Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на украинската државна нафтена и гасна компанија „Нафтогас“, соопшти вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на компанијата, Сергиј Федоренко. – Синоќа непријателот трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централниот дел на Украина. Како резултат на нападите, оштетени се постројките – напиша Федоренко на Фејсбук. Тој посочи дека во погодениот објект избувнал голем пожар, но ...
Шпанската полиција и судството истражуваат и како му е помогнато на Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе кој почина по судирот со голманот од Андора. Се проверува работата на медицинската служба на клубот, Црвениот крст и транспортот до болницата. Како што пишува Атлантико Хој, повикувајќи се на весникот Ел Диа, истрагата ја вклучува работата на медицинската служба на клубот и дежурниот тим на Црвениот крст на стадионот Хелиодоро Родригез ...
Тие се двајца од најпознатите „Боб-овци“ во светот кои доаѓаат од американскиот Среден запад. Папата Лав XIV, чие родено име е Роберт Превост, и легендарниот музичар Боб Дилан, се сретнаа во Ватикан. Лав и Дилан беа видени како се среќаваат во Апостолската палата во Ватикан, која служи како резиденција на папата. Папата носеше бела свештеничка одора, додека Дилан беше облечен во црно палто, со црни ракавици и црна дуксерка со капуљача. ...
Француската луксузна групација Kering во петокот соопшти дека британската дизајнерка Мартин Роуз ќе ја преземе функцијата на креативен директор во Balenciaga, по заминувањето на Пјерпаоло Пичоли, кој на таа позиција се задржа само 18 месеци. „Нејзиното назначување ја одразува нашата амбиција да ја задржиме Balenciaga на чело на иновациите, креативноста и културата“, изјави во соопштение извршниот директор на Kering, Лука де Мео. Де Мео врши ...
Во етнолошката поставка во Музејот на Македонија на 05.11.2026 (четврток) во 19 ч. че се одржи ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“. Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ ве повикува на ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и ...
Најпродаваниот роман на Елиф Шафак, „Островот на исчезнатите дрвја“, приказна со двојна временска линија сместена во позадина на Кипар разурнат од војна и денешен Лондон, наводно пристигнува на големото платно! Романот, кој беше во потесниот избор за наградата „Women’s Prize“, официјално се подготвува за екранизација во долгометражен филм од страна на „Рубикон пикчрс“ (Rubicon Pictures), а за адаптација на приказната е ангажиран сценаристот ...
Националниот џез оркестар денеска во Народниот театар во Сараево ќе одржи концерт „Macedonian Dreams“, под диригентство на Владимир Николов, со кој ќе го отвори 30. издание на џез-фестивалот Jazz Fest Sarajevo. Програмата „Macedonian Dreams“, која беше претставена и пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, е уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните мелодии и ритми, авторските композиции и современиот ...
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска со книжевен настан од 11 часот ќе одбележи 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов (1936 – 2024). -Со читање на неговата поезија и пригодна музичка програма ќе му оддадеме почит на авторот чие дело има значајно место во македонската книжевна и културна историја. Михаил Ренџов е еден од најзначајните и најавтентични поетски гласови во современата македонска книжевност. Неговата ...
„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита ...
Истакнатиот македонски скулптор, проф.д-р Жарко Башески (1957, Прилеп), сега во пензија, е избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), на членови надвор од работниот состав и на почесни членови, одржано на 7 ноември 2025 година. Како новоизбран дописен член на највисоката научна институција кај нас, Башески, синоќа, пред полна ...
Македонскиот превод на романот „Настанот“ од француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература за 2022 година, Ани Ерно, ќе биде промовиран вечер од 19 часот во Францускиот институт во Скопје. За романот, кој го објави издавачката куќа „Илика“, ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на делото и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Средбата ќе ја ...
На 2 јуни 1945 година, деветмина ја потпишале Резолуцијата за македонскиот правопис. Во книгата што ја објави „Матица македонска“, проф. д-р Димитар Пандев раскажува кои биле потписниците, какво искуство внеле во работата на Комисијата за јазик и правопис и како потоа го обликувале јазикот на повоените читанки, весници и радиоемисии. Венко Марковски, Киро Хаџи Василев, Блаже Конески, Крум Тошев, Васил Иљоски, Мирко Павловски, Илија ...
Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 19 ноември во Скопје. Оркестарскиот звук, силата на заедничкото музицирање и уметничката енергија на двата ансамбли ќе бидат во фокусот на концертот што на 19 ноември ќе се одржи во Македонската филхармонија, во 20 часот. Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и ...
Силна приказна за семејството, љубовта, загубата и сите неизговорени зборови ќе ја донесе на скопската сцена српскиот актер Марко Јанкетиќ, син на легендарниот актер Миша Јанкетиќ во мултимедијалната монодрама „Мрки, нисам ти испричао“ што на 25 ноември во 20 часот ќе гостува во Националната опера и балет. Претставата зад себе има распродадени сали низ Србија и Црна Гора, како и со исклучителни реакции од публиката и критичарите. Пред ...
Од Берлин стигнува приказна која може да им изгледа неразбирливо тривијална на оние што не се упатени во нијансите на оркестарскиот распоред. Диригентот Иван Фишер ги откажа концертите планирани за оваа недела, на кои требаше да се изведе Петтата симфонија на Густав Малер со Берлинската филхармонија (на негово место дојде Андрес Ороско-Естрада), бидејќи контрабасите не можеа да бидат поместени од нивното вообичаено место во Филхармонијата – ...
Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорката на Националниот археолошки музеј, Магдалена Манаскова, и пратеничката и етномузиколог Велика Стојкова Серафимовска, извршија увид во археолошките ископувања на локалитетот Пеленица во близина на Драчево. Она што пред неколку месеци започна како иницијатива за создавање културно-историско-археолошка карта на најстарата скопска општина, веќе ги ...
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани денеска ја посети Коџа Мехмед-бег џамијата во селото Табановце, кумаовско заедно со муфтијата на Куманово, Абедин Имери и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски. Од Министерството за култура и туризам наведуваат дека за време на посетата била нагласена потребата од посебна грижа за овој објект од османлискиот период, прогласен за значајно културно наследство во ...
Скопската публика, синоќа во МНТ, со силен и долг аплауз го награди филмот „17“ на Косара Митиќ, кој ја имаше својата македонска премиера во рамки на 26. Скопски филмски фестивал. Филмот кој е инспириран од вистински настан, и ја следи Сара, која се обидува да ја скрие својата бременост од своите соученици во текот на својата матурска екскурзија, никого не остави рамнодушен. Суров, вознемирувачки, реален. Загрижува и опоменува. -Многу сум ...
„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. „Со овие три концертни настани, „Охридско лето“ ја ...
Ако електричарот, водоинсталатерот или продавачката не ве разберат што сакате да кажете со филмот, имате проблем, порача денеска српскиот актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ на мастер-класот што го одржа во МКЦ, во рамките на годинашниот Скопски филмски фестивал. Како што истакна Бјелогрлиќ, секој што прави филм треба да си постави три клучни прашања: за што е филмот, кому е наменет и на кој начин се прави. – Кога правите филм, мора ...
Во Филхармонијата вечер од 20 часот концерт ќе одржи грчкиот ансамбл „Mosaico Mediterraneo“ со сопранистката Марија Костраки. Го организира Амбасадата на Грција, која соопшти дека концертот ја слави разновидноста, обединувајќи музички традиции од целиот Медитеран преку современа интерпретација на заедничкото културно наследство. -Публиката ќе има можност да ги открие емоциите и страстите што ги поврзуваат различните култури низ вековите и ...
Стела Дана Мулер е родена пред 18 години во Скопје, но на свои само три месеца, со мајка ѝ заминала во Холандија (татко и е Холананец), и таму го поминала речиси целото детство. Младата Стела веќе гради актерска биографија на холандската телевизија со учество во популарни серии (но и инфлуенсерска со десетици илјади следбеници, на ТикТок и Инстаграм). Ја толкуваше Џејд во „Brugklas“, Бела во „De Eindmusical“, а се појави и како Алис во ...
Оваа недела се одбележува 25-годишнината од терористичките напади врз Соединетите Држави на 11 септември 2001 година. За многу Американци, 11 септември е далечно сеќавање или воопшто не е сеќавање – приближно 40 отсто од населението на САД или се родени по нападите или се премногу млади за да се сеќаваат на нив. Тој ден, 19 терористи презедоа контрола врз четири цивилни авиони; со два од нив удрија во кулите на Светскиот трговски центар во ...
Доналд Трамп на 9 септември изјави дека ќе му исплати на секој возрасен Американец „Трампова дивиденда“ од 5.000 долари доколку републиканците ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори во ноември. Трамп го даде предлогот на првиот конгрес на неговата Републиканска партија, посветен на изборите на половината од мандатот, но не беше веднаш јасно како ќе функционираат плаќањата или дали ќе бидат легални. Со приближно 270 ...
Премиерот Христијан Мицкоски знае како се решаваат заканите по живот што му ги упатил извесен насилник од кумановско Черкезе, кој на социјалните мрежи пратил порака дека ќе го заколе како свиња на сред плоштад. Мицкоски, се разбира, нема да го употреби законот на Коза ностра бидејќи е институција. Ќосето експресно е откриен и уапсен од полицијата и ќе му се суди. Нема потреба премиерот да си ги окрвавува рацете, или да ја ангажира долгата ...
Додека Македонија со години дебатира дали ќе се распадне Европската унија и ќе има ли воопшто нови проширувања, ЕУ оди напред. На општо изненадување, денес од Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повлече историски потег – ѝ понуди статус асоцијативна членка на Канада. Некои медиуми најавуваат дека е можно тој чекор да го следи и Австралија, што ќе ѝ даде на ЕУ нов лик и нова моќ, заедно со 80-те ...
Иако крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) веќе две години бележи пораст во анкетите, таа е држена подалеку од власта поради одбивањето на другите партии да стапуваат во владејачки коалиции со неа. Но, бидејќи овој „заштитен ѕид“ се потпира на претпоставката дека АфД никогаш нема да освои апсолутно мнозинство, тој за малку беше фатално разнишан на покраинските избори во Саксонија-Анхалт што се одржаа овој месец. Точно е ...
По 5 ноември 2024 година и првите протести на граѓаните во Нови Сад по падот на настрешницата на железничката станица и острата реакција на властите кон нив, Србија влезе и сè уште поминува низ една од најдлабоките кризи од октомври 2000 година и падот на Слободан Милошевиќ. Бунтот на младите и граѓаните, првично насочен против корупцијата, се прошири низ целата земја и се трансформираше во општествено движење против Александар Вучиќ и ...
Темни политички услови повторно го прогонуваат Балканот. Полуофицијалниот погреб на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград, кој многу босански Срби сè уште го слават, повторно ги отвори старите трауми и ги разгоре националистичките тензии овој месец. Дипломатските односи меѓу Србија и Босна и Херцеговина се влошуваат, што дополнително го доведува во прашање веќе речиси запрениот процес на пристапување на Србија во Европската унија. ...
Можеби насловот на овој текст не е баш најпрецизен. Можеби треба да биде – во каков свет сака македонската власт да живее? Или – во каков свет сака да живее значаен дел од македонските граѓани? Или пак – во каков свет сакаме да живееме? Во крајна линија, не се важни варијациите. Важно е дали разбираме што се случува околу нас. Има ли некакви морални координати според кои можеме да се раководиме. Има ли некои пошироки интереси на општеството ...