Топлите денови се во полн ек, а вие не сте сигурни дали треба да одите некаде на одмор и да уживате во морето. Сè додека ги следите овие упатства, слободно уживајте во одморот.

Искористете го одморот. Ако сте во можност, одете на море, пијте многу течности, пливајте и уживајте. Тоа што сте бремени не значи дека не треба да облечете костим за капење и да се капите во морето. Морето ќе ве опушти и може само да ви користи. Сепак, држете се до советите на гинекологот за летните одмори и патувањата. На крајот на краиштата, тоа е идеално време да поминете романтично лето со партнерот пред раѓањето на вашето дете.

Кога да патувате?

Првиот триместар не е најдобар за патување. Во овој период многу трудници имаат проблеми со мачнини и замор или едноставно се чувствуваат лошо. Пожелно е трудницата да го помине овој период во местото каде што живее и евентуално да оди на еднодневни патувања во блиските градови или населени места.

Вториот триместар е совршен за патување. Секако, доколку немате проблематична бременост. Ќе имате пријатно патување, а лекарите им дозволуваат на жените со нормална бременост да патуваат помеѓу 14. и 24. недела од бременоста.

Третиот триместар може да биде комплициран кога се патувањата во прашање. Особено ако планирате да патувате со авион. Доколку сте бремени повеќе од 28 недели, најмногу до 35. недела, потребно е лекарско уверение, не постаро од седум дена, кое потврдува дека раѓањето нема да се случи во рок од четири недели од почетокот на патувањето со авион. Повеќето странски авиокомпании забрануваат летање по 36. недела од бременоста, а некои дури и од 28. или 32. недела.

Внимателно изложување на сонце

Неконтролираното изложување на сонце лесно може да предизвика прегревање на телото на трудницата, а со тоа и да ја подигне температурата на плодот. Избегнувајте силно сонце бидејќи на тој начин ќе ги избегнете и пигментарните промени на кожата. Дозволено е умерено изложување на сонце наутро и навечер бидејќи штити од анемија, придонесува за здравјето на забите и цврстината на коските од кои плодот го црпи потребниот калциум, го намалува ризикот од развој на рахитис и го подигнува расположението.

Ограничете ја изложеноста на сонце наутро до 10 часот и во втората половина од денот, по 17 часот, кога ултравиолетовото зрачење е најмалку штетно за човечкото тело. Погрижете се секогаш да се заштитите со крем за сончање со соодветен фактор кој го спречува навлегувањето на ултравиолетовите зраци во кожата. Внимавајте и на составот на вашиот крем за сончање.

Како да се спасите од жештината?

Носете бела облека – темната облека го привлекува сонцето и го загрева телото, па најдобро е да ја избегнувате. Носете пастелни и светли бои кои ќе ги рефлектираат сончевите зраци. Носете очила за сонце и секогаш кога е можно, носете горен дел и шорцови.

Пијте што повеќе течност – дехидрацијата е сериозна работа за трудниците, а во летните месеци лесно губиме многу течности. Постојано носете шише со вода, а ако имате вртоглавица, повлечете се во сенка и полека пијте мали количини вода додека не почнете да се чувствувате подобро.

Побарајте помош – не двоумете се да побарате помош кога не се чувствувате добро. Пријателите или партнерот сигурно ќе разберат дека ви треба одмор или дека не можете повеќе да ја издржите топлината.

Избегнувајте солена храна – солта ја одзема течноста од телото и може да предизвика дехидрација. Избегнувајте чипс, солени крекери, тестенини со сос и слична храна.

Одморете се во текот на денот – трудниците побрзо се заморуваат, особено во топлите летни месеци. Топлината ја троши енергијата, затоа дремнувајте во текот на денот и ќе се чувствувате подобро.

Подигнете ги нозете – секогаш кога е можно, подигнете ги нозете за да ја зголемите циркулацијата и да избегнете отоци.

Пливајте – освен ако вашиот лекар не ви каже да не го правите тоа. Ако бременоста е без компликации, пливајте и вежбајте во вода. Вежбите имаат поволен ефект врз циркулаторниот систем, различни мускулни групи и овозможуваат целосно опуштање на ‘рбетот.

Одете боси по трева или по песочна плажа – на стапалата се наоѓаат нерви кои се поврзани со речиси сите органи и системи во телото. Рецепторите на стапалото јасно реагираат на допир, топлина и студ.

Совети за безбедно патување

  • Консултирајте се со вашиот лекар пред да патувате, без оглед на тоа колку добро се чувствувате.
  • Доколку земате медицински препарати или витамини, пресметајте колку ќе ви треба за целиот одмор, за случајно да не ви се потрошат.
  • Понесете ги вашата книшка за бременост и најновите наоди на патувањето. Добро е да ги имате при рака.
  • Внимавајте што јадете за да немате мачнини. Не јадете овошје и зеленчук ако не се добро измиени и не пробувајте неизмиени плодови од пазар. Не консумирајте сирова риба или месо, непастеризирани млечни производи и јадења кои содржат сурови јајца.
  • Обидете се да избегнувате јавни тоалети со незадоволителни хигиенски услови.
  • Избегнувајте ризични активности. Многу активности, без разлика колку сте вешти, може да имаат лош ефект врз карлицата и може да бидат опасни.

Извор



912

X