Скопје
38ᴼ /
38ᴼ
Проектот „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning“ „ILMovie“ влегува во една од клучните фази, во која се финализираат едукативните модули и се дигитализираат стари аматерски филмски материјали. Кинотеката на Република Северна Македонија работи на дигитализација и обработка на избрани филмски записи создадени во различни периоди и формати. Материјалите содржат сведоштва за секојдневниот живот, семејните моменти, ...
Познатата филозофка, авторка и универзитетска професорка Леа Ипи на 24 август ќе гостува во Скопје како добитничка на наградата „BookStar“ за 2026 година. Наградата ќе ѝ биде доделена во 19 часот во „Лабораториум“, на првиот официјален преднастан на 12. издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“. За книгата и за одлуката таа да биде наградена ќе зборува писателката и универзитетска професорка Ивана Трајаноска. По доделувањето ќе ...
Од 2013 до 2022 та , на ниво на државата, повеќе од 91 % од анализите на примероците покажале дека водата за пиење била исправна. Од друга страна алармантни податоци дека голем процент на станови сеуште се надвор од јавната канализациона мрежа, пишува Порталб. Голем дел пак од оние што имаат одвод, тој не води до колекторски систем за прочистување, што е уште еден загрижувачки наод за состојбата со квалитетот и третманот на водата. Во 2025 та ...
Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“, во организација на здружението „Култура Бета“, вечерва (20 август) гостува во Охрид. Мултимедијалниот настан ќе се одржи во културниот центар „Култ“, со почеток во 20 часот, и ќе обедини литература, документарен филм, фотографија и разговор за современата младинска култура. Во рамките на програмата ќе биде промовиран вториот број на списанието за општа култура „Тригер“. За ...
Заминувањето во пензија за многу луѓе не означува само крај на работниот век, туку и губење на општествената улога со која се идентификувале со години. Од активни членови на заедницата, тие неретко стануваат луѓе чие мислење повеќе не се слуша, додека нивното знаење и искуство остануваат неискористени. Атанаско Ѓорѓиев организатор на настани за социјализација на старите лица низ домовите за стари лица во Скопје, посочува дека младите можат да ...
Еден од најпознатите анимирани јунаци, Којотот, се враќа на големото платно во играно-анимираниот филм „Којотот против системот“, кој од 3 септември ќе се прикажува во кината низ земјава. По безбројните неуспешни обиди да ја фати Брзата птица итрица со помош на производите на корпорацијата „Акме“, Којотот решава правдата да ја побара пред суд. Тој го ангажира пропаднатиот адвокат Кевин, со кого започнува борба против моќната компанија. ...
Првото издание на фестивалот за електронска музика „Кора“ ќе се одржи на 18 и 19 септември во Кучково, на околу 30 минути од Скопје. Организатор на дводневниот настан е екипата зад скопскиот клуб „Минус Еден“. На фестивалот, кој ќе се одржува под отворено небо, ќе настапат околу 30 локални, регионални и интернационални артисти. Организаторите го најавуваат „Кора“ како отворен простор за современата електронска сцена, без строги жанровски ...
Здружението „АЗНО“ подготвува програма со едукативни и креативни работилници за деца и млади на возраст од 7 до 16 години. Активностите ќе се одржуваат во Националниот археолошки музеј и во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Програмата ќе опфаќа работилници од областа на археологијата, литературата, историјата на уметноста, илустрацијата, дизајнот, традиционалните занаети, уметноста и природата. Предвидено е учесниците да ...
Во издание на „Матица македонска“ е објавен романот „Црниот гавран: останатиот“ од истакнатиот украински писател Васил Шклјар, во превод од украински на македонски јазик на Вера Чорниј-Мешкова. Првпат објавен во 2009 година, „Црниот гавран: останатиот“ е еден од најпознатите и најчитаните историски романи во современата украинска книжевност. Во неговото средиште е вооружениот отпор на востаниците од Холодни Јар против воспоставувањето на ...
Во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, в среда, на 19 август, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „TECHNONEOLITH“ на уметникот и архитект Слободан Живковски. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до септември. Поставката се состои од серија расклопени картонски амбалажи, пресликани со акрил. Преку употребата на амбалажата – предмет создаден да заштитува, а потоа да биде фрлен – како уметничка подлога, ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство изјави дека добиените резултати потврдуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов изјави дека добиените резултати потврдуваат ...
Пет години по преземањето на власта од страна на талибанците, околу 2,4 милиони девојчиња во Авганистан сè уште немаат право да посетуваат средно училиште. УНЕСКО предупредува дека нивното исклучување од образовниот систем претставува тешко прекршување на основните човекови права. Авганистан останува единствената земја во светот во која на девојчињата и жените официјално им е забрането средно и високо образование. Обединетите нации повторно ...
Во јуни 2026 година во земјава биле издадени 296 одобренија за градење, што претставува зголемување од 39 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Според податоците на ДЗС, предвидената вредност на објектите изнесува 6,36 милијарди денари и е за 31 отсто повисока на годишно ниво. Од вкупниот број издадени одобренија, 200, односно 67,6 отсто, се однесуваат на објекти од високоградба. За објекти од нискоградба биле издадени 26 ...
Со концерт на Крсте Роџевски, вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“, започнува првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“. До 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и НУ „Охридско лето“, во „Света Софија“ и на сцената „Долни Сарај“ ќе се одржат шест концерти со музичари од Македонија, САД, Германија, Грција, Гана, Холандија и Велика Британија. Роџевски ќе го промовира новото двојно ...
Издавачката куќа „Илика“ го објави романот „Забранета тетратка“ од кубанско-италијанската писателка Алба де Сеспедес. Станува збор за втората книга во едицијата „Класици“ на издавачката куќа. Преводот од италијански јазик е на Ирина Талевска, лектурата на Софија Чолаковска-Поповска, додека графичкото обликување го изработија Ема Велковска и Марија Смилевска. Романот првично бил објавуван во продолженија од 1950 до 1952 година, а како книга ...
Од 14 август започнува втората фаза од реконструкцијата на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која предвидува санација на таванот. Поради безбедносни причини и работите за демонтажа и отстранување на стаклените плочи, стариот дел на Библиотеката ќе биде затворен за корисници до завршувањето на санацијата. Во овој период, корисниците ќе можат да ги користат библиотечните услуги во Мултимедијалната ...
Издавачката куќа „Антолог“ го објави македонскиот превод на романот „Во август“ од младиот чешки писател Јакуб Стањура. Преводот од чешки на македонски јазик е на Маргарета Карајанова. „Во август“ е психолошки роман што ја обработува темата на гаслајтингот – форма на манипулација при која постепено се бришат границите меѓу вистината и илузијата, а жртвата почнува да се сомнева во сопствената перцепција, сеќавања, одлуки и разум. Главната ...
Пред проекцијата на комедијата „Незаборавна пролет во заборавено село“ во „Синеплекс“, со публиката разговараа сценаристот и режисер Куштрим Бектеши, копродуцентот и актер Осман Ахмети и актерката Дрита Карага. На сцената им се придружи и дел од актерската екипа. За Бектеши, кој првенствено доаѓа од театарот, филмот претставува дебитантско остварување на големото платно. Тој посочи дека сценариото имало потенцијал да биде преточено во филм и ...
Мајчинскиот инстинкт честопати се опишува како природна и вродена способност на мајката да почувствува кога нешто не е во ред со нејзиното дете. Но, наместо за мистична моќ, современата психологија зборува за сложен спој од биолошки механизми, искуство, приврзаност и внимателно набљудување. За психолошката страна на мајчинската интуиција, градењето на блискоста со детето, притисокот што го создава идеалот за „совршена мајка“ и разликата меѓу ...
Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ на 31 јули и 1 август ќе организира две филмски вечери под отворено небо, посветени на современата француска кинематографија. Проекциите се дел од летната фестивалска програма „Скопје вибрира“. На 31 јули, со почеток во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „En Corps“ („Повторно раѓање“) во режија на Седрик Клапиш. Филмот раскажува инспиративна приказна за млада балерина која по сериозна повреда ...
Повеќе од 11 години целосни просечни плати би му биле потребни на еден млад човек за да ја достигне вредноста на стан од 50 квадратни метри во Скопје. Пресметката претпоставува дека тој не би потрошил ниту денар за храна, сметки, превоз и други основни потреби. Дури и со олеснетото учество за купување прв дом, приближната кредитна рата би одземала околу 62 проценти од една просечна плата. Податоците ја објаснуваат и причината поради која ...
Според Владата, состојбата со задолжувањата е под контрола и во рамките на планот. Според дел од економистите, продлабочениот буџетски дефицит и зголемениот дефицит на тековната сметка на државата се сигнал дека без задолжувања, економијата и јавните финансии не можат да функционираат, пишува Порталб. Според податоците од Министерството за финансии, за една година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за скоро 540 000 000 ...
По 40-годишна возраст мозокот во просек губи околу пет проценти од својот волумен во текот на секоја наредна деценија, а процесот најчесто се забрзува по 65-тата година. Сепак, научниците посочуваат дека брзината на овие промени не зависи само од генетиката, туку и од начинот на живот. Со стареењето постепено се намалува бројот на неврони и синапси преку кои нервните клетки комуницираат. Се намалува и производството на невротрансмитери важни ...
Филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ на режисерот Куштрим Бектеши ќе биде прикажан вечерва, 10 август, во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Влезот за проекцијата е бесплатен. Филмот раскажува за спокојниот живот во едно заборавено село, кој од корен се менува откако двајца браќа отвораат кафеана. Новото место го привлекува вниманието на мажите од селото, кои сè почесто отсуствуваат од своите домови, додека жените стануваат ...
Десеттото јубилејно издание на Фестивалот за краток филм „Дрим Шорт“ денеска, 9 август, завршува со проекции, еко-хакатон, разговори со авторите и свечено доделување на фестивалските награди. Програмата ќе започне во 17 часот во „Europe House Struga“, со проекцијата на филмот „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска. Потоа ќе се одржи еко-хакатон, организиран во соработка со „Еко-свест“ Вевчани. Од 19 часот ќе бидат прикажани ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ на 12 август, во 11 часот, ќе одржи прес-конференција во Едукативниот културен центар „Лабораториум“, на која ќе бидат претставени комплетната програма и активностите за неговото 17. издание. На прес-конференцијата ќе се обратат извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмската координаторка на „МакеДокс“ Петрула Вељановска и раководителката на индустри-програмата Сара Ферро. ...
Изложбата „Повиена во истуткани соништа“ на наградуваната македонска графичарка и мултидисциплинарна уметница Ана Јовановска ќе биде отворена на 19 август 2026 година, во 20 часот. Јовановска, која живее и работи во Токио, е графичка дизајнерка и авторка на уметнички книги. Нејзината практика се темели на внимателно набљудување и интуитивно реагирање на современото време, просторот и емоциите. Преку преиспитување и прераскажување на ...
Културниот и едукативен центар „Лабораториум“ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива наменета за развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми. Првата активност во рамките на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот – првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот. Тереминот е создаден пред ...
Во соработка со Кинотеката на Македонија, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Превртено“. Проекцијата ќе се одржи на 10 август, со почеток во 20 часот, во библиотеката „Другарче“. „Превртено“ е македонска драма снимена според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски. Режијата е на Игор Иванов – Изи, додека сценариото го потпишуваат Андоновски и Иванов. Настанот е ...
Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска на денешната прес конференција ...