
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Потрес на мозокот кај децата се јавува како резултат на трауматска повреда на главата, која може да варира од блага до тешка. Според клиниката „Мајо“, потрес на мозокот во повеќето случаи се јавува по силен удар во главата. Повеќето потреси се предизвикани од спортска повреда на главата, која може да биде предизвикана од директен удар во главата, лицето или телото. Но, како да препознаете дека се работи за потрес на мозокот, а не само за лесна ...
Утрото почнува брзо, подготвуваш два појадоци, а во душата сѐ уште спиеш. Гледаш низ прозорецот, го гледаш сонцето како сјае го планираш денот така што ним да им биде убаво на игралиште. Ги оставаш и садовите и кадата, ќе седите некаде под сенка, но и ќе станете 300 пати, и ќе викате постојано да не залутаат. Едната ќе биде гладна, другата заборавила да отспие, а ти, малку изнервирана, но со насмеано лице, ќе им раскажуваш за црцорењето на ...
Оваа фотографија стана вирална не поради прекрасното новороденче, туку поради заткулисната фотографија од родителите на бебето. Тука е сликата за родителството што сите ја имаме во нашите глави (знаете, совршените слики што би сакале да ги споделите на социјалните мрежи), а тука е и реалноста… која изгледа помалку совршено. Затоа што сите неверојатни работи што доаѓаат со донесувањето нов живот во светот сигурно се и исцрпувачки. Веројатно затоа ...
Многу родители денес не уживаат во родителството, а еден од изворите на незадоволство, збунетост и чувство на вина доаѓа од поставувањето граници. Повеќето од нив најмногу се загрижени што забележуваат дека и децата не се среќни. Причина за тоа најчесто е што и родителите и децата се збунети околу границите. Станува збор за родители кои никогаш нема да мора да се грижат дали ќе бидат премногу строги. Се однесува на цели генерации кои го следат ...
Психолозите предупредуваат дека родителите често несвесно можат да му наштетат на своето дете со своите изјави, особено кога станува збор за неговото ментално здравје. Во таа смисла, една реченица може да биде особено опасна. Како што објаснуваат експертите, многу родители имаат навика да го прашуваат своето дете зошто не може да биде како некој друг, најчесто споредувајќи го со други деца. Споредувањето на детето со неговите врсници може да ...
Вашето дете не реагира на казни? Ако детето е постаро, имате чувство дека не му е грижа при секој ваш обид за дисциплинирање? Сигурно со вашиот партнер сте фрустрирани од тоа што ништо не функционира, па од лутина или инает реагирате со уште построги казни. Ефикасната дисциплина не е само казна Експертите би ви кажале дека воопшто не е пресудно во целата приказна детето да се покае поради строгата казна. Кога се чини дека детето не се грижи за ...
Сакале или не, влијанието на родителите врз децата е огромно. Ова влијание продолжува дури и кога сме возрасни. Честопати нашите чувства кон мајките и татковците се амбивалентни, а љубовта коегзистира со гневот. Справувањето со таквите измешани чувства може да биде многу тешко. Сепак, сето тоа е нормално. Но, ако тој процес ви го попречува животот, побарајте помош и терапија. Денес сакам да истакнам еден аспект од негативните ставови кон ...
Бебето нема да ви даде до знаење дека е гладно или вознемирено само со плачење. Постојат многу суптилни знаци кои родителите можат да ги препознаат. Тие многу често ги користат рацете за да ги покажат своите чувства, па истражувањата покажуваат дека оние што се гладни цврсто ги стегаат тупаниците. – Кога ќе почнете да ги храните, тие полека ќе ги ослободат прстите и целосно ќе ги пуштат кога ќе се најадат. Кога прстите се целосно испружени, тоа ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Моето прашање е всушност за другарче на син ми. Двајцата се најдобри другари во училиште и заедно одат во четврто одделение, неразделни се од прво. Редовно се среќаваме и надвор од училиште, посети по дома и сл. Во последно ...
Многу деца имаат стравови и грижи и понекогаш може да се чувствуваат тажни или безнадежни. Силни стравови може да се појават во различни периоди од нивниот развој. На пример, малите деца често се многу вознемирени кога се далеку од своите родители, дури и ако се на безбедно место или се згрижени. Иако стравовите и грижите се типични за децата, постојаните или екстремните форми на страв и тага може да произлезат од анксиозноста. Сепак, ...
Секој родител се стреми да одгледа среќно и успешно дете, без разлика на тоа какви техники и стил на воспитување користи. Иако не е лесно да знаеме што е добро, а што лошо за нашето дете, експертите откриваат дека фокусирањето на развојот на една особина најдобро промовира успех кај нив. Се работи за емпатијата. Имено, многу студии потврдуваат дека емпатијата е карактеристика на успешните деца. Но како воопшто да ја препознаеме? Емпатијата е ...
Оваа недела ќерка ми наполни 10 години и ми се случија две работи. Двете работи што ми паднаа на памет беа: а) Како, по ѓаволите, имам 10-годишно дете? б) Има толку многу работи што сакам да ѝ ги кажам – сега – пред да биде стане премногу „кул“ за да ме слуша. Од тоа произлегоа следните 10 работи: Сè ќе биде во ред на крајот – ако не е во ред, тогаш сѐ уште не е крај Јас навистина верувам во ова со целото мое срце. Поминавме тешки времиња, а и ...
Штрудла, пита со сирење и спанаќ или мафини со парчиња овошје – сите овие јадења се одличен избор на оброци кои можете да ги понесете со себе на семеен излет. Добра идеја се и сендвичи направени од сирење и разни видови зеленчук, како и салати направени од тестенини, јачмен, кускус или ориз, со месо или туна и зеленчук. Обидете се да не додавате салами во сендвичите, како и мајонез и слични сосови на база на јајца бидејќи тие полесно се ...
Веста дека 21-годишна мајка од градот Ковин во Србија на своето шестмесечно бебе му давала од лекот „онзапин“ кој се користи за лекување шизофренија и со тоа му го загрозила животот, па било примено во болница во состојба на кататонија, помина малку незабележано. Мајката му го давала лекот на бебето за да не плаче, односно да биде мирно. Иако овој случај е екстремен, ситуацијата во која родителите посегнуваат по лекови за да го смират своето ...
Во денешниот родителски пристап, во чиј центар се само потребите на детето, се чини дека родителите го мешаат поимот – „да се биде љубезен и да се валидизира детето“ со „дозволување на детето да ве третира како да сте ѓубре“. Дури и ако вие самите сте мазохисти и уживате да бидете третирани со непочитување и невнимание, ова го учи вашето дете да се однесува со своите врсници, подоцна и со неговите партнери, па дури и со своите деца со себичност ...
Познато е дека скандинавскиот начин на воспитување на децата се издвојува, пред сè, поради часовите што малечките деца ги поминуваат во природа, но и поради учењето на емпатија уште од мали нозе. Во Јапонија децата рано се осамостојуваат, додека Ескимите никогаш не им викаат на своите деца. Од секој модел можеме да извлечеме нешто поучно и корисно, а еве како Италијанците ги воспитуваат малечките. Мајката и авторка на книгата „Надвор од рамките: ...
Императив е секој родител да разговара со своето дете за неговото ментално здравје и за темата за самоубиство. Сите знаеме дека овие разговори се прилично тешки, но едноставно мора да се водат. Исто како што разговараме со нашите деца за пиењето алкохол и возењето, треба да разговараме и за самоубиството. Процентот на тинејџери во средно училиште што пијат и возат се намалил за повеќе од половина од 1991 година. Според Центарот за контрола и ...
Во текот на летото децата поминуваат многу време надвор и се изложени на директна сончева светлина. Штетните УВ-зраци имаат негативно влијание врз здравјето на кожата на вашето бебе и детето, но можат да влијаат и врз здравјето на очите. Како што на кожата ѝ е потребна заштита од сонце, така и на малечките деца им е потребна заштита на очите. „Кај децата, кожата на очните капаци и околу очите е понежна, попропустлива и поранлива отколку кај ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам син на возраст од две години и четири месеци. Од минатата година посетува градинка, т.е. јасли, а од годинава е во друга група. Проблем се јави која ги смени групата и воспитувачката, па плаче и се плаши да оди во ...
Има некои работи, некои животни насоки со кои децата стануваат добри, квалитетни и успешни луѓе, а кои не можат да се научат на училиште – колку и да се воспитувачите, наставниците, професорите посветени на учениците. Овие девет совети за родителство ќе му помогнат на вашето дете да порасне во добра и, уште поважно, среќна личност. Треба да се сака себеси За да ги сакате и прифатите другите, прво треба да се сакате и прифатите себеси. Помогнете ...
Здравствените работници велат дека постојат пет предмети што би можеле да бидат фатални за бебињата доколку се остават во нивните креветчиња. Тие можат да предизвикаат блокирање на дишните патишта или прегревање на бебето. Имено, доенчињата не можат да ја движат главата како возрасните или да ја регулираат телесната температура. За безбеден сон, бебињата под 12 месеци секогаш треба да лежат на цврст, рамен душек со добро наместен чаршаф. Ова е ...
Животот на родителите што имаат тврдоглаво дете може да биде предизвик: од миење заби до хранење или спиење, сè изгледа како битка во која обично нема победник. Иако можеби станува збор за моментална фаза на развој или за карактеристика со која ќе треба да научите да се справувате, добро е да се запамети дека децата што покажуваат силна волја и ги тестираат вашите граници од мали нозе, всушност, имаат светла иднина – тврдоглавите деца имаат ...
„Јас-пораките“ им даваат можност на децата подобро да нѐ запознаат нас, родителите. Често се криеме од децата зад оклопот на „авторитетот“ кој се трудиме да го одржиме по секоја цена. Ја носиме маската на „воспитувач“ и се плашиме да ја отстраниме дури и за момент. Понекогаш децата се шокирани кога ќе дознаат дека мама и тато можат нешто да чувствуваат. Тоа остава впечаток кој не може да се избрише. Неодамна слушнав телефонски разговор меѓу ...
Родителите секогаш ќе се трудат да ги научат своите деца на добри навики за да воспитаат пристојни, разумни и одговорни личности. Сепак, постојат некои негативни работи што можеме да ги направиме сосема несвесно, а токму тие нешта децата да ги копираат. Пцуење Колку и да се трудите да не пцуете пред вашето дете, тоа сепак може да ја „преземе“ оваа лоша навика од вас, така што ќе ве слушне како пцуете додека зборувате на телефон, додека возите ...
Денеска слушнав дека една американска држава донела закон – на родителите кои не ја почитуваат желбата на нивното петгодишно дете да го смени полот, ќе им биде одземено детето. Кога првпат отворив профил на „Инстаграм“, се изненадив кога видов дека камерата веќе е поставена за да се фотографирам себеси, а не надворешниот свет. Се подразбира дека сакаме да се фотографираме, нели, освен ако не се изразиме поинаку. Во тоа симболично го гледам ...
Стомачниот вирус во текот на бременоста бара посебно внимание поради можните ризици за мајката и за бебето. За вирусните инфекции на желудникот во бременоста, нивните можни последици и мерките на претпазливост што бремените жени можат да ги преземат за да го заштитат своето здравје и благосостојбата на нероденото дете, како и за тоа кои се ризиците и кога е време трудницата да се обрати на лекар, зборува д-р Милош Илиќ, специјалист по ...
Љубовта бара жртва, а често бара и многу време. Посветете најмногу внимание на сопственото образование и созревање за да бидете подготвени да им го дадете на своите деца вистинското знаење. Бидете подготвени и сè што ќе им кажете, кажете го со љубов, а пред сè, со радост. Покажете им ја целата своја љубов, при што треба да знаете што сакате и што изговарате. Покрај тоа, потребни се и вештини при однесувањето со децата. Во врска со тоа, во мое ...
Според психологот Михаил Лабковски, можете да одгледате среќни деца само ако и вие како родител сте среќни. Овој психолог е ценет поради неговата директност, но и затоа што со неговите зборови се поистоветуваат многумина. Еве што има тој да каже за воспитувањето на децата, но и за тоа каде понекогаш грешат самохраните мајки и како да ја поправат таа грешка. Михаил Лабковски смета дека вашите постапки, комуникацијата и семејната средина ја ...
Сите знаат дека штом станеме родители, мора да се откажеме од многу работи. Доцните ноќи ќе ги замените со раните утра, најверојатно ќе имате помалку време за партнерот, а повеќе нема да можете да ги оставате сечилата и острите работи низ домот, на несигурни места. Иако повеќето луѓе можеби се свесни за овие донекаде очигледни жртви, има и други работи што ги губите кога ќе станете родител – работи од кои е помалку очигледно дека треба да се ...
Штотуку се породивте, бебето едвај има неколку недели, а сите сакаат да дојдат на гости за да го видат. Се слушате себеси како велите: „Да, се разбира дека може“, а всушност тоа е последното нешто што го сакате во моментот. И кога ќе дојдат, сите сакаат да го држат вашето бебе в раце. Можеби ви е доста од носењето на бебето и можеби сте уморни и сакате само да имате празни и слободни раце, но можеби не сакате другите да го држат вашето бебе в ...