Децата можат да скокаат во секое време од денот и каде било. Самото скокање е од големо значење за развојот на кондицијата – тоа не е само вежбање, туку и забава во текот на денот.

Зошто скокањето е добро за децата?

Студиите повторно ја покажуваат врската помеѓу скокањето и кондицијата. Откако НАСА ги откри своите тајни во 70-тите, скокањето доби статус на популарна вежба, меѓу листата со лесните и едноставни вежби.

Некои од причините зошто треба да му дозволите на вашето дете да скока:

-Одлично е за деца кои сакаат спортски активности,
-Децата добиваат можност да вежбаат без да го сфатат тоа
-Децата учат да ги контролираат движењата на телото (развој на моторна контрола)
-Со помош на скокањето се стимулира развојот на сетилните системи (вестибуларните и проприцептивните системи).

Кое е значењето на скокањето?

Скокањето е научена вештина, па не може да се очекува шестмесечно дете да скока (и не треба), но на децата од 2 до 8 години треба да им се дозволи и да се поттикнат да учествуваат во активноста, а уште позабавно е кога и вие го правите тоа заедно со нив.

Предности на скокањето:

-Скокањето е добро за срцето.
-Скокањето е кардиоваскуларна вежба и му дава на срцето здрав и природен тренинг.
-Ги зајакнува мускулите.
-Кога децата скокаат, тоа ги вклучува речиси сите главни мускули во нивното тело, па на тој начин ги зајакнуваат големите мускули во телото.
-Скокањето ја подобрува координацијата.
-Скокањето им помага на децата подобро да го разберат своето тело и каде тоа се наоѓа во просторот. Двете страни на мозокот и телото работат заедно за да одржуваат рамнотежа и координација.
-Скокањето влијае врз телесната маса.
-Голем здравствен проблем кај децата денес е дебелината, која во голема мера е поврзана со недостиг на вежбање. Скокањето е одлично за решавање на проблемите со тежината.
-Го зајакнува лимфниот систем.
-Децата можат да скокаат за да го стимулираат лимфниот систем – на овој начин се балансира количината на токсини во телото.
-Го подобрува вниманието и позитивно влијае на учењето.
-Скокањето е забавно. Децата се среќни во оваа активност, а со позитивните чувства доаѓа и до полесно учење. Ако ја споиме самата активност на скокање со играта во која се учат броеви, бои, форми и слично, добиваме подобри резултати, бидејќи детето не чувствува притисок, и ја практикува активноста што ја сака.

Предлог за игра: Исечете различни форми од обоена хартија, закачете ги на подот и дајте му задача на детето да скокне на одредена форма. За почеток, тоа може да бидат кругови со различни големини на кои детето треба да скока. Ќе видите дека учењето оди полесно отколку кога детето седи и пасивно слуша.

Кога станува збор за скокањето, важно е секогаш да внимавате на безбедноста, како и на тоа помалите деца да бидат под надзор на возрасен за да се избегнат повреди.

Извор



912

X