Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Црвена звезда имаше големи очекувања за продажба на Василије Костов, но неговиот трансфер сè уште не се реализирал. Сега младиот фудбалер би можел да падне во втор план поради македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, кој блеска под водство на Алберт Риера. Звезда во изминатите неколку години реализираше низа големи трансфери. Клубот од Белград продаваше млади фудбалери и заработи стотици милиони евра. Сега на „Маракана“ сите надежи ги ...
Реал Мадрид воведува поинаков пристап во управувањето со физичката подготвеност на фудбалерите, откако Жозе Мурињо одлучил да го примени моделот на ПСЖ и Луис Енрике за распределба на минутажата и одморот во текот на сезоната. Според шпанската „Марка“, планот предвидува поголемо растоварување на најважните играчи, не само преку ротации на натпреварите, туку и со дополнителни слободни денови и посебни програми за физичко и психолошко ...
Ќебапите се едно од оние јадења со кои на Балканот не се експериментира без последици. Лепче, кромид, евентуално кајмак и добро испечено месо – тешко дека има потреба да се измислува нешто ново. Но, австралиска инфлуенсерка очигледно не се грижела премногу за гастрономската традиција, па решила да ги комбинира ќебапите со тиква, спанаќ, моцарела и лиснато тесто. Резултатот е пита поради која некои љубители на ќебапи би можеле да се фатат за ...
Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две клучни мерки поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со законодавството на Европската Унија, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски во објава на Фејсбук. Тој информира дека денеска учествувал на координативниот состанок за Реформската агенда, при што биле разгледани активностите на Министерството за здравство во оваа област. ...
Француските власти очекуваат до 60.000 луѓе да учествуваат на демонстрациите во Париз на 7 ноември , како знак на протест против падот на куповната моќ на населението, објави BFMTV. Полицијата се подготвува и за евентуално присуство на до 400 радикали на митингот. Според Лоран Нуњез , висок функционер на француското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи веќе се појавуваат повици за уништување на владини згради и ограбување ...
Добивај вести на Viber Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ започна со тестирање нови, поевтини оброци во 1.900 ресторани низ Соединетите Американски Држави, во обид да ги врати потрошувачите кои сè почесто се откажуваат од посета на рестораните поради високите цени. Новата понуда вклучува комбинации од популарните производи на компанијата, меѓу кои „Мекчикен“, „Мекдабл“, пилешки нагетси и помфрит. Цените на тест-оброците се ...
Петнаесетгодишниот Марко Џорлев член на Карате клубот (КК) Штип и на Македонската карате репрезенатација се искачи на пиедесталот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржа минатиот месец во Бјелско-Бјала во Полска. Штип градот каде што живее, тренерира и се радува на неговите европски и светски успеси. Годинава општината му ја додели наградата 8 Ноември, највисокото општинско признание, кое ...
Френки Де Јонг се покажа одлично и во улога на стопер за Барселона, но фактот што Ерик Гарсија се враќа и ќе биде на располагање за утрешното дерби со Атлетико Мадрид остава шанса Холанѓанецот да се врати на својата природна позиција. Тоа посебно добива на сила поради отсуството на повредениот Родри, но Ханси Флик ова попладне нагласи дека со сериозни шанси за стартерскак улога е и младиот Бернал од чии квалитети тој е презадоволен. – Гарсија ...
Бразилскиот фудбалер Родриго Моледо се најде на удар на сопствените навивачи поради грешката што ја направи во финишот на натпреварот меѓу Коритиба и Интернасионал. Неговиот невнимателен потег резултираше со пенал во судиското продолжение, кој домаќините го искористија за победа од 1-0. Иако од натпреварот поминаа три дена, реакциите на навивачите не стивнуваат. Сепак, критиките за лошата игра одамна ја преминаа границата на спортскиот ...
Антивладините протести во Албанија продолжија и денеска, а протестното движење добива дополнителна сила со приклучувањето на приврзаниците на опозициската Демократска партија кон студентските протести. Демонстрантите тргнаа во марш од седиштето на партијата кон зградата на кабинетот на премиерот Еди Рама, барајќи промени и отфрлајќи ги неговите повици за дијалог. Антивладините протести во Албанија продолжија и денеска, а протестното движење ...
Еден од најпознатите рок-бендови од поранешна Југославија, „Електрични оргазам“, вечерва ќе одржи голем концерт во Загреб, на кој ќе го претстави новиот албум по осумгодишна дискографска пауза. Посебно изненадување за публиката ќе биде гостувањето на славната актерка Аница Добра, која со групата сними и нова песна. Легендарниот белградски состав „Електрични оргазам“ вечерва, 7 ноември, се враќа во загрепската „Творница културе“, каде што ќе ...
ФОТО: pexels Експертите предупредуваат дека некои вообичаени навики за појадок можат тивко да ги саботираат вашите напори за слабеење, особено откако ќе наполните 40 години. Нутриционистката Сара Гароне раскажува во „Јади го ова, а не тоа“ како малите промени можат да направат голема разлика. -Како што старееме, нашиот метаболизам се забавува, затоа немојте да се изненадите ако не можете да јадете висококалоричен појадок по 40 години без тоа ...
Хакерски напади врз системите за ладење во супермаркети низ Европа деновиве предизвикаа сериозни проблеми, уништување големи количества храна и отворија прашања за безбедноста на дигитално поврзаната инфраструктура. Напаѓачите успеале да добијат далечински пристап до контролите на фрижидерите и на замрзнувачите, а во дел од случаите температурите биле подигнати до 50 степени Целзиусови. Еден од најшокантните детали е дека во некои сучаи ...
Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис стигнаа до нова победа во грчкиот шампионат откако славеа на гостувањето кај Лефкада со 77-88. Уште од самиот старт тргнаа фуриозно гостите и веќе по првиот период имаа убедлива предност од 23-32. До крајот Арис рутински го приведе мечот за конечен триумф од 77-88. Димитријевиќ беше најдобар поединец во победничкиот табор завршувајќи го натпреварот со 25 поени, три скока и ...
Здравко Чолиќ уште во 2023 година купил луксузен стан во близина на Пула, Истра. Сепак, тој сè уште не може да ужива во него со своето семејство, бидејќи вселувањето доцни. Во новиот имот, кој се гради во рамките на атрактивен и скап проект сместен на границата меѓу марината и Пјешчана Увала, Чолиќ ќе може да се всели најрано напролет следната година. Поп-ѕвездата тогаш за својот нов дом на хрватското приморје избрал помал стан во една од ...
Илија Несторовски не запира со фантастичната форма и повторно постигна гол за неговиот Славен Белупо на гостувањето кај екипата на Горица. Прилепчанецот го отвори резултатот во 17. минута и донесе водство за својот тим, а за него ова е осми погодок сезонава. Несторовски потсетува на своите најдобри денови, и покрај фактот што веќе има полни 36 години. Неговиот учинок е убедливо најдобар во екипата која се бори да фати приклучок кон погорните ...
Со децении, дигиталниот часовник на ноќната масичка беше речиси стандарден дел од хотелските соби. Денес, во некои хотели гостите воопшто нема да најдат таков уред, додека други објекти ги заменуваат со уреди што нудат дополнителни функции. Оваа промена можеби изгледа безначајна, но јасно покажува колку се промениле навиките на патниците. Предметот што некогаш имал јасна намена, сега во многу соби едноставно зафаќа драгоцен простор покрај ...
Иако често се доживува како едноставен утрински или вечерен ритуал, шолја чај може да има многу поголемо влијание врз здравјето отколку што се мисли. Научниците веќе долго време истражуваат како консумирањето различни видови чај, од зелен до црн, влијае врз долгорочното здравје. Ново истражување носи нови сознанија и укажува дека редовното пиење чај е поврзано со помал ризик од васкуларни заболувања, пишува „Итинг вел“. Како било спроведено ...
На завчерашните избори во САД, гласачите во четири американски сојузни држави одобрија предлози за ограничување на правата на трансродовите лица. Гласачите во четири сојузни држави – Вашингтон, Колорадо, Аризона и Небраска – одобрија мерки со кои се забранува трансродовите деца да играат во спортски тимови што одговараат на нивниот родов идентитет или се забрануваат операции за промена на полот кај малолетници. Според анализата на Ројтерс, ...
Првиот дуел од денешната шпанска Примера донесе гостинска победа. Екипатан на Расинг Сантандер со конечни 1:2, тријмфираше кај Малага и со тоа извојува значајна победа пред репрезентативната пауза. Дотор погоди за домаќинот во првиот дел, а потоа Расинг направи комплетен пресврт. Луке и Забири во само десетина минути реализираа за 1:2, што подоцна ќе се покаже дека е и конечен резултат. Дополнителен проблем за домаќинот беше и играчот ...
Меланија Трамп имаше тешкотии да изговори неколку англиски зборови за време на нејзиниот говор во Белата куќа во четврток. Првата дама на САД (56) се сретна со руската и украинската делегација и повика на долгорочен прекин на огнот во Украина, по шестдневното примирје во Херсонската област. Заглавен на неколку зборови за време на говорот За време на нејзиното обраќање до медиумите, Меланија прочита подготвен говор, но неколку пати се сопна ...
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на украинската државна нафтена и гасна компанија „Нафтогас“, соопшти вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на компанијата, Сергиј Федоренко. – Синоќа непријателот трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централниот дел на Украина. Како резултат на нападите, оштетени се постројките – напиша Федоренко на Фејсбук. Тој посочи дека во погодениот објект избувнал голем пожар, но ...
Конор Мекгрегор планира да ги остави своите ракавици внатре во „Октагонот“, но не затоа што завршува со кариерата како борец. Поранешниот шампион во две категории во УФЦ беше специјален гостин на настанот „Hype Italy“ во Рим. Мекгрегор беше прашан дали преферира мешани боречки вештини (ММА) или борби без ракавици. Како што се очекуваше, косопственикот на „Bare Knuckle Fighting Championship“ (BKFC) се најде во тешка дилема при изборот. „Многу ...
Работнички продолжува со одличните настапи во македонската кошаркарска Суперлига, откако го совлада Скопје 2023 со 89-79 и ја запиша петтата победа во исто толку натпревари. Најзаслужен за триумфот беше Рикиќ со 29 поени, додека Паркер постигна 23 за Скопје. На останатите два натпревари, Тиквеш го совлада ТФТ со 77-74, додека Штип славеше против Струмица со 87-81. Во победничкиот тим на Штип најефикасен беше Ивица Димчевски со 20 поени, а ...
Кошаркарите на МКК Куманово вечерва на свој терен во последниот меч од 5.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија славеа убедлива победа против Кожув со 91:74. Ова за МКК Куманово е трета победа а за гостите вториот пораз. Гуден кај победничкиот тим запиша 21 поени, а кај гостите најефикасен беше Бојчев со 22 поени. Клубот од Аеродром воден од Дејан Србиновски и Тино Даневски успеа да слави над Пелистер (74:60) во Суперлигата и со тоа ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа нов убедлив пораз од 89:66 на гостувањето кај Џики Варшава, во петтото коло од ФИБА Европа купот. Полскиот состав ја искористи предноста на домашниот терен и стигна до сигурна победа, оставајќи го македонскиот тим со празни раце. Во редовите на МЗТ, Адем Мекиќ беше најефикасен со 11 поени, три скока и две асистенции за нешто повеќе од 21 минута на паркетот. Ноа Фаракан и Емир Крајниќ постигнаа по девет ...
Летонскиот центар сè уште нема одиграно ниту еден натпревар во новата сезона, а датумот на неговото враќање е неизвесен поради здравствени проблеми чија точна природа не е позната. Поради тоа, Голден стејт се обидува да најде решение за неговата иднина, па дури и да го размени. Порзингис има релативно поволен договор за трејд, со годишна плата од 20 милиони долари. Според информациите на инсајдерот Брет Сигел, три екипи покажале интерес за ...
Репрезентацијата на Шведска славеше победа против Грција во квалификацискиот натпревар за Европското првенство со конечни 33-24. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Албин Лагергрен со седум гола, а на спротивната страна осум погодоци запиша Теодорос Боскос. Следен противник на Шведска е Луксембург, а Грција игра со нашиот национален тим на осми ноември. Репрезентацијата на Шведска славеше победа против Грција во квалификацискиот ...
Комо приреди вистинска голеада на гостувањето кај Ленс, славејќи со неверојатни 9:1 во натпреварот од четвртото коло во ЛШ. Италијанскиот тим „експлодираше“ на мечот во Франција каде Тасос Дувикас беше најзаслужен за убедливиот триумф со три постигнати гола. Грчкиот напаѓач го отвори резултатот во седмата минута, а во 32. повторно ја затресе мрежата на домаќините. Нико Паз во 40. минута зголеми на 3:0, со што Комо веќе на паузата имаше ...
Милан има разочарувачки настапи во Лига Европа, натпреварување во кое оваа го доживеа третиот пораз во четвртиот натпревар и тоа од унгарски Ференцварош. -Нема објаснување. Нема ништо што можам да кажам, особено за првото полувреме. Не се сеќавам дека сме играле вака слично како во првото полувреме. Станува збор за амбиција, концентрација. Подаривме можности, направивме глупави грешки. Не бевме подготвени да играме фудбал. -Тешко е да се ...