сакам да патувам, но додека да го поминам обезбедувањето на аеродромот, ми треба да испијам една голема чаша вино, силна прегратка и место за да се одморам кое ќе го добијам веднаш – а можеби и терапевт. Погледот на луѓето кои се движат низ линиите на аеродромот ми предизвикува вртоглавица, а метежот и организациските вештини за справување со моите деца, како и со документите, во комбинација се невозможна мисија. Поднесувањето на сите други ...

Бебињата спознаваат многу работи и учат многу уште пред да се родат, на пример, како да голтаат, можат да цицаат прст, да реагираат на различни дразби, да го препознаат гласот на мајката, разбираат кога кон нив е насочен извор на светлина, се плашат од гласни звуци, ги чувствуваат вибрациите и допирот на стомакот, прават салто кога сакаат да се движи итн. Бебињата ги учат вештините што им се потребни во првите моменти по раѓањето, а ...

И оваа сезона ја носи типичната летна болест. Кај децата на плажите низ Хрватска се појави инфекција позната како импетиго или слатка краста. Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, иако импетиго како инфекција е многу заразно. Имено, честа е во летните месеци, но лесно се дијагностицира. Импетиго како инфекција е предизвикано од бактериите стафилококус ауреус и пиоген стрептокок. Најчесто се јавува кај деца на возраст од 2 до ...

Кога ќе се породите и ќе станете мајка, сите ве напаѓаат со идејата дека треба да одвојувате време за себе. Како треба да се грижите за себе и како тоа мора да ви биде приоритет. Но, често на тоа не обрнувате доволно внимание и не реагирате како што би требало. Згора на тоа, честопати самиот разговор за тоа кај жената создава чувство на срам, како и сомнеж во себе. Иако целта би била да го подобриме нашето здравје, тоа често не се случува токму ...

Кога ќе го кажеме зборот мајка, веднаш ни доаѓа слика со него. Повеќе од веројатно мислиме на жената што нѐ роди. Сепак, постои поширока, помалку клиничка конотација на зборот мајка во неговата глаголска форма. Кога ја прашав мајка ми како научила да биде толку добра мајка кога нејзината мајка била ментално болна, таа ми рече: „Научив што да не правам токму од мојата мајка“. Помош имаше и од нејзиниот посветен партнер, односно татко ми. Во ...

Несоницата е едно од најчестите нарушувања на спиењето, а ако детето има несоница, тоа обично значи дека има тешкотии да заспие или често се буди во текот на ноќта. Исто така, педијатрите објаснуваат дека многу деца со несоница се будат многу порано од нивните врсници. Разликуваме два вида несоница – краткотрајна, која трае само неколку дена или недели, и долготрајна. Долготрајната несоница се дефинира како период во кој детето има проблеми со ...

Децата кои не читаат, освен кога мораат, се четирипати побројни во споредба со ситуацијата пред 40 години, практично една третина. Читањето од задоволство е еден од најважните предуслови за успех во образованието, а само 14% од децата денес го прават тоа секој ден. Зошто е важно децата да читаат дури и кога тоа не е „задолжително“? -читањето од задоволство е поважно за образовниот успех отколку семејниот социо-економски статус. -децата што ...

Го дочекавме и тој ден – свидетелствата се поделени. Оние со сите петки ќе собираат лајкови на социјалните мрежи, а бабите и дедовците ќе дадат пари. Бидејќи, оценките треба да се платат, нели? И, по крајот на учебната година, погледнавме ли како изгледаат очите на нашите деца? Дали се навистина среќни поради успехот или поради оценките? Дали се навистина среќни без разлика на оценките? Важно е летово да размислиме за многу работи… Пофалете го ...

Многу луѓе мислат дека никогаш не би можеле да остават дете во автомобил, но ново истражување покажува дека тоа може секому да му се случи и не е важно дали некој е „добар“ или „лош“ родител. Д-р Дејвид Дајмонд, когнитивен невролог кој ја проучувал улогата на меморијата во таквите трагедии, открива дека огромната количина на стрес со кој се соочуваат повеќето родители на дневна основа ги прави овие типови на губење на меморијата поверојатни. ...

Крем за сончање со СПФ 30 или СПФ 50 и млеко за по сончање со омилените Биби и Боби заедно со Бекутан! Кремовите за сончање ќе ја заштитат детската кожа од силните сончеви зраци и ќе им овозможат безгрижно уживање на плажа. СПФ 30 и СПФ 50 гарантираат ефективна заштита додека ја негуваат детската кожа. И не заборавајте го млекото по сончање што ќе ја освежи нежната кожа по престојот на сонце. Производите може да ги купите на e-продавницата ...

Скопје

14ᴼ/14ᴼ
1.54
82%
1019

Белград

15ᴼ/13ᴼ
8.75
61%
1018

Софија

13ᴼ/11ᴼ
1.03
86%
1024

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
1.78
71%
1024

Љубљана

16ᴼ/10ᴼ
1.03
76%
1006

Атина

19ᴼ/16ᴼ
4.12
77%
1015

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
1.54
88%
1016

Подгорица

16ᴼ/13ᴼ
2.57
77%
1016
Currency

61.2805

Currency

57.4517

Currency

71.7565

Currency

37.2011

Currency

42.0817

Currency

63.1133

Currency

7.94288

Currency

0.61696

Currency

0.36695

Currency

0.52622

Currency

1.77258

Currency

0.68905

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

614469 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

864 $

Злато

74863 $

Бакар

9 $

Паладиум

31158 $

Платина

30479 $

Родиум

151607 $

Цинк

92668 $