Денешниот ден беше еден од најтешките за пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Струмица, кои во текот на денот интервенираа на повеќе активни пожари во струмичкиот регион. Благодарение на нивната брза и пожртвувана реакција, спасени се повеќе куќи, како и црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе бил стигнат до самите објекти. Од ТППЕ Струмица информираат дека пожарите избувнале во атарите на селата ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека истрелала балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан. Во соопштението објавено од новинската агенција Фарс, ИРГЦ го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја. – Вие добро знаете дека не чувствуваме никакво непријателство кон вашата земја. Всушност, ве сакаме благородни луѓе, бидејќи ја разбирате болката и ...

Истрошените садови за готвење честопати сè уште зафаќаат простор во кујната, а некои луѓе ги користат. Ова никогаш не треба да се случува, и тоа од неколку причини. Истрошените садови за готвење ретко се откриваат одеднаш. Вашата тава што се лупи изгледа речиси исто како што беше пред шест месеци, и токму тоа е проблемот. Некои дамки може да се измијат за две минути. Други оштетувања значат дека храната што ја сервирате повеќе не е она ...

Посебни видови путер, сирење и млеко со помала содржина на масти долго време се рекламираат како подобра алтернатива за оние кои сакаат да го намалат ризикот од развој на срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес, објавува германската агенција dpa. Сепак, мастите што природно се наоѓаат во млечните производи, за разлика од индустриските транс масти во високо преработената храна, не го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, заклучија ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп се откажа од предлогот за воведување такса од 20 проценти за бродовите што пловат низ Ормуска Теснина и објави трговски и инвестициски договори со земјите од Персиски Залив. Тој вчера изјави дека САД треба да бидат финансиски компензирани за нивната улога во заштитата на слободната пловидба и безбедноста на меѓународната трговија во Персиски Залив, особено ако Иран наметне свои такси за премин низ ...

Куба, во рок од една недела, третпат е без електрична енергија, соопшти денеска кубанското Министерство за енергетика. – Дојде до целосно исклучување на електроенергетскиот систем. Активирани се протоколи за враќање на снабдувањето со електрична енергија, се наведува во објавата на Икс на кубанското Министерство за енергетика. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од дефект во термоцентрала, што предизвика ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација на Универзитетот „Мајка Тереза”, на која беа договорени следните чекори за соработка во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето”. Првиот резултат од оваа соработка е организирањето на Летната школа за пливање, наменета за деца на возраст од 5 до 10 години. Наставата ќе биде бесплатна и ќе се одржува на базенот во Чаир, под водство на професори и ...

Европска унија и Велика Британија денеска во Брисел потпишаа договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки помеѓу Шпанија и територијата Гибралтар, кој е под британска контрола. Договорот беше потпишан од европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути, а присуствуваше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо. Договорот ги отстранува сите ...

Одржувањето на добро расположение и чувството на среќа не е секогаш лесно, особено во времиња исполнети со стрес, обврски и неизвесност. Сепак, експертите истакнуваат дека малите дневни навики можат да имаат големо влијание врз емоционалната рамнотежа и задоволството од животот. Еве пет едноставни навики што можат да ви помогнат да се чувствувате посреќни и поисполнети. 1. Направете добро дело, дури и кога никој не знае за тоа Љубезноста ...

Летањето не е опасно за повеќето луѓе, но понискиот притисок, сувиот воздух и промената на временските зони често предизвикуваат неприлагоденост, замор, надуеност, непријатност. Многу патници доживуваат зголемено ниво на стрес пред полетувањето. Гужвите, редовите и чувството на губење на контролата врз времето,, како и околината можат да ја зголемат вознемиреноста дури и пред да се качат во авионот. По полетувањето, кабината е под ...

Иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево регистрирани се неколку експлозии на островот Кешм, во близина на Ормуска Теснина. Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови беше неколку пати нападната од американскиот непријател. Претходно, државната Иранска новинска агенција (ИРНА) јави дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, со што „продолжува кршењето на примирјето од страна на ...

Властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад. – Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства издадени од властите“. Иран изминатите денови изврши повеќекратни напади врз Кувајт и другите сојузници на САД во Персискиот Залив, како одговор на американските напади ...

Многу луѓе бараат стручна помош само кога нивната врска е во длабока криза и честопати се целосно изненадени кога нивниот партнер одеднаш одлучува да прекине врска за која верувале дека е стабилна. Во такви ситуации, често се покажува дека суптилните, но опасни модели на однесување ја поткопуваат врската долго време. Многу парови едноставно ги превидуваат токсичните динамики и го потиснуваат сопственото незадоволство наместо искрено да ...

Во Куманово попладнево се случи сообраќајна несреќа на улицата „Трета македонска ударна бригада“, во која учествувале мотоцикл и патничко моторно возило. Според фотографијата од местото на настанот, мотоциклот завршил под предниот дел од автомобилот, при што на возилото е забележливо оштетување кај предното лево тркало и браникот. На коловозот се расфрлани делови од моторот и други остатоци од судирот. Засега нема официјални информации за ...

Евидентирани се вкупно девет пожари на отворен простор во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Едниот сѐ уште активен е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот пожар е на територијата на село Гарани, општина Кичево, каде што се опожарени ниска вегетација и стрништа. Под контрола е пожарот ...

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека обемот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде два до четири пати поголем од официјалните проценки, но забележа дека се постигнува напредок поради откривањето на нови случаи. „Според нашите проекции, обемот на епидемијата се проценува дека е најмалку два до четири пати поголем од бројот на регистрирани случаи“, изјави Чикве Ихеквеазу, раководител ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) за главен судија на второто полуфинале го одреди „домашниот судија“ Американецот Исмаил Елфат. Со ова делегирање тој стана втор судија од КОНКАКАФ асоцијацијата што ја доби довербата да суди полуфинале, откако денешното во Далас меѓу Шпанија и Франција му е доделено на Иван Бартон од Ел Салвадор. Инаку, американскиот судија судеше и три натпревари на СП 2022 година каде беше и четврти судија на ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 ...

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани”, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ...

Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. -Ако ја гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите ...

Популарниот литвански јутјубер Шај повторно го привлече вниманието на своите милиони следбеници, овојпат со видео посветено на Северна Македонија. Во видеото со наслов „Лудо патување низ Северна Македонија“, тој ги прикажува највпечатливите моменти од својата авантура низ Скопје, но од перспектива што ретко кој има можност да ја види. Во речиси час и половина долгата снимка, авторот ја истражува македонската престолнина преку урбани ...

Бугарската национална телевизија (BNT) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизија во 2027 година. Со ова се елиминираат Пловдив и Варна, кои, исто така, се натпреваруваа за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката е донесена по евалуација на кандидатурите на четирите града. Градовите беа оценети според голем број критериуми, вклучувајќи инфраструктура на местото на одржување, пристапност, ...

Работата во австриските супермаркети станува се попривлечна поради високите примања и можностите за напредување. Вработените во трговските синџири како Billa, Spar, Eurospar, Interspar, Hofer и Lidl не се задолжени само за работа на каса, туку секојдневно извршуваат различни задачи – од прием и распоредување на стока, преку услуга на купувачите, до управување со продажните објекти. Според важечкиот колективен договор, продавачите без ...

Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. Според изворите, Зеленски го предложил ...

Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина. „Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а ...

На денешната седница за разгледување на амандманите на Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство ги одби двата амандмани на пратеничката група на Левица со кои се бараше обезбедување дополнителни средства за воспоставување кризни центри за жртви на сексуално насилство, како и за изградба на шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно насилство. Образложувајќи го амандманот со кој Левица предложи 30 милиони денари за ...

Во Министерството за култура и туризам денеска беше извршено официјалното примопредавање на министерската функција, при што Седат Сулејмани и формално ја презеде должноста министер за култура и туризам. При примопредавањето, новиот министер му се заблагодари на својот претходник Зоран Љутков за досегашниот ангажман и придонес во раководењето со ресорот, посакувајќи успешна соработка и континуитет во процесите што се од значење за ...

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.21
51%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.08
91%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.69
61%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.48
47%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.0
46%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.52
46%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
61%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
0.45
54%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 19ᴼ
1.29
100%
1017
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Родиум

260421.05

Платина

52309.26

Алуминиум

3.18

Злато

130535.25

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Калај

52.95

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Сребро

1891.04

Бакар

12.79

Паладиум

41378.01