Како родител, сигурно се прашувате зошто вашето дете треба да научи да програмира? Можеби нема да сака да стане програмер или неговата професија нема да биде поврзана со ИТ-индустријата? Мало е за да учи вакви сериозни и комплексни работи. Ние во IQ UP! го воведовме програмирањето во нашиот уникатен образовен модел како нова писменост, нов начин или јазик на изразување, алатка за создавање креативни приказни и решенија, начин на организирање, ...

Децата се занимаваат со различни хобија додека растат. Додека некои траат цел живот, други им здосадуваат за неколку недели. Но, постои една работа што можете да му ја подарите на вашето дете сега за да го подобрите здравјето на неговиот мозок во иднина. Според научниците, тоа е да го научите да свири на музички инструмент. Според студија спроведена на Универзитетот „Единбург“ и Универзитетот „Единбург Напиер“, луѓето што свиреле на инструмент ...

Најновите податоци од истражувањето од 2019 година спроведени од „Уницеф“ покажуваат дека 24 отсто од мајките во Србија ги дојат своите бебиња во првите шест месеци. Гордана Племиќ од Здружението на родители во Србија кажува нешто повеќе за овој податок. „Кога велиме 24 проценти, мислиме на ексклузивно доење, тоа е доење до шест месеци кога бебето добива исклучиво мајчино млеко, без никакви други додатоци, значи тој податок се однесува на тој ...

Финската влада претстави план за реформа на образовниот систем во основните училишта, кој треба да се спроведе во следните четири години. Финска има еден од најдобрите училишни системи и сега планира реформи и уште поголеми инвестиции. Во владината програма е наведено дека секој млад човек што ќе заврши основно образование мора да има доволно основни знаења и вештини за средно образование, но наставниците се жалат дека немаат доволно време да ги ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мојот син има 12 години и е многу затворена личност. Не излегува со другарчиња, само седи на компјутер и на мобилен. Си игра со неговата 3-годишна сестра, понекогаш и мора да ја чува додека сме на работа. Се случува да почне ...

Само нека е живо и здраво. Ни поголема вистина ни почеста фраза во нашиот јазик. Кога ќе кажете дека чекате бебе – само нека е живо и здраво. Кога се жалите дека не спие навечер, дека не сака да јаде, дека не сака да оди во градинка, дека сака да биде само со мама – само нека е живо и здраво. Кога ќе останете бремена првпат, ве прашуваат дали очекувате девојче или момче, а вие велите момче, на што ви одговараат: „Ооо, прво па машко!“ Но, ако ...

Познато е дека децата сакаат да редат коцки и на тој начин да прават куќи, кули, тврдини, а со такви играчки учењето станува забавно. Слепите деца и возрасните со слаб вид се потпираат на Брајовото писмо за учење, работа и секојдневниот живот. Наскоро на пазарот ќе бидат достапни детски коцки кои на најмалите деца ќе им помогнат да научат да читаат букви и бројки на допир. Сите знаеме за шарените коцки кои со генерации се составен дел од ...

Една нова студија покажала дека зачестеноста и должината на дремките на детето се показател за неговите когнитивни потреби. Според резултатите од истражувањето, децата што имаат помал речник и послаби когнитивни способности треба почесто да спијат. Студијата опфатила податоци за 463 деца на возраст од осум месеци до три години и покажала дека потребата за сон во текот на денот е показател за когнитивниот развој. Имено, некои деца се поефикасни ...

Доењето е процес на производство на млеко во телото на мајката по породувањето. По породувањето се намалува нивото на естроген и прогестерон, а се зголемува количеството на хормонот пролактин, кој им сигнализира на тие жлезди што се случува и тие ќе почнат да произведуваат млеко. Во анимацијата што ќе ја погледнете е прикажано како бебето е поставено на градите, а со тоа му дава сигнал на мозокот на мајката дека е време за производство на млеко. ...

Општина Карпош соопшти дека и годинава ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение во основните училишта на општината. – Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа досега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужини, постојани реконструкции на училишните објекти – истакнаа ...

Да бидам искрен, не гледам често парови на советување кои имаат само едно дете. Кога го правам тоа, овие парови имаат проблеми кои се подлабоки и долгогодишни. Проблемите што произлегуваат главно од стресот, оддалеченоста, исцрпеноста и незадоволството поради поделбата на трудот на грижата за децата и домашните работи обично се домен на парови со две или повеќе деца. Зошто? Затоа што имањето едно дете е веројатно полесно за вашиот брак, иако ...

Се ближи периодот за враќање во училишните клупи, а со тоа доаѓаат и стресот и вознемиреноста кај родителите и децата. Добрата вест е дека малку планирање може да ја олесни подготовката, вели семејниот терапевт Гајан Арамјан. „Во текот на летото родителите ги кршат правилата. Го знам тоа затоа што и јас гледам повеќе телевизија од вообичаено. Но, пред да почне училиштето, подготовката и рутината се клучни“, вели таа. Ова се трите совети што таа ...

Една жена повикала полиција откако влегла и ја начекала сестра си додека го дои нејзиното бебе. На популарниот форум „Редит“, 22-годишната жена прашала дали згрешила што ги повикала властите откако ја начекала нејзината 27-годишна сестра како го дои нејзиното бебе. Таа објаснила дека двете се породиле во рок од две недели, а сега новороденчињата имаат три и пет недели. – Неодамна требаше да правам операција, а бидејќи таткото на моето бебе не е ...

Сѐ повеќе деца од предучилишна возраст имаат тешкотии со изговорот на гласовите, концентрацијата и графомоторните вештини. Многу деца почнуваат да зборуваат сѐ подоцна и подоцна, а тоа може да биде сериозен проблем во развојот. Веќе околу 12. месец децата треба да знаат да кажат еден до два збора, на 18. околу 50, а треба да разберат 100. Сепак, има сѐ повеќе деца кај кои овие граници се поместуваат. – Проблемот е кога детето не зборува до две ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мојата ќерка има 10 години и има проблем со главоболки, еднаш месечно или на неколку месеци. Кога ја боли главата, се жали на вртоглавица, а потоа се случува да поврати. Следниот ден е како нова. Нема синуси, ја носев на очно ...

Видеото од момче кое ја запознава својата новородена сестра е прегледано речиси четири милиони пати. Неговата мајка Бритни Курц ја снимила трогателната реакција и ја споделила на социјалните мрежи, поточно на нејзиниот профил на „Тик-ток“, каде што редовно објавува содржини поврзани со нејзиното семејство. На видеото, кое трае околу 20 секунди, може да се види како едно мало момче се среќава со својата помлада сестра, која штотуку е донесена ...

Писателот и поет Џејмс К. Фланаган од Њујорк напишал совети за среќа за своите потомци. Фланаган ненадејно починал од срцев удар на 3 септември 2012 година, а писмото е објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Крегтон. 1. Секој од вас е најубавиот подарок од Бога за вашето семејство и за целиот свет. Запомнете го ова, особено кога се сомневате во себе и се чувствувате обесхрабрено. 2. Не плашете се од никого и ништо и живејте го животот ...

Кели Хенри има правило за кое вели дека одлично функционира во спречувањето на досадните детски кавги. Оваа мајка на четири деца секој ден именува различно дете како „ѕвезда на денот“. Со други зборови, на децата наизменично им се доделуваат одредени придобивки, но и обврски. „Почнуваме од најмладите, па до најстарите. На нивниот ден тие имаат дополнителни обврски, но и посебен третман“, објаснила таа на социјалната платформа „Тик-ток“. Кели ...

Како што се приближува роденденот на детето, некои родители се возбудени и се подготвуваат да ја прослават оваа посебна пригода. Но, има и такви кои одлучуваат да заштедат пари и не планираат роденденски забави. Сепак, ова може да биде контрапродуктивно, покажала една студија. Д-р Жаклин Вули се залага за содржинско прославување на родендените. Таа спровела истражување меѓу 99 американски деца на возраст од 3 до 5 години. Првата група деца ...

Поради недоразбирање и грешка, оставањето дете во вжештен автомобил е една од најлошите работи што може да му се случат на родителот. Ова го доживеала и Американката Џејми Дил. Нејзиниот сопруг Ендру, еден ден го однел нивниот тригодишен син Оли во градинка наместо неа, но по пат заборавил каде оди и возел директно на работа. „Седејќи покрај безживотното тело на мојот син во мртовечницата, се распаѓав. Беше облечен во омилените пижами со желки и ...

Во светот на брзите технолошки промени и неизвесна иднина, секој родител се обидува да го обезбеди најдоброто за своето дете. Во ваков контекст, образованието не би требало да биде само пренос на информации и факти, туку и создавање комплексни вештини кои ќе им овозможат на децата да бидат успешни и компетентни во иднината. Затоа е овде IQ UP!. Уникатен и иновативен образовен модел кој е комбинација од СТЕМ мултидисциплинарниот пристап на учење ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Моето дете има 5 години. Неговото однесување во последно време е значително променето на полошо. Кога е во кругот на семејството, а и со луѓе кои подобро ги познава, знае да се однесува крајно некултурно. Пцуе, кажува ...

Со оглед на тоа дека децата немаат развиен имунитет, правилната исхрана е исклучително важна за одржување на нивното здравје. Затоа, педијатрите ги советуваат сите родители во секојдневната исхрана да вклучат одредени намирници со цел правилно да го поддржат имунолошкиот систем на детето и да ги спречат потенцијалните болести. Имено, тие ги содржат потребните витамини, минерали и други хранливи материи за кои е докажано дека на најдобар начин го ...

Топлинскиот исип го предизвикува зголеменото потење кај детето, а најчесто се јавува во летните месеци кога надворешните температури се високи. Како што објаснуваат педијатрите, овој тип на исип се јавува кога има одреден вид блокирање на потните жлезди кај детето, што предизвикува формирање на мали црвени испакнатини. Иако топлотниот исип е безопасен, многу родители се загрижени бидејќи не знаат за што се работи. Топлотниот исип се појавува во ...

Родителите трошат во просек 139 часа годишно обидувајќи се да ги подготват своите деца за на училиште, покажало истражување спроведено во Велика Британија. Истражувањето спроведено на 1.300 родители на деца на возраст од 6 до 16 години покажало дека 75 проценти од нив ги загрижува утринската рутина во пресрет на враќањето на училиште, а 26 проценти признаваат дека доцнат на училиште поради борбата што ја водат со децата секое утро. Повеќе од ...

Има приказна за моето детство што мојата (сега отуѓена) мајка би ја споделила со кој и да ја слуша. -Секогаш кога Лиза правеше нешто што не ми се допаѓа, сè што требаше да направам е да ѝ го упатам „погледот“ и таа престануваше“. Таа го користеше „погледот“ дури и кога пораснав, сѐ додека не ја прекинав врската со неа. Тоа беше поглед на чист гнев и иако поголемиот дел од моето детство е замаглен, сè уште можам да замислам како се чувствував ...

Да го воспитате детето еден ден, кога ќе порасне, да биде одговорна личност и добар партнер, полн со разбирање – е една од најголемите желби на секој родител. За тоа е свесна и мајката Зохра, која на својот профил на „Тик-ток“, редовно објавува видеа на кои, како што објаснува, го учи својот син како да биде добар партнер, односно сопруг на својата идна сопруга. Во неколку видеа кои досега ги има објавено оваа мајка објаснува на што го учи ...

Односите меѓу браќата и сестрите се меѓу најкомплицираните односи во животот на една личност. Долго време, дури и откако ги губат своите родители, браќата и сестрите сè уште се имаат еден со друг, но имаат и многу спомени за споделување. Иако овие врски понекогаш се исполнети со фрустрација, љубомора и ривалство, братот или сестрата може да бидат најсилните и најлојалните луѓе во вашиот живот. Сепак, дали овие врски можат да го спречат ...

Многу е важно да се поттикне развојот на независноста кај децата, за еден ден кога ќе пораснат да бидат подготвени за сето она што ги чека во животот. Како што објаснуваат психолозите, понекогаш родителите несвесно ја уништуваат независноста на своите деца преку воспитни практики. А еве и за кои постапки се работи. Како прво, детето нема да биде независно ако неговите родители претерано го штитат од сè. Ако се премногу заштитнички настроени, ...

Никогаш во историјата на човештвото човекот не живеел побрзо, полесно или поедноставно отколку што живее денес. И парадоксално, од друга страна, луѓето се сè помалку среќни, сè помалку слободни и помалку способни, како во воспитувањето на децата така и во справувањето со себеси. И техниката, и технологијата, и медиумите на човекот му понудија илузија во која лесно ги надминува проблемите, а всушност живее растргнат помеѓу реалноста и тој медиум, ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
3.6
81%
1004

Белград

6ᴼ/5ᴼ
4.63
89%
1004

Софија

5ᴼ/3ᴼ
6.69
86%
1005

Сараево

7ᴼ/7ᴼ
7.07
76%
1003

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.54
93%
1008

Атина

19ᴼ/17ᴼ
4.02
57%
1001

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
4.12
82%
1004

Подгорица

10ᴼ/9ᴼ
7.2
58%
1003

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

566672 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

913 $

Злато

76540 $

Бакар

8 $

Паладиум

32784 $

Платина

30482 $

Родиум

151607 $

Цинк

86897 $