Плацентата е чудесен орган кој се создава во телото на жената на почетокот на бременоста и расте заедно со бебето, а му овозможува да се развива. Ова се 8 факти за овој важен орган што секоја трудница треба да ги знае:

-Плацентата обезбедува кислород и хранливи материи за вашето бебе, но исто така ги отстранува отпадните материи од неговата крв.

-Просечната плацента тежи некаде помеѓу 0,4 и 1,4 кг.

-Плацентата има улога како белите дробови, овозможувајќи пренесување на кислород, исто како што тоа го прават белите дробови од новороденчето или возрасниот човек.

-Создавањето на плацентата е тимска работа помеѓу мајката и бебето: 50% од клетките доаѓаат од мајката, а преостанатите 50% доаѓаат од бебето.

-Храната што ја јаде мајката за време на бременоста не оди директно кај бебето. Се распаѓа на ситни честички од протеини и хранливи материи кои минуваат низ плацентата.

-Бебето може да испрати матични клетки до мајката преку плацентата и да ги лекува оштетените органи на мајката.

-Плацентата е единствениот орган што се користи еднократно, само за време на бременоста.

-Секоја минута во текот на бременоста еден литар крв циркулира во матката, разменувајќи хранливи материи со плацентата.

Кои се најчестите аномалии на плацентата?

Кога плацентата почнува да се одвојува од ѕидот на матката пред да биде тоа потребно, со придружни симптоми како што се крвавење и контракции, тоа може да биде предвремена абрупција на плацентата. Кај поблагите облици, на трудниците најчесто им се препорачува одмор, додека потешките може да предизвикаат прекин на бременоста.

Во случај плацентата да не ја извршува целосно својата функција и детето да не ги добие потребните резерви на кислород или хранливи материи, доаѓа до тешкотии во развојот на бебето, па се работи за инсуфициенција или лоша функција на плацентата.

Ако плацентата се развие во долниот дел на матката и го покрива внатрешниот отвор на цервикалниот канал низ кој детето мора да помине за време на породувањето, тоа е состојба наречена „плацента превија“.

Бремената жена со ова нарушување може да страда од послабо крвавење околу втората половина од бременоста. Поради постепеното отворање на цервикалниот канал на крајот од бременоста, може да се случи ткивото на плацентата да пукне и да дојде до пообилно крвавење. Плацентата го попречува поминувањето на детето низ породилниот канал, па во тој случај породувањето мора да се изврши со царски рез.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X