Преку интересно истражување научниците открија дека почувствителните бебиња растат во сочувствителни деца кои со задоволство помагаат.

Ако имате чувствително бебе, треба да знаете дека почувствителниот темперамент на вашето дете всушност може да биде показател за неговото позитивно однесување во иднина.

Новото истражување за однесувањето на бебињата и децата во градинка откри дека чувствителните бебиња подоцна повеќе сочувствуваат со емоциите на другите и растат во деца кои сакаат да помагаат.

Научниците од Универзитетот во Вирџинија им покажаа „исплашено лице“ на шестмесечни бебиња кои учествувале во истражувањето. Потоа ги проучувале реакциите на бебињата на лицето со следење на нивните движења на очите. Кога ги собрале истите овие бебиња осум месеци подоцна, проучувале како се развиле нивното однесување и реакции на туѓите емоции.

Научниците откриле дека бебињата кои се најчувствителни на „исплашеното лице“ пораснале во сочувствителни деца кои со задоволство помагаат. Овие деца лесно забележуваат како се чувствуваат другите околу нив и имаат тенденција да се поврзат со другите на многу позитивни начини.

– Истражувањето покажа дека бебињата што обрнувале внимание на „исплашените лица“ биле поподготвени да помогнат на 14 месеци, а анализата открила дека алтруистичкото однесување во детска возраст е поврзано со реакциите на децата на страшни лица, а не на среќни или лути лица – вели истражувањето, а истражувачите додаваат дека нашето препознавање на туѓите емоции се формира уште на рана возраст.

Извор

– Нашите резултати покажуваат дека постои континуитет на грижа од самиот почеток, заедно со индивидуалните разлики во покажувањето реакции на туѓите емоции кои го мотивираат просоцијалното однесување – објаснува Тобијас Гросман, автор на истражувањето.



912

X