Загрижена мајка прашува зошто нејзиното 3,5-годишно девојче многу се поти додека спие. Прочитајте што мисли за тоа педијатарот Мирјана Коларек Каракаш:

„Проблемот со силно потење кај децата често ги мачи родителите. Обично тоа е здраво дете. Најдобар одговор може да даде лекарот кој се грижи за него. Една од можните причини е анемијата, па затоа е важно да се контролира железото во крвта.

Ако детето нормално расте и се развива, нема потреба од паника, но јас лично би направила крвна слика како минимална анализа. Дозволете му на вашиот педијатар да одлучи за потребата од контрола на шеќерот во крвта и тироидните хормони врз основа на клинички преглед и анамнестички податоци, односно дали овие болести се присутни во семејството“.

Извор



912

X