Малите деца, новороденчињата и постарите деца имаат многу индивидуален однос кон цуцлите. Некои деца веднаш се навикнуваат на цуцлата, други не ја сакаат, ја плукаат и ја вртат главата кога ќе се обидете да им ја ставите в уста. Некои бебиња не можат да функционираат без цуцла, додека некои родители ја користат само кога детето плаче или не може да заспие. Одвикнувањето на децата од цуцла може да биде голем предизвик за оние родители чии деца имаат навика постојано да ја држат цуцлата в уста.

Не постојат стандарди, норми и рокови кои точно одредуваат кога детето треба да се одвикне од цуцлата. Научно е докажано дека цуцлите на никаков начин не го забавуваат развојот на неговиот нервен систем и не го попречуваат варењето.

Кога точно ќе дојде време да го одвикнете вашето дете од цуцлата е лична работа на вашето семејство. Но, постои возраст кога не е препорачливо да се прави тоа, а тоа е пред 1 година. Факт е дека бебињата и децата под една година имаат високо развиен рефлекс на цицање. Всушност, ако не им дадете цуцла, тие ќе си го цицаат прстот. На возраст до една година цуцлата е повеќе од соодветна – децата брзо се смируваат, полесно и поцврсто заспиваат со цуцла. А сето тоа е токму затоа што со помош на цуцла активно ги следат своите инстинкти.

Како да се одвикне детето од цуцла?

За целосно сузбивање на навиката за спиење со цуцла потребни се 3-5 дена. Но, за тоа време треба да го поминете најактивниот ден со вашето дете, а особено вечерта, да прошетате пред спиење, да го искапите во топла бања околу половина час пред спиење, да го нахраните и да го ставите во креветчето. Со други зборови, телото на бебето мора да потроши доволно енергија за да биде подготвено да заспие, без оглед на надворешните околности.

Искуството на многу родители укажува дека еден од добрите начини да се одвикне детето од цуцла е да му ја подарите некому. Ова сценарио најдобро функционира со помлад брат или сестра, со други познати деца, а доколку детето нема братче или некое друго помало дете со кое се дружи, тогаш цуцлата може да се даде мачка со мачиња, птици и сл. Преку имагинацијата, можете да го поттикнете вашето дете да се ослободи од оваа навика.

Чудно е, но децата обично не само што се согласуваат на вакви гестови, туку и го прават тоа со големо задоволство… И сосема е можно ова да е најбезболниот и „најхуманиот“ пристап за одвикнување на детето од цуцла.

Сепак, многу важна работа: ако вашето дете е против чинот на давање, во никој случај не одземајте му ја цуцлата сосила и не притискајте го. Треба да се избегнат сите негативни емоции. Ако детето е категорично против разделбата со цуцлата, тоа значи дека времето сè уште не е дојдено. Само бидете трпеливи.

Еве некои други работи што не треба да ги правите кога го одвикнувате вашето дете од цуцла:

Не лутете се и не карајте го бебето што користи цуцла. Малку е веројатно дека бебето свесно ќе ја разбере причината за вашето карање, па ќе биде многу исплашено. Запомнете дека децата го копираат нашето однесување и реакции на многу начини: ако вие врескате и се нервирате секогаш кога ќе видите цуцла, тогаш вашето дете ќе го направи истото кога ќе почнете да се однесувате така. Но, ако сте нежни, мирни и трпеливи, тогаш детето ќе биде помалку емотивно загрижено за разделбата со својата сакана цуцла.

Не мачкајте ја цуцлата со разни состојки со непријатен вкус, како сенф, маснотии, нешто луто и горко и сл. Покрај фактот што намерно му доставувате непријатни искуства и огорченост на сопственото бебе, можете да развиете постојан страв кај него: на крајот на краиштата, во првата година од животот бебињата многу активно го истражуваат светот, па во устата ставаат сè што ќе најдат. И замислете: една од работите со кои беше запознаено, која без страв ја земаше во устата, одеднаш стана неподнослива.

Не плашете го детето со хорор-приказни дека може да му се случи некаков негативен инцидент доколку продолжи да цица цуцла. На пример: „Бабарога ќе дојде ноќе и ќе те однесе во темната шума!“ Повторно, намерно го изложувате бебето на стрес, но тоа дефинитивно не вреди ако се обидувате да го одвоите детето од цуцлата.

Не срамете го детето. Особено во споредба со другите деца. „Види! Марко одамна не користи цуцла, а ти уште си како мало бебе!“ Мора да бидете извор на позитивни емоции за детето, тоа мора да ја чувствува во вас најсилната основа и поддршка. Затоа, пред да се обидете да го засрамите вашето дете, испробајте го трикот „Да ја дадеме на мачето“.

Не менувајте тактики. Дури и ако работите тргнат наопаку и вашето дете сè уште е бесно поради цуцлата, бидете цврсти и упорни (но не лутете се). Ако веќе сте му ја зеле цуцлата, не обидувајте се да му ја вратите и покрај солзите на вашето бебе. На овој начин ќе му ставите до знаење на детето дека со плачењето може да добие што било.

Извор



912

X