Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Младата кошаркарка Ива Колева од Штип и член на ЖКК Тим Арена доби повик во македонската репрезентација до 17 години, која од 19 до 21 јуни ќе настапи на меѓународниот турнир „Рајзинг Старс“ во Букурешт, Романија. Овој повик претставува уште едно големо признание за талентот и напорната работа на Колева, која со своите настапи го привлече вниманието на стручниот штаб на националниот тим. Од клубот со гордост истакнуваат дека Штип и Тим Арена ...
Голем успех за Таеквондо клуб Штип на Европското клупско првенство за деца, кое се одржа на 17 јуни во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина, каде младиот Максим Арсовски го освои сребрениот медал и уште еднаш го потврди својот голем потенцијал. Во исклучително силна конкуренција, со 197 пријави и 144 натпреварувачи, Арсовски демонстрираше одлични борби, дисциплина и шампионски карактер на патот до финалето, заслужено ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, поради сомнение за терористичка организација. Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ширеле ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе ...
Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ. Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни ...
Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, соопшти Град Скопје. На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните. Од Град Скопје посочуваат дека со новата опрема просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители. Паралелно со овие активности продолжуваат ...
„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...
Протест и блокада најавија сточарите од истокот, доколку немаат состанок во владата за 48 часа . Револтирани тврдат оти брутално е намалена откупната цена на млекото за цели 30 проценти. Како што тврдат од Здружението на одгледувачи на говеда „СИМЕНТАЛ“ Делчево, во овие услови со намалена откупна цена, кога дополнително 16 месеци им доцнат субвенциите, фармерите остануваат разочарани, со единственото решение да ги затворат своите штали. ...
На военото стрелиште „Пенуш“ ќе се одржи боево гаѓање со лично и формациско вооружување на 18.06.2026 година . Активноста ќе се реализира во периодот од 08:00 до 16:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Штип. Се замолуваат граѓаните на општина Штип и жителите на околните населени места да не се движат во и околу стрелиштето во наведениот период. „Почитувани, Ве извстуваме дека Секторот за внатрешни работи-Штип ги известува ...
Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во Босилово. Филипче посочи дека е лицемерно ВМРО да зборува за некакво забрзување кога цела држава, вклучително и земјоделството, оди надолу, во пропаст. „Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО, организирана криминална група, слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган ...
Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затворил едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние сега, ...
За влакно е избегната трагедија пред само неколку дена во каменичкото село Косевица, откако приколка натоварена со дрва од опожарената борова шума се откачила од трактор и удрила во гаража на еден од жителите. Жителите предупредуваат дека прашање на време е кога може да има и повредени, бидејќи низ селото секојдневно минуваат претоварени камиони и трактори тешки и до 35 тони, наместо правилото до 10 тони. Тие бараат итна реакција од ...
По вотр пат годинава, Општина Штип распишува јавен повик за доделување стипендии од областа на спортот, како дирекна поддршка на младите и талентирани спортисти во општината. Стипендиите ќе бидат наменети за ученици спортисти, кои активно се натпреваруваат во индивидуалните спортови и ученици спортисти кои се натпреваруваат во екипните спортови. Како што потенцираше советникот Атанас Крстовски, при Општина Штип, ќе бидат сметани резултатите ...
Мотиката останува само во рацете на повозрасните, младите за бавча не сакаат ниту да слушнат. Под жешкото сонце, со пот на челото и крпа околу врат, тие секој ден ги обработуваат своите дворови, садејки домати, пиперки, па дури и краставици. Велат дека не копаат од навика, туку затоа што домашното производство значи здрава и квалитетна храна, но и заштеда од своите пензии. Дополнително велат од производите, на есен прават зимници, со кои ја ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Општата болница во Струмица, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 279.3 милиони денари, а проектот опфати обемни градежни, инфраструктурни и технички зафати за модернизација на болничките капацитети. „Со оваа инвестиција Општата болница ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Босилово, имаше средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која разговраа за моменталната состојба во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче порача дека Владата на ВМРО наместо да биде потпора и да им даде поддршка земјоделците, тие го доведоа земјоделството до изумирање. „Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји. Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на ...
На военото стрелиште „Пенуш“ ќе се одржи боево гаѓање со лично и формациско вооружување на 18.06.2026 година . Активноста ќе се реализира во периодот од 08:00 до 16:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Штип. Се замолуваат граѓаните на општина Штип и жителите на околните населени места да не се движат во и околу стрелиштето во наведениот период. „Почитувани, Ве извстуваме дека Секторот за внатрешни работи-Штип ги известува ...
Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци. Приредувачите ја поздравуваат одлуката да се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа, којшто се заканува да ја урне регулираната индустрија и да ја внесе во црните текови. Предлог-законот за игрите на среќа сериозно се заканува да загрози 80 ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес во Струмица не сакаше да даде каков било одговор на обвинувањата од бугарските политичари дека запалените автомобили на бугарската амбасада во Скопје се атак врз државата, но кажа дека трае распитот на скопјанецот кој ги запали. Тој очекува дека истрагата ќе утврди што стои во позадина на целиот настан. „Ние ако Влада го осудивме тоа, го отфрливме. Она што го направивме како Влада е тоа што веднаш го ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна соработка меѓу Министерството и највисоката научна институција во државата во креирањето на стратешките политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини. На средбата беше ...
Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината – нема реформи, нема напредок, а Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ, сметаат од СДСМ. Од партијата велат дека нацрт-извештајот на Европскиот парламент нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што, како што велат од СДСМ, алармирале цело време. „Нацр извештајот изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, ...
Кој ќе биде сменет, а кој министер од коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ ќе остане на функцијата ќе се преговара викендов. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека средбите се договорени. „Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ“, рече премиерот Мицкоски денес при посетата на општата болница во Струмица. Одговарајќи на новинарски прашања тој кажа дека ВРЕДИ останува коалициски партнер на ...
Како влада нашата задача е да ги испорачаме сите оние обврски коишто сме ги зеле пред граѓаните, многу проекти, секојдневно проекти или почнуваме или завршуваме, сакаме да го завршиме сето она коешто е почнато, тоа што го почнавме исто така да го завршиме да поставиме линија за да знаеме потоа во која насока да се движиме и како општини и како држава, она коешто е за нас поважно, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во ...
Одлуката на Народната банка за зголемување на основната каматна стапка на 4,25% уште еднаш покажува дека товарот на економските ризици се префрла врз граѓаните наместо врз профитите на финансискиот сектор и крупниот капитал. Во услови кога инфлацијата не е доминантно резултат на прекумерна домашна побарувачка туку на недоволно ефикасни политики за регулирање на цените, ефектите од монетарното затегнување остануваат ограничени, сметаат од ...
„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Северна Македонија. На ...
ФК Еуромилк ГЛ ја потврди довербата во тренерот Јован Трајков, кој и во новата сезона ќе го предводи тимот откако минатата година го однесе клубот до шампионската титула и остварување на зацртаните цели. Од Управниот одбор на клубот соопштија дека континуитетот во работата и довербата во стручниот штаб се клучни за понатамошниот развој на Еуромилк, кој од следната сезона ќе настапува во Втората македонска фудбалска лига. Воедно, раководството ...
Денес СДСМ со уште една срамна прес конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, реагираат од Министерството за транспорт и врски, на прес – конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ кој обвини дека власта ќе гради дата центри. „За ...
Вчерашната појава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговите сопартијци, пред споменикот на ваташките младинци, беше суров потсетник на политичкото лицемерие кое со години ја навредува меморијата на македонскиот народ, сметаат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. „Во Ваташа се оди со наведната глава пред жртвата на дванаесетте младинци кои беа стрелани од бугарскиот фашистички окупатор само затоа што ја сакале слободата на ...
Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави присутните на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN), која се одржува во Скопје под претседателството на Израел. Во своето обраќање, министерот посочи дека Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и благосостојба за граѓаните. „Здравствената мрежа ...