Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Документарецот „Руини“ на Елена Чемерска, кој синоќа премиерно беше прикажан во рамките на тековната програма на „МакеДокс“, е истовремено многу убав и многу болен. Тој покажува дека понекогаш каменот не е најтрајниот споменик – некои приказни, и покрај сè што ќе ги нагриза, се покажуваат поиздржливи од него, пишува Илина Јакимовска во „Букбокс“ на Офф.нет.мк. „Сликите избледуваат, лентите се трошат. Приказните се распаѓаат во пепел. Но овој ...
Теона Стругар Митевска, заедно со француската режисерка Селин Скијама во рамките на Сараевскиот филмски фестивал повикаа на еднаква распределба на регионалните европски филмски фондови меѓу жените и мажите режисери, како и на рамноправна застапеност во филмските екипи. Токму на фестивалот беше иницирана и официјално претставена иницијативата „Sister Sister“, предводена и покрената од нашата режисерка Теона Стругар Митевска, која најави и ...
Особено сме горди што можеме да поздравиме научник со македонско потекло, чии достигнувања имаат длабоко влијание врз хемијата, биохемијата и медицината на глобално ниво, велат од Сојузот Проф. д-р Светлана Мојсов ќе биде истакнат предавач на 28. Конгрес на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) што ќе се одржи од 23 до 26 септември во хотелот „Метропол“ во Охрид. Родена во Скопје, проф. Мојсов е светски призната хемичарка ...
„Украденото сонче на Стела“ e насловот на сликовницата на литванската илустраторка Анет Мелес, што во издание на „Прозарт Медиа“ од Скопје од годинава ја имаме на македонски јазик. Тоа е приказна и издание во кое ќе уживаат не само децата, но и родителите што ќе им ја читаат. За креативниот процес зад оваа сликовница, како и за претходната „Патувачкиот куфер“, за балансирањето меѓу текст и визуелен јазик, но и за тоа зошто рачно изработениот ...
Драмски театар oд Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва во 21 часот во Летното кино на Бриони, Хрватска, ќе гостува на театарот „Улисис“, во рамките на Фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана ...
Специјалниот настан „Така пишуваше Илинка“ се одржа на „МакеДокс“, посветен на Илинденка Петрушева (1944-2025), една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки „Благодарение на Илинка, историјата на македонскиот филм е спасена од заборав. Таа ја читаше и ја откриваше, практично ја создаваше – секој документ, секој запис, секоја анализа беше дел од еден жив процес на зачувување и артикулирање на културното наследство. ...
На авторката, филозоф и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија утревечер во 19 часот во „Лабораториум“ во Скопје ќе ѝ биде врачена наградата „Букстар“ за оваа година. Ипи е авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку личната и колективната историја го отвора едно од најважните и најсложените прашања на современото општество: што навистина значи да се биде слободен? За делото и за одлуката за доделувањето на ...
Ви го пренесуваме освртот кон стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, што беше промовирана минатиот месец во Културниот центар „Култ“ во Охрид Пишува: Мерсиха Исмајлоска „Убава Јана платно си ткае… Разбојот крца, дури зборува… Таква отсекогаш ми беше Александра, слична на Јана. Уште од студентски денови, кога прв пат ја запознав, зборовите и беа алтани, медени, лековити. Дури и кога раскажуваа за големите загуби… Денес, е тука во ...
„Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија, одбележува 10 години од светската премиера. Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник) во 20.30 часот со проекција „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во трговскиот центар „Сити мол“. По проекцијата ќе биде организирана интерактивна сесија разговори со филмската екипа на „Џган“ и публиката, а ...
„Црнила“ на Дејан Пројковски и современата судбина на македонскиот драмски канон Пишува: Звонко Димоски Кога театарот посегнува по темелите на националната драматургија, по текстовите што одамна престанале да бидат само литература и станале дел од колективната меморија, тој неизбежно стапнува на минско поле. Поставувањето на капиталните дела од македонската драмска литература, особено на драмите на Коле Чашуле, претставува еден од ...
Филмот „17“ на Косара Митиќ освои три, а „Скејтбордингот не е за девојчиња“ има една награда на 32. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Ова е голем успех за нашиот филм воопшто. Митиќ ја доби Специјалната награда за промоција на родовата рамноправност. Наградата е основана во партнерство со Mastercard и се доделува на дебитант чија работа се одликува со силен авторски глас и придонес кон родовата рамноправност во кинематографијата. ...
Одушевени новинари и критика и публика синоќа ја поздрави европската премиера на филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во Народно позориште во Сараево, во рамките на 32. Сараевски филмски фестивал. Многумина од новинарите присутни на прес-конференцијата ги споделија своите импресии и пред се’, и’ се заблагодарија на авторската екипа на филмот што отвориле така важна тема. Филмот предизвика голем интерес и распродадена. – Овој филм беше ...
Краткометражниот игран филм ,,Кучињата немаат соништа” на младиот Ханис Багашов ја имаше светската премиера на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, најважниот и најголем филмски фестивал во југоисточна Европа. Филмот ја следи приказната на тинејџерите Илире и Бесник од планинско село, на кои патријархалното наследство не им дозволува да бидат заедно. „Кучињата немаат соништа“ беше прикажан во програмата „Тин арена“, меѓу седум кратки ...
„Имерзивна трансформација на глаголицата“ е насловот на изложбата од дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова од Чешка, а ко-куратор Владимир Јанчевски од МСУ. Проектот, започнат во 2020 година, се навраќа на глаголицата како на отворена структура што може повторно да се чита, да се реобликува ...
Таа деновиве интензивно работи на својот нов предизвик – ја создава музиката за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Промоцијата треба да се случи на почетокот на септември Многу добро ја паметам музиката од цртаните филмови со кои сум израсната. Дури знам да си ги пуштам песните и ден-денес. Ова е преубав предизвик за мене, чувствувам одговорност дека треба да направам музика што треба да допре до помалите генерации, ...
За време на Сараевскиот филмски фестивал, во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“ (EU With YOU), завчера се одржа панел дискусија „Култура што поврзува – европски можности за креативните индустрии“, посветена на поддршката што Европската Унија и програмата „Креативна Европа“ ја нудат за професионален развој на младите креативци. Само во Босна и Херцеговина, во изминатите четири години, преку оваа програма се обезбедија над 7 милиони евра за ...
Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева (1944-2025). Специјален настан посветен на Петрушева со наслов „Така пишуваше Илинка“ ќе се одржи на 22 август, во 19 часот, во Сули ан Со проекција на краткометражниот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“, долгометражното деби на Дина Дума, вечерва во 19 часот ќе ја има европската премиера, во рамките на 32. Филмски фестивал во Сараево. Имаше светска премиера на врвниот фестивал „Трибека“ во Њујорк. Ова е втор игран филм на Дума, по наградуваниот „Сестринство“. Филмот е македонско-белгиско-словенечко-хрватска копродукција. Дејството се одвива во Скопје и ја следи 11-годишната Адела, девојче од ромската ...
На свеченото отворање денеска ректорката Биљана Ангелова ќе ја додели наградата за македонистика „Воздејства“ на проф. д-р Кристина Крамер, врвен македонист од Канада Околу 60 македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји од светот ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ што традиционално се одржува во ...
Триесет години откако во Сараево го снимаше филмот „Добре дојдовте во Сараево“, холивудскиот актер Вуди Харелсон се врати во градот за да го прими едно од најзначајните фестивалски признанија – „Почесно Срце на Сараево“ за неговиот исклучителен придонес кон филмската уметност. Признанието му го врачи директорот на Сараево филм фестивал, Јован Марјановиќ, пред преполното Летно кино „Кока-Кола“, непосредно пред специјалната проекција на филмот ...
На 22 август во „Јавна соба“ во Скопје (Public Room), Jazz Extravaganza ќе понуди концерт во кој импровизацијата, интеракцијата и моментот ќе имаат еднакво значење со однапред поставените музички форми Пишува: Ана Василевска По речиси 25 години заеднички музички патишта, бројни состави, проекти, концерти и патувања, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров повторно се обединуваат во Jazz Extravaganza – авторски проект ...
Специјално од Сараево: Сребра Ѓорѓијевска Силен аплауз на стоење, публика останата без зборови, ама онемена од храбар филм сведочевме синоќа во Народно позориште во Сараево, на регионалната премиера на македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ, во рамките на 32. Сараевски филмски фестивал. Митиќ заедно со младата актерка Ева Костиќ заслужено ги добија најсилните овации од публиката. Костиќ ја толкува улогата на Сара, за која е и ...
На 20 август, во Музичкото училиште во Охрид, ќе настапат професорите на Quadrivium Clarinet Camp. Следниот ден (21 август) во 15 часот во црквата „Св. Софија“, свој завршен концерт ќе одржат учесниците на кампот. На истата сцена во 20 часот концерт ќе одржи Васко Дуковски, со што ќе одбележи 30 години по својот прв настап таму Македонскиот кларинетист, композитор и професор Васко Дуковски, музичар со меѓународна кариера кој се образовал на ...
Изложбата „Имерзивна трансформација на глаголицата“ на Лазе Трипков ќе биде отворена в петок (21 август) во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје „Пред да стане носител на јазикот, секоја азбука е систем од визуелни, фонетски и семантички принципи преку кои човекот го организира искуството и му дава форма на невидливото. Таа не служи само за запишување на веќе оформената мисла, туку учествува и во начинот на кој мислата се ...
Во речиси полна сала во киното „Синеплекс“ во Сараево се одржа проекцијата на која присуствуваа и филмски критичари и почитувачи на работата на Манчевски. Селекторката на документарната програма, Рада Шешиќ го најави филмот и изрази задоволство што има толку интерес за документарен филм Пишува: Сребра Ѓорѓијевска, наш известувач од Сараево Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Маневски, кој претставува еден вид запис на сведоштва на ...
Почнуваат уписите на државните универзитети на нови студенти во академската 2026/2027 година. Утре е прв ден за пријавување кандидати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола (УКЛО). На УКИМ на вкупно 23 факултети предвидени се 8.851 место од кои 4.395 за редовни студенти, 3.621 со кофинансирање и 835 вонредни студенти. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19 август. На ...
Сараевскиот филм фестивал е многу важен дел од моето патување како актерка. Ова е надреално чувство за мене. Ги донесов моите деца овде затоа што чувствувам дека, од сите фестивали во светот, овој фестивал има срце полно со дух, рече актерката Емили Вотсон, синоќа при добивањето на наградата „Почесно Срце на Сараево“ во Народното позориште. Таа додаде дека се чувствува привилегирано што е дел од „армијата на раскажувачите“, а наградата и’ ја ...
Ви го пренесуваме интервјуто со проф. д-р Џејмс Р. Вајсман направено пред 13 години на археолошкиот локалитет Стоби кај Градско, објавено во септември 2013 година во дневниот весник „Дневник“. Вајсман е еден од најзначајните американски археолози и научници, чие име е нераскинливо со истражувањето, проучувањето и афирмацијата на Стоби. Раководството на локалитетот завчера соопшти дека Вајсман починал. Тој со години беше во пензија и беше ...
Доколку е вистина дека музиката е безвременска, тогаш Тони Хедли од легендарната музичка група „Спандау балет“ нè врати во златните времиња на 80-те со неповторливите, уникатни и безвременски звуци Пишува: Бјанка Бошевска, наш известувач од Порторож Во „Авдиториј“ во Порторож, Словенија, во средата вечерта, покрај двата природни настани, Персеидите и затемнувањето на сонцето, се случи и концерт на безвремениот музичар, пејачот Тони Хедли од ...
Ви ги пренесуваме омажот од проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на Македонската акедмија на науките и уметностите, на свечената академија која кон крајот на јули се одржа во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 100 години од смртта на Крсте П. Мисирков. Денес во овој храм на книгата имам посебна чест и привилегија да зборувам за Крсте Мисирков, зашто тој, по Божја милост, починал точно 1.010 години по нашиот свети Климент Охридски, ...