Министерството за правда го објави комплетниот список од 49 лица кои Александар Вучиќ ги помилувал на 27 септември, денот кога поднесе оставка на функцијата претседател на Србија. Меѓу нив е и државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која беше обвинета за трговија со влијание, најмалку 15 лица на кои им се ставаше на товар злоупотреба на службена положба, лица кривично гонети за перење пари, како и лица за ...

Црна Гора би можела да стане следната членка на Европската Унија, оценува Европската Комисија. Според новата анализа на институцијата од Брисел, земјата би можела успешно да ги заврши пристапните преговори уште до крајот на оваа година. Реалното приклучување кон Унијата потоа би можело да следува во 2028 година. Во анализата се наведува дека во наредните недели ќе биде клучно Црна Гора да го задржи доследниот фокус на подготовките за членство ...

Летот ЈУ134 на „Ер Србија“ за Москва веќе бил длабоко во воздушниот простор над Литванија кога екипажот добил инструкција да се врати во Белград. Меѓу патниците биле и поранешниот министер за одбрана и за внатрешни работи и поранешен директор на Безбедносно-информативната агенција, Александар Вулин, долгогодишниот директор на државниот „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, како и министерот без ресор Ненад Поповиќ. Сите тројца во Србија се познати по ...

Арлинда Зекај многупати барала заштита од полицијата. Од полицијата сметале дека таа претерува. На 25 октомври, 49-годишната Зекај повторно дала изјава во полиција против нејзиниот сопруг, кој потоа бил уапсен. Но, Зекај од полицијата барала и дополнителна заштита од семејството на нејзиниот сопруг. Залудно. Полицијата ја однесла Арлинда Зекај до дома. Таму ја чекал нејзиниот убиец. Таа го напуштила полициското возило во 20 часот и 58 минути. ...

Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот ...

Денеска (5 ноември 2026 година) во Скопје, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени присуствуваше на завршниот настан на ИПА проектот „Воспоставување на електронски систем за водење на евиденција на институциите за спроведување на законот“ (LERMS), во чии рамки беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу надлежните институции. Во своето обраќање, заменик министерот Исени истакна дека проектот претставува значаен чекор кон ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции. Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против ...

Во текот на следната седмица метеоролошките модели и понатаму упорно цртаат надоаѓање на потопол, но и повлажен воздух од Атлантикот кон Балканот и Македонија. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење кое ќе услови особено од средината на следната седмица да имаме температури значително над просекот за овој период од годината кога тие во делови од Балканот ќе надминуваат и 20 степени. За време на ова затоплување во ...

На 05.11.2026 околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка. Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и ...

Засилени инспекциски контроли низ целата држава спроведе Државниот пазарен инспекторат во текот на октомври 2026 година, при што биле извршени вкупно 2.401 инспекциски надзор и издадени 737 прекршочни платни налози. Вкупната вредност на изречените прекршочни платни налози надминува 18,94 милиони денари, информираат од Државниот пазарен инспекторат. Според објавените податоци, најголем дел од контролите биле насочени кон почитувањето на ...

На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот ...

На 05.11.2026, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово. Лишени од слобода се Д.П.(37), Л.К.(73), М.К.(27), Д.Ж.(43), сите од Куманово, а З.Р.(35) од Куманово е недостапен за органите на прогонот. ...

Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во макроекономските показатели, како и активности за унапредување на управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџети и зајакнувањето на системите за финансиска контрола. Во делот на макроекономските движења, Извештајот посочува, дека eкономскиот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од силните инвестиции и приватната потрошувачка. ...

За време на викендов (сабота и недела 7/8 ноември) територијата на Македонија останува во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој ќе условува и понатаму да имаме стабилно и суво време без врнежи. Времето ќе биде сончево со повремена променлива облачност. Денот сабота (7 ноември) ќе биде претежно тивок и без ветер додека денот недела (8 ноември) ќе биде малку ветровит, односно ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен ...

Од 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот, заедницата и создавањето активен простор за сите генерации. По успешното прво издание во 2025 година, кога турнирот беше инициран со цел да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село ...

По катастрофалната поројна поплава на Хималаите, која според првичните проценки била предизвикана од одрон на глечер, спасувачките екипи во Непал и Тибет трагаат по повеќе од 1.300 исчезнати лица. Досега се потврдени најмалку 165 жртви, а меѓу исчезнатите има стотици странски туристи. Според непалските власти, во земјата се пронајдени телата на 162 загинати, додека во Кина досега се потврдени три жртви. Непал во четвртокот првпат го објави ...

Во 2014 година, кога претседателот Владимир Путин ги објасни мотивите на Русија за нелегално анектирање на украинскиот полуостров Крим, тој рече: „Трупите на НАТО ќе дојдат и рамнотежата на моќ во црноморскиот регион фундаментално ќе се промени“. Силите на НАТО не пристигнаа, но рамнотежата на моќ во Црното Море сепак се промени – по почетокот на целосната војна на Русија против Украина. Руската морнарица повеќе не доминира во регионот како ...

Во Белград е инсталиран и поврзан нов систем од 30 сообраќајни камери. Камерите ќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, како што се користење мобилен телефон при возење и пребрзо возење. Камерите се наоѓаат на прометни патишта, раскрсници и на пристапите кон Белград. Од Нови Београд, Земун, Алтина, Ледине и Бежанијска коса, преку прометните градски булевари и улици до Батајница, Рушањ, Винча и Борча, објави РТС. Овој систем може ...

Во текот на денешниот ден, четврток 27 август територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради екстремно топлиот бран кој од југ, односно од Африка продира кај нас и условува да имаме екстремно високи температури на воздухот кои насекаде се искачуваат над 32 степени, а во Скопската котлина, во Повардарието како и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе се искачат до близу 40 степени. ...

Катастрофални поројни поплави во пограничниот регион меѓу Непал и Кина однесоа најмалку 98 животи во средата, додека стотици туристи, работници и жители сѐ уште се водат како исчезнати. Силните водени маси ги зафатија локалните заедници и целосно го прекинаа сообраќајот и патувањата во делови од погодените подрачја Најмалку деветнаесет лица загинаа во Непал по ненадејна поројна поплава што предизвика големи разурнувања во хималајската држава. ...

Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Еден возач возел под дејство на алкохол и еден возач управувал возило и покрај тоа што имал ...

Денеска започнуваме проект преку кој ја реализираме јасната визија на Владата, Македонија да ја направиме раскрсница на Балканот и своевидно „срце на Балканот“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на почетокот на изградба на автопатот Скопје – Блаце. „Кога оваа Влада беше формирана во 2024-та година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане ...

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. ” Автопатска делница е во должина од 10 и пол километри, исклучително комплициран терен, исклучително тежок терен. Ќе имаме 5 тунели, ...

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч ...

Една недела пред почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во учебната 2026/2027 година ќе има 200 паралелки помалку во основното и 100 помалку во средното образование. Според Јаневска, годинава се запишани околу 14, 500 првачиња, што е за најмалку 3.000 помалку во однос на претходните години. Поради намалениот број ученици и оптимизацијата на училишната мрежа, се очекува природно ...

Штефан Филе на 12 јуни 2013 година е разочаран. „Ја почитуваме одлуката на Исланд да ги прекине претпристапните преговори“, вели во тоа време ресорниот еврокомесар за проширување на ЕУ. Тој сепак вели и дека нема сомнеж оти во секое време може повторно да се отпочне процесот – со оглед на сите дотогашни искуства и веќе постигнати договори. „Ако Исланѓаните се решат да се надоврзат на ова, ќе постигнеме договор што ќе ги удостои и исландските ...

До крајот на оваа недела (односно до недела 30 август) територијата на Македонија останува да биде под влијание на екстремно топлиот бран кој од југ, односно од Африка продира во Македонија и условува да имаме екстремно високи температури на воздухот преку ден, како и појава на тропски ноќи во повеќето градови во Македонија. Времето останува да биде стабилно и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер ...

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети. Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Платина

49319.25