Технолошкиот милијардер Илон Маск, новоименуваниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, како и неколку големи компании, најверојатно ќе бидат предмет на конгресни истраги откако демократите во јануари ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавија високи претставници на Демократската партија. Во телевизиско гостување, конгресменот Роберт Гарсија од Калифорнија и сенаторката Елизабет Ворен од Масачусетс, кои ќе ги предводат ...

Пропалестински активисти денеска го симнаа германското знаме од јарболот пред зградата на германскиот парламент во Берлин и на нејзино место поставија палестинско знаме. Еден од активистите, користејќи алпинистичка опрема, се искачи на јарболот пред Бундестагот, отстрани германското занаме и го фрли на земја, по што го постави палестинското знаме. Berlin, Germany. Someone raises the Palestinian flag in front of the Bundestag. Do not ...

Македонската ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз од Грција со 29-24 на гостувањето во Халкида, во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа разочарувачки натпревар, во кој речиси во текот на сите 60 минути беа во подредена улога и не најдоа решение за мотивираниот домашен состав. Поразот е особено болен поради ривалството со јужниот сосед, но и поради негативната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на шефот на УФЦ, Дејна Вајт, да ја преземе функцијата портпарол на Белата куќа, но тој ја одбил необичната понуда, тврди извор запознаен со ситуацијата, пренесува „Ројтерс“. Трамп во саботата објави дека од промоторот на мешани боречки вештини побарал да ја преземе оваа важна комуникациска функција. „Задоволство ми е да објавам дека на големиот Дејна Вајт, жесток борец и воин, му е понудено ...

Иранските државни медиуми објавија снимка за која тврдат дека ги прикажува подземните тунели на морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот на земјата. Во ходниците се гледаат камиони со лансери и контејнери за ракети. Според иранските извори, во комплексот се чуваат противбродски ракети и брзи чамци. Iran’s IRGC released footage of Iran’s Supreme Leader’s representative to the IRGC inspecting naval missile ...

Почина професор доктор Зоран Спировски, торакален хирург и поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Веста за смртта на проф. д-р Спировски ја објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профилот. – Торакален хирург со децениски стаж, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Спировски остави длабока трага во ...

Полското државно обвинителство најави дека масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, ќе го истражува како кривично дело со терористички карактер. Ова е нов развој во истрагата, откако во нападот и во домот на напаѓачот беа пронајдени вкупно девет тела. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, за ТВП Инфо изјави дека обвинителството денеска планира формално да отвори истрага и нападот правно да го ...

Со транспаренти и пораки „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“, граѓани и активистки денеска маршираа низ центарот на Скопје на протест против фемицидите и насилството врз жените. Протестот, организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, беше поттикнат од смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која претходно пријавувала насилство и закани по живот, но не добила заштита. ...

Согласно Уставот и важечките закони во Република Македонија, правосудниот испит може да се полага исклучиво на македонски јазик. Во моментов не постои законска можност за полагање на друг јазик, изјави на прес-конференција Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и министер за правда до јуни годинава. Како што рече, во ЗНАМ се доследни и принципиелни на ставот што тој го застапуваше уште како ...

Ива Михаилова од Кочани, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, која ја напушти Македонија и се појави во Бугарија и покрај тоа што МВР по неа распиша меѓународна потерница, во гостување во поткаст изнесе низа контроверзни тврдења за судскиот процес против неа, македонските институции и односите меѓу Македонија и Бугарија. Михаилова, која во поткастот гостуваше заедно со својот адвокат, го обвини премиерот ...

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, ја закажа првата седница на новиот собраниски состав за 17 ноември, со почеток во 10 часот. Брнабиќ на прес-конференција во Собранието изјави дека се исполнети сите услови за свикување на конститутивната седница, откако Републичката изборна комисија на 5 ноември го усвои конечниот извештај за резултатите од изборите, а ден подоцна ги донесе и решенијата за доделување на пратеничките мандати. ...

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, но и покрај тоа е на третото место во Европа според стапката на убиства на жени од интимни партнери. Левица прашува како државата со толку бројна полиција не успева да обезбеди ефикасна заштита од насилството врз жените и бара одговори од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од партијата посочуваат дека и Европската комисија во ...

Трајко Славески јавно признал дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија била донесена во координација со премиерот Христијан Мицкоски. Ова, според СДСМ, отвора прашања за одговорноста на државниот врв за целиот случај. „Со премиерот секако“ – ова е признанието на Трајко Славески дека Мицкоски ја донел одлуката за Алта банка, пералницата на пари на Вучиќ и неговата мрежа, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша ...

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека денес ја напаѓа Владата и шири паника во јавноста околу состојбата со банките, а молчел во 2019 година, кога, според него, од Венецуела во Македонија биле префрлени 110 милиони евра во фирми блиски до семејството Заеви. „Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард“, изјави ...

Шест лица се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа со автобусот со српски регистарски таблички на автопатот А3 во Хрватска, додека 27 лица на местото на несреќата биле класифицирани како полесно повредени. Во несреќата загинаа двајца патници, потврди хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ. Меѓу повредените се и двајцата возачи на автобусот, но засега не е познато колку се сериозни нивните повреди. Веднаш по пријавата, на ...

До 20 ноември студентите може да аплицираат за студентска стипендија за академската 2026/2027. Пријавувањето на конкурсот што го објави МОН е исклучиво електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk Вкупниот број стипендии останува непроменет од лани (3000), но МОН годинава воведе нов модел на стипендирање, со нови категории и поинаква распределба на средствата. – Промената не е во намалување на поддршката, туку во нејзино подобро ...

Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени утрово го погоди централниот дел на Јапонија, при што се повредени повеќе од 20 лица, соопштија властите и локалните медиуми. Земјотресот се случил во 1 часот по локално време, на длабочина од 40 километри, во западниот дел на префектурата Шизуока, околу 200 километри западно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. 🚨🇯🇵 JAPÓN | Dos sismos en pocas horas. El más fuerte, de magnitud 5.7, dejó ...

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, информираше дека по барање на граѓаните е подготвена петиција со која се бара воведување електронски алки за следење на сторителите на насилство. Зајкова ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата и да ја потпишат петицијата, со која се бара воведување дополнителна мерка за контрола и следење на лицата што вршат насилство. „Електронската нараквица ќе ја ...

Деловна зграда во финансискиот кварт „Крал Абдула“ во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, денеска беше оштетена од проектил, изјавија очевидец и три лица запознаени со случајот. Неколку сведоци за француската новинска агенција АФП потврдиле дека е оштетена зграда во сопственост на нафтениот гигант „Арамко“. Footage from the site, and post-impact shows continuous smoke plumes rising from the upper floors of the damaged Al-Aqiq ...

Две лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 7:25 часот се случи на автопатот А3 во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град. Се преврте автобус со српски регистарски таблички, потврди хрватската полиција. Повредените ќе бидат пренесени во болниците во Загреб. На местото на несреќата пристигнале екипи на итната медицинска помош, а според информациите од теренот, бил ангажиран и ...

Стивен Милер, советникот кој ги осмисли најстрогите имиграциски мерки на Доналд Трамп, од понеделник ја презема функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа. Милер го следат бројни контроверзии, од разделувањето на семејствата на американско-мексиканската граница до преписката со десничарски портал, која критичарите ја оценија како промовирање на белиот национализам. Трамп го објави назначувањето во петокот на социјалната мрежа Truth Social, ...

Хакерски групи кои тврдат дека упаднале во рускиот завод за статистика „Росстат“ објавија податоци од изводи од матичните книги на умрените, според кои од почетокот на руската инвазија врз Украина починале меѓу 394.000 и 450.000 лица поврзани со војната. Групите „Беларусиан Сајберпартизан“ и „Сајлент Кроу“, кои ја презедоа одговорноста за нападот, тврдат дека податоците ги презеле од интерната база на „Росстат“ за демографија. Базата содржи ...

Девет лица загинаа во крвопролевањето во полскиот град Краков. Шест лица беа убиени во пукање во центарот на градот, а полскиот премиер Доналд Туск потврди дека во домот на напаѓачот биле пронајдени уште три тела – на две жени и еден маж. Според неофицијални информации, станува збор за неговите родители и сестра. Околностите под кои починале сè уште се истражуваат. 🇵🇱 ❗️@PolskaPolicja weszła do mieszkania zamachowca. Materiał z działań ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта во западните делови од државата ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје претпладне претежно сончево, во вечерните часови ...

Објавена е снимка од моментот кога вооружен напаѓач отвори оган врз луѓе во центарот на Краков, каде што загинаа шест лица, а 15 сњ повредени. Новите детали откриваат дека 24-годишниот Полјак имал дозвола за поседување огнено оружје. New CCTV video shows the Polish police officer shooting the attacker after having been shot himself. A true hero https://t.co/FrfAeBb3mY — Visegrád 24 (@visegrad24) November 7, 2026 „Во овој момент можеме да ...

Во изминатото деноноќие, на територија на целата држава регистрирани се 11 пријави за семејно насилство. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во неколку од случаите полициски службеници лишиле од слобода лица осомничени за насилство, додека по останатите пријави се преземаат мерки за расчистување на настаните. Во ОВР Прилеп, вчера жена пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана од нејзиниот ...

Очекувам дека надлежните државни институции, вклучително и Јавното обвинителство, со должно внимание и сериозност ќе ги разгледаат наодите и препораките од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и, во рамките на своите законски надлежности, ќе преземат соодветни активности за утврдување на евентуалните одговорности – вели во својтата објава на социјалните мрежи, Дејан Кошутиќ, претседател на УО и генерален директор на ЖРСМ ...

Шест лица – четири жени и двајца мажи, загинаа во пукањето што се случи на Главниот плоштад во полскиот град Краков, додека животот на уште 12 повредени лица е во критична состојба. Полицијата во автомобилот на осомничениот пронајде поголемо количество дополнително оружје и муниција. Зголемувањето на бројот на загинати го потврди гувернерот на Малополското Војводство, Јан Клечар, нагласувајќи дека лекарите се борат за животите на сите ...

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен кои немаат платежни картички во Алта банка денеска им беа исплатени средства во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола. Народната банка соопшти дека исплатата се одвивала во најдобар ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. – Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се ...

Најмалку пет лица загинаа, а најмалку 12 се повредени, меѓу кои и полицајци, во масовно пукање што се случи денеска во самиот центар на Краков, на југот од Полска, соопшти полицијата. Во соопштението објавено на платформата Икс (X) се наведува дека напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата и со повреди е пренесен во болница. Според информациите од полицијата, мажот влегол со автомобил на Главниот плоштад и започнал рафално и сурово да ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
65%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
84%
1026
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
88%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.98
95%
1028
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.74
95%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
73%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
87%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
80%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1030
Currency

61.567

Currency

54.966

Currency

73.767

Currency

38.006

Currency

39.167

Currency

67.239

Currency

8.2483

Currency

0.67201

Currency

0.3474

Currency

0.52331

Currency

1.0969

Currency

0.58426

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47

Бакар

12.58

Сребро

1666.05

Злато

130856.75