Скај Амундсен се запрашала дали треба да ги принудуваме децата да делат откако нејзиниот син имал непријатна ситуација кога одбил да сподели справа на подлога за прскање во детски парк. Оваа мајка објавила видео во кое објаснува дека била со својот двегодишен син во локалниот парк кога избила тепачка помеѓу момчето и друго девојче. -Имаше многу од ваквите уреди, а тој си играше со еден. Незадоволно од неговото однесување, му пријде едно мало ...

Кога ќе ве прашаат што најмногу сакате во животот, постои голема веројатност да кажете – моите деца, би умрел за нив. Но, понекогаш животот ви дели сосема поинакви и нималку фер карти… Воопшто не мораме да зборуваме или да дискутираме што е најтешко за родителот. Губењето на детето е нешто што родителот никогаш не го надминува. И овие мали суштества, дури и кога знаат дека нивното време на земјата било кратко, можат да нè научат многу работи. ...

Согласно планот за реформа на основното образование кој се спроведува етапно, годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и шесто одделение, за што се изработени нови наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО), доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение. -Со учебниците за трето сме во понапредна фаза на изработка и одобрување, споредбено со оние за шесто одделение, a очекуваме сите ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Загрижена сум за син ми, кој има 3 години и 4 месеци. Постојано се лути за нешто, ако не е по негово, веднаш ја фаќа влезната врата и излегува надвор да бега. Кога си доаѓаме од некаде дома, пред врата прави сцени дека не ...

„Let’s Dance“ – хитот на Дејвид Боуви оваа година наполни 40 години и се чини дека годишнината од песната може да биде соодветен повик за бремените жени да танцуваат. Причината за ваквиот повик е веста дека кинески лекари и научници заклучиле оти пренаталната вежба – а особено танцувањето – може да помогне во ублажувањето на постпородилната депресија. „Помеѓу различните видови вежби, танцувањето имаше најголем интервентен ефект“, велат ...

Не е секогаш лесно да се препознае дали детето е надарено или не. Како што објаснува психологот Дејвид Палмер, не постои родител кој не би сакал неговото дете да има натпросечна интелигенција, па затоа повеќето од нив ги интересира кои симптоми откриваат дека се работи за надарена личност. Иако симптомите се често суптилни, психологот нагласува дека одредени карактеристики се заеднички за секое надарено дете, барем за повеќето. Еден од нив се ...

Мајката Анабел Леон, која објавува видеа на социјалната платформа „Тик-ток“ под името „@anabelmoralezz“, споделила видео кое брзо станало вирално. Во него таа објаснила како од партнерот и таткото на нејзиното дете бара да ја спасат неа, а не бебето, доколку некогаш има компликации при породувањето. Нејзината контроверзна објава досега ја погледнале 7,9 милиони луѓе и предизвикала поделени мислења. Како што објаснила таа, причината е што не сака ...

За да може детето да прерасне во емотивно зрел возрасен човек, кој ќе знае како да ги контролира своите импулси и смирено да ги решава конфликтите, треба покрај себе да има емотивно зрел возрасен човек (во форма на родител или старател) кој е способен да ги контролира сопствените импулси. Само таков човек може да го научи детето како мирно да ги решава конфликтите понатаму во животот. Тука клучна улога игра емпатијата. Способноста да се ...

Ги фрлила коцките на под и не сака да ги собере. Се фрла и плаче кога ѝ велам: „те молам крени ги коцките“. Ок, полесно ми е да раскренам сѐ сама отколку да слушам лелекање. Но, што направив? Од себе покорен слуга, а од детето господар кој ги избегнува последиците од својот избор. Затоа што фрлањето на коцките беше избор, а не случајност. И секој избор има различна последица. Штотуку дозна дека ништо нема да се случи ако ја фрли коцката на под и ...

Петгодишно девојче сака да се искачи на највисокиот врв во Северна Африка откако ги освои трите највисоки врва во Англија, Шкотска и Велс. Минатата година Серен Прајс станала најмладата личност што учествувала во британскиот предизвик „Три врва во 48 часа“. Но, малата алпинистка не застанува тука, па сега со нејзиниот 44-годишен татко Глин, искусен планинар, планира да го освои врвот Тубкал во Мароко на планините Атлас, највисоката точка во ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам 2,5-годишен син кој расте во град во кој не растевме ние, неговите родители, па поради тоа поретко има контакти со неговите баба и дедо, братучеди и сл. Ако на тоа додадете растење во време на ковид-рестрикции, тој до ...

Приврзаноста најлесно може да се опише како одреден тип емоционална поврзаност, а кај децата најчесто е поврзаност со нивните родители. Нарушување во приврзаноста е состојба која во повеќето случаи се дијагностицира во раното детство, најмногу до петгодишна возраст. Како што објаснуваат психолозите, постојат два типа вакво нарушување кај децата, реактивно нарушување во приврзаноста и дезинхибирано нарушување во приврзаноста. Иако причините за ...

Тргнувањето во градинка е голем настан, како за детето така и за целото семејство. Во приватните градинки пријавувањето е отворено секој работен ден додека има места. Ова може да го олесни моментот кога „малата птица ја напушта безбедноста на семејното гнездо“ и оди во светот на врсниците. На родителите кои имаат избор не им е лесно да проценат на која возраст да го запишат детето во градинка, дали детето е доволно зрело за да остане во групата, ...

Децата многу пати си играат со своите играчки во форма на телефони и измислуваат ситуации на телефонски разговори, во најголем дел имитирајќи ги возрасните. Но, слаткото дете во видеото што ќе го видите во продолжение користи некои од своите играчки во својство на телефон за добро да се пошегува. Имено, детето постојано вели „ало?“, терајќи го возрасниот кој е покрај него – и тој да земе предмет од купот играчки и да одговори на божемниот повик. ...

Во Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Северна Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 ...

Децата се раѓаат со вродена потреба за контакт со други луѓе. Веќе во првите денови од животот луѓето се најважниот дел од светот со кој се среќаваат. Вооружени со беспомошност, плачење, насмевка – основните вештини што им се потребни за да воспостават комуникација, тие го свртуваат вниманието кон себе. Детето станува свесно за себе во однос на другите луѓе, учи за нив, за себе, го приспособува своето однесување и стекнува различни искуства. Тоа ...

И покрај многубројните негативни искуства од породување споделени од жени на фејсбук-страницата „СТОП ЗА АКУШЕРСКОТО НАСИЛСТВО“, се појавила објава на мајка која неодамна се породила во Германија и таа зборува за сосема поинакво, позитивно искуство врз основа на квалитетот на персоналот и условите во тамошното породилиште. Како што наведува оваа Србинка, иако живее во странство, темата за акушерското насилство во Србија ѝ е блиска, па сакала да ...

Кога родителите се разведуваат, на детето може да му биде тешко да прифати дека неговата мајка или татко се гледа со друга личност. Ова е предизвик за целото семејство и има многу работи што треба да ги земете предвид кога е време да го запознаете вашето дете со новиот партнер. Еве на кои работи треба да обрнат посебно внимание мајките и татковците: Разберете ги чувствата на вашето дете Вашето дете може да почувствува низа емоции кога сте во ...

Многу се зборува за емпатијата. Се зборува дека ни е потребна. Но, не сум сигурна дека луѓето навистина разбираат што точно е емпатијата. Па да почнеме од тоа. Наједноставно кажано, емпатијата е способност на личноста да ја препознае емоцијата што друга личност ја изразува преку своето однесување или говор; да ја прифати како таква без да ја поправа и без да ѝ каже како треба да се чувствува. Апсолутно не значи дека ако другиот плаче, треба да ...

Желбите за необична храна во бременоста понекогаш звучат како мит, но за многу идни мајки тие се реалност. Додека некои имаат среќа да сакаат здрава храна како овошје, други се повеќе привлечени од слатки или висококалорична храна што инаку не би ја вкусиле. Новото истражување на „Уанпол“ спроведено на 2.000 жени кои родиле во последните шест години покажа дека дури 9 од 10 (89 отсто) имале желба за одредена храна за време на бременоста. На ...

Природно е детето тешко да се справува со поразот, но за да не биде така, треба да се поработи на тоа. Експертите тврдат дека ако детето не се соочи со овој пораз, тоа прераснува во фрустрирана личност без пријатели, бидејќи во секој гледа противник кој треба да го победи. Психолозите советуваат родителите уште од најраните денови да им помагаат на децата да научат да играат, да се дружат и да учат со прифаќање на успесите и неуспесите. Ако ...

Крлежите се потенцијални носители на заразни болести, па затоа не е лошо да научиме да се заштитиме од нив, но и да знаеме како правилно да постапиме кога ќе ги најдеме прикачени на кожата кај децата. Зошто крлежите го сакаат топлиот дел од годината? Крлежите живеат во зеленило, обично во трева и дрвја. На крлежот му е потребна надворешна топлина за да живее, па не може да ги преживее студените денови. Земајќи го предвид „вегетацискиот бум“ и ...

Кога сите мои деца ги достигнаа своите тинејџерски години, некако се почувствував најосамена. Мојот секојдневен живот премина од менаџирање на сите нивни секојдневни активности, попладневни часови исполнети со домашни задачи, оброци и приказни за она што се случувало на училиште, до многу мирно време кое го поминувам сама со моите мисли. Ах, колку сето тоа ми недостига. Кога мојот живот првпат се смени, не знаев што да правам. Поголемиот дел од ...

Отсуството на менструацијата и позитивниот тест за бременост во повеќето случаи се првите знаци од кои жената дознава дека е бремена. Сепак, лекарите тврдат дека постојат и други, посуптилни знаци, кои исто така може да укажуваат на бременост, а многу луѓе никогаш не би ги поврзале со тоа. Еден од овие симптоми е кивањето. Како што објаснуваат лекарите, зголеменото течење на носот, проследено со кивање – е резултат на хормоните и зголемувањето ...

Имав прекрасен план да го оставам телефонот исклучен – до среда. Да го поминам времето квалитетно со моите деца. Така и започна мојот план. Во раните утрински часови се гушкав в кревет со мојата помала ќерка. Потоа, во кујната, ја прегрнав мојата постара ќерка, седнав со неа додека го пробуваше новиот појадок. Се стопив од радост кога ми рече: „Овие јагоди се највкусни“. Сето тоа беше толку величествено, за една минута. И тогаш се сетив. ...

Тргнувањето во градинка е голем чекор за детето. Тоа е и многу стресна ситуација бидејќи првпат запознава нова средина, возрасни непознати лица, поголем број врсници и секојдневна рутина. Секое дете поминува низ процесот на приспособување, без разлика дали е бебе или тригодишно дете, а колку ќе трае тој период, зависи од самото дете, но и од соработката на родителите и воспитувачите. Што треба да имаат предвид родителите при запишувањето на ...

Сабота наутро, накратко сте застанале да ги погледнете видовите житарки на полиците во супермаркет додека вашето дете продолжува да се вцрвенува во лицето и да вреска. Го забрзувате темпото, додека неговите крици се засилуваат. Иако никогаш не сме се сретнале, ова е всушност споделување краток, универзален родителски момент – секојдневието во навигацијата низ животот со малото дете кое има „големи“ чувства. И мене ми се случувало често тоа во ...

Додека уживате во водата со вашето малечко, без разлика за каква вода се работи и каде се наоѓа, сигурно ќе заборавите на сè околу себе и ќе се препуштите на уживањето. Покрај тоа, ќе уживате додека го гледате вашето дете како се смее и се забавува, бидејќи повеќето деца навистина ја сакаат водата. Сепак, фактот дека уживате, никогаш, апсолутно никогаш, не смее да ве направи непретпазливи. Затоа што дури и да мислите дека тоа не може да ви се ...

Одгледувањето семејство додека одржувате рамнотежа во животот е еден вид уметност, вели психотерапевтот Бартон Голдсмит. Тој наведува 10 алатки кои го олеснуваат воспитувањето на децата. Препознајте ги силните страни на вашето дете „Можете да ги користите за да ја изградите самопочитта кај детето и да ја зголемите неговата самодовербата, која е потребна за да се справи со сѐ што изгледа тешко. Децата ќе бидат поподготвени да слушаат и да ...

Кога ќе станете родител, сфаќате дека имало толку многу контрадикторни совети што ви биле упатени. Многу е лесно да се изгубите во лудилото наречено „совршено родителство“ и да се оптоварувате со тврдења кои всушност не се поткрепени со никакви научни факти. Најчесто родителството се заснова на доверба во сопствените инстинкти, но тоа може да биде збунувачко поради контрадикторните совети што кружат со години. Затоа ви пренесуваме пет работи за ...

Скопје

16ᴼ/16ᴼ
4.12
67%
1019

Белград

15ᴼ/13ᴼ
7.72
64%
1019

Софија

12ᴼ/12ᴼ
1.03
82%
1023

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
1.68
86%
1025

Љубљана

17ᴼ/11ᴼ
3.09
76%
1017

Атина

19ᴼ/16ᴼ
2.68
78%
1016

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
1.03
72%
1016

Подгорица

18ᴼ/14ᴼ
0.51
68%
1016
Currency

61.6069

Currency

57.4719

Currency

72.1936

Currency

37.736

Currency

42.0817

Currency

63.1133

Currency

7.94288

Currency

0.61696

Currency

0.36695

Currency

0.52622

Currency

1.77258

Currency

0.68905

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

614469 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

864 $

Злато

74863 $

Бакар

9 $

Паладиум

31158 $

Платина

30479 $

Родиум

151607 $

Цинк

92668 $