Дали вашите малечки се подготвени за чудовишно фантастични авантури ова лето? Се шушка по градот дека ќе им треба многу енергија за сите предизвици што за нив ги подготви веселата Nutrino Junior дружина.

Каде и да одите, задолжително наполнете им ги џебовите со нивните омилени вкусови, бидејќи малечките не можат да им одолеат. Едноставно ќе ја ПРОБААТ ужината, ЌЕ ЈА СМАЧКААТ И ЌЕ ПОБАРАТ УШТЕ! Родителите можат да бидат спокојни бидејќи Nutrino Junior нуди здрави опции за ужина без конзерванси, адитиви, глутен и додаден шеќер. Четири неодоливи комбинации на омилени овошја и незаменливи намирници од секое детство доаѓаат во две големини на практично пауч пакување и се идеални за секојдневно уживање во ужина која е секогаш при рака.

Одлични вести за сите родители – Nutrino Junior ужините содржат сѐ што е потребно во совршен сооднос на хранливи материи, а во исто време се многу вкусни – одличен компромис за тоа што ќе изберете за вашите деца и што тие сакаат да јадат.

Благодарение на практичното пакување, Nutrino Junior ужините можете да ги носите во парк, на прошетка, на игралиште, базен или плажа и да им ги понудите на вашите малечки во вистински момент, каде и да сте. Пауч пакувањето ја зачувува свежината на овошјето, минералите и природниот вкус и лесно се вклопува во секоја торба. Играта не мора да престане, дури и кога е време за јадење, бидејќи тие се неверојатно лесни за консумирање и одлична опција за лето во движење.

Разиграната дружина на интересни чудовишта Лаплап, Њам-Њама, Ждера и Грицко веќе им е позната на малечките и лесно ги поврзуваат со својата омилена ужина. Дозволете им на вашите малечки да го одберат својот омилен член на чудовишната дружина и да уживаат во хранливите комбинации на овошје, бисквити, чоколадо и житарки.

Сите знаат дека Лаплап е најјак на плажа бидејќи овошното дуо од јаболка и банана со чоколадо нуди совршен извор на антиоксиданси и здрави јаглехидрати кои даваат сила за пливање и правење разни фигури од песок. Ненаситната дама Њам-Њама е цел ден во паркот, таа секогаш ги шармира своите пријатели толку многу што сите нивни сетила уживаат во миризливата комбинација од јаболко, јагода, ванила и житарки, која е богата со растителни влакна и витамин Ц. Сите го знаат Ждера од околината, омилен училиштен другар дури и во текот на летото, а енергијата ја одржува со супермикс од јаболка, портокали, бисквити и чоколадо кои ги обезбедуваат сите потребни состојки за правилен раст и развој. А Грицко има свое летно темпо, од сите спортови на игралиштето, тој е најдобар во матење вкусно пире од сочни јаболка споени во пауч со банана и бисквит.

Покрај вкусните пиреа, Nutrino Junior во своето портфолио нуди и опции кога ви треба брз појадок или лесна вечера по целодневно дружење. Вашите деца ќе уживаат во два одлични вкуса на суви житарки донесени од добродушните лакоми чудовишта Ле Жвак и Гризела, со какао и бисквити. Нивниот нутритивен состав ќе им овозможи чувство на ситост за сите планирани активности. Лесни се за подготовка, а малите ги јадат ЗА ЧАС!

Без разлика дали сте на пат до паркот, плажата или одите во друга одлична авантура, нашиот тим подготви неверојатно добри закуски за да го следите летното темпо на вашето малечко! Со Nutrino Junior, забавата со чудовишта е загарантирана ова лето!

(Комерцијална објава)



912

X