Делчево, 17 јуни 2026 (МИА) – Во населбата „Пролет“ во Делчево продолжуваат градежните активности за изградба на водоводната, канализациската и атмосферската инсталација, проект со кој се очекува значително подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска изврши увид во текот на работите на терен, при што изрази задоволство од динамиката со која се реализираат ...

Струмица, 17 јуни 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беа дел од почетниот настан на проектот CulTour Crossing Borders (Антички Европос - Дојранско Езеро - Римски терми во Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамките на програмата „Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција“ - соопштија денеска ...

Пробиштип, 17 јуни 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството. -Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст - ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница. За време на средбата, се вели во општинското соопштение, беше истакната важноста од поддршката на младите таленти и создавањето подобри ...

Берово, 17 јуни 2026 (МИА) - Во Општина Берово е формиран Локалниот младински совет, како значаен чекор кон унапредување на младинското учество и зајакнување на гласот на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Со ова тело се создава институционална можност младите од општината директно да ги артикулираат своите потреби, идеи и иницијативи, но и да учествуваат во креирањето на политики кои се однесуваат токму на нивната ...

Скопје, 18 јуни 2026 (МИА) – Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ...

Вашингтон, 16 јуни 2026 (МИА) - Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци - покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите ...

Меко, воздушесто и неодоливо вкусно млечно печиво кое совршено се комбинира со појадок, кафе или чај. Благодарение на млекото и путерестиот вкус, ова печиво останува меко и свежо долго време. Потребни состојки: 370 грама брашно 150 мл топло млеко 100 грама путер/маргарин 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 1 кесичка сув квасец 1 жолчка За премачкување 1 јајце сусам за наросување Подготовка: Во длабок сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот и ...

Париз, 17 јуни 2026 (МИА) - На самитот Г7, кој се одржува во францускиот град Евијан ле Бен, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп дрес од германската фудбалска репрезентација со бројот 47, објаснувајќи дека станува збор за задоцнет роденденски подарок. „Во пресрет на работната средба на лидерите на Г7 посветена на војната во Украина, Мерц (70) му врачи на Трамп (80) персонализиран дрес на ...

Лос Анџелес, 17 јуни 2026 (МИА) - Американскиот глумец Том Холанд потврди дека е во брак со Зендеја по месеци исполнети со гласини дека тие двајца се венчале, поткрепени со лажни слики од вештачката интелигенција. Ѕвездите од новите филмови „Спајдермен“ се заедно речиси 10 години, а глумицата пред неколку месеци беше видена како носи „нешто што изгледа како златен венчален прстен“, пишуваа западни медиуми. Оттогаш, двојката - која и ...

Осиек, 17 јуни 2026 (МИА) - Во хрватскиот град Осиек се појави „автомат за лубеници“ - првиот ваков уред за самопослужување со домашни лубеници. Веќе популарниот „Лубеницомат“ им овозможува на клиентите да си купат свежа лубеница во кое било време од денот, без да чекаат или бараат продавач, и без да одат на пазар. Уредот е поставен кај една од автобуските станици во Осиек. Според информациите на неа, лубениците доаѓаат од земјоделскиот посед ...

Лондон, 17 јуни 2026 (МИА) - Принцот Џорџ ќе го посетува Колеџот на Итон од есенва, следејќи ги стапките на својот татко, принцот од Велс, Вилијам. Имено, 12-годишното момче, кое се појави со своето семејство на кралската свеченост за време на викендов, ќе биде ученик во училиштето каде што оделе и престолонаследникот Вилијам и неговиот брат, војводата од Сасекс, принцот Хари, соопшти Кенсингтонската палата. Младиот принц досега учеше во ...

Брисел, 17 јуни 2026 (МИА) - Според истражување нарачано од Европската комисија, младите од ЕУ многу попозитивно гледаат на влијанието на социјалните мрежи врз нивното ментално здравје отколку нивните родители.Речиси половина од испитаниците на возраст од 13 до 18 години изјавиле дека социјалните мрежи имаат позитивно влијание врз нивната ментална благосостојба, во споредба со само 21 отсто од анкетираните родители. Додека 18 проценти од ...

Хо Ши Мин, 17 јуни 2026 (МИА) - Виетнамската полиција заплени повеќе од 400 мачки во голема акција против синџир за продажба на мачкино месо во Хо Ши Мин - најголемиот град во земјата, објавија групите за правата на животните и тамошните медиуми. Истрагата за низа кражби на домашни миленици во Хо Ши Мин минатата недела ја доведе полицијата до синџирот за продажба на мачкино месо, при што девет лица се уапсени. Повеќе од 40 од спасените мачки ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот за заедничката цел - подобро здравје и благосостојба за граѓаните. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје под претседателството на Израел. „Здравствената мрежа прерасна во силна меѓувладина ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Унапредување и продлабочување на билатералната соработка меѓу македонската и италијанската полиција, со посебен акцент на заедничкото справување со современите безбедносни предизвици - како што се тероризмот, организираниот и транснационалниот криминал, илегалната миграција, киберкриминалот, криминалот поврзан со криптовалутите и криптопазарите, како и превенцијата од криминал преку интернет. Тоа било тема на ...

Дебар, 17 јуни 2026 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз сопругата. -Вчера во18:15 часот во Дебар, лишен од слобода е Е.С.(24) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. Со него е извршен службен разговори и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит - четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираа оттаму, ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - На 16.06.2026 околу 15:20 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на пешачка патека помеѓу ул.„Глигор Прличев“ и ул.„Гоце Делчев“ во Делчево, 13-годишен малолетник од Делчево, управувајќи велосипед изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево. СВР Струмица поднесе ...

Битола, 17 јуни 2026 (МИА) - Неексплодирани гранати биле пронајдени во општина Могила. Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, денеска во 9:25 часот во Секторот за внатрешни работи - Битола било пријавено дека во атар на село Дедебалци, на место викано „На претерот“, општина Могила, пронајдени биле две неексплодирани гранати. - Местото е обезбедено, а гранатите денеска ќе бидат подигнати од пиротехничар од ...

Крива Паланка, 17 јуни 2026 (МИА) - Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека извршувал работни задачи. - Лекар ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Драчево, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13 часот, неговиот брат отишол на нивата и ...

Куманово, 17 јуни 2026 (МИА) - Педесет и петгодишен жител на липковско Матејче е повреден при извршување градежни работи во Куманово, додека 52-годишен вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи во кривопаланечкото село Огут, информираше денеска СВР Куманово. За двата случаи надлежните институции извршиле увид и се преземаат мерки за утврдување на околностите. Вчера во 10:35 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема. Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и ...

Скопје, 18 јуни 2026 (МИА) - Македонија се соочува со сериозен проблем во однос на демографијата - смета премиерот Христијан Мицкоски. За 20-25 години, оценува, можеби 150.000-250.000 луѓе ќе ѝ недостигаат на државата, а тој празен простор ќе мора некој да го пополни. Затоа, според него, мора да размислуваме за иднината. - Треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека денес за разлика од власта на СДС и ДУИ се инвестира и гради насекаде, се градат училишта, патишта, се инвестира во здравството, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува ...

Скопје, 18 јуни 2026 (МИА) - Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачи која е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесијата ќе биде презентиран трудот „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од проф. д-р Бесиме Зибери и ...

Солун, 18 јуни 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што ќе се одржи денеска во Солун во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската ...

Скопје, 18 јуни 2026 (МИА) - Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Според досегашните информации, тие обиди се успешни - вели премиерот Христијан Мицкоски. - Сè уште немаме потврда, ...

Скопје, 17 јуни 2026 (МИА) - Најголемата вредност за ВМРО-ДПМНЕ изминативе 36 години е што ја црпи силата од народот, од граѓаните, кои веруваат во исти идеи, принципи и вредности - независна, самостојна, просперитетна и европска Македонија. Како политичка партија, изминативе години имавме големи предизвици, и тешки и убави моменти, но покажавме дека само обединети и единствени можеме да носиме победи за Македонија. Ова во изјава за МИА го ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.32
63%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.0
71%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.74
80%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.92
76%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.2
62%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.83
85%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
44%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.86
58%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.05
64%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
61%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
5.05
100%
1017
Currency

61.645

Currency

53.7651

Currency

71.1372

Currency

37.738

Currency

38.0121

Currency

67.0418

Currency

7.92221

Currency

0.73519

Currency

0.33318

Currency

0.52543

Currency

1.15389

Currency

0.56501

Кобалт

45.39

Сребро

2197.58

Платина

55717.24

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.42

Цинк

0.00

Бакар

12.86

Паладиум

41442.31

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

137816.51

Калај

55.64