Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е системски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, ...

„По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа (иако ВМРО не сакаше да гласа за тоа), сега и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Преспанскиот договор го потврдува македонскиот национален идентитет! Дали е ова доволен доказ дека СДСМ е најдржавотворната партија? Дали сега е јасно кој се предавниците? “, пишува лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е ...

Германските власти покренаа обвинение против педијатар вработен во болница во градот Висбаден, под сомнение за сторени тешки кривични дела врз деца во рамките на самата здравствена установа. Случајот, кој ја вознемири германската јавност, опфаќа обвиненија за силување и сексуална злоупотреба на малолетни лица кои биле под негова лекарска грижа. Истрагата започна откако биле пријавени сомнителни активности, по што полицијата и обвинителството ...

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен за појавата на глувци во студентски дом – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако во некои од медиумите излегоа информации дека во блок Б од овој студентски дом има глувци и нема топла вода. – Студентскиот дом си има директор, повторно ќе интервенираме и ќе кажеме дека треба да повика служба за дератизација и дезинфекција, но со ...

Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд го погоди турскиот град Самсун, предизвикувајќи поплави кои го парализираа сообраќајот и предизвикаа штети на бројни инфраструктурни објекти. Според официјалните информации, во невремето се повредени 12 лица, кои беа итно пренесени во болница за укажување лекарска помош. Поројните дождови ги претворија улиците во реки, носејќи сè пред себе, поради што голем број возила останаа заглавени во ...

Стабилна е состојбата на ученикот кој беше прободен во училишен тоалет во Ченто. Детето и понатаму е на респиратор, но лекарите за Сител потврдија дека веќе е започнат процесот на негово постепено будење. „Состојбата постоперативно е стабилна. Детето е се уште на респиратор што значи на машина за дишење. Денес е направен конзилијарен преглед од тимовите што ја извршија операцијата и дадена е насока полека да се буди детето, да се намали ...

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во ...

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати остра порака до земјите-членки, посочувајќи дека Русија и понатаму претставува директна и најголема безбедносна закана за Алијансата. Според Руте, заканата не е ограничена само на источното крило, туку има глобални импликации. Клучни пораки од Марк Руте: Русија како приоритетна закана: Глобални сојузи: Потреба од зголемени вложувања: „Мораме да сфатиме дека одбраната не е трошок, туку инвестиција ...

Лидерите на 14 земји-членки на НАТО од источниот и северниот дел на Европа предупредија дека повторените нарушувања на воздушниот простор од страна на Русија ја нагласуваат итната потреба од зајакнување на воздушната и ракетната одбрана на Алијансата против ракети и беспилотни летала. Во заедничката изјава, усвоена по состанокот во Букурешт, лидерите ги осудија, како што наведоа, „конфронтирачките активности“ на Русија, вклучително саботажи, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина, Пекинг. За утре наутро по локално време е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која ќе се разговара за трговијата, за билатералните односи и за безбедносните прашања. Трамп на аеродромот беше пречекан со воени почести и воен оркестар и од кинеска делегација предводена од потпретседателот Хан Женг. На пистата беа и 300 млади Кинези облечени во сино-бели ...

Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот е закотвен во францускиот град Бордо, откако на бродот беше регистриран бран на гастроинтестинални заболувања. Локалните здравствени власти и префектурата донесоа одлука со која на сите лица на бродот им се забранува симнување на копно. Лекарска интервенција и истрага Според информациите од капетанот на бродот, околу 50 патници покажале симптоми на болеста. Истовремено, локалниот весник „Суд ...

Обидот на полицијата да влезе во филипинскиот Сенат за да го уапси сенаторот Роналд дела Роса ескалираше со пукање и општ метеж. Сенаторот, познат под прекарот „Бато“, се крие во својата канцеларија од понеделникот, откако МКС потврди дека бара негово апсење. Од Сенатот информираат дека ситуацијата е напната, но дека за среќа нема повредени од истрелите. „Ситуацијата сè уште се проценува откако непознат број полицајци се обидоа да влезат во ...

Патувањето со домашни миленици во земјите на Европската Унија од неодамна подлежи на нови, построги правила кои стапија на сила на 22 април 2026 година. Како што пренесува „Дона модерна“, целта на овие измени е зајакнување на здравствените контроли и спречување на ширење болести меѓу државите членки. Новите одредби се однесуваат на сопствениците на кучиња, мачки и творови, а во одредени случаи и на некои видови домашни птици. Задолжителни ...

На 12.05.2026 во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. -Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна ...

Германскиот автомобилски сектор се соочува со многу подлабока криза од очекуваното, а новите прогнози на Германското здружение на автомобилска индустрија (VDA) покажуваат дека до 2035 година ќе бидат изгубени 225.000 работни места. Оваа бројка е за 35.000 повисока од претходните пресметки. Претседателката на VDA, Хилдегард Милер, предупредува дека ситуацијата е сериозна, посочувајќи дека само во периодот од 2019 до 2025 година веќе исчезнале ...

Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите – дека ...

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, информираат од скопската зоолошка. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и ...

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница, пишува минситерот за правда Игор Филков. Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана. Очекувам целосна ...

Им се обраќаме на СДС токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања. Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите конечно се придвижија. ...

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. „Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. Министерството за култура и ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...

Министерот за правда, Игор Филков, упати остра критика по одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут. Според него, ваквиот потег негативно влијае врз перцепцијата на граѓаните за правниот систем во земјава. Филков смета дека затворањето на предмети со висок јавен интерес без целосна разрешница испраќа погрешна порака до јавноста. „Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните ...

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави почеток на хуманитарна акција за помош на Катерина, самохрана мајка на три деца и жртва на семејно насилство. Семејството живее во крајно тешки услови, без основни претпоставки за нормална егзистенција. Стефковски, заедно со Жаклина Пешевска и Дијана Илиевска, го посетија семејството и доставија првична помош во храна. „ХУМАНОСТА НЕ ПОВИКУВА! ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! За жал повторно ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до власта, нарекувајќи ја коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ „најголем бугарофилски колектив“. Според неа, функционери од власта поседуваат бугарски пасоши додека истовремено ја блокираат европската иднина на државата. Кузеска истакна дека лажниот патриотизам се користи како параван за лични интереси и криминал. „Министри, пратеници, директори, ...

Србија треба да остане посветена на преговорите за членство во Европската Унија, без оглед на предизвиците со Косово и притисоците за санкции против Русија, порача денеска потпретседателката на српското Собрание, Елвира Ковач. Таа нагласи дека актуелната геополитичка ситуација треба да послужи како мотив за побрзо спроведување на реформите. Во изјава за РТС, Ковач посочи дека во моментов Црна Гора има најреални шанси за брзо зачленување во ...

Серија напади врз полициски службеници во главниот град резултираа со приведување на пет лица во текот на изминатото деноноќие. Инцидентите се случиле на Бит Пазар и во Кисела Вода додека полицијата ги извршувала своите редовни обврски. На 12.05.2026 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Љ.(43), Х.Л.(39) и малолетник, сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници додека ...

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од кои тројца предизвикале сообраќајни незгоди, 12 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од кои тројца предизвикале сообраќајни незгоди, 12 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол. Двајца возачи во ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, денеска упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на Обвинителството. Според Димитриевиќ, признанието на премиерот дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савески е скандалозно. Од СДСМ тврдат дека премиерот врши притисок и му наредува на обвинителот како да постапува, со што се урива независноста на правосудниот систем. ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.13
84%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
72%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.89
81%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
91%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
81%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.98
76%
1007
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
73%
1005
Currency

61.645

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Алуминиум

3.61

Паладиум

47776.01

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Сребро

2786.34

Иридиум

253540.09

Злато

151086.58

Кобалт

45.39

Бакар

13.33

Платина

68063.13

Калај

55.66