Летото значи забава, без сомнение во тоа. Но, каде што има луда забава, секогаш има и тестирање на безбедноста. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го поминете овој тест како од шега.

Како и да е, во лето дефинитивно сакате да поминувате што повеќе време на отворено – на плажа, на игралиште, на базен. Каде и да сте, вашата безбедност нека биде на прво место.

Многу вода

Кога го читате ова, сигурно размислувате: „Зарем тоа треба да се нагласи?“ Нема да верувате, но да. Можеби бебето сè уште не знае како да ве бара или не е навикнато на тоа, но дефинитивно не смее да дехидрира. Заборавете на соковите, понудете му само вода или незасладени пијалаци. Покрај тоа, вашето бебе секогаш ќе биде во центарот на вниманието, па затоа не е лоша идеја да направите потсетник да не ја заборавите вашата редовна хидратација.

Облечете ги децата во широка облека

Помалку ни е жешко во посветла облека бидејќи темните бои посилно ја привлекуваат сончевата топлина. Покрај тоа, колку и да ви изгледа практична облеката која е припиена за телото, на најмалите ќе им биде пожешко во неа. Секогаш избирајте полабава, полесна и поширока облека која ќе му овозможи на телото да дише. Заборавете на бодито и заменете го со маици.

Не оставајте ги децата во автомобил

Не, ова не е повторено доволно пати. Не оставајте дете во автомобил. Никогаш!

Крем за сончање

Ако сте на сонце, не заборавајте на кремот за сончање. И не заборавајте да го обновите кога детето ќе излезе од вода.

Барајте ладовина

Каде и да сте, секогаш запомнете дека вашето бебе мора да биде под сенка, а не изложено на директна сончева светлина. Ладовината може да биде природна, но може да ја обезбеди и чадор или шатор – со УВ-заштита.

Внимателно во вода

Бебето во вода мора секогаш да има заштита што ќе му овозможи да остане на површината. Има многу додатоци за пливање, но не се сите еднакво безбедни. Не заборавајте да ги прочитате сите препораки и одобренија за безбедност на производот. И, без разлика на сè, никогаш не оставајте го вашето бебе без надзор во вода.

Безбедно и во базен

Водата не мора да биде длабока за да биде опасна за детето. Дури и во мал базен во вашиот двор детето никогаш не треба да биде оставено само, без надзор. Исто така, чувајте ги сите хемикалии подалеку од базенот – дури и најмалата количина може да биде опасна за бебето.

Секогаш користете спреј против инсекти

Комарците и другите инсекти се едноставно досадни. И не сакате да ја поминете ноќта утешувајќи бебе кое се буди со плачење затоа што целото тело го чеша… Секогаш имајте со себе спреј против комарци и каснувања и внимавајте да не е штетен на детето.

Кацига на глава

Летните активности на отворено често вклучуваат велосипеди, скутери, ролери. Децата секогаш нека носат кацига кога ги користат. И не очекувајте да ги прифатат тоа ако вие не сте им пример…

Секогаш бидете внимателни

Кога сте на отворено, без разлика каде се наоѓате, треба да ги држите очите широко отворени. Тоа значи дека мобилниот телефон не ви е најдобар пријател додека децата се качуваат по дрвја или возат велосипед низ паркот.

Извор



912

X